СРБИЈА

media-library19bddbkf1cab2hR99zL

Полициски сили влегоа во Филозофскиот факултет во Нови сад по барање на деканот

Српската полиција денеска попладне влезе во зградата на Филозофскиот факултет во Нови Сад по барање на деканот Миливој Алановиќ, додека студентите ја блокираа институцијата поради отпуштањето на професорката Јелена Клеут.„Разговаравме со студентите, разговараме со полицијата, полицијата разговара со студентите“, изјави Алановиќ, додавајќи дека блокадата мора да заврши или ќе биде принуден да преземе мерки за продолжување на работата на факултетот. Продеканот Дејан Пајиќ ги повика студентите да се откажат од блокадата, истакнувајќи дека од нив зависи „дали ќе ги видиме сцените од 5 септември“, кога полицијата бурно реагираше на протестот на студентите.Студентите чекаа до 14 часот на одговор од деканот, од кого побараа институцијата да ја поддржи нивната професорка и да се обиде да ја врати на работа. Откако добија одговор дека факултетот не може да стори повеќе, студентите донесоа душеци подготвени за подолг престој во зградата. Професорката Клеут е присутна во зградата со студентите и ги охрабрува да продолжат да го бранат универзитетот.Митингот во поддршка на професорката, која денеска беше официјално отпуштена, започна во 12 часот со пораката „Ако Клеут не предава, никој нема“. Според официјалното решение, нејзиниот работен однос по Комуникологија завршил на 20 јануари поради истекот на рокот на кој бил заснован.Во текот на август и септември 2025 година, полицијата речиси еден месец беше присутна на Филозофскиот факултет поради претходни протести и блокади од страна на студентите.

Свет | пред 1 седмица

kurti-640x427

Курти од Давос: Србија подобро од кога било знае дека Косово е држава

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, кој престојува во швајцарски Давос по повод Светскиот економски форум, изјави дека Србија денес подобро од кога било ја разбира реалноста дека Косово е држава, иако и понатаму одбива формално да ја признае неговата независност, пренесува Анадолу.Во разговор со поранешниот британски дипломат и политичар Рори Стјуарт, Курти истакна дека, и покрај континуираното непризнавање, српските власти се свесни за променетата состојба на терен. Според него, од четирите соседи на Косово, три држави ја признале независноста, додека само Србија останува на спротивната позиција, без јасни индикации дека тоа наскоро ќе се промени.Курти предупреди дека Русија претставува закана за регионот, делувајќи преку Србија, оценувајќи дека соништата за повторно воспоставување доминација или враќање на стари имперски концепти мора да згаснат. Тој посочи дека, како што е невозможно оживувањето на руската империја, така е нереално и очекувањето за некакво враќање на Косово под српска контрола, бидејќи современата политичка реалност е значително изменета.Осврнувајќи се на состојбите во северниот дел на Косово, Курти рече дека пред пет или десет години таму не постоела ниту основна слобода за слободно движење или користење на албанскиот јазик, додавајќи дека денес ситуацијата е суштински поинаква.Тој повика на поголема солидарност во рамки на Европа и НАТО, истакнувајќи дека, според неговите оценки, Русија има за цел да ја поткопа и Европската унија и Алијансата, додека Кина настојува да ја достигне моќта на САД. Курти нагласи дека секој што му помага на соседот во обидите за дестабилизација индиректно придонесува за создавање проблеми и за Косово, предупредувајќи дека регионалната безбедност е тесно поврзана и меѓусебно зависна.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryievp6a7arjsjcA2G6nZ

НИС поднесе барање до ОФАК за продолжување на лиценцата за работа

Министерката за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека Нафтната индустрија на Србија поднела барање до американската Канцеларија за контрола на странски средства со цел да ѝ биде дозволено да продолжи со оперативна работа, додека траат понатамошните разговори за успешно завршување на трансакцијата меѓу Гаспромњефт и унгарската компанија МОЛ.Таа посочи дека по завршувањето на трансакцијата Србија би можела да го зголеми својот сопственички удел за пет отсто, како и дека се очекува други партнери од Обединетите Арапски Емирати да преземат малцински удел во рамки на 56,15 отсто што планира да го преземе МОЛ.Објаснувајќи до каде е процесот за решавање на состојбата со НИС, министерката нагласи дека сè уште не е постигнат конечен купопродажен договор и дека разговорите моментално се водат околу основните одредби на идните договори.Таа истакна дека е важно што руските мнозински сопственици, Гаспромњефт и НИС, веќе се усогласиле околу основните принципи и дека формално е поднесено барање до американската администрација.Според Ѓедовиќ Хандановиќ, Србија со дополнителни пет отсто сопственички удел би добила поголема контрола во Собранието на акционери на НИС и можност да блокира одлуки со кои не се согласува. Таа додаде дека целта е да се подобри позицијата на државата во однос на договорот склучен во 2008 година и дека потпишаниот меморандум за разбирање со МОЛ претставува важен чекор во таа насока.

Свет | пред 1 седмица

media-librarys1asnt12mv4i8hMzQMa

(Видео) Деновите на кражба ви се одброени, порачаа студентите на протест во Нови Сад

Студентите од Нови Сад со протестот „Што значи победа?“ најавија нова етапа на студентскиот отпор, порачувајќи дека победата не е симбол, туку процес на демонтажа на корупцијата и неодговорната власт.Од Плоштадот на слободата јасно порачаа дека борбата не завршува, туку допрва почнува.„На народот му е преку глава од измами, кражби, перење пари и паѓање на надстрешници. Деновите на вашата кражба се одброени. Ќе дојде ден кога законите ќе важат за сите – и тој ден не е далеку“, порача студент.Поддршка добија и од правната фела. Адвокатката Тања Арсиќ истакна дека молкот е завршен и потсети на историскиот преседан кога судии, обвинители и адвокати заедно протестираа пред Уставниот суд.„Ќе се бориме за држава во која власта е минлива, а правото трајно“, порача таа.Студентите имаат цел да се борат за систем што не познава корупција, туку одговорност – нешто што, како што нагласија, актуелната власт и режимот очигледно не го познаваат. Пример за тоа го наведоа случајот со професорката Јелена Клеут, која и покрај исполнети услови не била избрана во редовно звање.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvv9vku6qra876JpAOvS

(Видео) Еколошки скандал во Ужице: 800 кубици отров се излеа во поток, институциите молчеа со часови

Депонијата „Дубоко“ повторно се претвори во еколошка бомба. Поради хаварија во собирната шахта, во Турски Поток се излеале над 800 кубни метри концентрирани, загадени процедни води, додека надлежните институции со часови не презеле ништо.Реакција имало дури откако граѓанското здружение „Да не дишеме Дубоко“ го пријавило инцидентот. Наместо итна интервенција и јасна одговорност, јавноста доби задоцнето соопштение и неубедливи изговори за „пукната цевка“ и „заштитен балон“.Овој инцидент не е несреќа, туку резултат на системска негрижа и свесно игнорирање на предупредувањата, реагираат невладините здруженија. Уште во ноември беше укажано дека депонијата претставува сериозна закана, но институциите молчеа.Граѓаните револтирано прашуваат:Зошто десет часа никој не реагирал? Кој дозволи овој еколошкиот криминал да се случи? И кој ќе одговара за загадувањето и ризикот по здравјето на граѓаните?

Свет | пред 1 седмица

media-library3ptvpdfumpn1dsGDqEi

(Видео) Вучиќ со жестока реакција по инцидентот со Ана Бекута во Чачак: Таа не бегаше и не се скри од теророт

Српскиот претседател Александар Вучиќ со остра реторика реагираше по инцидентот во Чачак, каде што пејачката Ана Бекута беше гаѓана со снег за време на новогодишниот концерт, организиран на градскиот плоштад.Во објава на социјалните мрежи, Вучиќ жестоко ги осуди граѓаните кои, како што наведе, „од чиста мира“ нападнале жена која, според него, „на секој од нив може да му биде мајка, баба или сестра“. Тој употреби навредливи квалификации за учесниците во протестот, нагласувајќи дека нема право јавно да ги изговори сите зборови што, како што рече, „народот би ги употребил“.Претседателот посебно ја пофали Бекута за, како што оцени, нејзината храброст и одлуката да не го прекине настапот и да не се повлече од сцената.„Таа не сакаше да бега, не сакаше да се крие и не дозволи теророт и дивјаштвото да ја натераат да се повлече“, напиша Вучиќ.Инцидентот се случи во услови на сериозни временски непогоди во Србија, кога делови од земјата беа зафатени од обилни снежни врнежи, прекини во снабдувањето со електрична енергија и прогласена вонредна состојба во одредени општини. Дел од граѓаните изразија незадоволство што, во такви околности, од буџетот биле издвоени околу 40.000 евра за концертот на пејачката, што и беше повод за протестите за време на нејзиниот настап.

Свет | пред 2 седмици

media-library3ptvpdfumpn1dsGDqEi

(Видео) Ана Бекута протерана од сцена со сила: пееше од комбе за да наплати 40 илјади евра од Чачак, иако публиката бараше да прекине со настап

Синоќа на градскиот плоштад во Чачак настапи српската пејачка Ана Бекута, но концертот наместо празнична атмосфера предизвика револт и незадоволство кај дел од граѓаните. Причината беше сумата од 4,5 милиони динари, односно околу 40 илјади евра, издвоена од градскиот буџет за нејзиниот настап, во време кога голем дел од Србија се соочува со сериозни проблеми поради обилните снежни врнежи и прекини во снабдувањето со електрична енергија.Активистката од Чачак, Славица Петровска, јавно објави дека токму толкава сума била потрошена за едновечерниот концерт, по што информацијата брзо се прошири меѓу граѓаните. Дел од нив излегоа на плоштадот за време на настапот, не за да слават, туку за да изразат протест против, како што оценуваат, неодговорното трошење на јавните пари.На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како пејачката за време на целиот настап се соочува со свирежи од публиката. Во еден момент, таа изјави дека вакво нешто не доживеала во текот на својата 40-годишна кариера. Иако немало физичка закана, освен свирежи и неколку фрлени снежни грутки, Бекута побарала интервенција од полицијата.На крајот, пејачката го прекинала настапот на сцената и продолжила да пее од комбе, но и тоа не го смирило револтот. Граѓаните и понатаму ја опкружувале, изразувајќи незадоволство со свирежи.Реакциите доаѓаат само неколку дена откако Чачак беше зафатен од ледена дожд и снег, поради што градот беше практично парализиран, а надлежните служби, според сведоштвата на граѓаните, со часови не реагирале. Во соседните Лучани беше прогласена вонредна состојба, а околу 4.000 жители останаа без струја поради дефекти предизвикани од силниот ветер и снегот. Во таков контекст, одлуката на локалната власт да инвестира значителни средства во прослава на Српската Нова година предизвика дополнителен гнев, со пораки дека забавата не може да биде приоритет додека граѓаните се соочуваат со основни егзистенцијални проблеми.

Свет | пред 2 седмици

media-librarykbsf5v7001rubtrcCnJ

Сопругата на српскиот премиер „во улога” на Живка од Госпоѓа министерка од Нушиќ

Правилата ни во Србија не се еднакви за обичните смртници и за сопругите на функционерите.Сопругата на премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, докторката Јелица Мацут, одлучила дека правилата во трговски центар се само препорака – за обичните.Зашто кога сте дел од владејачката каста, касата не е каса, обезбедувањето не е обезбедување, а полицијата не е институција, туку лична служба за решавање на повредени ега, негодуваат граѓаните.Менаџер кој само си ја работел работата бил пријавен за „злоставување“, објави Нова.рс.Продавница, пак, што се држела до правилата, била прогласена за непријател на државата. А полицијата, повикана како да треба да се гаси терористички напад, а не како да се реши проблем со артикл што не е купен таму.Сопругата на премиерот побарала во продавница да ѝ ја симнат безбедносната плочка од работи што ги купила во друга продавница. Бидејќи тоа не ѝ било прифатено, се заканувала со зборовите: „Дали вие знаете која сум јас?“Го повикала и личното обезбедување, како и полицијата. Менаџерот на продавницата во понеделник оди на сослушување во полициска станица.„Ова не е инцидент. Ова е систем. Систем во кој функцијата е поважна од законот, а презимето посилно од правилникот.Зашто кај нас не важи дали си во право. Важи дали си нечија сопруга“, прашуваат во коментарите граѓани од Србија.

Свет | пред 2 седмици

media-library11eup84q6v8c2MivoIw

Нов снег и леден дожд во Србија

Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија, од утрово врне слаб снег на северот од земјата, и тоа во Палиќ, Сомбор, Нови Сад, Зрењанин, Кикинда и Сремска Митровица. Голема опасност е ледениот дожд кој врне во Банатски Карловац.Во поголемиот дел, освен во Јужна Србија, температурите се под нулата.Најстудено е на Златибор, каде што во 7 часот наутро се измерени минус седум степени Целзиусови, а најтопло во Врање каде што температурата е осум степени.Во Белград, Ваљево, Сомбор, Нови Сад, Зрењанин забележани се минус три степени.РХМЗ предупреди дека наутро, попладне и навечер во источна и југоисточна Србија се очекуваат локални појави на дожд што ќе замрзнат на земјата.Во Белград се очекува и интензивирање на снежните врнежи попладне и навечер, така што висината на снежната покривка ќе се зголеми.

Свет | пред 3 седмици

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Шок во Борча: Пиштол од дедото, куршум во соседот, малолетник осомничен за обид за убиство

Малолетно лице на возраст од 16 години е уапсено поради сомнение дека ранило 19-годишен тинејџер во населбата Борча, Србија.Според неофицијални информации, осомничениот пукал со пиштол кој му припаѓал на неговиот дедо.Напаѓачот и повредениот, како што се наведува, биле соседи, а причина за настанот била претходна расправија меѓу 19-годишниот Маринко К. и двајца соседи.Полицијата го идентификувала и уапсила осомничениот синоќа. Станува збор за малолетник со иницијали Б. Ш. (16), против кого е поднесена кривична пријава за обид за убиство. Понатамошната истрага ја презеде Вишото јавно обвинителство за малолетници.Повредениот Маринко К. бил донесен со приватно возило во Домот на здравје во Борча, каде што му била укажана прва медицинска помош. Поради сериозноста на повредите, тој итно бил пренесен во Клиничко-болничкиот центар „Звездара“.Полицијата продолжува со утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryf4fhn1fv6r772afakX9

(Видео) Македонски автобус излетал од автопат во близина на Белград

Автобус со македонски регистарски таблички синоќа целосно излетал од автопатот кај местото Добановци, во правец од градот, јавуваат српските медиуми. Според објавите, засега нема официјални информации за состојбата на патниците и возачот на автобусот.„Автобус со македонски ознаки целосно излетал од автопатот кај Добановци, од правец на градот. Состојбата на патниците не е позната. Возач на друг автобус застанал за да помогне“, се наведува во информацијата што ја пренесуваат медиумите.Несреќата се случува во услови на отежнат сообраќај низ Србија, каде што од вчера речиси целата земја е зафатена од снежни врнежи. Јавното претпријатие „Патишта на Србија“, врз основа на извештајот на Штабот за зимска служба, соопшти дека на голем број делници од најфреквентните патни правци, од прв, втор и трет приоритет за одржување, има снег со дебелина до пет сантиметри, а коловозите се влажни и лизгави.Надлежните служби апелираат на зголемена внимателност при возење, особено на автопатиштата и делниците каде што снежната покривка и ниските температури создаваат ризични услови за сообраќај.

Свет | пред 3 седмици

media-library7e518avr6c5s002YPvk

„Распиши победа”, студентите во блокада во Србија бараат избори

Студентите во блокада денеска низ цела Србија ја организираат акцијата „Распиши победа“.Тие собираат потписи за распишување вонредни парламентарни избори во Србија. Граѓаните можат да ја поддржат иницијативата на речиси 500 штандови, поставени во повеќе од 100 градови и општини.Според објавените податоци, потписите се собираат во 113 места на вкупно 491 штанд, а локациите и временските термини редовно се ажурираат на официјалната веб-страница на студентската иницијатива.Студентите од Правен факултет на социјалните мрежи напишаа „Ве чекаме”.Граѓаните од рано наутро излегоа да дадат поддршка и да се потпишат на барањето.

Свет | пред 1 месец

media-libraryuiv8saom6amn4Db0m3K

„Распиши победа“-Српските студенти утре ќе собираат потписи за предвремени избори

Студентите во блокада во Србија за утре најавија акција под слоганот „Распиши победа!“. Тие ќе собираат потписи во поддршка на барањето за распишување предвремени парламентарни избори.Апелираат до сите граѓани да ја поддржат иницијативата на повеќе од сто места низ цела Србија.Листата на локации, што редовно се ажурира, е објавена на веб-страницата studenti.org.rs.Според најновите достапни податоци, потписи ќе се собираат на 108 места на 476 штандови.Како што велат студентите вклучени во организацијата на настанот, целта е да се соберат што е можно повеќе потписи за да се знае колку граѓани се за распишување избори.„Дојдете и заедно да прогласиме победа! Потпишете ја одлуката! Бидете контролор. Учествувајте во подигањето на свеста во вашата област. Од недела продолжуваме заедно!“, стои во објавата на студентите.

Свет | пред 1 месец

media-library9m0ii0hbh2uk0wx2LDk

Година на протести и криза: Србија ја испраќа 2025 под сенката на политичка нестабилност

Годината што изминува за Србија ќе остане силно обележана со длабока општествена и политичка криза, поттикната од трагедијата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година. Падот на настрешницата на штотуку реновираниот објект, при што загинаа 15 лица, предизвика бран масовни студентски протести кои од месец во месец ги оголуваа бројните пукнатини во власта, персонализирани во ликот на претседателот Александар Вучиќ.По трагедијата, студентите излегоа на улиците барајќи одговорност за, како што наведоа, немарот, корупцијата и коруптивните договори без јавни тендери. Протестите продолжија и во 2025 година, а нервозата кај власта видливо се зголемуваше.Дополнително незадоволство во јавноста предизвика нападот врз студенти во Нови Сад од страна на поддржувачи на владејачката Српска напредна странка. Во инцидентот, една студентка беше тешко повредена кога ѝ беше скршена вилицата со бејзбол палка. Настанот, на почетокот на јануари, доведе до пад на владата на премиерот и лидер на СНС, Милош Вучевиќ.Во март почина и 16-тата жртва од падот на настрешницата, а на 15 март, на дотогаш најмасовниот протест во Белград, по повик на студентите, се собраа повеќе од 300.000 граѓани. Протестот беше прекинат со неидентификуван продорен звук, по што демонстрантите ја обвинија власта дека употребила таканаречено звучно оружје. Власта тоа го негираше, а Вучиќ изјави дека ќе се повлече доколку се докаже таква употреба.Во април Србија доби нова влада, на чие чело застана речиси непознатиот за пошироката јавност ендокринолог и универзитетски професор Ѓуро Мацут. Опозицијата владата ја оцени како „преодна“, а премиерот како „марионета“ на Вучиќ.И покрај тоа, студентските блокади на повеќе од 40 факултети и протестите продолжија низ целата земја. Државниот врв ги нарекуваше „обоена револуција“ увезена од странство, со цел соборување на Вучиќ, додека паралелно се засилија апсењата на студенти и активисти под обвиненија за загрозување на уставниот поредок.Студентите инсистираат институциите, особено правосудството, да работат без политички притисоци, бараат ослободување на приведените демонстранти и распишување предвремени избори.На меѓународен план, Србија во 2025 година не направи исчекор кон Европската Унија, без отворен ниту еден нов преговарачки кластер. Европската комисија повторно оцени дека нема напредок во владеењето на правото, слободата на медиумите, слободата на собирање и усогласувањето со надворешната политика на ЕУ, особено во однос на санкциите кон Русија.Вучиќ, преку чести медиумски настапи на националните телевизии, се обидуваше да ја увери јавноста дека држи сѐ под контрола, иако економските индикатори покажуваат поинаква слика.Во првите осум месеци од 2025 година, странските инвестиции изнесуваа 1,49 милијарди евра, наспроти 3,2 милијарди евра во истиот период лани. Јавниот долг ја надмина границата од 38 милијарди евра, а неколку странски компании ги затворија своите погони, оставајќи повеќе од 2.500 лица без работа.Дополнителен удар дојде од американските санкции кон рускиот енергетски сектор, кои ја опфатија и Нафтната индустрија на Србија, во која Русија има мнозински удел. Поради тоа, хрватскиот ЈАНАФ ја прекина испораката на нафта, а рафинеријата во Панчево престана со работа кон крајот на ноември.Во септември беше одржана голема воена парада, прва по повеќе од една деценија, со која, според аналитичарите, Србија испрати пораки и до домашната и до меѓународната јавност. Земјата договори и набавка на 12 француски борбени авиони „рафал“, потег што ја подели јавноста.Годината заврши и со повлекување на компанијата поврзана со семејството на американскиот претседател Доналд Трамп од контроверзниот проект за луксузен комплекс во центарот на Белград, по масовни протести и обвинувања за погодности. Вучиќ најави кривични пријави против сите што, како што рече, учествувале во „хајката“, тврдејќи дека Србија изгубила инвестиција вредна 750 милиони евра.Сѐ на сѐ, Србија ја испраќа годината со продлабочени внатрешни поделби, институционална криза и неизвесност околу политичката и економската иднина.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Во регионот тивко се градат воени сојузи, Србија е под притисок

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, предупреди дека во регионот се одвиваат сериозни процеси на вооружување и создавање воени сојузи, за кои, како што рече, државите-актери се однесуваат како ништо значајно да не се случува. Обраќајќи се на Амбасадорската конференција во Белград, организирана од Министерството за надворешни работи, Вучиќ истакна дека ваквите потези не се случајни и не се прават „заради музика и свечени говори“.Тој укажа на средбите и договорите меѓу Приштина, Тирана и Загреб, како и на обидите овие воени иницијативи да се прошират со вклучување на други држави од регионот. Според него, станува збор за координирани чекори кои имаат јасна политичко-безбедносна цел, а не за симболични активности.Вучиќ изјави дека на разговорите со генералниот секретар на НАТО и со претставници на Европската унија добивал само „кревање раменици“, без конкретни одговори или реакции.Посебно алармантно, според српскиот претседател, е отвореното вооружување на Албанците на Косово од страна на САД и Турција. Тој наведе дека брзите испораки на вооружување, вклучително и хаубици од 105 милиметри, имаат една цел – директно загрозување на Србија, нејзиниот територијален интегритет и безбедноста на цивилното население и безбедносните структури.Говорејќи за меѓународната позиција на Србија, Вучиќ изрази разочараност од односот на актуелната американска администрација, посочувајќи дека Белград не почувствувал позитивни промени, ниту кога станува збор за трговските тарифи, ниту за санкциите кон НИС. Тој додаде дека Србија, во тешки моменти, не добила вистинска поддршка ниту од Истокот, ниту од Европската унија.Вучиќ порача дека Косово останува неотуѓив дел од Србија и дека државата ќе мора да продолжи со напорната дипломатска борба за отпризнавање на независноста на Косово. Тој ги повика српските амбасадори доследно да ја застапуваат државната политика и Уставот на Србија, без отстапки, без разлика на притисоците во земјите каде што службуваат.Претседателот истакна дека Србија се соочува со нов бран меѓународни притисоци и признавања на Косово, зад кои, според него, стои влијанието на Турција и Саудиска Арабија.Според Вучиќ, најголемиот и најтежок предизвик за Србија во наредниот период ќе биде зачувувањето на мирот и стабилноста. Тој оцени дека оваа цел, иако често звучи како фраза, станува сè потешка за остварување во актуелните геополитички услови.На крајот, Вучиќ најави дека Србија мора значително да го зајакне своето дипломатско присуство во Азија, Африка, како и во Јужна и Централна Америка, нагласувајќи дека улогата на дипломатите денес не е само протоколарна, туку и активна – во креирањето и влијанието врз политиките на земјите домаќини.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања