„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

скопје

Polozuvanje-cveke-Goce-Delcev-2022-1

Арсовска положи свежо цвеќе на гробот на великанот Гоце Делчев

Градоначалничката Данела Арсовска и секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски, денеска положија свежи цвеќиња на гробот на великанот на македонската борба за слобода Гоце Делчев, во дворот на црквата „Свети Спас“, по повод 119 годишнината од неговата смрт.Гоце Делчев е еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација и народен водач кој со својата револуционерна дејност остави траен печат во македонската историја. Визионер кој уште пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.Затоа, денес на 4 мај, се потсетуваме на неговиот завет, на љубовта кон татковината и на несебичната жртва за слобода.За Скопје и скопјани достоинствено го чествуваат неговиот лик и дело и го вреднуваат неговото наследство.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-05-02-at-11.19.26

(ВИДЕО) Тажно и смешно, дешавка на сред џез концерт во Скопје ги насмеа сите

Никола Наумоски, ексшеф на кабинет кај ексградоначалникот Петре Шилегов во Град Скопје, објави видео од џез концерт во Скопје, а на кое се гледа како револтиран маж доаѓа и бара да се тргнат паркирани автомобили.„Вчера во парк Ибни Пајко имало џез концерт и на сред солажа се случува ова:...“, напиша Наумоски

Скопје | пред 3 години

DSC_0410

„БМВ“ прегази пешак во Скопје, кој со тешки повреди е во болница

На 29.04.2022 во 09.40 часот било пријавено дека на сервисна улица која ја поврзува ул.„Загребска“ со влез во црква, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(46) од Скопје удрило во пешакот Љ.П.(69) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.П., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

jsp-avtobus

Објавен распоредот на автобуси за време на празниците

ЈСП информира дека поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај и верскиот празник Рамазан Бајрам, во понеделник (2.05.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИВо понеделник, од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.Утре, сабота (30.04.2022 год), сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а недела (1.05.2022 год) е неработен ден за сите продажни места.РАБОТНО ВРЕМЕ ЖИЧАРНИЦАЖичарницата за време на претстојниот викенд, како и во понеделник ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот.

Скопје | пред 3 години

shilegov

Апсења за запалениот автомобил на Шилегов

Министерството за внатрешни работи вчера уапси три лица кои пред еден месец ја запалиле колата на ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Како што информираат од МВР, уапсени се А. Ј., С. Б. и С. Ј., сите од Скопје и против нив е поднесена кривична пријава до Основното обвинителство Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност” по чл. 292, а во врска со чл. 288 од Кривичниот законик.На 27 април, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А. Ј., С. Б. и С. Ј., сите од Скопје. По преземени мерки и активности е утврдено дека тие на 9 март во Скопје со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „ауди Q5“, од кој биле зафатени три други возила, „фолксваген пасат“, „нисан“ и „даеву матиз”, велат од МВР.Како што дознаваме, за трите лица е побарана мерка притвор.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(ФОТО) Нов мурал и театарски перформанс по повод роденденот на великанот Горан Стефановски

Општина Центар одбележа 70 години од раѓањето на македонскиот литературен деец и еден од најпознатите дебармаалци, Горан Стефановски. Роден е на 27-ми април, во Битола во 1952 година, каде неговите татко и мајка, режисер и глумица, работеле во тој период. Стефановски разбирливо, најголемиот дел од детството го поминува во театрите, додека неговиот помлад брат, Влатко, се пренасочува кон музиката.„Семејството Стефановски води потекло токму од Дебар Маало, со кое и самиот тој беше емотивно поврзан и каде после сите претстави, патувања и гостувања, секогаш се враќаше. Дебар Маало е и нераскинлив дел од неговото литературно творештво. За значењето на Горан не треба да се трошат дополнителни зборови. ‘Диво месо’, ‘Дупло дно’, ‘Лет во место’, ‘Тетовирани души’, ‘Демонот од Дебар Маало’, се само дел од капиталните дела, не само на Стефановски, туку и на цела современа македонска драматургија“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.Добитник е на многу домашни и меѓународни награди за неговите творештво и достигнувања, меѓу кои и државната награда за животно дело во областа на науката, културата и уметноста - „11 Октомври“. Горан Стефановски до ден денес е присутен во нашето културолошко секојдневие - книгите и расказите ги читаме и сега, а неговите драми сѐ уште се играат и во домашните, но и во театрите ширум Европа. Во рамки на одбележувањето на 70-тиот роденден на Стефановски во Општина Центар, на дел од фасадата на ООУ „Коле Неделковски“ се изработи мурал со ликот на Стефановски и во паркчето спроти општинските бараки се одржа краток пригоден театарски перформанс.„Новиот мурал на Стефановски, изработен од уметникот Блаже Атанасков, кој ќе го краси неговото и наше Дебар Маало е еден мој, личен симболичен гест, чија изведба му оддава почит на еден од најголемите и најпознати центарци. Ви благодарам на сите за денешното присуство“, додаде градоначалникот Герасимовски.Одбележувањето на роденденот се затвори во малиот парк спроти општинските бараки, каде група автори: Васил Христов, Викторија Рангелова – Петровска, Русе Арсов, Ивана Павлаковиќ, Никола Настоски и Исмет Шабанович, го изведоа театарскиот перформанс со делови од драмите на Стефановски, наречен „Маалски драмски разговори“.Во овој парк, пред 3 години Општина Центар, заедно со семејството на Стефановски и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, засади чинар и подоцна го постави спомен обележјето со клупата на Горан. Од тогаш наваму, секоја година општината симболично го одбележува 27 април, роденденот на еден од најпознатите центарци, Горан Стефановски.

Скопје | пред 3 години

271715276_268308865415933_2874747500255289001_n

Важно: Посебен режим на сообраќај на 27 и 28 април во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 27 и 28.04.2022 година (среда и четврток), поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Н.Е. Мустафа Шентон, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.Од тие причини СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Фатени потпалувачи на кабли во населба Злокуќани

Екипи на градските комунални инспектори при вршење редовна контрола пред објектот на поранешна Агромеханика во населбата Злокуќани затекнаа лица што спалуваа кабли. Веднаш се повикани полициски службеници со кои земени се податоци и против истите ќе биде покрената соодветна прекршочна пријава. Запаленото сметиште беше веднаш изгасено.Градските инспектори продолжуваат со засилените контроли на терен и сите затекнати сторители што ја загадуваат животната средина ќе бидат ригорозно санкционирани.

Скопје | пред 3 години

273270117_346850633874501_5853847992867667829_n

Изменет режим на сообраќај од 20 до 23 април во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во периодот од 20.04.2022 до 23.04.2022 година, поради официјална посета на претседателот на Република Латвија, Н.Е. Егилс Левитс, на нашата држава, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.За таа цел, СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-04-14-at-14.50.03

ВО ЖИВО: Експлозии се слушаат кај фабриката „Треска“, жители на околните згради ги напуштаат домовите

Силни експлозии се слушале при пожарот во кругот на фабриката „Треска“. Жителите на околните згради се вознемирени и дел од нив ги напуштиле нивните домови. Тие стравуваат дека пожарот може да се прошири. На терен веќе се направат напори од целата противпожарна бригада побрзо да го локализираат пожарот.Пожарот забрзано се шири кон сите бараки кои се во кругот на фабриката. Пукотници постојано се слушаат.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Градоначалникот на Центар: Станува збор за голем пожар

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски вели дека станува збор за голем пожар во кругот на фабриката „Треска.„Во моментов екипите на противпожарна служба се на терен, станува збор за голем пожар и огромен чад кој се издига на фабриката „Треска“. Екипите на Општина Центар се упатија натаму да дадат поддршка на пожарникарите доколку е потребно. Во моментов немаме повеќе информации, јас сум упатен на местото на настанот и со повеќе информации официјално ќе излеземе подоцна“, вели тоиј.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-04-13-at-13.05.54

(ФОТО) Запрена градба на седум нивоа на Водно, се бара итно отстранување

Затворено е градилиште на Водно. Инспекциите на Општина Центар издале и решение за отстранување на градба која е на седум ката.„Овластен градежен инспектор доднесе решение со кое се наредува на инвеститорот, физичко лице со живеалиште во Струга, во законски предвидениот рок да прекине со сите градежни активности и да ја отстрани градбата.Се работи за објект од втора категорија со намена А1 – домување во станбени куќи, со димензии 11.8 метри на 8.9 метри, изграден од армирано бетонска конструкција на улица „Христо Чернопеев“ бб, дел од локалитетот Тасино Чешмиче 1 и Тасино Чешмиче 2.На инвеститорот на објектот, овластен градежен инспектор на 20.7.2021 година, му издал Решение со кое му се наложува итен прекин на градежните работи. И покрај добиеното решение за прекин на изградбатата, инвеститорот продолжил со изградба на објектот, спротивно на издаденото одобрение за градење и заверениот основен проект.Врз основ на член 134, став 1, алинеа 3 и 4 и член 137 став 1 од Законот за градење, овластен градежен инспектор постапувајќи по службена должност, изврши контролен инспекциски надзор и донесе решение со кое му наложи на инвестирот во зададен рок да ја отстрани градбата. Во спротивно, општината ќе пристапи кон присилно административно извршување, со што трошоците од извршувањето ќе паднат на товар на инвеститорот“, вели Општина Центар.„Апелирам до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да ги почитуваат издадените решенија за отстранување на објекти, затоа што во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, а трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците“, додава градоначалникот Герасимовски.

Скопје | пред 3 години

Baby-boom-vo-Zooloska-gradina-1

Скопската Зоолошка е главна вест во најпознатите светски медиуми

Зоолошката градина стана главна вест во најпознатите светски медиуми поради последните случувања изминатиов период, каде се родија повеќе животни.Фотографиите од малите лавчиња и бебето белорак гибон се најдоа како вест на денот, фото на неделата и фото избор на денот во престижни медиуми и новинарски агенции како Гардијан (The Guardian), Ројтерс (Reuters), Јаху (Yahoo), како и американските медиуми ЦНН (CNN) и АБЦ Њуз (ABC News).Фотографиите од Скопје ЗОО направени од Роберт Атанасовски, Огнен Теофиловски, Ѓорѓи Личовски и Томислав Георгиевски беа објавени во преку 300 медиуми од 40 различни земји. За потсетување, пролетва во Зоолошката градина во Скопје се случува вистински „бејби бум“, каде се родија три лавчиња, мала лама, бебиња кенгури, лемури, берберска овца и камила.Во наредниот период Градот Скопје заедно со ЗОО Скопје, ќе продолжи со спроведување низа активности со кои ќе се подобрат условите на живеалиштата на животните, како и нова инфраструктурата којашто ќе овозможи подобри услови, но и поинтересни содржини за посетителите на скопската зоолошка градина.

Скопје | пред 3 години

120190520_075559

Се истражуваат злоупотреби за фасадата на Владата дел од „Скопје 2014“

По сеопфатна предистражна постапка, денес јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица кои ја злоупотребиле својата положба и овластување при реализација на договорот за изведување на градежни и градежно занаетчиски работи за реконструкција на фасадата и илуминација на објектот на Владата на РМ. Според опишаните дејствија во наредбата постои основано сомнение дека првоосомничениот – управител на друштво за градежништво, трговија и услуги сторил кривично дело – Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство и кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и поттикнување во извршување на истото кривично, додека останатите три лица – второосомничениот како службено раководно лице на орган на државна управа и трето и четврто осомничените – како одговорни лица управител на друштвото за инженеринг, проектирање и консалтинг и главен надзорен инженер за реализација на договорот сториле по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.Првоосомничениот свесно ги повредил прописите за постапката за доделување на договор за јавна набавка за изведување на градежни и градежно-занаетчиски работи за реконструкција на фасадата и илуминација на објектот на Владата на Република Македонија и ја изиграл постапката за јавна набавка доставувајќи како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиска состојба три договори за заеднички настап со три правни лица кои подоцна не ги ангажирал, како и два подизведувачки договори со правни лица на кои имал намера да им отстапи дел од договорот за јавна набавка. Иако бил должен, согласно Законот за јавни набавки, тој не ги навел и не доставил податоци за останатите подизведувачи што подоцна ги ангажирал. Со опишаните дејствија првоосомничениот за друштвото со кое управувал остварил имотна корист од поголеми размери во износ од 484.654.000,00 денари. Воедно, подизведувачот што го ангажирал за изведување на градежни и градежно занаетчиски работи за изведба на декоративни и фасадни елемети и изведба на каменорезачки работи за објектот на Владата не ги испочитувал одредбите од подизведувачкиот договор и извршил монтажа на декоративни фасадни елементи изработени од материјал што не соодветствувал на материјалот предвиден во основниот проект. Второосомничениот, со умисла поттикнат од првоосомничениот, не ја извршил својата службена должност и при реализацијата на предметниот договор не ставал забелешки во поглед на начинот на изведба на работите и употребениот материјал и на тој начин дозволил подизведувачот да вградува декоративни фасадни елементи од материјал што ги нема потребните карактеристики. Трето и четврто осомничените како одговорни лица управител на друштвото за инженеринг, проектирање и консалтинг и главен надзорен инженер за реализација на договорот, со умисла поттикнати од првоосомничениот, ги искористиле нивните посебни овластувања и должности што ги имале врз основа на договорот за вршење на стручен надзор и ги прифаќале и одобрувале времените ситуации од изведувачот на работите во кои било наведено дека декоративните фасадни елементи се изведени од 96% минерален рециклиран дуван гранулат од силикатни шупливи микрозрна.Од месец декември 2014 година до месец август 2015 година првоосомничениот како одговорно лице – управител на друштвото за градежништво, трговија и услуги со искористување на посебните овластувања што ги имал согласно Законот за трговски труштва како управител на друштвото, прибавил значителна имотна корист во износ од 8.823.916,00 денари за политичката партија. Тој, по предходен договор со раководните лица на партијата, со цел партијата да купи недвижни имоти по цена пониска од пазарната, а притоа да ги избегне ограничувањата предвидени во одредбите од Законот за финансирање на политичките партии, во три наврати во име и за сметка на друштвото со кое управува купил недвижни имоти во Гази Баба, Центар Жупа и Крушево, а потоа истите ги продал по пониски цени од нивната пазарна вредност на политичката партија.Во текот на денот со Наредба на судија на претходна постапка, а по предлог на обвинителот, се извршени претреси на повеќе локации, претресите сѐ уште се во тек. Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Судијата на претходна постапка ќе поднесе соодветни поднесоци за обезбедување на присуство на осомничените, воедно, ќе достави Предлог за издавање на решение за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции со предлог за привремено одземање на имот, како и Барање за донесување на привремена мерка забрана на отуѓување и располагање со недвижен имот.Предметот е дел од постапката за Проектот „Скопје 2014“ . ​​

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Данела ја средува Зоолошката во Скопје

Екипите на ЈП "Улици и патишта" по налог на Град Скопје, денеска започнаа со реконструкција на дел на патеките во Зоолошката градина - Скопје.Денеска екипите од ЈП „Улици и Патишта“ започнаа со отстранување на оштетените бекатон плочки, по што ќе следи асфалтирање и реконструкција на површина од околу 200 метри квадратни.Во наредниот период Градот Скопје заедно со ЗОО Скопје, ќе продолжи со спроведување низа активности со кои ќе се подобрат условите на живеалиштата на животните, како и инфраструктурата којашто ќе овозможи подобри услови за посетителите на скопската зоолошка градина.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања