Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(ВИДЕО) Сечени катанците и пуштани животните од кафези во скопската ЗОО, сомневањата се за намерна саботажа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
skopska-zooloska

Непознати сторители влегле во скопската Зоолошка градина и ги сечеле катанците на кафезите на животните. Според директорот Кристијан Стаменов, тоа го сториле поединци, односно група на луѓе.

— реклама —

„Најпрво на 10.04.2022 поединци направиле неовластен влез на група од дванаесетина луѓе, петнаесет минути пред затворање на градината. Истото е уредно пријавено и се повикани претставници од Министерството за внатрешни работи за увид во неовластениот влез на групата луѓе. На 28.04.2022 од службите во Зооолошката градина е направен увид во живеалишатта на животните и е констатирано дека се пресечени неколку катанци, по што биле пуштени неколку животни, во рамки на просторот во зоолошката градина. Истото е пријавено и констатирано рано утрото од страна на зоо негувателите кои дошле на работа дека се работи за видливо и намерно пуштање на неколку животни од нивните живеалишта“, пишува Стаменов.

Исто така, имало обид да се ограби и благајната, за што е објавено и видео.

— реклама —

„По рекордната посетеност во Зоолошката градина со над 14.000 посетители, на 09.05.2022 во 00:30 часот имаше обид да се обие влезната врата од благајната. Сторителот е фатен од безбедносните камери на Зоолошката градина како во два наврати се обидува да го обие влезот на благајната, претпоставуваме со цел да направи финансиска штета. Но, снимениот поединец останал само на обидот, затоа што како што се гледа на снимката не можел да го обие влезот на билетарата и благајната по што настаната е незначителна материјална штета. Истиот настан веднаш по случувањето уште вечерта е пријавен во полициска станица Карпош. Покрај тоа што сите овие настани се пријавени до надлежните органи за постапување, односно до Министерството за внатрешни работи, зголемена е будноста кај персоналот, а дополнително е зголемено и обезбедувањето во ноќната смена“, додаде Стаменов.

— реклама —

Тој се сомнева во намерна саботажа.

„Цениме дека сите овие обиди наликуваат на намерна саботажа на работата и функционирањето на самата Зоолошка градина, треба да се прашаме на кого му пречи успешноста на Зоолошката градина. Остро ги осудуваме сите овие обиди да се наштети на нашата работа, но и на безбедноста на животните, се надеваме дека службите од Министерството за внатрешни работи ќе работат интензивно на откривање на сторителите, со цел да се спречат и понатамошни вакви обиди.

— реклама —

Сакам да потенцирам исто така дека и покрај овие обиди доколку вистина станува збор за саботажа на нашето работење и функционирање нема да не обесхрабрат, туку напротив ни даваат мотив плус да работиме уште повеќе за поубава и попосетена Зоолошка градина Скопје“, додаде Стаменов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhodacqm1ac996HPQi0R

(Фото) Комунална ги исчисти хартиите расфрлани на патот кон Градиште, паднале од возило на фирма

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-library5e7huf074neqeEn1FI6

(Видео) Куп листови расфрлани на булеварот од Кисела Вода кон Драчево

Скопје | пред 1 ден

media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

Скопје на листата најдобри градови во светот за соло патување

Магазин | пред 1 седмица

media-librarybgrpom8m8tr54cDlVcy

(Фото) Се переле улици, се отстранувале диви депонии: Ѓорѓиевски се пофали дека екипи го чистеле Скопје цела ноќ

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања