Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Забрзани работи на клучните сообраќајни точки во Скопје, најавен тендер за „Борис Трајковски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Скопје
media-librarya333e1p5k8bf8sNrKCW

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски изјави дека со засилено темпо се работи на неколку клучни инфраструктурни проекти во главниот град и дека дел од нив влегуваат во завршна фаза.

— реклама —

Тој посочи дека интензивни активности се одвиваат на клучката кај Момин Поток и на мостот „Љубљанска“, како и дека се наоѓаат при крај постапките за супервештачење, што треба да овозможи пробивање на мостот на релација Гази Баба – Аеродром. Според неговите најави, во наредните десет дена ќе биде распишан тендер за довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект кој, како што рече, конечно треба да биде целосно завршен.

— реклама —

Во однос на мостот Аеродром – Керамидница, Ѓорѓиевски објасни дека постојат проблеми со околу 30 објекти кои сè уште се нерешени и се во приватна сопственост. Како што наведе, спорот се води со еден објект кај кој експропријацијата е завршена од едната страна, додека за другата страна сопственикот има повисоки финансиски барања. Поради тоа, ангажирани се супервештаци, а градоначалникот изрази уверување дека и овој процес наскоро ќе биде заокружен.

— реклама —

Ѓорѓиевски додаде дека паралелно се работи и на стабилизирање на јавните претпријатија и дека, според него, градот постепено се враќа во нормала. „Даваме сè од себе Скопје повторно да застане на здрави нозе“, истакна градоначалникот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

semafor

Во недела целосно затворање на сообраќајот на крстосницата „Скупи“ – „Љубљанска“ поради поставување нови семафори

Скопје | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryov0odf8fl3qs9AGq5Qa

(Видео) Се запали автомобил во Скопје, нема повредени

Скопје | пред 6 дена

media-libraryakr8f893i28m4pEbYv1

Скопје ќе добие свој „Лувр“ на кејот на Вардар: Сидрото од бродот „Скопје“ ќе биде заштитено со стаклена конструкција

Скопје | пред 6 дена

media-libraryevja69ev8718etrIBWO

(Фото) Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блеска, гордоста на Скопје во нов сјај

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања