Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Орце Ѓорѓиевски ги објави новите директори на скопските јавни претпријатија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
media-librarycick7ar1iu8i1vkJrNo

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ги соопшти имињата на новите вршители на должноста директори во четири јавни претпријатија: „Улици и патишта“, „Водовод и канализација“, ЈСП „Скопје“ и „Комунална хигиена“.

На чело на „Улици и патишта“ се враќа Борис Настов, кој ја извршуваше истата функција во почетокот на мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска. Ѓорѓиевски рече дека Настов моментално е заменик-директор во ЈП за државни патишта и го оцени како „човек што најдобро ја разбира проблематиката“.

— реклама —

За „Водовод и канализација“, нов в.д. директор ќе биде Иван Митровски, поранешен заменик-градоначалник на Кисела Вода и кадар со искуство во банкарскиот сектор.

Во „Комунална хигиена“, на местото директор е назначен Драги (без наведено презиме), лице со долгогодишно искуство во комуналниот сектор на Град Скопје. Ѓорѓиевски посочи дека токму тој се покажал „исклучително добро“ во последната акција за чистење на градот, додавајќи дека не е партиски експониран кадар.

Во ЈСП „Скопје“, пак, функцијата в.д. директор ја презема Саше (без наведено презиме), долготраен вработен во претпријатието со богато искуство во јавниот превоз.

— реклама —

„Некои од нив, за своето назначување, ќе дознаат токму преку оваа емисија,“ рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека очекува да бидат „добри соработници во процесот на обновување на градот“.

На новинарско прашање дали ќе го врати поранешниот директор на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, градоначалникот одговори дека тој моментално е советник во Советот на Град Скопје, но дека ќе може да помогне со совети и идеи.

— реклама —

„Ќе дадам сè од себе одлуките во Советот да се носат со поддршка од сите советнички групи. Ќе соработувам со сите избрани од граѓаните,“ изјави Ѓорѓиевски.

Потврди дека Мишко Ралев, заедно со Огнен Марина, Горан Мијовски, Славе Трпевски и Аљоша Шопар, ќе биде дел од урбанистичкиот тим што ќе работи на нови планови и политики за градот.

Ѓорѓиевски категорично ги негираше шпекулациите дека ќе ги приватизира јавните претпријатија, нагласувајќи дека приоритет му е нивно јакнење и финансиска самоодржливост.

„Сметките за граѓаните нема да се зголемат. Така сум ветил во кампањата,“ порача градоначалникот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nova-godina-skopje

Елка од 13 метри, огромен подарок и стотици светлечки украси: Скопје за Нова година ќе биде украсено до 15 декември

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

Од март директни летови од Дубаи до Скопје трипати неделно

Македонија | пред 1 седмица

media-library5kaad709soclbS56NZz

По долгогодишна запуштеност, повторно се отвораат градските цвеќарници во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

media-library6pfv0i87ni0ncRn4li1

Скопје девет дена ќе биде европски центар на танцот - Започна IDO European Dance Championship 2026

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања