Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

СООБРАЌАЈКА

media-libraryr58iua939jv3dwUoZhG

Застој на стариот пат Битола–Прилеп поради сообраќајна несреќа

Голем застој и долги колони возила се формираа денеска на стариот пат меѓу Битола и Прилеп поради сообраќајна несреќа.Според првичните информации, поради незгодата сообраќајот во овој дел од патниот правец се одвива отежнато, а возачите подолго време чекаат во колона.Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица и за околностите под кои се случила несреќата.

Македонија | пред 1 ден

media-library7d08k76m73o204cKj1b

Трагедија на пат кон свадба: Загина четиричлено семејство со две деца во автобуска несреќа во САД

Трагична сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Вирџинија одзеде пет животи, меѓу кои и четиричлено семејство кое патувало на семејна свадба во Јужна Каролина.Во несреќата загинале Дмитри Донцев (45), неговата сопруга Екатерина Донцева (44) и нивните две деца, Емили и Марко. Во судирот животот го загубила и 25-годишната Присила Мафалда од Масачусетс.Според истрагата, туристички автобус предизвикал верижен судир на автопатот И-95 во округот Стафорд, откако возилата претходно забавиле поради патни работи. Автобусот најпрво удрил во теренец „Шевролет Субурбан“, кој потоа налетал на автомобилот „Акура“, во кој се наоѓало семејството Донцев.Повеќе лица биле повредени и пренесени во болница. Едно лице било во критична состојба, додека најголем дел од повредените биле пуштени на домашно лекување по укажаната медицинска помош.Возачот на автобусот, 48-годишниот Џинг С. Донг од њујоршкиот Статен Ајленд, е обвинет за две кривични дела убиство од небрежност. Обвинителството соопшти дека се можни и дополнителни обвиненија по завршувањето на истрагата.Американските власти наведуваат дека автобусот се движел со голема брзина, а првичните наоди укажуваат дека сопирањето било минимално непосредно пред ударот.Несреќата ја истражува и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот, кој ќе утврдува дали фактор во трагедијата било и познавањето на англискиот јазик од страна на возачот.Семејството Донцев се преселило од Молдавија во САД во 2008 година и живеело во Масачусетс. Според нивни роднини, Екатерина со денови подготвувала домашни слатки за свадбената прослава на која никогаш не стигнале.

Свет | пред 5 дена

media-libraryvge3m79bepcod3jDApP

Под дејство на дрога и преку двојна полна линија: Обвинителството со детали за несреќата во која загина 19-годишен мотоциклист

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 31-годишен скопјанец осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по сообраќајната несреќа во која загина 19-годишен мотоциклист.Според обвинителството, осомничениот управувал автомобил „Ауди А4“ по булеварот „Никола Карев“, а кога пристигнал на крстосницата со улицата „Прохор Пчињски“ не ја почитувал сообраќајната сигнализација.„На удвоена полна линија навлегол во двете сообраќајни ленти за возилата од спротивен правец, свртувајќи во лево на крстосницата“, соопшти Обвинителството.Дополнително, утврдено е дека возилото го управувал под дејство на наркотична дрога, спротивно на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.Според истрагата, со предниот дел од автомобилот удрил во мотоцикл „БМВ“, а во задниот дел од возилото удрил и мотоцикл „Хонда ХДВ“. Двата мотоцикли се движеле од спротивна насока и паралелно.Од силината на ударот, возачот на мотоциклот „БМВ“, 19-годишниот М.Ф., се здобил со тешки телесни повреди од кои подоцна починал.Обвинителството оценува дека постои опасност осомничениот да избега, да влијае врз сведоци или да го повтори делото, поради што до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор.За случајот се води истрага за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 5 дена

media-library2qa0l7ilr59b0ILHEt0

(Фото) Музафер Фетахи е младото момче кое загина на Пластичарска: возачот на автомобилот е задржан, снимките од камерите се земени од обвинителот

Деветнаесетгодишниот Музафер Фетахи е младиот моторџија кој го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје.Неговата смрт предизвика голема тага кај семејството, пријателите и познаниците, кои преку социјалните мрежи се простуваат од него.„Денес од овој свет замина нашиот брат Музафер Фетахи. Нека Алах му се смилува и, ако даде Бог, нека го награди со највисоките степени на Џенетот. Амин. Џеназата ќе се изврши по икиндискиот намаз во џамијата „Јахја Паша“, а погребот ќе биде во селото Вржале“, напиша еден од неговите пријатели.Од Основното јавно обвинителство информираа дека е извршен увид на местото на несреќата и дека се преземаат дејствија за целосно расчистување на случајот.„Обезбедени се снимките од видеонадзорот, а едно лице е задржано и се постапува“, соопштија од Обвинителството.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 22:21 часот. Во судирот учествувале патничко возило „Ауди А4“, управувано од Н.Х. (31) од Визбегово, мотоцикл „БМВ“, управуван од М.Ф. (19) од Скопје, и мотоцикл „Хонда ХДВ“, управуван од Н.Б. (21) од Скопје.„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ф., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал, а од страна на лекар била констатирана смртта“, соопшти МВР.Надлежните институции продолжуваат со истрагата, а повеќе детали за околностите под кои се случила несреќата се очекуваат во текот на денот.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeecn04ot88l30fx0kMN

Автобус со млади спортисти удри во дрво во Унгарија: Загина возачот, 23 лица повредени

Возачот загина, а 23 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што рано утрово се случила во југозападна Унгарија, кога автобус кој превезувал млади спортисти излетал од патот и удрил во дрво.Според информациите на унгарската полиција, несреќата се случила околу 5:20 часот во близина на местото Хирд. Од засега неутврдени причини, автобусот преминал на спротивната коловозна лента, по што излетал од патот и се забил во дрво.Во автобусот се превезувале 28 лица, меѓу кои 19 млади натпреварувачи од аеробик-секцијата на Спортското училиште во Печ, тројца тренери, шест родители и возачот. Тие патувале кон Будимпешта на натпревар.Сите патници биле пренесени во болница. Еден од младите спортисти се здобил со скршеница на бутната коска, повеќе скршени прсти, потрес на мозокот и други повреди. Потешко се повредени и двајца тренери, чии здравствени состојби се следат.Унгарскиот претседател Тамаш Шуљок ја нарече несреќата „срцепарателна трагедија“ и изрази сочувство до семејството на загинатиот возач, како и желби за брзо закрепнување на повредените.Полицијата спроведува истрага за утврдување на причините за несреќата.

Свет | пред 5 дена

media-libraryu3t0sj7rgmn3b0YJgJG

(Вознемирувачко видео) 19-годишен моторџија загина по тешка сообраќајна несреќа во Скопје

Деветнаесетгодишен моторџија го загуби животот по тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“, вчеравечерта во 22:21 часот било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „ауди А4“, управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово, мотоцикл „БМВ“ управуван од М.Ф.(19) од Скопје и мотоцикл „Хонда ХДВ“ управуван од Н.Б.(21) од Скопје.Во несреќата тешки телесни повреди добил 19-годишниот М.Ф., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ф., констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, каде подоцна починал, а од страна на лекар констатирана била смрт“, соопшти МВР.По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот Н.Х. бил лишен од слобода.Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryrhpb65f5dknm194Hqau

Тешка сообраќајна несреќа во Илинден: Повреден возач на мопед

Дваесетгодишен возач на мопед се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во населбата Илинден, информира Министерството за внатрешни работи.Несреќата била пријавена во СВР Скопје околу 23 часот, а се случила на улицата „34“, каде што се судриле патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот А.С., и мопед, управуван од 20-годишниот П.С., двајцата од населбата Илинден.Во судирот, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за утврдување на причините за несреќата.

Скопје | пред 1 седмица

media-library8qfqilso0lmiaeqULbz

Тринаесетгодишно дете загина во сообраќајна несреќа со електричен тротинет кај Куманово

Тринаесетгодишно дете од кумановското село Черкези го загуби животот во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на регионалниот пат Куманово–Скопје.Според информациите од СВР Куманово, во несреќата учествувале патнички автомобил „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 24-годишниот Ф.С. од Куманово, и електричен тротинет, управуван од 13-годишен малолетник од селото Черкези.По несреќата, малолетникот бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде што лекарите констатирале смрт.Од полицијата информираат дека возачот на автомобилот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство и увидна екипа на СВР Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила трагедијата.

Македонија | пред 1 седмица

zena-na-elektricen-trotinet

Дете во Грција заврши на интензивна нега: со тротинет се забило во автомобил

Дванаесетгодишно момче се наоѓа на интензивна нега откако било тешко повредено во сообраќајна несреќа со електричен тротинет во Пеанија, југоисточно од Атина.Според грчката полиција, несреќата се случила во саботата кога момчето, возејќи електричен тротинет, не застанало на знак „стоп“ на раскрсница и се судрило со автомобил кој минувал по патот.Првичните информации покажуваат дека детето не носело заштитен шлем, а постојат сомнежи дека во моментот на несреќата користело и мобилен телефон.По несреќата било пренесено во Детската болница „Агиа Софија“ во Атина, каде што е сместено на Одделот за интензивна нега. Лекарите соопштија дека неговата состојба е стабилна и дека во моментов не е во животна опасност.Инцидентот доаѓа во период кога во Грција е забележан пораст на повреди поврзани со користење електрични тротинети. Според здравствените власти, само во мај биле регистрирани повеќе од 80 случаи на повредени деца, додека болниците бележат и сè поголем број возрасни лица повредени при вакви несреќи.Надлежните институции повторно апелираат до граѓаните, особено до малолетниците, да ги почитуваат сообраќајните правила и задолжително да користат заштитна опрема при управување со електрични тротинети.

Свет | пред 1 седмица

media-library8vshujsisqpl8o7GbAG

(Фото) Три девојки повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес, автомобилот превртен на кров

Три девојки се повредени во сообраќајна несреќа што денеска околу 14:20 часот се случила на автопатот Скопје-Велес, на мостот по наплатната станица Сопот.Според информациите од МВР, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Л.Ќ. од Велес, се превртело на коловозот.Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачката Л.Ќ., како и сопатничките Е.Ш.(20) и Т.Т.(17), двете од Велес.Повредите биле констатирани во Општата болница во Велес.За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 седмица

media-library3hgt7i5g352sasMxqH8

Камионот од Косово влегол празен во Македонија пред трагедијата на обиколницата

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, изјави дека товарното моторно возило со косовски регистарски таблички, кое учествуваше во тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница, влегло во државата преку Граничниот премин Блаце без товар и со уредна документација.Во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ, Николовски посочил дека при царинската контрола не биле утврдени никакви неправилности и дека и возачот и товарното возило ги исполнувале сите услови за влез во државата.„Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно возило и возачот ги исполнувал сите услови што се потребни во царинската постапка за да помине на тој граничен премин“, изјавил Николовски.Тој додал дека од аспект на царинските процедури сè било спроведено согласно законските прописи, додека причините за несреќата и околностите под кои се случила ќе бидат предмет на постапување на други надлежни институции.„Подоцна, тоа што се случило е случај што треба да го разгледуваат други државни институции“, изјавил директорот на Царинската управа.Тешката сообраќајна несреќа се случи во четвртокот вечерта околу 23 часот на скопската обиколница, на делницата меѓу надвозникот кај Визбегово и клучката Мирковци.Во несреќата загинаа тројца 20-годишни млади момчиња, како и баритонот и првенец на Националната опера и балет, Ристе Велков.

Македонија | пред 1 седмица

media-library53tkqhji0cf80hCFXR5

„Не си сам, со тебе се тато, Петар и Марко“: болни јавни објави на мајката на Адам Велков

Со потресни зборови и пораки исполнети со неизмерна болка, Христина Велкова се прости од својот син Адам Велков и сопругот, оперскиот баритон Ристе Велков, кои трагично ги загубија животите во стравичната сообраќајна несреќа на скопската обиколница. Таа во јавни објави ги сподели тагата и болката кои ги живее.Во емотивната објава за својот син Адам, таа напиша:„Ах, Адам мој! Прва радост моја! Душава ми ја изгоре, срцето ми го распарчи! Си замина без поздрав, без да те прегрнам и помирисам за последен пат. Ме научи многу работи, но не ме научи како да живеам без тебе, без твојата најубава насмевка, без твојот глас.“Таа додава дека Адам не е сам и дека покрај него се и неговиот татко Ристе, како и Петар и Марко, кои исто така загинаа во несреќата.„Збогум чедо мајкино, не си сам, со тебе се тато, Петар и Марко. Ќе биде многу тешко без тебе“, напиша Велкова.Во посебна објава се прости и од својот сопруг, оперскиот уметник Ристе Велков, кого го нарече „мој NABUCCO“.„Збогум љубов моја! Збогум кралу мој! Збогум мој NABUCCO! Денешното испраќање до твоето вечно почивалиште беше токму како сцена од ‘Nabucco’ – силна грмотевица и гром го погоди мојот Набуко, но овој пат засекогаш“, напиша таа.Велкова посочи дека и небото плачело заедно со семејството за Ристе и Адам.„Чувај го таму горе како што го чуваше овде на земјата, а јас ти ветувам дека душата ќе ја дадам за да ја пораснам и изведам на прав пат нашата малечка Марија“, стои во објавата.Трагедијата на скопската обиколница ги потресе Македонија и целата јавност, откако во несреќата животот го загубија оперскиот баритон Ристе Велков, неговиот син Адам Велков, како и нивните другари Петар Миланов и Марко Ѓирѓиевски.

Коментари | пред 1 седмица

media-library1ur7ovlh97i35d1hMGk

(Видео) Автомобил и автобус се судрија во Аеродром, можно е „сеатот“ да возел во спротивна насока

Автобус и автомобил марка „сеат“ се судрија на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром.Според поставеноста на возилата по несреќата, можно е автомобилот да влегол и да се движел во обратна насока, но официјална потврда за причините за судирот засега нема.Очевидци велат дека на местото на несреќата биле забележани оштетувања на двете возила, а засега нема информации за повредени лица.Повеќе детали за сообраќајната несреќа се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryml6bckcb39utfOYVQJ2

Притвор за 76-годишниот возач кој ја предизвика несреќата во која загинаа четири лица

Судија на претходна постапка доцна синоќа му определил мерка притвор на возачот осомничен за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која загинаа четири лица.„Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело. Времетраење на притворот е 30 дена“, информираат од обвинителството.Во трагичната несреќа животот го загубија оперскиот баритон и првенец на Националната опера и балет Ристе Велков, неговиот 20-годишен син, како и уште две 20-годишни момчиња.Надлежните институции продолжуваат со истрагата за утврдување на сите околности под кои се случила несреќата.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryj08jujp80v8u9i12x7G

Училиштето „Никола Карев“ се прости од своите ученици: „Тешко е да се поверува дека нивните животи згаснаа прерано“

По трагичната сообраќајна несреќа што се случи на скопската обиколница, во која животите ги загубија оперскиот баритон Ристе Велков, неговиот син Адам Велков, како и двајцата 20-годишници Марко Ѓирѓиевски и Петар Миланов, од СУГС „Никола Карев“ се простија од своите поранешни ученици со трогателна порака на социјалните мрежи.„Со огромна тага и неверување ја примивме веста за сообраќајната несреќа во која ги загубивме нашите поранешни ученици, Марко, Петар и Адам, матуранти во генерацијата 2020–2024 година, момчиња познати по насмевките, шармот и другарувањата со сите. Срцето на Карев денес плаче“, стои во објавата.Од училиштето наведуваат дека е тешко да се поверува дека младите животи, кои до неодамна чекореле низ училишните ходници, седеле во училишните клупи и сонувале за иднината, згаснале прерано.Во пораката упатија и искрено сочувство до семејствата и најблиските на трагично загинатите.„Изразуваме најискрено и длабоко сочувство до семејствата и најблиските. Нека почиваат во мир“, порачуваат од училиштето.

Македонија | пред 1 седмица

media-library3hgt7i5g352sasMxqH8

“Ја немал приспособено брзината”, Обвинителство бара притвор за 76-годишниот возач од Косово по трагедијата кај Мирковци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 76-годишен државјанин на Косово, осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по стравичната несреќа на скопската обиколница кај клучката Мирковци, во која загинаа четири лица.Според обвинителството, осомничениот управувал товарно возило „МАН“ со полуприколка со косовски регистарски таблички по северната обиколница на Скопје, движејќи се од запад кон исток.„Не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето“, соопшти Обвинителството.Како што наведуваат, кога пристигнал во близина на клучката Мирковци, тој не ја приспособил брзината на движење на возилото според состојбата и својствата на патот, густината на сообраќајот и останатите услови на патот.„Во еден момент изгубил контрола над возилото и свртел лево, при што удрил и ја пробил металната одбојна ограда, продолжувајќи да се движи по коловозот наменет за возила од спротивната насока“, наведува обвинителството.Потоа, камионот директно се судрил со автомобил „БМВ“ кој се движел од исток кон запад.По ударот избувнал пожар, а и автомобилот и камионот биле зафатени од пламен.Во несреќата на лице место загинаа четворицата патници во автомобилот – оперскиот баритон Ристе Велков, неговиот син Адам Велков, како и двајцата 20-годишници Марко Ѓирѓиевски и Петар Миланов.Обвинителството соопшти дека поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydc748vbj9c5jaEihNj0

(Фото) Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков и Ристе Велков загинаа во несреќата на обиколницата

Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков и неговиот татко, оперскиот баритон Ристе Велков, се четирите жртви во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Животите на Марко, Петар и Адам згаснаа на само 20 години, додека Ристе Велков загина на 51-годишна возраст.Несреќата се случила кога 76-годишен возач од Косово, управувајќи камион „МАН“ со полуприколка, изгубил контрола врз возилото, ја пробил заштитната ограда и преминал во спротивната насока, по што директно се судрил со автомобил „БМВ“ во кој биле четворицата.Од силината на ударот избувнал пожар, а автомобилот целосно изгорел. Во пламен завршила и кабината на камионот.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryml6bckcb39utfOYVQJ2

И четвртиот загинат е 20-годишно момче: камионот пробил банкини, удрил во автомобилот по што се запалиле двете возила

Завршена е идентификацијата и на последното загинато лице во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Станува збор за 20-годишниот М.Ѓ. од Скопје. Тој е другар на Адам Велков, кој загина во истата несреќа, со неговиот татко Ристе Велков.Според досегашните информации, 76-годишниот возач Б.Б. од Косово, управувајќи камион „МАН“ со полуприколка со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола на возилото на обиколницата меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци.Камионот ја пробил металната ограда и преминал во спротивната насока, по што директно се судрил со автомобилот „БМВ“ во кој биле четворицата. Од силината на ударот двете возила се запалиле.Според очевидци и информациите од терен, камионот пробил две банкини, откорнал и улично осветлување, а потоа завршил во провалија. Иако кабината на камионот целосно изгорела, возачот успеал да излезе и да се спаси.„Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле“, соопшти МВР.На местото на несреќата смрт констатирала екипа на Итна медицинска помош, а телата на загинатите се дадени на обдукција по наредба на јавен обвинител.Возачот на камионот е лишен од слобода и се наоѓа во полициска станица. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Истрагата треба да утврди како дошло до губење на контролата врз камионот и причините за трагедијата која однесе четири животи.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycpp0173v8b2q30XsijI

Опера и балет се простува од Ристе Велков: Замина гласот што остави длабока трага во македонската опера

Националната опера и балет со огромна тага ја соопшти веста за смртта на оперскиот првенец Ристе Велков, кој загина во тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница.„Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа“, соопштија од НОБ.Од таму посочуваат дека македонската оперска сцена загубила исклучителен уметник и човек, чиј глас и сценско присуство оставиле длабока трага во македонската музичка култура.„Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Македонската опера и балет и во македонската музичка култура“, стои во објавата.Ристе Велков беше еден од најпознатите македонски баритони и долгогодишен првенец на Македонската опера и балет. Роден во Скопје во 1975 година, тој беше препознатлив по белканто репертоарот и, како што наведуваат од НОБ, го носеше епитетот „италијански баритон со кадифена боја“.Образованието го стекнал во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, а дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Се усовршувал кај повеќе познати вокални педагози од Македонија, Бугарија, Италија и Романија.Дебитирал уште како студент, а во текот на кариерата настапувал на сцените во Македонија, Јапонија, Србија, Романија, Турција и Бугарија.Публиката ќе го памети по бројните главни улоги во оперите „Набуко“, „Риголето“, „Магбет“, „Трубадур“, „Травијата“, „Аида“, „Кармен“, „Фауст“, „Боеми“, „Палјачи“, „Цар Самуил“, „Илинден“ и многу други.„Неговата посветеност кон уметноста, впечатливите улоги и љубовта кон сцената ќе останат трајно запаметени“, наведуваат од Националната опера и балет.Од институцијата изразија сочувство до семејството, колегите и пријателите.„Слава му“, стои во објавата на НОБ.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybdnkm09h5r46fKW8b3K

Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам загинаа во трагедијата на скопската обиколница

Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам се меѓу загинатите во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница. Според неофицијалните информации, Ристе го управувал возилото. Адам пак е втора на ФИНКИ. Со нив биле уште две лица, од кои едното лице е 20-годишниот П.М. Идентитетот на второто лице се утврдува.Според неофицијалните информации на „Скопје1“, истражните органи веќе утврдиле дека камионот удира директно во нив, без кочење, по возилото „БМВ“ се пали, а камионот излетува од патот.Трагедијата се случи помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, кога товарно возило со косовски регистарски таблички ја пробило заштитната ограда, преминало во спротивната лента и директно се судрило со патничко возило „БМВ“.По ударот избувнал силен пожар, а автомобилот целосно изгорел. Во несреќата загинаа четири лица.Според официјалните информации од МВР, животот го загубиле возачот Р.В. (51), двајца 20-годишни сопатници и уште едно лице чиј идентитет првично не беше утврден. Подоцна беше потврдено дека меѓу жртвите се и оперскиот уметник Ристе Велков и неговиот син Адам.Возачот на камионот, 76-годишен државјанин на Косово, е приведен, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3hgt7i5g352sasMxqH8

(Видео) Четири лица загинаа во хорор-судир на скопската обиколница, камион пробил ограда и се запалил

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на обиколницата на Град Скопје, помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, откако камион со косовски таблички преминал во спротивната насока и директно се судрил со автомобил „БМВ“.Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ велат дека несреќата била пријавена на 21 мај 2026 година околу 23 часот.„Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје“, велат од МВР за „Скопје1“.По судирот избувнал пожар во двете возила.„Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје“, додаваат од полицијата.На местото на несреќата починале возачот на автомобилот Р.В.(51), како и сопатниците А.В.(20) и П.М.(20) од Скопје. Загинало и уште едно лице чиј идентитет засега не е утврден.„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција“, информираат од МВР.Возачот на камионот е лишен од слобода.„По наредба на јавен обвинител возачот Б.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.Поради увидот, сообраќајот на обиколницата бил пренасочуван од 23:10 до 05:00 часот, по што бил нормализиран.ВИДЕО

Настани | пред 2 седмици

media-librarycakoms307j81aF48GEp

(Видео) Таксист удри пешак на пешачки премин кај „Жена парк“

Таксист удрил повозрасен маж на пешачки премин кај „Жена парк“ во центарот на Скопје.Според првичните информации, повредениот немал посериозни повреди, но веднаш по несреќата на местото пристигнала екипа на Брза помош, која била повикана од случаен минувач.Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за дополнителни прегледи.На местото на несреќата има и полициски службеници кои вршат увид и ги утврдуваат околностите поради кои дошло до сообраќајката.

Настани | пред 2 седмици

media-libraryk9t9vd1rkk9oaQdB61e

(Фото) Со крв на лицето и во шок: Несреќа меѓу мотор и автомобил во центарот на Скопје

Мотор и автомобил се судрија во близина на Пошта во центарот на Скопје, а според првичните информации, повреден е возачот на моторот.Очевидци велат дека по несреќата моторџијата бил во шок, со крв на лицето и видливи повреди на нозете, но бил свесен.„Се слушна силен тап удар, а кога се свртевме видовме дека мотор и автомобил се судриле“, велат сведоци на настанот.По ударот, моторот излетал на тротоарот, каде за среќа во тој момент немало пешаци и никој дополнително не бил повреден.Според очевидците, возачот на моторот бил оттурнат од возилото при судирот, а случајни минувачи веднаш притрчале да му помогнат.На местото интервенирала екипа на Брза помош, а се очекува и полицијата да изврши увид за утврдување на причините за несреќата.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryo91j39a30qujb2grlC4

Автомобил и мотор се судрија на „Рузвелтова“ во Скопје

Сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мотоцикл се случи денеска на улицата „Рузвелтова“ во Скопје.Засега нема официјални информации за состојбата на учесниците во несреќата.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryhhc3u0fpsg3v4cYdyp8

Судир на автобус и автомобил во Белград

На Зрењанински пат, кај приклучокот од белградската населба Котеж, дошло до сообраќајна несреќа во која учествувале автобус од јавниот градски превоз на линијата 43 и автомобил.Поради несреќата, сообраќајот на овој дел од патот се одвива забавено и се создаваат гужви.На местото на настанот се присутни полициски екипи, а увидот е во тек.Според првичните информации, во несреќата нема повредени лица.

Балкан | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања