Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Би сакала Обвинителство да нема милост, оваа приказна се развива во ужас“: Ина Многуфина за ужасот во домовите за стари лица во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
media-libraryear6n5v5r7sjb9cK93X

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина, реагираше на вознимирувачката вест за малтретирањето на стари лица во два дома во Скопје.

— реклама —

„Ова со домовите ќе се развива во приказна на ужас ама треба да дознаеме што се случува. Буквално оние језиви приказни од серии ни се случувале тука кај нас и би сакала обвинителство да нема милост. Во два дома, еден во Бутел и еден во Капиштец каде семејствата на старите и немоќни лица плаќале високи сметки, луѓето добивале храна со изминат рок, спиеле на троседи или две лица спиеле на единечен кревет, заедно мажи и жени, биле заклучувани во посебни простории, а на дел од нив им давале терапија со лекови кои не биле препишани од лекар“, вели Ина во нејзината објава на Фејсбук.

— реклама —
— реклама —

Истрагата е во тек, газдариците во притвор, а Ина, како што вели, се надева дека нема да „игра“ условна тука.

„Тоа што мене ми е чудно и малце језивко е како ние имаме толку психопатишта на толку малку луѓе? Кој малтретира немоќни луѓе, само тие што се со одреден дизордер. Вие можете да малтретирате немоќен човек? Не можете, не ви иде природно, ви иде да му помогнете ваљда. Кај нас треба психијатри да поминуваат по дома да не проверуваат, ова веќе е лудо. Не знам ова дали го праеле само за пари, ќе си покаже истрагата ама мислам за вакви работи да ти текнат треба да си малку нетокму. Јас да имам некој во тие домови па не знам, 4 пара чевли ќе излижат од што ќе ги шетам по судски ходници“, напиша Ина во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nova-godina-skopje

Елка од 13 метри, огромен подарок и стотици светлечки украси: Скопје за Нова година ќе биде украсено до 15 декември

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

Од март директни летови од Дубаи до Скопје трипати неделно

Македонија | пред 1 седмица

media-library5kaad709soclbS56NZz

По долгогодишна запуштеност, повторно се отвораат градските цвеќарници во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

media-library6pfv0i87ni0ncRn4li1

Скопје девет дена ќе биде европски центар на танцот - Започна IDO European Dance Championship 2026

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања