„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

славески

Trajko-Slaveski

Славески за студирањето медицина кај Мерко: Бог нека ни е на помош

На мрежата ,,Х” се огласи Трајко Славески за новата образовна гранка на универзитетот на Рамиз Мерко.,,Еден мој поранешен професор на Економски факултет - Скопје, по потекло од Струга и учесник во НОБ, сега одамна починат, кажуваше една анегдота за лекар во неговиот роден град, од периодот меѓу двете светски војни, со диплома од Виена.Наводно, на што и да се пожалел пациент кај него, му препишувал аспирин. Човек му доаѓа позеленет во лицето, ќе го потчукнел по слабините и ќе го препорачал семоќниот лек.Според професорот, тој да ти бил од оное Für den Balkan gut (добар за Балканот) лекари со дипломи од европските универзитети од тоа време.Денес ја прочитав “убавата вест” дека дошло време во градот Струга да се образуваат лекари. Каде на друго место освен на далеку познатиот “универзитет на Рамиз Мерко”.Дозволата за отворање “студии по медицина” ма овој “универзитет” ја потпишал неговиот сопартиец и министер за образование и наука во заминување, господинот Јетон Шакири.Значи, по отприлика сто години од т.н. Für den Balkan gut лекари, Струга во наредните неколку години треба да ги “изучи” сопствените медицинари. Практиката ќе покаже само за каде ќе бидат “добри”.Во овој контекст, се потсетив на уште нешто. При еден мој престој на државниот универзитет Аризона, во САД, во 1997 година, од колегите професори на економскиот факултет разбрав дека сојузната дежава Аризона нема сопствен медицински факултет, туку само еден колеџ на Универзитетот Аризона во јужниот град Тусон. Во тоа време Аризона имаше околу 5 милиони жители.Денес Аризона има население од околу 7,5 милиони жители, што придонело да се зголеми побарувачката на студии по медицина.За таа цел, по 2007 година се отворени уште два-три медицински факултети, заедно со тој од градот Тусон, кој во меѓувреме прерасна во медицински факултет.Значи, со најновиот медицински факултет на струшкиот градоначалник од црната чиста на САД, Македонија ќе ѝ парира на седум милионската Аризона во студиите по медицина.Се разбира, во квантитет, а за квалитетот - Бог нека ни е на помош!”, напиша Трајко Славески.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-11.22.03

Славески за Евровизија: Ова не е моја Европа, сатанистички пораки и перверзии - било да не се повтори!

Професорот Трајко Славески, кој е и претседател на Советот на Град Скопје, како и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката Македонија да не учествува на Евровизија. Тој напиша: „Ова не е моја Европа!“. „Беа вистинска сензација и заслужни победници пред точно 50 години. Подоцна, студирајќи економија, разбрав дека нивната екстравагантна облека, со третман на одбитна ставка во даночните закони, била со намена делумно да ги избегнат екстремно високите даночни стапки во родната им Шведска.Две години подоцна во 1976 г., децата и ние младите тинејџери од моето маало со месеци ги потпевнувавме слатките ноти на победничката “Зачувај ги сите твои бакнежи за мене” во изведба на симпатичните Британци од групата Brotherhood of Men. Како и кај легендарната Аба, повторно два пара млади мажи и жени.Само погледнете го овогодинешниот победник Немо, претставник на Швајцарија. Утрово читам коментари на Швајцарци кои се згрозени од претставникот на својата земја. Не се горди што се победници и тврдат дека би биле среќни доколку останеа со досега единствената победа на Евровизија, претставувани од прекрасната Cèline Dion.Што да кажеме за сатанистичките пораки и перверзии кои се чини дека достигнаа кулминација на овогодинешното издание на Евровизија? Било, да не се повтори!“, напиша Славески.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-05-11-at-11.17.20-1

(Видео) Славески гарантира: Силјановска нема да сврти грб на ВМРО-ДПМНЕ како Арсовска

Гордана Силјановска-Давкова нема да ги направи истите чекори како Данела Арсовска, која стана градоначалничка благодарение на ВМРО-ДПМНЕ па им сврте грб. За ова уверува Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој кажа дека станува збор за дијаметрално спротивни карактери. „Во никој случај, за тоа гарантирам, не може да се случи“, рече Славески.Според Славески, изразувајќи се со професорски јазик, Силјановска-Давкова „положила“ осум семестри, со највисока оценка.„Ќе имаме добра синергија, помеѓу новата Влада предводена од Христијан Мицкоски и претседателот на Македонија каков што заслужува“, вели Славески во подкастот „Претрес со Ландов“.Тој зборуваше и на други актуелни теми како што се Груевски и Мијалков, плановите на ВМРО-ДПМНЕ, најавувањето одговорност и апсење на СДСМ-овци и припадници на ДУИ.?t=7376

Македонија | пред 1 година

slaveski45123531

(Видео) Славески во „Претрес“: Ќе нема нов Сашо Мијалков, блиски роднини доведоа до криза во партијата и државата

Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во „Претрес со Ландов“ кажа дека Сашо Мијалков нема да се повтори, а ниту да се дозволи, партијата да биде раководена од лица со роднински испреплетени релации.„Грешките оние покрупните, произлегуваа од начинот на раководење со партијата, кој што премина во автократски, еден тесен круг на луѓе кои стапија и во роднински врски, дали станаа кумови, да се коптираат блиски роднини, братучеди, нешто што ми непоимливо. Блиски роднини да ве поклопат и да ја поклопат партијата, да доведат до таква криза во партијата и државата е адекватно на казната која уследи и персонална, а за жал и за партијата и до некаде за државата Република Македонија“, рече Славески во „Претрес со Ландов“. Тој додаде: „Тоа нема да се повтори, ќе нема нов Сашо Мијалков и другите околу неговата свита, не смее да се повтори, тоа е прво и единствено, јас верувам во Мицкоски, дури тој покажа дека тоа не е негов стил на раководење“.Во подкастот тој објасни и низ личен пример за тоа како семејните реалции не дозовлил да влијаат во професионалниот живот, говореше за Мицкоски и за владеењето на Груевски.?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d&t=7375

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-11-08-141044

(Видео) Арсовска е одамна во политичка пензија, резултатите од изборите се мерило колку вреди, рече Славески во „Претрес“

Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во подкастот „Претрес со Ландов“ кажа дека скопската градоначалничка одамна е во политичка пензија. „И пред да стане градоначалник имав некои индикации дека таа има амбиции за повисока функција. Го имам кажано ова и на друго место, ова е сигурно. Уште во 2019, 2020 година, имаше амбиции за потпретседателско место. Сега ќе се покаже вистинската вредност на ова гласање, имаше дилема во некои јавни настапи кажуваше дека сама ги освоила гласовите“, рече Славески во „Претрес“ и додаде:„Сега еве ви мерило колку вредите. Мислам дека таа одамна е во политичка пензија“.Славески зборуваше и други актуелни случувања, теми, како и за ВМРО-ДПМНЕ, а го спомена и Сашо Мијалков.?t=7377

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Славески: Мијалков е најголема грешка на Груевски

Долгогодишниот професор на Економскиот факултет и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во интервју за „Фокус“ го објаснува неговиот став за шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков и зошто смета дека тој е најголема грешка во владеењето на Никола Груевски.ФОКУС: Зошто ве разреши Груевски?СЛАВЕСКИ: Веројатно имал испланирано некој за ова место. Многу беше лошо кај Груевски тоа што не се чуваше од тие тесни кумски, роднински врски, кои многу му наштетија. Во 2006 година бев запрепастен кога слушнав дека Груевски има намера неговиот прв братучед Сашо Мијалков да го стави како шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање.ФОКУС: Зошто сметавте дека Мијалков е лош избор?|СЛАВЕСКИ: Прво, поради роднинската врска, а второ поради неговото минато во Агенцијата за воено разузнавање.ФОКУС: Какво е неговото минато?СЛАВЕСКИ: Еден наш сојузник од Соединетите Американски Држави, а тоа го има кажано и поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, во три наврати барале смена на Мијалков од неговата функција. Се покажа дека неговото поставување подоцна било најголема грешка.ФОКУС: Меѓутоа, сите најблиски соработници на Груевски му беа или роднини, или кумови?СЛАВЕСКИ: Тоа да.ФОКУС: Му го кажавте вие вашиот став за Мијалков?СЛАВЕСКИ: Еднаш му го кажав, ама видов дека нема ефект. Јас често укажував за некои недоследности кај некои функционери. Одредени медиуми, кои во тој период го поддржуваа ВМРО-ДПМНЕ заради лукративни причини, со оној катастрофален модел на рекламирање во медиумите и полнењето со пари ја поддржуваа владата и Груевски, а беа критички настроени кон мене.Му кажував често дека додека сме на власт, никој не треба да влегува во матни зделки и криминал. Тој само ќе одговореше дека тој одговара за луѓето што ги поставил. И што направи, си наштети себеси, на своето семејство, на партијата, на државата.Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот Фокус кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.Ирена Мулачкапреземено од фокус.мк

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања