„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

србија

vucic-mandator

Ендокринологот Ѓуро Мацут е мандатар за состав на новата српска влада

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на прес конференција соопшти дека мандатaр за состав на новата Влада на Србија е Ѓуро Мацут.@Донесувам одлука за предлог на кандидат за претседател на Владата на Република Србија. Точка 1. На Народното собрание на Република Србија му го предлагам за кандидат за претседател на Владата на Република Србија професор д-р Ѓуро Мацут. Точка 2. Доставете ја одлуката до Народното собрание на Република Србија. Точка 3. Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното објавување на Републичкиот весник на Србија. Сметам дека професорот д-р Ѓуро Макут поседува професионални и лични квалитети, посветеност и експертиза за извршување на функцијата премиер и ме увери дека може да обезбеди избор на влада. Новиот премиер на Република Србија ќе продолжи да спроведува програми насочени кон подигање на животниот стандард на сите граѓани, проекти во областа на здравството, образованието, науката и технологијата, како и во други области од значење за иднината на Србија и нејзиниот напредок на европскиот пат, притоа зачувувајќи и дополнително унапредувајќи ги традиционално добрите односи и соработка со пријателските земји во светот. Пред премиерот е задача да ја реализира специјализираната светска изложба ЕКСПО 27 Белград, која во голема мера ќе ја претставува инвестициската основа во мандатот на новата влада“, рече Вучиќ.Професорот д-р. Ѓуро Мацут е роден во Белград, а дипломирал, магистрирал и докторирал на Медицинскиот факултет во Белград.Рокот за формирање на нова Влада е 18 април на полноќ, а доколку тоа не се случи, претседателот на Републиката е должен да го распушти Собранието и да распише избори, кои, според законот, би се одржале на почетокот на јуни.

Свет | пред 9 месеци

cedomir-jovanovic-03-Tanjug-Dimitrije-Goll_1000x0-1

Чедомир Јовановиќ повикан во полиција

Претседателот на Либерално-демократската партија (ЛДП) Чедомир Јовановиќ е повикан во полиција откако денеска во студиото на ТВ Танјуг изнесе неколку детали за инцидентите на протестот на 15 март, а меѓу другото и дека во градското собрание на Белград имало 200 вооружени лица кои ги донел ракометарот Владимир Мандиќ.Лидерот на ЛДП доби СМС-порака во која го поканува од Секторот за внатрешна контрола на МВР да го контактира само заради дискусија за неговото гостување на ТВ Танјуг.,, Со задоволство. Нема да се откажеме никогаш, а ни тогаш”, одговорил Јовановиќ на СМС поканата да се јави во полициска станица.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-06-at-12.34.04

(Видео) Снег ја покри Србија

Пролетта календарски пристигна, но зимата не се предава. Неколку сантиметри снег, и покрај најавите од метеоролозите ја изненадија Србија.Снежна покривка има на Златар, Тара, Јавор, Златибор, а нејзината висина е неколку сантиметри. Снег во моментов вее на овие планински падини, како и во Сјеница, Чајетина и Нова Варош, јавува агенцијата Рина.,,Најголем дел од снегот остана на планините околу 1100 метри надморска височина, така што нашите екипи најмногу работеа над Суви Бор на Златар кон Сјеница и над Тара на патот Кремно – Бајина Башта. Главниот пат низ Златибор е посипан со сол, а на коловозот нема снег”, велат надлежните.Температурата во овој дел на Србија утринава се движи околу нула степени, а како што велат метеоролозите, покрај априлскиот снег наскоро ќе пристигне и априлски мраз.Снег има и на територијата на општина Топола, Краљево, а во раните утрински часови падна и во Белград, но и кај Пријепоље, каде рано утрово имаше голем одрон на релација Ивање – Сопотница, поради што сообраќајот едвај се одвиваше. $bp("videoBox-2084331", {"id":"34612","width":"600","height":"338","video":"2084331","autoplay":0,"shared":true});

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ верува во воен сојуз со Унгарија

]Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека верува во формирање одбранбен сојуз на Србија и Унгарија.Министрите за одбрана, Криштоф Салаи Боровницки и Братислав Гашиќ, денеска во Белград потпишаа документ со кој се конкретизира договорот за стратегиска соработка на Унгарија и Србија во областа на одбраната од 2023.Вучиќ изрази уверување дека договорот за заеднички активности ќе продолжи во натамошното зближување и создавање воена алијанса или воен сојуз меѓу Србија и Унгарија.За 2025 Будимпешта и Белград договориле 79 одбранбени активности во кои спаѓаат заеднички обуки, хеликоптерски и други вежби, соработка во секторите на наменските индустрии, сајбер безбедноста, мировните операции, военото образование и медицината.,,Нè очекува многу заедничка работа во воената област. Сè што правиме значи поголема безбедност за граѓаните на двете земји. Благодарение на Орбан и на неговата влада имаме мир, бидејќи тие во 1999 година не дозволија копнена офанзива од нивната територија”, изјави Вучиќ.Србија од декември 2006 година е членка на програмата на НАТО Партнерство за мир.Од почетокот на конфликтот во Украина Србија не учествува во воени вежби ни со Истокот ни со Западот.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-19-at-09.39.26

Српскиот хирург Дугалиќ: Јавно се откажувам од колегите кои го пуштија Вучиќ да влезе на интензивна нега

Професорот на Медицинскиот факултет и хирург на Првата хируршка клиника на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Владимир Дугалиќ, за Фонет изјави дека посетата на претседателот Александар Вучиќ на пациенти од Македонија на одделот за интензивна нега е „срамна политичка пропаганда“, пренесуваат српски медиуми.Дугалиќ истакна дека понекогаш се кае што е дел од лекарската професија кога ќе види како некој пушта „ненадлежен човек без капа“ на интензивна нега, каде пристапот е строго забранет дури и за членовите на семејството на пациентите.Професорот Дугалиќ нагласи дека „изгорениците се отворени рани“ и дека пациентите кои се жртви на пожарот во Македонија се „животозагрозувачка состојба“.Тој рече дека поради ова јавно се одрекува од „колегите кои му дозволиле на Вучиќ да влезе на интензивна нега“, оценувајќи дека тоа е учество во политичка пропаганда која директно ги загрозува животите на луѓето.Во оваа политичка пропаганда, како што наведе, учествува и министерот за здравство Златибор Лончар, на кој според Дугалиќ повеќе не може да му се верува бидејќи е подреден на власта.На прашањето како е можно лекарите од УКЦ да му дозволиле на Вучиќ со голи раце да допира пациенти со изгореници опасни по живот, Дугалиќ одговори дека тој и неговите „нормални колеги се згрозени“ и повтори дека се одрекува од „оние колеги кои учествуваат во тој тип на политичка пропаганда“ на начин што може да ги загрози животите на пациентите. „Неетичко, неморално, нехумано“: српски лекари згрозени од посетата на Вучиќ на тешко повредени лица од Македонија„Ова не е првпат претседателот да посетува пациенти опасни по живот. Тој го направи истото со посета на повреден млад човек на Воено-медицинската академија, кој настрада откако се урна настрешница, а сите се сеќаваме кога влезе во стерилниот блок во Институтот за мајка и дете кај дете кое беше онколошки пациент. Ова сега е особено важно бидејќи се работи за изгореници кои според сите медицински правила би требало да се третираат во апсолутно стерилни простории, таканаречени стерилни шатори, во целосна изолација. Ова е слично на пациентите кои се подложени на трансплантација на кожа, каде и донаторите и примателите мора да бидат во стерилни услови со денови. Механизмот на повреда е сличен, се оштетуваат големи површини на кожата“, објаснува пулмологот д-р Славица Плавшиќ, специјалист по белодробни заболувања, за Нова.рс.Она што го направи претседателот, посочува таа, е врв на срамот.„Тој не влезе сам во просторијата каде што се пациентите, туку со тим од десетина луѓе. Нема зборови со кои може да се опише колку е страшно. Соседната земја ни испрати голем број пациенти бидејќи порано имавме добар здравствен систем, а сега се уште имаме одлични лекари. Хуман гест од нашата земја е да се примаат пациенти. Треба да се однесуваат достоинствено, особено по ваква трагедија, а нашиот претседател ги посетува како турист, што е за секоја осуда. Опасностите за пациентите се многубројни“, додава таа.„Најголема опасност е инфекцијата, затоа што и најбезопасната може сериозно да го загрози таков пациент. Сите оние во Ургентен многу добро знаат каква е процедурата и какви се правилата и мерките во такви случаи, но не ги почитуваат. Јас работев на интензивна нега долго време, и бе би влегол внатре никој, и по цена на отказ или било што, а не претседателот и медиумите. Вучиќ дури и го допираше пациентот, што никому не смее да му биде дозволено освен на персоналот во заштитни одела. За такви посети и снимање би морале да имаат согласност од пациентот, а тоа не верувам дека го добиле ниту од нив, ниту од нивните семејства“, нагласува д-р Плавшиќ, додавајќи дека Светската здравствена организација, а пред се Лекарската комора на Србија и Српското лекарско друштво, кои, очигледно, „вечно молчат“, треба да реагираат на „вакво загрозување човечки животи“.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-17-at-14.14.48

Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина тагуваат со Македонија - прогласен ден на жалост

Во знак на сочувство со семејставата на настраданите во трагедијата во Кочани и солидарност со земјава, денеска е Ден на жалост во Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. Вчера по повод трагедијата ден на жалост беше во Црна Гора.Владата на Бугарија, како што пренесоа тамошните медиуми, со одлука го прогласија 18 март 2025 година за Ден на национална жалост во Бугарија во спомен на жртвите кои ги загубија животите во Кочани.„Владата (Бугарија) изразува сочувство до семејствата на загинатите. Во нивен спомен, во вторник (18 март) на половина копје ќе бидат спуштени националните знамиња на државните институции. Во бугарските болници се згрижени 14 повредени во пожарот. Нашата земја е подготвена да прифати уште жртви. Бугарската држава обезбеди и превоз и сместување за роднините на повредените, за да можат да бидат во контакт и да им дадат поддршка на повредените“, се вели во соопштението на бугарската влада, пренесува БГНЕС.Со одлука на Владата на Србија, како што објави РТС, денеска е Ден на жалост и во Србија поради големиот пожар во Кочани, во кој животите ги загубија 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.На државните институции и установите, националното знаме на Србија е спуштено на половина копје, а медиумите и културните установи се должни своите програми да ги прилагодат на Денот на жалост.Во Србија и Бугарија се хоспитализирани и дел од критично повредените во пожарот во Кочани. Според информациите на здравствените власти, во повеќе болници во Бугарија се наоѓаат 14 пациенти, а во Србија се згрижени и се на лекување 17 лица.Во земјава денеска е втор ден од седумдневната жалост за настраданите во трагедијата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и во македонските амбасади низ светот.

Македонија | пред 9 месеци

484033104_10230558501325464_1357241238964170437_n

Со десет камери Вучиќ кај повредените од Кочани: „изгореници се третираат како отворена рана, не смее вакви гужви од цивили“

Со над 10 камери и исто толку медиуми, српскиот претседател Александар Вучиќ вчера влезе во болницата каде што се лекуваат повредените од пожарот во Кочани. Ова наиде на жестоки критики кај дел од македонската и српската јавност, но предизвика и згрозување. Особено спорни, за јавноста, беа фотографиите кои Вучиќ ги сподели од повредените - кои беспомошно лежат во болничките кревети.„Немојте прес конференции над пациенти, не е во ред, особено не над овие со тешки изгореници, без трошка политика во коментаров мој, изгореници се третираат како отворена рана, не смее вакви гужви од цивили. Од срце благодариме за цела помош, најискрено, ама немојте ова“, напиша докторот Ненад Лазаров.Од овој настан има и видео материјали. На нив освен свесните пациенти кои се заблагодарија на помошта, има и лица кои не беа будни. Вучиќ одеше од кревет до кревет, а пред камерите, се елаборираше здравствената состојба на лицата.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-10.37.10

Семејствата не даваат телата на нивните блиски да се носат во Србија на обдукција

Во Општата болница во Кочани пристигнаа околу триесетина возила од погребни претпријатија и од Армијата на Република Македонија. Тие треба да ги транспортираат телата на загинатите во пожарот на обдукција во Скопје, јавува дописникот на МИА од Кочани.Меѓутоа, оваа одлука предизвика револт кај роднините и блиските на починатите. Тие спонтано го блокираа влезот во болницата, изразувајќи незадоволство и несогласување со префрлањето на телата во главниот град.Засега, официјалните институции не дадоа дополнителни информации во врска со протестот на семејствата, ниту дали одлуката за транспортот може да биде изменета. Очекувањата се дека обдукцијата ќе помогне во расветлување на причините за трагедијата.

Свет | пред 9 месеци

srbija-makedonija

Во Србија 18 март ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Сочувство и помош од сите страни поради трагедијата во Кочани, каде според досегашните информации загинаа 59 лица.Владата на Србија на својата утрешна седница, според најавите ќе го прогласи 18 март за ден на жалост во целата земја поради трагедијата во Кочани.„Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја погоди Северна Македонија. Им изразувам најдлабоко сочувство на семејствата на настраданите во пожарот и солидарност со народот на Северна Македонија во овие тешки моменти“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.Освен Србија, сочувство изразија и Бугарија и Грција и понудија да испратат медицинска помош во Македонија.Украинскиот претседател Володомир Зеленски, албанскиот претседател Бајрам Бегај, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, косовскиот премиер Албин Курти, се дел од државниците од Европа кои изразија сочувство до семејствата на загинатите и до македонскиот народ по трагедијата во Кочани.Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас изрази „длабоко жалење“ поради трагедијата во Кочани.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-15-at-20.25.44

(Видео) Колку луѓе има на протестот во Белград? Првичните проценки велат – 500.000

Студентски протест наречен „15 за 15“ беше организиран денеска во центарот на Белград. Се чини дека цела Србија се собрала во главниот град и нема каде да падне иглата, бидејќи демонстрантите го пополнија секое последно место на централните улици на главниот град, пишува „Нова.рс“. Големината на денешниот собир ќе се процени во наредните денови, но соговорниците на „Нова.рс“ тврдат дека ова е еден од најголемите одржани досега во Србија.Божо Прелевиќ, адвокат и поранешен министер за внатрешни работи на Република Србија, за порталот Нова.рс зборуваше за тоа колку луѓе присуствуваа на денешниот собир.„Во моментов сум на протестот и можам да ви кажам дека Теразије, плоштадот Никола Пашиќ, улицата Крал Милан и плоштадот Славија се преполни... Како некој што учествуваше на 5-ти октомври, морам да кажам дека овде има повеќе луѓе и според мое верување, на протестот има повеќе од 500.000 луѓе. Не можам да проценам, затоа што е едноставно неразбирливо. Само што го поминав Зелени Венац, кој исто така е полн, а луѓето доаѓаат преку мостовите“, рече Прелевиќ.Тој наведува дека не е сигурен дали на митингот има 700 или 800 илјади луѓе, бидејќи не може точно да знае.„Ова е сигурно повеќе луѓе отколку на 5-ти октомври, не можете да поминете овде, но тогаш можевте. Не сите улици тогаш беа преполни, а денес се преполни. Полн е Мањеж, полн е и паркот Ташмајдан. Единствено е што Чациланд зазеде простор пред Собранието, но тоа е неспоредливо“, додаде тој.Тој тврди дека присуствувал на натпреварите на стадионот на Црвена звезда, на пример кога играле против Ференцварош и имало 130.000 луѓе, но вели дека тоа не се споредува со денешниот собир.„Тоа е некако... Тоа е мала работа во споредба со она што се случува денес“, објасни Прелевиќ.Денешниот одѕив на граѓаните го коментираше и Момир Стојановиќ, политичар и генерал во пензија, кој беше и шеф на Воената разузнавачка служба за Србија и Црна Гора.Тој тврди дека бил на денешниот митинг, а од Ниш дошол да им даде поддршка на младите.

Свет | пред 9 месеци

IMG_0656

Новак Ѓоковиќ ги поддржува студентските протести: „Историја! Величествено"

Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер и според многумина најдобриот во историјата на „белиот спорт“ ги поддржа студентските протести.Ѓоковиќ ја објави својата одлука преку Инстаграм и објави фотографија со краток опис:„Историја! Величествено“. Во втората порака, Новак накратко напиша „Србија“, споделувајќи три знамиња.

Свет | пред 9 месеци

1742061000-1000054848-1024x768-1

(Видео) Нова дронска снимка од Белград

Профил потпишан како „Архивата на јавните собири“ објави видео снимка со дрон од големиот протест во Белград. Како што наведоа, снимката е направена во 18 часот.За потсетување, МВР претходно соопшти дека, според нивните проценки, на денешните шпицови на сите локации во Белград, бројот на учесници на митингот бил околу 107.000, од ​​кои најголем број се од внатрешноста, а во моментов бројот на учесници се намалува и континуирано опаѓа.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-15-at-19.30.34

(Видео) Фрлен солзавец, Брза помош минува низ демонстрантите - почнаа инцидентите во Белград

Десетици илјади луѓе молчеа 15 минути. Меѓутоа, во еден момент се слушна силна бучава. Досега, две возила на Брза помош минуваа низ местото каде се насобрани демонстрантите, а тие правеа кордон за да ги пропуштат.„Од правец на Београѓанка, толпата брзо почна да се дели на два дела. Не можев да видам дали е автомобил или некаква тепачка и ненадејната реакција на луѓето. За десетина секунди се собра народ на едната или на другата страна на улицата. Завладеа голем страв, повеќето луѓе не можеа ни да сфатат што се случува. Некои луѓе се упатија во таа насока, кон центарот на градот, некои од љубопитност, а некои со намера да ги заштитат загрозените. Гневот владееше, но сега се чини дека малку се смири“, вели репортерот на Nove.rs.Репортерот на N1 јавува дека бил фрлен солзавец и дека областа околу Собранието е напуштена.Пред Собранието беше пробиен кордон, односно обрач формиран од обезбедување. Просторот пред Собранието, кој претходно беше празен, сега повторно го шетаат насобраните луѓе, јавува екипата на Нова.рс.

Свет | пред 9 месеци

Нема фотографија

Брнабиќ ги нападна хрватските политичари: Нема да ја водите Србија, народот е со Вучиќ

Спикерот на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, на својот профил на Икс им се обрати на хрватските политичари Гордан Јандроковиќ и Тонино Пицула.„До Јандроковиќ и Пицула: Не бидете нервозни. Земете длабок здив и прифатете дека народот на Србија е со Александар Вучиќ и дека вашиот стратешки интерес за тоа кој ќе ја води Србија е недостижен, а во исто време Србија ќе остане стабилна и силна и ќе продолжи да напредува. Боли, но мора да бидете силни...“, напиша Брнабиќ и продолжи:„И додека зборувате за тоа кој се плаши од вистината, еве една голема од која се плашите и никогаш нема да можете да го сокриете: Бурата е злосторство и најголемото етничко чистење на европскиот континент од Втората светска војна. За да го скриете, ги апсите и осудувате луѓето на затвор само затоа што слушаат музика во нивниот автомобил што многу ве потсетува на вистината, каде што е Анаби“.Да потсетиме дека Јандроковиќ и Пицула претходно денеска ги коментираа протестите во Србија.„Гледам дека денес во Србија демонстрираат десетици и стотици илјади луѓе, во овој момент е тешко да се каже во која насока ќе се движи сето тоа. Ние од Хрватска со особено внимание ги следиме настаните во соседната земја, се надевам дека нема да има ескалација што би прераснала во насилство, без разлика дали тоа доаѓа од едната или од другата страна“, рече Јандроковиќ.На прашањето за забраната за влез во Србија на одредени новинари од Хрватска, Јандроковиќ потсети дека во неколку наврати кажал дека Србија не е земја која може да се пофали со своите демократски достигнувања, а забраната за известување на новинарите е еден од настаните што го потврдува тоа.На прашањето дали Хрватска поради тоа ќе испрати дипломатска нота, тој одговори дека испраќањето дипломатска нота ќе му биде најмал проблем.„Ова во основа нема да се однесува на она што моментално се случува во Србија, бидејќи очигледно е сериозен напад врз актуелното раководство на Србија и обидите да се спречи објективно известување треба да се гледаат во тој контекст.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-15-at-11.13.46

Уапсен е возачот кој со автомобилот удри три лица во Белград и побегна

Белградската полиција го пронашла и го уапсила возачот Ж. М.(50) кој денеска со автомобил БМВ удри три лица во населбата Беле Воде, соопшти МВР.Брзата помош ги пренесе повредените во Ургентен центар за понатамошна нега.Возачот пружил активен отпор и бил совладан и уапсен од полицијата.Полицијата продолжува да работи во соработка со надлежното обвинителство на утврдување на сите факти и околности на овој настан.На социјалните мрежи се појави снимка од повредена жена пред Веро во Жарково, а како што е соопштено, непознато лице налетало на луѓето и побегнало од местото.

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања