„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

скопје

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Скопје добива шест автобуси како донација, набавка на нови не беше дозволена до советниците

Град Скопје ќе добие шест автобуси кои се донација од Организација на обединетите нации за јавни услуги. Оваа точка беше изгласана на Советот на Град Скопје со над 30 гласови. Истовремено, одлуката за набавка на еко-автобусите кои ги барала градоначалничката Данела Арсовска, не помина на совет. Гласаа само 12 советници и немаше доволно гласови. Поддршка немаше од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.„Работниот век на автобусите е при крај. Единствен начин за подобрување на состојбата е со набавка на нови автобуси“, рече вработен во Град Скопје кој ја бранеше точката.Претседателот на Советот, Трајко Славески рече: „Ваква предлог одлуката е правно неисправна. Нема ни потреба од таква одлука. Доколку се цени дека во буџетот има средства за набавка на еко-автобуси, може да се проектира во буџетот за 2025 година, а тој се изгласа – никој не му забранува да се достави до советот предлог за набавка на автобуси. А не вака да се држат само тензии во јавноста“.

Скопје | пред 1 година

3e4a4572-3e95-4124-a8b4-fd69affe2c92

(Видео) Пази на глава: Виси фасада на улица „Македонија“, може да падне во секој момент

На улицата Македонија, во строгиот центар на Скопје висат парчиња од барокните фасади на зградите.Парчињата можат секој момент да паднат врз граѓаните кои секојдневно минуваат низ улицата или седат во кафулињата.

Скопје | пред 1 година

gluvci

(Видео) Глувци низ кејот во центарот на Скопје, еколошка бомба кај железниот пешачки мост на автопатот во Скопје

Изминатиов период, „Скопје1“ објави повеќе снимки на кои се гледа како глувци, ама и змија шетаа низ центарот на Скопје и тоа плоштадот и кејот. Вчера, повторно иста слика.Еколошката бомба кај железниот пешачки мост на автопатот во Скопје, Инџиково - Хиподром. Глувци во купот ѓубре.Претходно, змија шеташе среде скопскиот плоштад.

Скопје | пред 1 година

zmija-gluvci

(Видео) По глувците, сега и змија се прошета низ скопскиот плоштад

Змија си се прошета на скопскиот плоштад „Македонија“. Ова е вторпат за краток период, граѓаните да бидат сведоци на ваква слика.Кај Романска амбасада на ул. Рајко Жинзифов беа снимени мачка и глушец кои се бркаа.Убиен глушец беше снимен и пред една недела. Беше оставен мртов на мостот покрај кејот на Вардар, каде постојано има туристи.Дали се прави дезинсекција и од каде појавата на змии и глувци низ центарот на градот - не е познато. Она што е јасно е дека скопската градоначалничка Данела Арсовска нема одговорено на над 15 дописи со прашања од нашата редакција - меѓу кои, многу во кои прашуваме и за хигиената во Скопје. Дел од граѓаните имаат впечаток дека појавата на глувци и змии е резултат на нечистотијата која владее.

Скопје | пред 1 година

IMG_2106ll

Кирков: Неспособната Арсовска поддржана од СДС, ДУИ и Левица, беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип, сега да прекине со продукција на лаги

„Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија со птичјиот грип“, вели Стефан Кирков, советник во Советот на Град Скопје и додава:Данела Арсовска заедно со коалицијата СДС, ДУИ и Левица со кои ги тера сите матни зделки се заинтересирани само за интриги и за влакно избегаа да бидат причинител за птичји грип и епидемија во целиот град.Арсовска, поддржана од СДС, ДУИ и Левица, само ги менуваше директорите на скопската Зоолошка градина која е обележје на Скопје и на цела Македонија, а единствено требаше да направи е само да назначи професионалец.Но, што направи таа? Скопската Зоолошка ја претвори во еден хорор филм, каде за помалку од три години направи помор и таму починаа повеќе од 40 егзотични животни, установа која ја пратат само инциденти.Сепак доколку не се ангажираа институциите во Зоолошката ќе се случеше катастрофа од невидени размери.Здравјето на граѓаните и здравјето на вработените во оваа установа е пред се, сметаме дека институциите реагираа навремено и професионално.Постапката со евтаназија на животните кои имале близок контакт со заболеното животно во кое се утврдил вирусот е постапка која е по сите стандардизации и таа се практикува во сите зоолошки и е дел од регулативите во ЕАЗА, Европска Асоцијација на зоолошки и аквариуми.Апелираме до Арсовска да прекине со продукција на лаги и хорор филмови. Доста Арсовска поддржана од СДС, ДУИ и Левица, ги малтретира скопјани, намерите им се јасни и се препознаени од сите.На неспособната Арсовска и се гледа крајот на владеење со Скопје, а потоа следи и одговорност!

Скопје | пред 1 година

macki-gluvci

(Видео) Глувци и мачки низ Скопје, денеска се бркаа кај романската амбасада

Глувци и мачки во централното градско подрачје. Денеска се „бркаа“ кај романската амбасада.Пред неколку дена мртви глувци беа забележани на мостот „Око“, а претходно кај кафе барот Тренд беше снимена и змија.

Скопје | пред 1 година

spas

(Видео) Обвинувања за тортура кон Данела Арсовска, формирана група за „спас на вработени во Град Скопје“: таа молчи

Јавни обвинувања за тортура врз вработени во Град Скопје, за кои Данела Арсовска и секретарот Зоран Глигоров - молчат. Заканите за тужби не нѐ заплашуваат, туку очигледно мотивираа луѓе и јавно да пишуваат. Градот Скопје тоне во проблеми. А проблеми има и внатре, кај администрацијата.Еве што точно се случува:Претходно:

Скопје | пред 1 година

DSC_0052

Деца мета на деликвенти во Скопје: Две ограбени со закана во Центар, други на Бит Пазар

Во СВР Скопје, И.З.(45) од село Крушопек, општина Сарај, пријавил дека на 06.10.2024 околу 20.30 часот на подрачјето на Драчево, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица, кои употребиле и тврд предмет.На 09.10.2024 во 21.50 и во 22.50 часот во Полициската станица Центар, И.И.(46) и Ј.Т,Ј.(61), двете од Скопје, пријавиле дека околу 20. 00 часот во кругот на основно училиште на подрачјето на Центар, двајца малолетници со закана со остар предмет од нивните малолетни синови одзеле пари.На 09.10.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје, Д.М.(44) од Скопје и И.З.(55) од село Морани, скопско, пријавиле дека на подрачјето на Бит Пазар, нивните две малолетни деца биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и тврд предмет.Сите случаи се расчистуваат.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-at-13.10.41

(Видео) Лаат и трчаат по и пред автомобили: глутница кучиња кај Железничка, граѓаните со поплаки

Скопјани се жалат дека глутници улични кучиња шетаат низ главниот град, лаат и трчаат по и пред автомобили. Снимени се кај новата Железничка станица. Двајца различни читатели на „Скопје1“ испратија снимки од кои се гледа однесувањето на уличните кучињаЈП Лајка е задолжена за решавање на проблемите со уличните кучиња. Познато е дека тие имаат проблем со финансиите, како и дека собираат донации за да можат да ги третираат. Ова претпријатие е под надлежност на Град Скопје, однсоно градоначалничката Данела Арсовска.Скопјани неретко кажуваат дека се плашат кога ќе видат глутница кучиња. Посочуваат дека не се чувствуваат сигурни. Наспроти ова, има и граѓани кои ги сожалуваат и кажуваат дека тие се ненахранети и провоцирани да нападнат. Во дневните билтени на МВР постојано има пријави за лица каснати од напуштено куче.

Скопје | пред 1 година

IMG_4256

Скопски такси-возач сам си наплатил од Австралиец кој го возел од Железничка до ГТЦ: му зел 1700 денари, оти 200 му биле малку

На 05.10.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и неговата сопруга влегле во такси возило, кое ги однело од трговски центар во Скопје до крстосницата помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Беласица“ и за тоа на такси возачот му платиле 200 денари за еден километар.Но, возачот им кажал дека не е доволно и од паричникот на оштетениот сам одзел околу 1700 денари, а потоа им рекол да го напуштат возилото.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-39-6440PM

Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-01-at-09.25.04

(Видео) Хаотично по автобуските во Скопје: „Висат луѓе, одвај се затвори“

Ученици не можат да стигнат на настава, вработени на работа. Приватните автобуси останаа паркирани, а возилата на ЈСП не можат да ги опслужат сите патници. Турканици, нервоза, расправии – ваква беше атмосферата на дел од автобуските кои беа преполни. Учениците се принудени да прават снимки за да оправдаат зошто не стигнуваат на време во училиште.„Чекај сеа на класнава, еве на школо како доаѓаме. Висат луѓе, одвај се затвори. Ќе висат сега до кај мене на станица“, вели ученикот кој не може да стгине на настава, снимката ја достави до нашата редакција.Главната менаџерка на Градот Скопје, Данела Арсовска, вчера има две објави на социјалните мрежи, поврзани со културни случувања. Но ниту една за проблемот со автобускиот превоз. Проблемот започна минатата недела, а револтот изби откако приватните превозници побараа повисоки цени по услугата за изминат километар.Побараа од Советот да заседава на вонредна седница, а вчера имаше и координација на советнички групи, но на истата, не присуствувала Данела Арсовска ниту некој претставник од Градот Скопје. Заклучоците засега не се понзати.Проектот на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на нови еколошки автобуси или не е ставан на дневен ред или не ја добива поддршката од мносинството советници, а премиерот Мицкоски пак пред извесно време рече дека тој нема веднаш да го реши проблемот на граѓаните бидејќи како што посочи и да се нарачаат возила сега тие нема веднаш да бидат испорачани.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-22-at-10.47.48

(Видео) Шок од отпад во Градскиот парк, по вчерашниот голем настан

По вчерашната голема журка на популарна компанија која славеше јубилеј, утринава вработените во „Паркови и зеленило“ затекнаа „шок состојба“. Речиси и да немаше дел од паркот каде немаше отпад. Проблемот можеби го предизвикале преполните контејнери, но со сигурност, и некултурата. Насекаде беа расфрлани лименки и пластика.„Утрово теренските екипи од Градски парк експресно го исчистија паркот од големо количество на смет и отпадоци“, велат „Паркови и зеленило“.Галерија:Гневни поради ваквата состојба се и граѓаните кои ги видоа фотографиите и прашуваат: „Каде е културата? Не е секогаш проблемот до кантите за отпадоци“.Инаку, вчера Градскиот парк беше преполн со посетители.

Скопје | пред 1 година

jsp

(Видео) Тече вода и внатре - автобус на ЈСП прокиснат: Надвор врне, автобуси нема. Ајде дојде еден - во него сите стојат а седиштата мокри

Дождот во Скопје, освен улиците, почна да ги покиснува и автобусите. Граѓаните кои се револтирани бидејќи не се следи возниот ред од ЈСП, сега реагираат и поради тоа што водата влегува внатре во возилата. Таков е случајот со автобусот кој утринава се обраќал на линија број 58. Патничка за „Скопје1“ сведочи за катастрофалната слика од автобусот.„Јас како студент оваа утро одам на факултет. Надвор врне, автобуси нема. Ајде дојде еден - во него сите стојат а седиштата мокри. Изгледа цело зимо со вакви автобуси ќе се возиме“, вели студентка од Скопје за „Скопје1“.Подолг период се поставува прашањето за исправноста на возилата на ЈСП со кои се превезуваат патници. Летово, значителен дел од нив се расипуваат среде улици и булевари, на еден автобус му испадна тркало среде Партизанска, други се запалија.Директорот на ЈСП, Драги Кушовски уште во јули кажа дека сервисите се одвиваат тешко, бидејќи ЈСП должи милиони.„Откажуваат соработка на некој начин, бидејќи ЈСП не може да ги сервисира обврските кон тие договори“, рече директорот.„Скопје1“ на 23 август го праша директорот Кушовски, дали чувствува малку одговорност што се растовараат патници среде улици, но и поради расипаните автобуси. Тој ни одговори: „Ќе проверам“ и оттогаш, не одговори на прашањето.За ужасната состојба е свесна и градоначалничката Данела Арсовска. Досега од неа, јавноста не слушна за план како да се реши проблемот со постоечките автобуси и тие да се поправат. Во континуитет, зборува за набавка на нови, нешто што е неминовно за надминување на проблемите со јавниот превоз, но кои би стигнале дури другата година.

Скопје | пред 1 година

IMG_3522

Не смее да има на улица слободни кучиња, а ‘Лајка’ да престане да пушта кучиња по селата во околината на Скопје, акармира Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска го впери прстот кон ЈП Лајка, претпријатие на Градот Скопје, чиј градоначалник е Данела Арсовска. Ова доаѓа по поплаката од жителка дека куче скокнало над неа и ја искалао на стомак, додека пак количката со нејзиното дете паднала.“Ајде вака уште еднаш да повторам: Не смее да има на улица слободни кучиња без газда и поводец. Секој кма право да се заштити од слободно пуштено куче на секој можен начин. А ‘Лајка’ да престане да пушта кучиња по селата во околината на Скопје”, апелира професорката Најчевска.Сандра Лазаревска од Скопје на Фејсбук раскажа за напад од улично куче на пешачка патека во скопската населба Карпош. Како што пишува, таа била на прошетка со своето бебе, а завршила со рани на стомакот.“На прошетка со бебето неполни 40 дена, на стаза наменета за пешаци, каде што ПРИТОА нема никакво осветлување. Гледам слика пред мене од затрчано куче и се запрашувам дали оди накај мене или према нешто друго. Ни 2 ни 3, во секунда се фрла на мене, ме каса по стомак и ме бутка на земја. Паѓам. Како што паѓам, паѓа и количката во која се наоѓа син ми, паѓа од количка СРЕЌА на мека исушена трева, лазам по тревата да го фатам за да не го повреди, го зимам во раце и СРЕЌА некако ништо не му се беше случило. Две девојки позади мене ми ги слушнаа врисоците и се стрчаа да ми помогнат…И до кога вака со кучињава пуштени како во дивина а во главен град, без никакви сериозни мерки?Скраја да е!”, напиша таа на нејзиниот Фејсбук профил и ги повика надлежните да го решат овој проблем.

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања