„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

скопје

Screenshot-2025-01-08-at-22.48.26

(Видео) Скопје го снема, ако гледате од Водно

Скопје не се гледа од Водно. Камерите на ЈСП покажуваат дека градот е прекриен со смог, додека истовремено, е на шесто место по загаденост во светот и прв во Европа. Со вредност на нивото на штетни ПМ честички од 164 единици воздухот во Скопје е во категоријата означена со црвено како „нездрав“ воздух.Секоја зима, во Македонија го има истиот проблем. Но попроблематично е што речиси и да не се гледаат ни минимални разлики, иако граѓаните нонстоп алармираат, а политичарите постојано ветуваат. До 2022 година имаше и бесплатен автобуски превоз во загадените денови, но годинава, такво нешто нема. Градоначалничката Данела Арсовска објави неколку пати дека инспекциските служби санкционираат компании, но не се презентирани статистички податоци колку тоа помогнало до сега.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-12-27-at-08.34.48

Најдоа кој да пее за Нова година во Скопје, на пет дена пред дочекот

На 5 дена до Новата година, Град Скопје конечно ја објави програмата за прославата на најлудата ноќ на градскиот плоштад „Македонија“.Како што е наведено во соопштението, на градскиот плоштад ќе настапат „Sarah Mace & The Girlzz“, магичната „Љубојна“, рок-групата „Ареа“ и бендот „Нокаут“. Забавата започнува во 19.30 часот. Организаторот компанијата „Спектаклум” посочува дека се пријавиле и биле израни на конкурс.За минатогодишниот дочек пак, вчера во јавноста следеа обвинувања за неисплатени хонорари од страна на Комората на музичката индустрија, кои се пожалија дека цела година ги чекаат средствата од Град Скопје и дека ќе тужат.Од Град Скопје пак, порачаа дека не должат ништо на музичарите со кои не ни потпишале договори, и најавија тужба за Комората која беше организатор на новогодишниот дочек изминатите две години.

Скопје | пред 11 месец

zagaduvanje-sred

Скопје повторно се најде на листата најзагадени градови во светот

Скопје повторно се најде на листата најзагадени градови во светот. На високото седмо место со воздух кој е квлаификуван како „нездрав“, пред Скопје, од европските градови е само Сараево. Останатите места ги делат Пакиста, Бангладеш, Индија, Сенегал и Техеран. Овој извештај ги покажува алармантните нивоа на ПМ-честички и други штетни материи во воздухот, што го става градот меѓу најзагадените урбани средини во светот.Скопјани пред две недели на протестен марш го искажаа своето незадоволство од загадениот воздух. Според организацијата Зелен хуман град, секоја година во Македонија се бележат по речиси 4.000 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките пм2.5Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој се обрати на конференцијата, рече дека според него, првиот фактор за лошата состојба со амбиенталниот воздух е тоа што домаќинствата и индустријата сѐ уште користат неквалитетно дрво и други извори за греење, посебно во зимската сезона.„Тука е и урбаниот транспорт и ред други причини. Ние веќе усвоивме и работиме на конкретна програма каде што освен гасификацијата, предвидени се и когенеративни гасни системи, исто така планираме да ги субвенционираме да се враќаат граѓаните на централното греење, посебно во урбаните средини каде што има. Во однос на гасификацијата, мислам дека тоа е едно од решенијата што граѓаните ќе ги пренасочи кон помалку штетни или нештетни средства за греење во текот на сезонава. Исто и во однос на урбаниот транспорт како што почнавме со електричните автобуси… Работиме, исто така, и на други иницијативи и проекти. Значи, посветени сме сите можности да ги искористиме за да дојдеме до почист воздух“, рече Меџити.

Скопје | пред 1 година

239999228_351218676548885_1676183981868361389_n

Ова ќе ве „тресне“ од земја: цената на становите во Скопје вртоглаво висока

Цената на становите во Скопје достигна фантастични 3000 евра за метар квадратен. Ова според градежниците е сосема норманално зошто според нив се додека има интерес ќе расте и цената со можност за нејзино стабилизирање но не и намалување.Од ССМ велат дека не ги оправдуваат овие цени на становите посебно не во Скопје зошто на овој начин цените се далеку од реалните и далку од нормалните кои треба да ги има овој пазар. Од ССМ велат дека градежниците манипулираат со цените на становите, но и дека нивните трошоци не се зголемени за 40 отсто за да биде и волку висока цената на квадратот во Скопје.Неодамна и од Владата најавија дека ќе се обидат да ја спуштат цената на квадратот преку Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор кое ќе почне со изградба но и продажба на згради се со цел да се намали цената. Од Владата се надеваат дека ваквиот потег сериозно ќе го регулира пазарот на недвижности.Во меѓувреме, официјалните податоци на Државниот завод за статистика велат дека расте бројот на издадени одобренија за градење и тоа за 12 отсто во октомври годинава во однос на истиот период лани. А според податоците од последниот попис во земјава, секој трет стан во Скопје е празен. Овој податок покажува дека и натгаму купувањето на недвижности е еден од најсигурните начини на инвестирање на парите, но до кога тоа ќе биде исплатливо останува да видиме.

Скопје | пред 1 година

policija-rekord-avtobus

Седум напади и тепачки во Скопје: семејно насилство, малтретирани малолетници, недоразбирања на лица

Неколку различни инциденти односно напади и тепачки, се пријави изминатото деноноќие во МВР. Сите на територијата на Скопје.На 06.12.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје С.Н.(20) од с.Јурумлери, скопско пријавила дека околу 13.45 часот во н.Нова Колонија нејзината сосетка И.Ѓ. и се заканувала со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 06.12.2024 во 19.40 часот во СВР Скопје 42- годишна жена пријавила дека околу 17.30 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од поранешниот партнер Ѓ.С.(37) од с.Стајковци, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 06.12.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје Н.Б.(34) од Скопје пријавил дека околу 12.00 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 06.12.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(55) и С.П.(46), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 06.12.2024 во 20.16 часот во СВР Скопје 57-годишен маж пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговиот син А.П.(33) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (07.12.2024) во 10.30 часот во СВР Скопје А.А.(44) од Скопје пријавил дека на 05.12.2024 околу 18.00 часот, на подрачјето на Центар, по претходно меѓусебно нетрпение бил физички нападнат од Б.Б.(61) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

kukjarki-plostad

(Видео) Новогодишните куќарки кои стоеа на плоштад до април, сега се враќаат: ќе има ли сијалички и елка?

Со куќарките кои стоеа на плоштад до април, Град Скопје ги донесе и годинава за да прави новогодишна магија. Нема сијалички, а ниту елка. Што се случи со тие од минатата година, засега не е познато.Ниту годинава Град Скопје нема распишано тендер или јавен повик за новогодишно украсување на градот. Лани градоначалничката Данела Арсовска гостувајќи на подкаст на „Инфомакс“ одговарајќи на критиките дека доцна, односно после 15 декември почна да го кити градот, рече дека во 2024 година Скопје ќе се украсува уште во септември.Арсовска минатата година кажа дека треба да се потрошат 30.000 евра за украсување, но без тендер. За овој случај во Град Скопје влезе Финансиската полицијата и оформи предмет.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-12-04-at-15.41.22

(Видео) Нов Тик-ток тренд во Македонија: на тинејџери им е забава фрлање на врсник во воздух, па пуштање да падне на земја

Десетици видеа од училишта кружат на социјалната мрежа „Тик-ток“ каде се гледа нов тренд кој тие го сфаќаат како забава. Се гледа како тинејџери фрлаат по едно лице во висина, па го пуштаат да падне на земја. Во ова, дел од нив, не гледаат ништо страшно, иако истото постои можност некое од децата да заврши со повреди.Видеото кое беше испратено до редакцијата на „Скопје1“ е од дворот на средното училиште ГУЦ Здравко Цветковски во Скопје.

Скопје | пред 1 година

DSC_0105

„Останавме Благодарево на Балкан, градов накитен само со депресија“

Инфлуеснерката која во јавноста е позната под името „Ина Многуфина“ го искоментира фактот дека Приштина блеска, додека Скопје дури денеска доби само куќарки на плоштад. Нема елки, нема светилки.„Не знам кога сте биле последен пат ама Приштина нас не претицаше. Градон цел е со кружни текови, ние не можеме да ги напраиме ни оние да ги поврземе тунелите под Дајмонд. За китење да не праам муабет, туку нз дали сте биле во тоа Приштина мол каде има далеку повеќе брендови од кај нас и кога имаат попуст стварно е попуст.Елкана у молот не се догледува колку е висока, Ист Гејт не знам како е накитен ама во Сити мол е ко грмушка за таа у Приштина. Знам дека не ви се верува ама Приштина не претицаше и тоа без жмигавец. Останавме Благодарево на Балкан, градов накитен само со депресија“, напиша таа.

Коментари | пред 1 година

Janceva

Хаосот во Скопје продолжува, Славевски и ДПМНЕ го окупираа советот и донесоа невалидни одлуки

„ВМРО-ДПМНЕ и Трајко Славески, го окупираа Советот на Град Скопје и донесоа невалиднен заклучок, кој е на директна штета на граѓаните и на приватните превозници“, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопј и додава:Хаосот со јавниот превоз ќе продолжи само поради политичкиот инает на ДПМНЕ и кавгите со Арсовска.Наместо решение на проблемот со приватните превозници и прифаќање на предлогот на СДСМ и коалицијата, во Советот на Град Скопје, на сила, се усвои невалиден заклучок којшто не може да се реализира.Прво, затоа што е донесен без потребниот кворум од 23 советници. Само 19 советници беа присутни во салата на Советот.Второ, поминати се законските рокови кога можеше да се направи ребаланс на Буџетот на Град Скопје кој што е до 15 ноември.Така, како што е дефиниран од претседателот на Советот Заклучкот, реално не може да се реализира од страна на службите ниту ЈСП да го имплементира.Затоа, сите раководители на сектори доставија допис, дека таков заклучок и таква одлука е кривично дело и нема да може да се реализира.Само заради политички инает и кавга со Арсовска, Трајко Славевски и ДПМНЕ не го прифатија предлогот да се измени и дополни Одлуката за линиски превоз, чл. 103 од Одлуката, т.е. да прифатеа да се пристапи кон измена на методологија за пресметување, трајно ќе се решеше проблемот а цената на билетот немаше да се покачи.Поради ваквиот однос на Славевски и ДПМНЕ приватните превозници се изманипулирани а граѓаните на Скопје оставени сами на себе со хаосот во градскиот превоз.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_22-11-2024_03-07-32-1790PM

(Видео) “Излези Данела”, “Што уште треба за оставка?” - протест пред Град Скопје

Протестот пред Град Скопје на студентите и жителите на Шутка, донесе свои пораки.Ја бараа Данела Арсовска да излезе и да разговара со неа, па викаа: “Данела не се плаши, излези Данела. Излези кажи како ќе ги решиш проблемите. Што би рекла ти: Смањи доживњај, излези и разговарај! Овие жени секој ден мрзнат по три саати”.Со нив носеа и транспаренти со пораки:

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-11-19-at-11.30.50

Договорот за Коридор 8 е криминален, ама ако се раскине ќе останеме и без пари, и без автопат, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека е касно за раскинување на договорот со „Бехтел и Енка“, за кој и натаму има став дека е криминален и антидржавен. Според него, треба да биде одговорен од позицијата која ја извршува, за да со платените пари, да се добие автопат.„Мојот став за тој коридор не е променет. Но како одговорен политичар не би дозовлил да одам чекор назад од тоа што е почнато. На тој начин освен што освен покрај авансот, имајќи во предвид тој антидржавен договор, ќе завршиме на арбитража која ќе ја изгубиме и така ќе платиме уште нови 350 милиони долари, а ќе дојдеме до цифра од една милијарда. И нема да имаме ни километар автопат. Затоа рековме, да засукаме ракави, да се задржиме во рамки на сумата и да го изградиме овој проект. Мојот став е ист“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

skopje-vodno-zagadeno-magla2

Скопје шести најзагаден град во светот

Скопје го доби шестото место во рангот на градови со најзагаден воздух во светот, покажува сервисот „IQAir“ кој црпи податоци од мерни станици на сите светски метрополи. Според индексот на загаденост, воздухот не е здрав за вдишување, поркажува истиот сервис.Позагаден воздх има во пакистанскиот град Карачи и Сараево. Најзагаден град е Делхи во Индија и Каиро во Египет. На третото место е Лахор, уште еден град во Пакистан.

Скопје | пред 1 година

IMG_2097

Арсовска си разреши уште еден директор: Заминува Умленски од „Улици и патишта“ - за нецели три години, сменети 30 директори

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го тргна Ванчо Умленски од позицијата директор на ЈП Улици и патишта, дознава „Скопје1“. Тој успеа да ја задржи функцијата нешто повеќе од пет месеци. Беше промовиран како кадар кој ќе ги надмине предизвиците со кои претпријатијата се соочуваат. Засега не се познати причините поради кои Умленски е променет.Прашавме во Град Скопје која е причината за новата промена во „Улици и патишта“, но оттаму не очекуваме одговори со оглед на праксата на нетрапснаретност и неодговарање.Арсовска за нецели три години смени 30 директори кои сама ги постави, како и тројца секретари, за сега да го врати Зоран Глигоров кој во јавноста беше познат по пријавата за семејно насилство, според кои, посегнал и по пиштол за себеповредување.Во јуни 2023, Арсовска од функцијата директор на ЈП „Улици и патишта“ го разреши директорот Саит Саит, само два месецa откако му додели менаџерски договор на 4 години. За нов в. д. директор го назначен Ќамил Ковачи од т. н. огнено крило на ДУИ од Општина Сарај. На негово место беше назначен Умленски.За состојбата во Скопје, поплаките за мобинг и закани, имаше сведоштва и во поткастот „Претрес со Ландов“.https://youtube.com/live/-TE35eNn5So?feature=shareЗа Данела Арсовска зборуваше и разрешената директорка Косана Мазнева од „Комунална хигиена“.https://youtube.com/live/cCwc_8u_ofc?feature=shareРаботењето на Арсовска го соголуваше и нејзиниот поранешен советник, адвокатот Умејр Мухамеди.https://youtube.com/live/otsAaTbFUN8?feature=share

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-11-11-102055

Скопје најзагаден град а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух, велат од СДСМ

„Скопје утрово е повторно меѓу најзагадените градови во Европа а ниту градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ниту владата на Мицкоски не преземаат нешто за загадениот воздух“, велат од СДСМ.„ВМРО-ДПМНЕ е централна власт и локална власт во Скопје, има градоначалници и мнозинство во советите во Скопје, во Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и никој ништо не презема.Ветуваа многу, а не реализираат ништо, досега нема ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.Каде се новите зелени површини кои ги ветуваа? Нема ниту нови дрвја ниту зеленило. Не се чистат депониите, не се чистат улиците, ѓубре на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак има долгорочни мерки за намалување на загадувањето во Скопје.ВМРО-ДПМНЕ не смее да го игнорира ова важно прашање за здравјето на граѓаните и мора веднаш да преземе мерки против загадувањето“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Скопје | пред 1 година

close-up-burning-lamp-dark-copy-space

Сериозен проблем остави дел од Ѓорче Петров без струја

Повеќе од два часа нема струја во дел од општината Ѓорче Петров. Улиците во Стопански двор и дел од Волково се покриени во темнина. Од ЕВН посочуваат дека има дефект и дека екипи работат на негово отстранувње.Висок напон на 10-киловолтна линија предизвикува проблеми на повеќе трафостаници каде има испади на електрична енергија. Станува збор за посериозен проблем кој е во фаза на отстранување.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања