„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

славески

media-library2ifusclsdgrd7rOLJfI

(Видео) Македонскиот бoрец неприкосновен: седми триумф на Славески во БКФЦ, технички нокаут за 94 секунди

Македонскиот борец Горјан Гого Славески стигна до својот седми триумф во БКФЦ (бокс со голи раце), откако го совлада Џа Фар Форт со технички нокаут уште во првата рунда. Борбата траеше само една минута и 34 секунди, а Славески уште еднаш ја потврди репутацијата на еден од најдоминантните борци во организацијата.Славески ја отвори борбата агресивно, преземајќи иницијатива од самиот старт. Интензитетот на ударите го натера судијата дури четири пати да ја прекине рундата, пред конечно да процени дека Форт не е способен да продолжи.Со оваа победа, Славески го подобри својот скор на седум победи и еден пораз, а како поранешен шампион повторно испраќа јасна порака дека е подготвен да се бори за нова титула. Неговата доминација во рингот, експлозивниот стил и убедливите завршници го позиционираат како еден од најопасните борци во БКФЦ.

Настани | пред 2 седмици

nbrm

Гувернерот Славески со конкретни предлози за намалување на надоместоците за платежни услуги

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на денешната средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки во Македонската банкарска асоцијација ги претстави предлозите за намалување на провизиите коишто ги плаќаат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги. Целта на иницијативата е провизиите да се постават на ниво кое ќе биде одржливо за банките, но истовремено да бидат фер и прифатливи за корисниците. Народната банка е подготвена да го направи првиот чекор во оваа насока.„Денес доаѓаме со понуда до банките, Народната банка да го направи првиот чекор со намалување на надоместоците што ги плаќаат банките за користење на услугите во МИПС, како што се надоместоците поврзани со долговниот промет. Очекуваме и банките во најкус можен рок да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и да ги постават на разумно ниво“, истакна гувернерот Славески.На состанокот со банкарите, гувернерот Славески потенцира дека следејќи го примерот на земјите од Европската Унија, коишто значително ја изменија регулаторната рамка за начинот на кој се извршуваат платежните услуги, нашата земја направи значителен напредок во осовременувањето и усогласувањето со европското законодавство и практики, што придонесе да станеме членка на Единствената област за плаќања во евра СЕПА. Тој нагласи дека со новата правна рамка, во нашата држава е создадена средина во којашто платежните услуги се третираат како услуги од јавен интерес. Тоа значи дека секој граѓанин, без разлика на својата социјална положба, место на живеење или степен на дигитална писменост, треба да има пристап до сигурни, квалитетни и достапни платежни услуги. Ваквиот пристап подразбира и поставување на надоместоците на разумно ниво за сите корисници.„Споредувајќи ги надоместоците за платежните услуги на банките со надоместоците на матичните банки од ЕУ, согледуваме неколку видови платежни услуги за кои надоместоците треба да се намалат и поедностават, а некои и да се укинат:- Надоместоците за одржување на платежната сметка за компаниите претставуваат голем трошок, особено за малите и средните компании во земјата, поради што треба да се намалат;- Надоместоците за користење на електронското и мобилното банкарство, во услови кога се наплатуваат надоместоци за одржување на платежната сметка, претставуваат дополнителен трошок, кој треба да се укине;- Надоместоците за плаќањата со платни налози во рамки на банката треба да се укинат, имајќи предвид дека за нивното извршување не е потребно користење на платните системи кои создаваат трошоци за банките;- Надоместоците за меѓубанкарските плаќања во домашната валута кои се извршуваат преку платните системи КИБС и МИПС треба значително да се намалат;- Надоместоците за подигнувањето готовина на туѓи банкомати во земјата и странство, кои кај некои банки се и во вид на % од износот, треба да се намалат и поедностават како фиксен трошок по трансакција;- Надоместоците за прифаќање картички на продажни места кај трговците коишто банките ги наплатуваат од трговците треба да се намалат, имајќи предвид дека меѓубанкарските провизии се ограничени со Законот за платежни услуги и платни системи и се сведени на нивоата во ЕУ“.Ова се конкретните примери коишто гувернерот Славески ги претстави пред банкарската заедница, при што упати повик да се охрабрат и заеднички да продолжат со иновативен и проактивен пристап. Притоа, ја истакна важноста корисниците на платежни услуги да се стават во фокусот при воведувањето на услугите, преку понуда на разумни, фер и одржливи надоместоци.Гувернерот нагласи дека поставувањето разумни надоместоци за користењето на платежните услуги ќе има директно влијание врз зголемувањето на финансиската вклученост на населението, дополнително ќе придонесе за намалување на сивата економија и ќе обезбеди поддршка за оддржлив економски раст.

Македонија | пред 6 месеци

trajko-slavevski-pretres-1

Трајко Славески избран за нов гувернер

Неколку моменти пред полноќ, во Собранието на Македонија, Трајко Славески беше избран за челник на Народната банка. За Славески гласаа „за“ 68 пратеници, додека 16 беа против.Од СДСМ и Левица денеска нагласија дека нема да гласаат во корист на Славески.Инаку Славески е предлог на претседателката Сиљановска Давкова. Експертската јавност и дел од пратениците нагласија дека со овој избор се партизира една од најважните институции во државата.Славески до овој момент е актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, иако согласно Законот за НБРМ гувернерот и вице-гувернерот не смеат да бидат членови на политичка партија.

Македонија | пред 6 месеци

slaveski1

На Славески му требаат 61 глас за да седне во гувернерската фотелја

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го предложи Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка и ја префрли топката во Законодавниот дом.За избор на гувернер потребни се 61 позитивен пратенички глас.Гувернерот кој има седум годишен мандат има право на реизбор. Но, од претседателката Анита Ангеловска-Бежоска не доби шанса за повторен избор.Ниту екс министерот за финансии Зоран Ставревски не го мина филтерот кај претседателката иако таа ги исфали сите тројца претенденти.

Македонија | пред 7 месеци

SLAVESKI0

Претседателката Сиљановска-Давкова го достави предлогот за гувернер на Народната банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка.„При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, велат од Кабинетот на Сиљановска.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-21-at-19.34.57

Трајко Славески е предложен за нов гувернер

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го предлага ексминистерот за финансии, Трајко Славески за гувернер на Народната банка.За Славески сега треба да се изјаснат пратениците.Славески е актуелен претседател на Советотот на Град Скопје.Информацијата се уште не е официјално потврдена од Кабинетот на претседателката.Инаку, „Скопје1“ проба да добие став од Славески - но до овој момент немаме одговор. Молк и од Собранието.Инаку, Славески за Сиљановска,  зборуваше и во поткастот „Претрес“:

Македонија | пред 7 месеци

slaveski1

Славески: Најголем проблем за брз автобуски превоз е трасата по Партизанска со што се доведува во опасност водоснабдувањето

„Никогаш од ниту еден советник, не е изречено или не е кажана констатација дека соодветната институција Европската банка за обнова и развој била сомнителна институција. Никогаш, никој не кажал такво нешто од говорницата на Советот на Град Скопје“, истакна претседателот на Совет на Град Скопје, Трајко Славески во реплика кон советникот Александар Трајановски на денешната седница на Советот на Град Скопје говорејќи за воведување на брз автобуски превоз.Славески посочи дека многу добро знае како се движи соработката на Република Македонија со Европската банка за обнова и развој.„Јас сум засегнат од ваквата неточна констатација на советникот Трајановски затоа што како министер за финансии по функција сум бил и гувернер, односно претставник на Република Македонија во Европската банка за обнова и развој и многу добро знам како се движела соработката со банката“, рече Славески.Славески потенцираше дека советниците не ги изнесуваат своите аргументи по 20-ти пат затоа што веќе го имаат кажано своето мислење.„Второ советниците најверојатно не ги изнесуваат своите аргументи по 20-ти пат затоа што го кажале своето, дека најголем проблем е трасата по Булеварот „Партизански одреди“ каде се доведува во опасност водоснабдувањето со вода за пиење со жителите на Град Скопје. Имаше и други предлози за промена на траса, тоа не е направено и оттука мислам дека отпорот на советниците е да дадат поддршка на таков проект кој го сметаат за неиздржан без соодветните корекции што беа предложени“, заклучи Славески.

Македонија | пред 9 месеци

trajko-slavevski-pretres-1

„Наглото зголемување на старосната граница за пензионирање не е решение“

Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата "Трилинг" на телевизија 24, каде што говореше за пензискиот систем во Македонија. Тој го критикуваше предлогот на Фискалниот совет за нагло зголемување на старосната граница за пензионирање, оценувајќи го како краткорочна и непрофесионална мерка.„Предлогот на фискалниот совет беше невнимантелен, ниту една земја досега не постигнала нагло зголемување на старосна граница. Има земји кои што се во тек, ќе се донесе некоја мерка, но тоа трае со години, по три месеци секоја година, некаде по шест. Не може вие на вработени кои што очекуваат да се пензионираат наредната година да им кажете дека ќе мора да рбаотите уште три години“, изјави Славески.Славески ја нагласи важноста од разгледување на корените на проблемите што го оптоваруваат пензискиот систем. Според него, задолжителниот пензиски фонд во Македонија се соочува со сериозен дефицит кој не може да се реши само со краткорочни мерки како зголемување на старосната граница.„Сега останува на Владата да бара други решенија, секако е голем товар дефицитот во пензискиот фонд кој што се финансира од буетот, но малку е чудно зошто нема кај нас дебата околу генезата на тој дефицит. Јас сум повозрасен и ги помнам уште првите денови дискусии кои што во 2000та година од притисокот што го изврши Светска банка, односно да го воведеме Вториот пензиски фонд. Таму бепше поредвидено дека за десетина години ќе има т.н транзициски дефицити. Не може така ако одземете 1/3 од придонесот на државниот пензиски фонд на ПИОМ и ги префрлите во приватни пензиски фондови нормално дека ке дојде до дефицит“, истакна Славески.Славески додаде дека, иако се очекуваше транзициски дефицит тој продолжува да расте и денес, дури три децении по започнувањето на реформата. Според некои истражувања, овој дефицит може да трае и до 50 години, или пак никогаш да не се реши.,,Според некои истражувања тој транзициски дефицит кој што кај нас се провлекува веќе 3та деценија може да трае дури и половина век. Главната причина е тоа што му се одземаат средства. Вториот пензиски фонд се формираше на тој начин што 1/3 од средствата, во државниот пензиски фонд отидоа во приватните пензиски друштва“, заклучи Славески.

Македонија | пред 1 година

slaveski1

Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да се расправа за нефункционирањето на јавниот превоз во градот, откако автобусите на ЈСП прекинаа да сообраќаат поради недостиг на гориво.-Нефункционирањето на јавните претпријатија во надлежност на град Скопје, задолжени да обезбедуваат витални услуги за граѓаните, достигна кулминација. Совет на град Скопје на 21 ноември, ќе одржи итна вонредна седница со почеток во 18:00 часот. Советот, во рамките на своите надлежности, е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сѐ од градоначалникот Арсовска и директорите, итно да го нормализираат јавниот превоз на територијата на град Скопје и да го подигнат нивото на хигиена, сподели Славески преку социјалните мрежи.

Скопје | пред 1 година

IMG_6207

Славески му одговори на пратеникот: Ти мене “шота”, ја тебе “Рока мандољин”

,,ТИ МЕНЕ “ШОТА” ЈАС ТЕБЕ “РОКА МАНДОЛИНЕН”“Шота” се играла и ќе се игра не само во Скопје, туку насекаде, од Триглав до Гевгелија. Таа е дел од културното наследство на Балканот. Тоа прекрасно оро е дел од нашата заедничка традиција. Ова треба да го знае младиот пратеник Ријад Шаќири.“Шота” секогаш нѐ спојувала, а не нѐ разделувала и не треба да се користи за плашење. Тоа нема да помине!Во Скопје ќе се пее и “Рока мандоленен”. И не само во Скопје!А за молитвите надвор од верските објекти, постојат закони, пишани и непишани правила. Нашите сограѓани од исламска вероисповест треба да се среќни што Приштина и Тирана на Скопје не му се ниту до глуждот според бројот и достапноста на џамии и други исламски светилишта за вршење верски обреди.”, напиша Трајко Славески.

Македонија | пред 1 година

IMG_6207

Славески: Владата е подготвена дел од средствата да ги префрли на ЈСП Скопје за рехабилитација на одреден број на автобуси

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, по денешната координација на оветничките групи на Град Скопје изјави дека градоначалничката Арсовска била со тим, каде биле директорите на три јавни претпријатија, на ЈСП Скопје, на Паркови и зеленило и на Комунална хигиена Скопје.За нив хендикеп било тоа што на двете јавни препријатија Комунална хигиена Скопје и Паркови и зеленило директорите се нови.,,Не можеме од нив да очекуваме да дадат некои конкретни одговори на прашањата.", вели Славески,,Кога се работи на јавниот превоз во Скопје, факт е дека на краток рок не може да се изврши набавка на нови автобуси кои би го зголемиле возниот парк на град Скопје, но исто така е факт дека добар дел од возниот парк на ЈСП Скопје е нефункционален. Владата е подготвена дел од средставата кои што стојат не искористени наменети за инфраструктурен проект во Град Скопје, да ги префрли на ЈСП Скопје за рехабилитација на одреден број на автобуси кои што не се во функција. Според директотор дури 30 автобуси би можеле да бидат рехабилитирани.", рече Славески.Славески се надева дека ќе дојде до зголемување на бројот на автобусите за 1ви септември и за 1ви октомври за да може јавниот превоз да функционира.

Скопје | пред 1 година

SLAVESKI0

Славески: Отворена корупција со нотарски лиценци

,,ОТВОРЕНА КОРУПЦИЈА СО НОТАРСКИ ЛИЦЕНЦИ?Еден правник, кој на поодминато доба стана професор на еден факултет надвор од Скопје, пред повеќе години ми ги отвори очите за функционирање на еден разработен модел на корупција во високото образование во Македонија.Човекот со претходно искуство од неколку децении во практиката, за да биде примен на факултетот дал позамашна сума поткуп на факултететслите власти, веројатно на тогашниот декан.За да си ја поврати оваа своја “инвестиција” новопечениот професор бил “принуден” да зема мито за полагање на испити од студентите.Имам сознанија дека ваквата шема функционирала и на други високообразовни институции во земјата.Како и многумина, со неверување ја примив веста, лиферувана веднаш по завршувањето на парламентарните избори, дека со потпис на поранешниот министер за правда, тогаш во заминување, господинот Кренер Лога, била објавена одлука за десеткратно зголемување на цените на нотарските услуги во Македонија.Некако истовремено, до мене допре информацијата дека лиценците за нотар, преку посредници, биле продавани за суми кои достигнуваат стотина илјади евра! Бог знае каде завршувале тие “црни” пари, но секој мирјанин може да го посочи одговорот на ова прашање.Интересно е што одлуката за десеткратно зголемување на цените на нотарските услуги била донесена во февруари, но објавена веднаш по парламентарните избори, со одложено дејство за стапување во сила во септември оваа година.Навидум, звучи многу паметно! На потенцијалните апликанти за лиценца за нотар уште во февруари им се дало до знаење дека нивните услуги ќе може да ги нудат по десеткратно повисоки цени. Вака за релативно кратко време ќе можат да си ја повратат “инвестицијата” од околу стотина илјади евра во форма на поткуп што ќе ги дадат “на рака” за лиценцата.Се разбира, истата “бенфиција” важи и за имателите на лиценци кои претходно платиле за можноста за отворање нотарска канцеларија, а сеуште не си ја повратиле “инвестицијата” (поткупот).Значи, кајмакот ќе го собере давателот на лиценцата, а “стапот” ќе го јаде новиот министер за правда, т.е. новата Влада@VladaMK, поради револтот од високите цени на нотарските услуги со стапувањето во сила на новиот ценовник од септември.Што треба да направи новиот министер за правда, г-динот Филков, со поддршка на Владата. Постои начин да бидеме попаметни од претходните креатори на корупциската шема.Нема сомнение дека одлуката за безобразното зголемување на цените на нотарските услуги треба веднаш да се укине. Но, со овој чин не се постигнува многу.Мојот предлог е следен: цените на нотарските услуги се намалуваат за најмалку 50% со важност до крајот на годината. Се носи законски пропис со кој се амнестираат сите нотари кои ќе потврдат дека лиценцата ја купиле на “црно” и ќе посочат кому ги дале парите.Креаторите на оваа срамна корупциска шема се изведуваат пред суд. Од средствата прибрани со конфискација на нивниот имот се обесштетуваат нотарите кои помогнале за откривање на корупцијата во случајот со издавање нотарски лиценци.", напиша Трајко Славески.

Македонија | пред 1 година

slaveski

Славески: СДСМ сака владините претставници на следното патување да одат еден месец со брод

,,Опозициската СДСМ протестира зошто премиерот и неколку владини министри на неодамнешното патување во САД со авион користеле бизнис класа.Можеби сакаат високите владини претставници на следното патување преку океанот да патуваат еден месец со брод од италијанското пристаниште Џенова, откако претходно со воз втора класа би пристигнале до брегот на Италија.Не сум сигурен дека ваквото патешествие би било поефтино за македонските даночни обврзници.Сигурно во Владата, од некој претходен состав, постои правилник со кој е уредено кој може да користи бизнис класа при патување со авион, и под кои услови. Тоа од СДСМ не го кажуваат.Многу е веројатно, а така било и во минатото, високи владини функционери да може да патуваат со бизнис класа на прекуокеанските летови.Престојот, конкретно во САД, каде што покрај институциите на американската влада се наоѓаат седиштата на ООН, Светска банка, ММФ и други значајни меѓународни институции, според однапред утврден план и насочен кон постигнување одредена цел од интерес за државата, вообичаено трае неколку дена.Не се тоа туристички патувања, затоа што обврските дома постојано притискаат.Вообичаено, за САД се лета од некој од поголемите западноевропски аеродроми, или од Истанбул. Се пристигнува истиот ден меѓу 15:00 и 16:00 часот, по локално време на источниот брег - Њујорк или Вашингтон, што значи доцна навечер околу 22:00 часот по централноевропско (наше) време.По правило, првите средби, состаноци, конференции и сл. се закажани непосредно по слетувањето во периодот 17:00-18:00 часот по локално време. Од аеродромите Кенеди, Далс или Њуарк се оди директно на состанок.За да можат нашите претставници да бидат продуктивни уште од првиот ден по пристигнувањето на крајната дестинација, неопходно е да патуваат со бизнис класа.Впрочем, овој оддел во авионите, каде што навистина се плаќа два до три пати повисока цена од “економи” класата, е наменет токму за таков тип на клиентела која во ограничен временски период треба да оствари амбициозна агенда, во интерес на некоја компанија или државен интерес.Погодностите сврзани со приоритет при чекирање и влегување во авион, можноста за засолнување од гужвите по аеродромите во посебни простории (салони) додека се чека за влегување во авионот, а најмногу колку-толку заштитата од постојан плач на деца за време на летот, се вредни за цената што се плаќа.Дополнително, за време на летот може нешто и да се сработи, вклучително и подготовки за предвидените настани.Се разбира, доколку сакаме нашите функционери да остварат максимум од секое патување надвор со прекуокеански лет ќе мора да се согласиме дека за тоа треба да им се обезбедат одредени погодности за време на службените патувања.Сето друго е гол популизам!”, напиша Трајко Славески, претседател на Советот на град Скопје и член на ВМРО- ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4959

Славески за предлогот за еколошките автобуси: Овој предлог до сега не обезбедил поддршка од повеќе од 6-7 членови на Совет на град Скопје

,,Очигледно уште еднаш треба да се цитира дефиницијата за лудило што му се припишува на големиот Ајнштајн: Тоа е кога одново и одново правите една иста работа, а очекувате различен резултат.Град Скопје со соопштение известува дека за седницата на Совет на град Скопје, закажана за 16 јули, по 21-ви пат доставиле предлог-Одлука за долготочно домашно задолжување за набавка на еко автобуси.Притоа ги обвинуваат советниците од коалицијата “За подобра Македонија”, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за негласање на предлог-Одлуката, без да наведат дека во континуитет од 45 советници овој предлог до сега не обезбедил поддршка од повеќе од 6-7 членови на Совет на град Скопје.Исто така, наведуваат: “Како очигледна демонстрација на сила и самоволие, спротивно на деловникот и статутот Претседателот на Совет Трајко Славески ниту на седница на Советот закажан за 19.06.2024 година не ја стави точката за нови автобуси на дневен ред за гласање.”Точно е дека ваква точка, предложена од градоначалникот Арсовска до Совет по 20-ти пат, не беше вклучена во предлог-дневниот ред за седницата на Совет на град Скопје што се одржа на 19 јуни. Но, пропуштаат да ја известат јавноста дека при утврдување на дневниот ред за седницата предлог-Одлуката беше предложена како дополнителна точка од дневниот ред.Во ваков случај, за да се прифати некој предлог за изменување и дополнување на дневниот ред е потребно позитивно да се изјаснат мнозинство од присутните советници во салата.При гласањето овој предлог доби поддршка од само 7 членови на Совет на град Скопје.Некаде во втората половина од минатата година Арсовска најави дека во буџетот на град Скопје за 2024 година ќе предложи одредена ставка за набавка на нови автобуси за ЈСП -Скопје. Таков предлог изостана. Убеден сум дека членовите на Совет ќе дадеа поддршка за набавка на автобуси со средства од буџетот.", напиша Трајко Славески на мрежата Х.

Скопје | пред 1 година

slaveski-bilal

Ако матична држава на сограѓаните Албанци е Македонија, како фудбалската репрезентација на Албанија е нивен национален тим, прашува Славески

Професорот и преседавач со Советот на Град Скопје, Трајко Славески, му замери на претседателот на движењето Беса, Билал Касами за објава на социјалните мрежи. Според преводот кој го објави Славески, Касами тимот на Албанија го нарекува „национален тим“. Тој го праша отворено Касами, чија партија е дел од коалицијата ВРЕДИ, која пак, коалицира со ВМР0-ДПМНЕ, според која логика оваа фудбалска репрезентација е негов национален тим?„Национален тим?Зошто кога консензуално се договоривме и прифативме дека нашите сограѓани етнички Албанци не се малцинство во Република Македонија, некои нивни лидери самите ги промовираат во малцинство?!Разбирливо е за едно малцинство да се поистоветува со институции во матичната држава. Но, ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде нивен национален тим?“, напиша Славески.https://publish.twitter.com/?url=https://twitter.com/TSlaveski/status/1802625757186818320#

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања