„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

скопје

media-librarypvinp9t45oisaMkkXGW

„Центар на Скопје во 10:00 – за вакво загрозување на јавното здравје во нормални држави се одговара кривично“

Адвокатот Владимир Туфегџиќ преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на, како што вели, недозволивите услови во центарот на Скопје и незаинтересираноста на институциите.„Центар на Скопје 10:00, за загрозување на јавно здравје и ширење епидемија и зараза у нормални држави кривично се одговара! Ги пребројавте ли историските резултати од изборите?... Ова е доказ дека овој град никого од избраните не го интересира, освен за граѓевинска пљачка на политичкиве трговци,“ напиша Туфегџиќ.Тој додаде дека е згрозен од однесувањето на јавните функционери, кои, според него, без чувство на одговорност или срам продолжуваат да се појавуваат во јавноста.„Најстрашно е што сите одговорни без елементарно чувство на срам сеуште се појавуваат во јавност без око да им трепне, ете затоа не излегов на гласање – нема спас,“ завршува адвокатот.

Скопје | пред 2 месеци

jsp-avtobusi-na-gas-polnaci

ЈСП: Можно нарушување на возниот ред поради прекин во испораката на гас

ЈСП Скопје информира дека може да има редуциран градски превоз бидеќи е најавен прекин на испораката на природен гас.Согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17.10.2025 година, Ве известуваме дека се можни отстапувања од возниот ред.Доколку бидеме информирани за евентуални промени околу времетраење на прекинот, навремено ќе бидете известени.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarya1597esfg3chaoKDn5h

Шукова: Време е јавните претпријатија да им служат на граѓаните, а не на партиите

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска од седиштето на СДСМ изјави дека реформата на јавните претпријатија ќе биде нејзин врвен приоритет, затоа што токму тие се основата за функционален, уреден и хуман град. Таа оцени дека Скопје денес изгледа запуштено, нечисто и хаотично затоа што јавните претпријатија се заробени од партиски интереси, долгови и неспособно раководство. „Граѓаните плаќаат за услуги, а добиваат несобран смет, нефункционален јавен превоз и хаотична инфраструктура“, истакна Шукова.Таа најави дека во администрацијата на Град Скопје ќе спроведе вистинска реформа, со цел јавните претпријатија конечно да им служат на луѓето, а не на партиите. Според неа, ЈСП ќе се модернизира со нови еколошки автобуси, електронски систем за наплата и воспоставување на брз автобуски транзит, со што ќе се врати довербата во јавниот превоз. Комунална хигиена, рече таа, ќе се ревитализира со современ центар за селекција и рециклажа, редовно собирање отпад и конечно решавање на Вардариште.„Во Паркови и зеленило ќе започне нова ера – ќе засадиме 10.000 дрвја и ќе изградиме 15 нови паркови во 15 месеци, со редовно одржување и враќање на зеленилото во маалата. Водоводот ќе го насочиме кон стабилно снабдување, модерна опрема и намалени загуби на вода, а ЈП Лајка ќе го развиеме во вистински хуман систем за згрижување и грижа за уличните животни“, додаде Шукова.Таа порача дека Скопје мора повторно да стане град што работи и се грижи за своите жители. „Време е институциите да му служат на граѓанинот, а не на партијата,“ нагласи Шукова.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-02-25-at-11.18.49

Тепачка во познат угостителски локал во Капиштец

Во познат скопски ресторан синоќа имало тепачка помеѓу повеќе лица. Полицијата соопшти нови детали.На 09.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23) и М.З.(24), двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 20:00 часот пред угостителски објект на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу С.С., М.З. и неколку други лица од една страна и А.М.(40), Т.Д. (41) и М.Е. (45) од друга страна.Сите тие претходно биле во угостителскиот објект.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryear6n5v5r7sjb9cK93X

„Би сакала Обвинителство да нема милост, оваа приказна се развива во ужас“: Ина Многуфина за ужасот во домовите за стари лица во Скопје

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина, реагираше на вознимирувачката вест за малтретирањето на стари лица во два дома во Скопје.„Ова со домовите ќе се развива во приказна на ужас ама треба да дознаеме што се случува. Буквално оние језиви приказни од серии ни се случувале тука кај нас и би сакала обвинителство да нема милост. Во два дома, еден во Бутел и еден во Капиштец каде семејствата на старите и немоќни лица плаќале високи сметки, луѓето добивале храна со изминат рок, спиеле на троседи или две лица спиеле на единечен кревет, заедно мажи и жени, биле заклучувани во посебни простории, а на дел од нив им давале терапија со лекови кои не биле препишани од лекар“, вели Ина во нејзината објава на Фејсбук.Истрагата е во тек, газдариците во притвор, а Ина, како што вели, се надева дека нема да „игра“ условна тука.„Тоа што мене ми е чудно и малце језивко е како ние имаме толку психопатишта на толку малку луѓе? Кој малтретира немоќни луѓе, само тие што се со одреден дизордер. Вие можете да малтретирате немоќен човек? Не можете, не ви иде природно, ви иде да му помогнете ваљда. Кај нас треба психијатри да поминуваат по дома да не проверуваат, ова веќе е лудо. Не знам ова дали го праеле само за пари, ќе си покаже истрагата ама мислам за вакви работи да ти текнат треба да си малку нетокму. Јас да имам некој во тие домови па не знам, 4 пара чевли ќе излижат од што ќе ги шетам по судски ходници“, напиша Ина во објавата.

Коментари | пред 2 месеци

vozilo-pozar

Двајца скопјани се осомничени за предизвикување пожар на две товарни и едно патничко возило

На 08.10.2025 во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје на општина Аеродром во Скопје биле опожарени товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки и товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на правно лице од Скопје и  патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.С. од Прилеп.Во 02:50 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица Аеродром и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради сомнение дека го предизвикале пожарот, на бул.„АСНОМ“ од слобода се лишени Ф.Ц.(23) и И.Ц.(24), двајцата од Скопје.Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarymbvdmr2enqol5Kfpjzc

Шукова: Парите за градски штаб ги донираме, градот е нашиот штаб

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, синоќа на митинг во општина Центар најави еден поинаков, пристап кон кампањата, во духот на солидарноста. Шукова и кандидатите за советници одлучиле да се откажат од градски изборен штаб и средствата да ги насочи таму каде што најмногу се потребни.„Јас како кандидат за градоначалник и кандидатите за советници во Град Скопје се откажавме од градски штаб. Сите средства за работа на штабот ќе бидат уплатени за Домот за деца без родители на Град Скопје. Нашиот штаб е целиот град. Секоја улица, секое маало ќе ни биде штаб. Не ни треба градски штаб. Средствата се за тие на кои им се најпотребни,“ изјави Шукова.Со оваа порака, Шукова ја отвори својата визија за политика што не почнува и не завршува во партиски штабови, туку меѓу луѓето во секој дел од градот.Таа потсети на борбениот дух на Центар, како симбол на отпорот и граѓанската храброст.„Во 2013 година, кога Македонија беше заробена во канџите на режимот, вие бевте симбол на пркосот и непокорот. Симбол на слободарскиот дух и борбата за слобода. Тука почна борбата за нашиот дом. И борбата ќе почне од тука, и за Скопје и за Македонија" рече Шукова.Таа истакна дека оваа борба денес продолжува  не само за победа на изборите, туку за враќање на достоинството, за создавање модерно, зелено и хумано Скопје, град што ќе биде дом за сите.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Татко со нож се заканувал на целото семејство, маж физички ја нападнал поранешната сопруга: Насилства во Ѓорче Петров и во Центар

На 05.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од Скопје пријавилa дека околу 20:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и нејзината 28-годишна ќерка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг М.Ќ.(50) од Скопје, а потоа им се заканувал со остар предмет на нив и на 25-годишниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 05.10.2025 во 18:10 часот во Полициската станица Кисела Вода е извршен службен разговор со Д.С.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна поранешна сопруга од Скопје дека околу 12:00 часот во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryga18spffeq8f131NrRm

Шукова: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска при посетата на општина Кисела Вода ја претстави програмата за справување со загадувањето на воздухот, со посебен фокус на решавање на проблемот со затоплувањето во домаќинствата.Таа истакна дека над 50% од загадувањето и понатаму потекнува од индивидуалните домаќинства кои се греат на дрва, јаглен или други цврсти горива.„Ако сакаме да го намалиме загадувањето на воздухот, мораме конкретно да им помогнеме на домаќинствата. Затоа, Градот ќе обезбеди субвенции за сите граѓани кои повторно ќе се приклучат на централното греење, како и за новите семејства што ќе се вклучат во системот,“ додаде таа.Шукова нагласи дека програмата на СДСМ предвидува серија мерки, кои се поделени на краткорочни, среднорочни и долгорочни решенија, а две од нив се особено важни за зимскиот период што следува:• Директна финансиска поддршка за приклучување на постојната мрежа за централно греење;• Помош и поддршка за најранливите категории граѓани, за тие да добијат еколошко и безбедно решение за затоплување.Сакаме процесот да биде едноставен, транспарентен и брз — без бирократски пречки. Секое домаќинство треба да има јасна постапка и поддршка од градот,“ нагласи Шукова.Во рамките на програмата, Градот ќе обезбеди и чистење и одржување на оџаците, како и 5000 бесплатни филтри секоја година за домаќинствата кои се загреваат на цврсти горива, со цел намалување на ПМ честичките во воздухот.„Загадувањето во Скопје не смее да биде зимска судбина. Таму каде што има централно греење, ќе воведеме забрана за користење дрва и јаглен, затоа што тоа е директна инвестиција во здравјето на сите скопјани,“ изјави таа.Шукова додаде дека оваа политика е пред сè здравствена и еколошка, а не само енергетска мерка:„Чистиот воздух не е луксуз, тоа е основно право на секој граѓанин. Со модернизација на топлификацискиот систем и заедничка акција на сите општини, ќе обезбедиме Скопје конечно да дише чист воздух.“Посетата на општина Кисела Вода е дел од низата теренски активности на кандидатката Шукова, каде таа непосредно се среќава со граѓаните и ги претставува конкретните решенија од својата програма за почисто, зелено и здраво Скопје.

Скопје | пред 2 месеци

273270117_346850633874501_5853847992867667829_n

„Скопје умира во тивок сообраќаен хаос“

Режисерот Вардан Тозија остро реагира на урбанистичките политики во Скопје и предупредува дека градот се гуши во тивка смрт, предизвикана од неконтролираното градење.„Сметал сообраќајниот метеж. Стрпете се, ова е само почеток. Низ Центар, клучната транзитна точка на Скопје, стотици нови гипс-картонски диво-згради се креваат насекаде. Десетици илјади грла ќе се истоварат во тие бедни кутии. Повеќето без обезбедени паркинг места, секако,“ вели Тозија.Тој нагласува дека новите згради значат дополнителен сообраќаен колапс кој секој жител ќе го почувствува во секојдневието.„Сите, не само Центарци, ќе трошат барем половина час повеќе во смогот за да си дојдат во својот дом. Ако некого го интересира, тоа се отприлика дополнителни 120 дена поминати во автомобил или градски превоз во тек на само 20 години. На 600 илјади жители, тоа се 72 милиони денови украдени од вашите деца, родители, брачни партнери, болни, стари, пријатели,“ посочува тој.„Ете така се убива еден град, засекогаш. Оваа тивка смрт ни ја подари еден потпросечен гад, неговиот грст центарски советници и дузина усмрдени инвеститори. Големите партии не смеат да писнат, мора сите да го поддржат овој месија на црниот капитал. Убиството има различни лица, треба само малку да се подразмисли,“ заклучува Тозија.

Коментари | пред 2 месеци

lugje-karpos-esen-korona

Потресно сведоштво од Скопје: Мајка без струја и без работа, се бори да ја спаси ќерката од анорексија

Силвана Бркулјан на социјалните мрежи сподели искуство кое ја потресе јавноста – средба со жена од Скопје која, во борба за опстанок, побарала помош за најосновни работи: две банани и батерии.„20 часот, истура дожд. Автомобилите ги прскаат пешаците, дува ветер. Стојам на семафор кога една жена, слаба и видно потресена, се доближи и ме праша: Можам ли да ве замолам нешто? Потоа рече: Можете ли да ми купите две банани и дебели батерии во Стокомак?“, пишува Бркулјан.Таа прифаќа, и двете заминуваат кон продавницата. На патот, жената признава дека батериите ѝ се неопходни бидејќи ѝ е исклучена струјата – единственото светло во домот ѝ е сијалица што работи на батерии.Најпотресно е сведоштвото за ќерката:„Ќерка ми боледува од анорексија. По долга борба конечно почна да се опоравува и сега има 36 килограми. Но храната која ѝ е потребна е скапа и специфична. Јас останав без работа, маж ми нè напушти. Барам работа, макар и неколку часа дневно, но никој не сака да ме ангажира. Морам да бидам покрај неа цело време затоа што има проблеми со дишењето и тахикардии“, изјавила жената.Иако во маркетот Бркулјан ја замолила да земе сè што е потребно за болното дете, жената се ограничила на минимални количества, со благодарност и видлива воздржаност.На излезот од продавницата, вработена потврдила дека жената веќе неколку пати доаѓала и барала работа, но била одбиена бидејќи може да работи само неколку часа дневно.„Не ми се заблагодарувајте за леб и за лек,“ ѝ рекла Бркулјан, а жената возвратила:„Се заблагодарувам за вниманието. Не знаете колку понижувања доживувам секој ден.“Бркулјан заклучува дека го споделува сведоштвото со единствена цел – да се најде помош за оваа мајка и нејзината ќерка.

Коментари | пред 2 месеци

media-libraryqlbl1esc86os2BEMH2o

(Видео) Дождот донесе сообраќаен хаос – крстосниците во центарот на Скопје блокирани

Попладнево низ Скопје владееше вистински сообраќаен хаос, откако повеќе крстосници во централното подрачје беа целосно блокирани од возила. Сообраќајот во одредени делови буквално застана, а возачите нервозно свиреа, обидувајќи се да се одглават од метежот.Оваа слика, станува речиси редовна појава секогаш кога ќе заврне дожд. Наместо да користат алтернативни форми на превоз, поголемиот дел од граѓаните избираат автомобили, што дополнително ја влошува ситуацијата на булеварите и крстосниците.Дел од најоптоварените раскрсници денеска мораше да ги регулираат и полициски службеници, откако стана јасно дека возилата стојат во место и дека без интервенција невозможно е да се одблокираат приодите кон различни делови од центарот на градот.Гневот на возачите и граѓаните беше очигледен – свирежите не престануваа, а многумина коментираа дека Скопје се дави во сообраќајен колапс при секој мал порој.

Скопје | пред 2 месеци

275457978_334800285295916_4645162328057668301_n

Иста шема, нова лажна сообраќајка: 77-годишна скопјанка остана без 180.000 денари

На 30.09.2025 во 17:45 часот во СВР Скопје, 77-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 180.000 денари. Според пријавеното, телефонски и се јавило едно лице, кое се претставило како полициски службеник и и рекло дека наводно нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа кривично да одговара, ќе треба да даде пари. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се вратила во домот, телефонски стапила во контакт со нејзината ќерка и сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

media-library0h3e56972igs7cu4dfh

(Видео) Орце Ѓорѓиевски им ветува „скопско“ Скопје на сограѓаните

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, објави видео порака до сограѓаните, во која вели дека Скопје ќе биде уредено по скопски.Подоброто реално ќе го живееме, вели тој обраќајќи им се на скопјани.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarysqg4je8nqmq0dfYVUMc

Димитровски: Нема да бидам нем набљудувач, Скопје ќе го направам од град во хаос до град со брз и современ градски превоз

Даме Димитровски, носител на листа на советници во Советот за Град Скопје на вечерашниот митинг најави дека доаѓа време за промена, која ќе се темели на визија, план и конкретни политики.  Тој говореше за деветте столбови на платформата како што се чист воздух, чист град, модерен превоз, јавни простори, велосипеди и мобилност, безбеден сообраќај, култура, иновации и чесно управување.Димитровски се осврна на градскиот превоз, нагласувајќи дека јавниот превоз не го следи развојот на Скопје и потребите на скопјани и додаде дека целта е да се создаде брз и современ градски превоз во служба на граѓаните.Секое утро илјадници заглавуваат во хаос, превозот не е во служба на граѓаните. Затоа, целта е јасна: Нов концепт на јавен превоз: флота на чисти, нови, климатизирани автобуси, почести ротации и дигитализиран, предвидлив систем, повеќе правци и линии кон секој дел од градот, нагласи Димитровски.Димитровски истакна дека граѓаните заслужуваат да живеат достоинствено, со нови проекти, со реални решенија и конкретни чекори што ќе го подобрат секојдневието на сите граѓани.Ова не се само зборови на хартија – ова се нашите работни задачи! - рече меѓу другото Димитровски.

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања