„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

скопје

media-library64igmk16bdlgaC3rvLw

Обвинителите нема да отворат предмет по допрен глас за вработените во „Комунална хигиена“ – ќе чекаат...

Јавното обвинителство засега нема намера да отвори предмет по допрен глас за случајот со 731 лице во „Комунална хигиена – Скопје“ кои, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, земале плата без да одат на работа. Обвинителите велат дека ќе чекаат постапување од МВР и Финансиската полиција, кои се надлежни институции за утврдување на кривични дела.„Надлежни институции за откривање на кривични дела се МВР, Управата за финансиска полиција, инспекторатите... До обвинителството до овој момент не е доставена ниту пријава, ниту известување,“ соопштија од Обвинителството.На прашањето дали има основа да се отвори истрага по допрен глас, од таму одговорија:„Доколку не постапат надлежните институции, тогаш би имало основ.“Обвинителството прецизира дека може да постапува само кога ќе добие конкретни сознанија дека во одреден настан има елементи на кривично дело, додавајќи дека обврските на сите други органи се прецизно утврдени во Законот за кривична постапка.Во моментов, истрага се води само за последниот директор на „Комунална хигиена“ и уште едно лице, кои се наоѓаат во притвор. Тие се осомничени за загрозување на животната средина поради хаосот со несобраниот отпад што го зафати главниот град во текот на претходните недели.

Скопје | пред 1 месец

media-library1qdipces7q7s8pfpSxn

(Видео) Отпуштени 371 лицe од Комунална хигиена!

Новата градска администрација започна со чистење и во институциите — градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека од ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ се отпуштени 371 работник кои, според утврдените податоци, со години примале плата без да се појавуваат на работа.„Тоа се луѓе кои сите ние, скопјани, ги плаќаме со години наназад, а не оделе на работа, а земале плата. Во минатото се правеа драми дека се постапува, дека некој се брка, но во суштина се правела само замена. Во овој систем, секој што врши злоупотреби, ќе биде отстранет,“ изјави Ѓорѓиевски.Тој додаде дека се спроведува темелна ревизија на јавните претпријатија, при што е утврдено дека над 800 вработени навистина извршувале работни задачи, додека останатите биле фиктивно пријавени.„Овде имате над 800 работници од јавните претпријатија кои редовно оделе на работа. Но, имате и такви кои со месеци, па и години, земале плата без да се појават. На тоа му дојде крај,“ нагласи градоначалникот.Со ова, акцијата за реорганизација и одговорност во градските претпријатија, најавена од Ѓорѓиевски уште првиот ден од стапување на функцијата, влегува во полна сила.

Настани | пред 1 месец

media-library1gvc5rjf24hi4Aq49eN

(Фото) Орце со мајстори влезе во Град Скопје, ги трга рампите откако ја испрати Данела

Денес во Град Скопје беше извршен чин на примопредавање на функцијата градоначалник, со што Орце Ѓорѓиевски и официјално ја презеде управата со главниот град.„Од денес, Скопје е слободен, отворен и достапен за сите! Испишуваме ново поглавје во историјата на нашиот град – поглавје исполнето со работа, посветеност и резултати“, порача Ѓорѓиевски.Тој истакна дека веднаш започнува реализацијата на ветувањата, најавувајќи голема акција за чистење на градот, која започнува вечерва во 20:30 часот и ќе трае 72 часа, со цел да се исчисти секој агол, улица и запуштен простор.„Скопјани повеќе нема да живеат во запуштеност, туку во град достоен за нив. Ги отстранивме рампите – Скопје повеќе нема да биде затворен град, туку отворен за медиумите и за сите граѓани“, нагласи градоначалникот.Ѓорѓиевски најави и целосна ревизија на работата на градската администрација, при што ќе следуваат одговорности за сите што ја злоупотребиле својата позиција.„Секој што се огрешил – ќе одговара, а секој чесен и вреден работник ќе биде награден и почитуван. Време е да ставиме ред, време е Скопје повторно да биде симбол на достоинство, ред и надеж“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека Скопје може подобро – и тоа подобро го овозможуваме заедно.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryrvivl9ufqndmbu5Rp8o

Ексдиректорот на „Охис“, Јорго Ќука е прегазениот велосипедист на мостот „Гоце Делчев“

Човекот кој вчера беше прегазен на „црната точка“ на мостор „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје е поранешниот директор на хемискиот гигант ОХИС, Јорго Ќука.78-годишникот Ќука возел велосипед кога во него удрил автомобилот „фолксваген пасат“, по што возачот го оставил автомобилот и избегал од местото на настанот, но полицијата го пронајде неколку часа подоцна.Јорго Ќука беше еден од најпознатите директори во македонската економија во 1990-те. Подоцна тој беше уапсен и осуден во 2007 година на четири и пол години затвор за злоупотреба на служебата должност и незаконско работење.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryrvivl9ufqndmbu5Rp8o

(Фото) Страшна сообраќајка во Центар: Усмртен велосипедист, мостот затворен

На мостот “Гоце Делчев” попладнево имаше страшна сообраќајка, каде возач прегази велосипедист и го усмрти.“Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот. Во тек е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот”, велат од МВР за “Скопје1”.Сообраќајка каде пешак беше прегазен на пешачки имаше и вчера во Центар. На истиов мост, сообраќајка со смртен исход имаше и во 2022 година.

Скопје | пред 1 месец

media-librarys6sqhv7cb1su9PWJCsF

Хотел со 4 ѕвезди крадел струја, откриена голема кражба во центарот на Скопје

Екипите на „Електродистрибуција“ откриле сериозен случај на нелегално приклучување на електричната мрежа во хотел со четири ѕвезди на улицата „Луј Пастер“ во центарот на Скопје.За делото соопштија и на нивната официјална страница на ФБ:ОТКРИЕНА ГОЛЕМА КРАЖБА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ!Хотел со 4 ѕвезди на ул. „Луј Пастер” нелегално приклучен на мрежа.При техничка контрола во станбена зграда која граничи со хотел на улицата „Луј Пастер”, нашите екипи пронајдоа три нелегални и изгорени кабли како последица на преголема оптовареност.Каблите веднаш беа исклучени бидејќи претставуваа директна и огромна општа опасност од настанување на пожар. За време на дополнителна контрола се утвди дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли.Екипите беа попречени во вршењето на должноста при влезот во хотелскиот објект.Случајот е документиран и за истиот е поднесена Пријава за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување на општа опасност од пожар до Министерството за внатрешни работи, соопшти компанијата.

Скопје | пред 1 месец

272036246_641907060398167_6220533566980419164_n

Македонците најмногу патуваат од регионот: Скопскиот и белградскиот аеродром со најмногу патници

Аеродоромите во Скопје и во Белград, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во регионот, со по повеќе од половина милион патници, што се должи пред се на проиширувањето на авиолиниите на „Виз Ер“.Скопскиот аеродором планира до 28 март да опслужи околу 548 илјади патници повеќе од лани, а белградскиот 518 илјади. На аеродромот во Охрид, пак, се очекува зголемување од 24 илјади патници, објави специјализираниот портал „Ex-Yu aviation“.Речиси сите аеродроми во поранешна Југославија го зголемуваат својот расположлив капацитет во споредба со минатата година. Аеродромот во Загреб ги комплетира првите три со најголем раст во регионоот, со 176 илјади патници повеќе од зимската сезона 2024/25, а главен двигател таму е „Кроација ерлајнс“, која ja проширува својата флота и мрежа.Четврти по раст се очекува да биде аеродромот во Сараево со 113 илјади патници, тузланскиот планира зголемување за 96 илади, љубљанскиот за 91 илјада, а аеродоромот во Ниш за 88 илјади патници.Најпрометна меѓународна дестинација кон која се насочени авиоператерите од регионот, е аеродромот во Истанбул, со 473.568 патници, по што следуваат Цирих со 414.502 и Истанбул Сабиха Гокчен со 342.704.На зимскиот распоред за летање вкупно се закажани 26 нови рути од аердормите во поранешна Југославија.

Скопје | пред 1 месец

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Голем интерес за вакцинација против сезонски грип во Скопје

Лекарите советуваат, најдобра заштита оротив грип е вакцинирањето.Според податоците од Министерството за здравство, досега над 70 илјади граѓани се пријавиле за вакцина, а повеќе од 22 илјади веќе се вакцинирани низ државата. Вакцинацијата се спроведува во 35 пунктови, од кои пет се во Скопје, а пријавувањето се врши преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар.Интересот е особено голем кај лицата над 60 годишна возраст.Во поликлиниката Бит Пазар секојдневно се вакцинираат меѓу 500 и 600 граѓани против сезонски грип, а најголем дел од нив се постари лица.

Скопје | пред 1 месец

media-library8kga55jjm1pr4aANDEw

За скопската градоначалничка фотелја копјата ќе се кршат меѓу Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ

Скопјани в недела ќе бираат градоначалник во втор изборен круг. Во Град Скопје право на глас имаат 474 394 гласачи кои треба да бираат меѓу Орце Ѓорѓиевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Амар Мециновиќ од Левица.Според официјалните резултатите од ДИК во првиот круг Ѓорѓиевски освои 91 663 гласови, а Мециновиќ 30 665 гласови.Уште во 4 скопски општини ќе има втор изборен круг. Ќе се гласа во Карпош, Центар, Аеродром и во Шуто Оризари.Во Карпош, 56 856 избирачи ќе одлучуваат меѓу Стевчо Јакимовски од ГРОМ, подржан од Коалицијата „Искуство за успех“ и кандидатот поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, кој на 19 октомври освои 10 284 гласови, а Јакимовски 8 761. Во првиот круг имаше уште тројца кандидати кои на свое конто имаа околу 3 000 гласови.Во Аеродором изборот е меѓу Дејан Митески поддржан од ВМРО-ДПМНЕ кој во првиот круг од изборите имаше 16 357 гласови, и Александар Трајановски од СДСМ со 6 881 глас. Тука право на глас имаат 68 772 избирачи.Очите на партиите се вперени и во скопски Центар.Горан Герасимовски од СДСМ во првиот круг освои 8.535 гласови, а Мирослав Лабудовиќ ЗНАМ 5707 гласови. Тука има 44 109 гласачи.За Шуто Оризари битка ќе има меѓу Курто Дудуш од Унија на Ромите кој во првиот круг освои 3 223 гласови и Ерџан Демир поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 1 841 глас.Во Шуто Оризари, според Избирачки список, гласаат 23 893 избирачи.

Скопје | пред 1 месец

uciliste

МВР: Дојавите за поставени бомби во скопските и кумановските училишта се лажни

По извршените проверки, сите пријави за поставени бомби во училиштата во Скопје и во Куманово биле лажни, соопшти Министерството за внатрешни работи.– Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави – се наведува во соопштението од МВР.По дојавите за бомби исптатени на е-маил, вчера сите попладневни активности во тие училишта беа прекинати, а децата испратени дома.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydm330gh82fa22tey3aN

Приведен е Рустеми, директорот на Комунална хигиена

Полицајци од СВР Скопје приведоа две лица вработени во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, поради сомнение дека го прекршиле Кривичнот законик, а по хаосот со сметот во Скопје. Еден од приведените е и Сабахaдин Рустеми, директор поставен од градоначалничката Данела Арсовска, дел од партијата ДУИ.„Полициски службеници по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје денеска лишија од слобода две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик“, велат од МВР.Рустеми дојде во „Комунална хигиена“ како петта смена направена од Данела Арсовска. Од неговите објави на социјалните мрежи можеше да се види дека е поддржувач на Блерим Беџети, кадровник на ДУИ.За време на неговиот мандат, Скопје има проблеми со сметот кој доцна се собира, не се собира, или делумно се собира.За ова, Обвинителството отвори случај, а МВР одзела и документација.

Скопје | пред 1 месец

media-library0p9i96h5dqjqcZ3jPpN

(Фото) „Уловен“ од камерите! Уапесен крадец на филијали за брзи кредити

Лишено од слобода лице од Скопје, признал две разбојништва во филијали за брзи кредити, поднесена му е кривична пријава и определен му е притворНа 26.10.2025 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(25) од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари.Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена.

Скопје | пред 1 месец

media-library881oik02mtk1fCXqCQK

Мирјана Најчевска: Да се вклучи и војската за расчистување на Скопје, градот е пред здравствен колапс

Професорката Мирјана Најчевска остро реагираше на хаосот со сметот во Скопје, предупредувајќи дека ситуацијата одамна ја надминала општинската рамка и прераснала во сериозен јавноздравствен проблем на државно ниво.„Не е проблемот само во Општина Центар, туку на територијата на цел град, и навистина ме интересира каде ќе се носи сето собрано ѓубре. Во околината на Скопје нема ниту една безбедна депонија направена според стандардите, ниту пак друг начин – како инценератори – за справување со ѓубрето кој ќе ги заштити граѓаните“, вели Најчевска.Таа посочува дека властите ги „лажат и замајуваат“ граѓаните без никаква стратегија, а дека управните и надзорните одбори се претвориле во партиски награди.„Вашите пулени седат во управните и надзорните одбори, земаат пари без знаење, одговорност, ниту пак претстава зошто се таму“, додава професорката.Најчевска изработи и план во шест чекори за справување со кризата:Ангажирање на сите расположливи сили, вклучувајќи ја и армијата, за итно расчистување на сметот од улиците.Ставање на ЈП „Комунална хигиена“ под директна управа на Владата и обезбедување средства за стабилно функционирање.Раскинување на сите договори со актуелните управувачи на депониите.Формирање стручен тим што ќе изработи национален план во три насоки –• изградба на депонии според највисоки стандарди (60% капацитет),• изградба на инценератори (30%),• развој на систем за рециклирање (10%).Разрешување на сите членови на управните и надзорните одбори.Поведување кривични постапки против сите одговорни, почнувајќи од претседателот на Советот на град Скопје.„Градот е во состојба на аларм, а властите се однесуваат како да нема проблем. Време е Владата да ја преземе одговорноста“, порача Најчевска.

Коментари | пред 2 месеци

media-libraryftp8euvsgeqn0hMsLc1

(Видео) Доктор апелира за вонредна акција поради експлозивно размножување на глодарите во Скопје

Познатиот епидемиолог д-р Драган Даниловски упати драматично предупредување за состојбата со јавната хигиена во Скопје, оценувајќи дека градот е пред сериозен јавноздравствен ризик поради нефункционирањето на „Комунална хигиена“ и натрупаното ѓубре на улиците.„Во Скопје последниве месеци сме сведоци на состојба што го доведува во прашање јавноздравствениот минимум на еден модерен град. Купишта ѓубре се натрупани околу контејнерите. Ова не е веќе прашање на естетика, туку на јавно здравје“, пишува Даниловски.Тој потсетува дека состојбата кулминирала со каснување на дете од глушец во училишен двор, што го оценува како „симптом на системски распад“.„Преминат е Рубиконот. Нема назад“, нагласува професорот, предупредувајќи дека купиштата отпад создаваат идеални услови за експлозивно размножување на глувци и стаорци, преносители на опасни зарази како лептоспироза, хантавирус и дури бубонска чума.„Во само 18 месеци, еден пар стаорци може да даде повеќе од еден милион потомци. Таа биолошка експоненцијална прогресија во Скопје веќе има сите услови – изобилство од храна, вода и простор“, вели Даниловски.Тој апелира до институциите за итна, координирана интервенција, па дури и прогласување на вонредна состојба во делови од градот заради дезинфекција, дезинсекција и дератизација.„Причините – организациски, политички или финансиски – стануваат ирелевантни кога се доведува во прашање здравјето на децата. Правото на здравје е уставно загарантирано право на секој граѓанин“, завршува Даниловски.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarye596tspq6s2p4vmvQaa

Пановски предупредува: Ако не се исчисти ѓубрето, Скопје го чека наезда од 10.000 стаорци

Проблемот со несобраниот смет во Скопје не е само естетски и технички, туку претставува сериозен здравствен ризик за граѓаните, предупредуваат експертите. Контејнерите преполни со отпад станаа извор на храна за глуците и стаорците, што создава идеални услови за нивно брзо размножување, јавува Телма.Микробиологот д-р Никола Пановски за Телма изјави дека, доколку надлежните не реагираат итно, ситуацијата може да излезе од контрола.„Ужас, ова го немало ни во најцрните сценарија од учебниците што ги гледавме како студенти – тоа било 16-17 век кога не можело да се собере ѓубрето. Голема среќа е што времето е релативно ладно. Замислете да беше 37 степени – идеално за бактериите и мувите кои пренесуваат разни цревни заболувања, бактерии и вируси,“ предупреди Пановски.Тој додава дека глодарите лесно можат да навлезат во домовите, особено во неурбанизирани делови од градот каде што има изобилство на отпад и остатоци од храна.„Ако чекаме втор круг на избори, па жалби и одлуки, ќе дојде 10 ноември. За тие 20 дена стаорците може да се размножат толку брзо што за еден месец може да има дури 10.000. Тие сега ќе имаат храна, ќе останат на ѓубриштево ако не се превземат превентивни мерки. Ако не се исчисти градот, кога конечно ќе се собере ѓубрето, тие ќе немаат храна и ќе навлегуваат по домовите, кујните и шпајзовите,“ предупреди Пановски.Лекарите апелираат на итна реакција од надлежните служби, бидејќи одложувањето на чистењето на градот може да доведе до сериозна здравствена криза и ризик од ширење на зарази.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања