СРБИЈА

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Германските медиуми предупредуваат: Брисел ја губи Србија од вид

Одлуката на српскиот претседател Александар Вучиќ да не присуствува на самитот на Европската унија оваа година, според германските медиуми, е силен политички сигнал за продлабоченото недоверие меѓу Белград и Брисел, но и за погрешните проценки на европските институции кон Западен Балкан.Германскиот весник „Берлинер цајтунг“ оценува дека Вучиќ со оваа одлука јасно ставил до знаење дека не е подготвен да учествува во процеси што, според него, не ги земаат предвид клучните интереси на Србија. Наместо да се отвори простор за дијалог, Брисел, како што се наведува, продолжува да ја игнорира реалната геополитичка слика на регионот.Според анализата, стабилизацијата на Западен Балкан е невозможна без активно вклучување на Србија, а уште помалку преку политики што се доживуваат како притисок или изолирање на Белград. Весникот наведува дека економската интеграција и политичката стабилност во регионот не можат да се постигнат без конструктивно учество на Србија, која се смета за највлијателната земја на Балканот.Во текстот се укажува дека Европската унија сè почесто делува спротивно на сопствените декларативни цели. Наместо да гради доверба и стабилност, Брисел создава празнини во својата политика, кои, како што се наведува, намерно ги користат други глобални актери, пред сè Кина, за да го зголемат своето влијание во регионот.„Берлинер цајтунг“ заклучува дека отсуството на политичка визија и недостигот од самокритика во Брисел претставуваат сериозен ризик. Ако Европската унија продолжи да ги потценува сигналите што доаѓаат од Балканот, може да се соочи со постепено губење на сопствениот авторитет и улога во регионот што со децении го смета за стратешки приоритет.

Свет | пред 1 месец

media-librarye6gg3jlj4cm75GMAqLk

Навала во српските менувачници, се прават резервации за евра: Граѓаните масовно менуваат динари во евра

Во менувачниците низ Србија, во последните денови еврото мора однапред да се резервира. Причината е паниката што се појави поради кризата околу Нафтната индустрија на Србија (НИС) и можноста американските санкции да се прошират и врз банките. Сѐ почесто се поставува и прашањето дали претседателот Александар Вучиќ свесно ја поттикнува кризата за на крајот да се прикаже како спасител, пишува „Дојче веле“.Државните функционери, Народната банка на Србија (НБС), но и независни економски експерти кои вообичаено се критички настроени кон власта, деновиве се обидуваат да ги убедат граѓаните дека нема причина за повлекување пари од денарските сметки и за масовна купопродажба на евра. Сепак, состојбата на терен покажува поинаква слика, што може да се забележи и по неколкуте телефонски разговори со менувачници низ целата земја.„Имаме 500 евра, но мора да дојдете во следните неколку часа. Не можеме да ги задржиме подолго“, велат од една менувачница во Нов Белград. Во друга менувачница во Крагуевац посочуваат дека можат да „соберат“ околу 2.000 евра во рок од неколку часа. „Курсот е речиси ист насекаде и тешко дека ќе најдете подобар во целиот град“, додаваат.Паника по предупредувањето на ВучиќНавалата кон менувачниците започна пред околу десет дена, откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, предупреди дека американските санкции воведени кон НИС би можеле да ги опфатат и банките што соработуваат со таа компанија, па дури и Народната банка на Србија, која засега продолжува да работи со НИС.Од НБС, пак, соопштија дека паниката била предизвикана од објави во медиумите и на социјалните мрежи кои, според нив, „без реална основа“ ги вознемириле граѓаните. Тие истакнаа дека, доколку биде потребно, ќе ја прекинат соработката со НИС за да се заштити платниот систем на државата.Дополнителна нервоза, според експертите, предизвикал и минималниот пад на вредноста на денарот од 0,2 отсто во однос на еврото, по години речиси целосна стабилност на курсот. „Ова движење е најголемо поместување на курсот годинава, а веројатно и подолг период“, вели Борислав Брујиќ од Здружението на менувачи на Србија. Тој додава дека состојбата во меѓувреме се стабилизирала и дека курсот во последните денови е мирен.Според Брујиќ, менувачниците располагаат со повеќе од доволни количини евра и ја поздравува одлуката на НБС за укинување на дополнителните провизии. Новиот среден курс, кој стапи на сила во средата, 17 декември, изнесува 117,3615 динари за едно евро.Менувачниците и понатаму смеат да отстапуваат од средниот курс најмногу до 1,25 отсто, во рамки на што ја остваруваат својата заработка, но веќе не смеат дополнително да наплатуваат провизија од еден отсто. Со ова, НБС настојува да спречи цената на еврото да ја надмине границата од 120 динари, што се смета за „психолошка граница“. Официјалниот среден курс не ја надминал таа вредност уште од 2017 година.Сеќавањата на деведесеттите и недовербата кон денаротСѐ уште не е познато во кој обем граѓаните повлекувале пари од банките и ги чувале во готовина, ниту какви последици би можело тоа да предизвика. Банкарот Владимир Васиќ за „Дојче веле“ вели дека за ваква паника немало реални економски причини.„Но видовме како функционира човечката психологија. Информациите за НИС, кои граѓаните ги добиваа од државни функционери, опозицијата или одредени медиуми, создадоа впечаток дека се подготвува нешто сериозно лошо. Обичниот човек, кога ќе го слушне тоа, заклучува дека најсигурно е сите пари да ги претвори во евра“, вели Васиќ.Таквата реакција не е невообичаена во земја во која голем дел од населението сѐ уште живо се сеќава на хиперинфлацијата од деведесеттите години, на денарите со безброј нули и уличната трговија со девизи. „Тоа искуство трајно ја обликуваше недовербата кон домашната валута и институциите“, вели Иван Станојевиќ, доцент по политичка економија на Факултетот за политички науки во Белград.„Економското однесување на луѓето не може да се одвои од нивната психолошка состојба и емоциите. Кога Вучиќ со недели зборува за санкции, пропаст на банкарскиот сектор и општи катастрофи, сосема е природно граѓаните да се чувствуваат исплашено“, додава Станојевиќ.Еврото, велат соговорниците, во Србија ужива значително поголема доверба од денарот, речиси како некогаш германската марка. Големите износи често се изразуваат во евра, кредитите се индексирани во таа валута, како и бројни цени.Неизвесност околу НИСИако можеби немало реална економска основа за ваква паника на финансискиот пазар, загриженоста околу снабдувањето со нафта има поцврсти темели. Веќе повеќе од 70 дена нафта не пристигнува преку нафтоводот ЈАНАФ, а рафинеријата во Панчево го прекина производството. Јавноста засега нема информации дали постои договор со потенцијален купувач на рускиот удел во НИС, ниту дали Вашингтон е подготвен да одобри изземање од санкциите.Вучиќ во повеќе наврати ја спомена можноста Србија да ја преземе НИС доколку не се најде друго решение. Во вторникот, 16 декември, најави дека наредната недела ќе објави „важни вести“. „Се надевам на добри вести за граѓаните на Србија“, изјави тој.Претходно, 15 јануари го прогласи за „ден Д“, иако тоа не е првпат јавно да поставува рокови во ситуации кога земјата се соочува со можни недостиг или поскапување на горивото, па дури и со потенцијално затворање на гасната славина.„На секои два дена поставува нов рок, зборува без врска“, вели за „Дојче веле“ вработен на една бензинска станица на НИС. Тој додава дека гориво засега има и дека платите се исплаќаат редовно. „Но што ќе се случи понатаму, искрено, знаеме исто колку и сите други што читаат весници.“Трик на Вучиќ?Власта на Вучиќ веќе повеќе од една година се соочува со масовно незадоволство и протести, а во последниот период трпи и дополнителни политички удари. Меѓу нив е и одлуката на компанијата на Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател, да се повлече од проектот за изградба на станбен и хотелски комплекс со казино на локацијата на поранешниот Генералштаб. Дополнително, најавите за пресметка со Обвинителството за организиран криминал и падот на поддршката за владејачката партија според некои анкети, ја влошуваат позицијата на власта.Поради тоа, Станојевиќ смета дека властите свесно ја поттикнуваат паниката. „Наједноставниот одговор е дека паниката му е потребна исклучиво на Вучиќ. Ако луѓето се исплашени, тој може да се појави како спасител и да ги решава кризите што самиот ги предизвикал, како во случајот со НИС, или оние што ги измислил, како наводниот колапс на финансискиот систем“, вели Станојевиќ.Во меѓувреме, оние кои не успеваат да го совладаат стравот, барем се обидуваат да издејствуваат подобар курс. Во една менувачница во Нови Сад прашавме дали може да понуди поповолен курс за купување 500 евра. „Не може. Подобар курс во моментов даваме само за износи поголеми од 4.000 евра“, беше одговорот.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ му одговори на Лавров: Ниту на сон не ни паѓа да му одземаме нешто на било кого

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека Белград нема намера да презема туѓ имот и дека Нафтената индустрија на Србија (НИС) мора да продолжи нормално да функционира. Тој истакна дека е подготвен да ги разгледа сите предлози на руската страна за да се обезбеди стабилно работење на компанијата.„Сè што нашите руски пријатели сметаат дека можеме да направиме за НИС да продолжи да функционира, ние досега го правевме. Ќе го правиме и понатаму“, изјави Вучиќ, додавајќи дека решението „не е така едноставно како што звучи“, но дека Србија е подготвена да ги слушне сите конкретни идеи.Изјавата следи по коментарот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој порача дека национализација на НИС не може да се случи без обострана согласност меѓу двете земји. Вучиќ повтори дека Србија не размислува за одземање имот.„Ни на сон не ни паѓа да му одземаме нешто на било кого. Ќе направиме сè сопствениците да останат задоволни. А ако работењето стане невозможно, Србија ќе плати — како што доликува на сериозна држава“, нагласи тој.Говорејќи за можноста да се најде решение кое ќе овозможи НИС да ја избегне изложеноста на американски санкции, Вучиќ оцени дека тоа би било „одлично“ доколку е остварливо, но предупреди дека процесот ќе биде сложен.Тој додаде дека Србија нема да дозволи да остане без клучните енергетски капацитети: „Србија без нафта, без НИС и без рафинерија — тоа нема да се случи.“Вучиќ посочи и дека меѓународните институции, како ММФ и Светската банка, прогнозираат силен економски раст во Србија во наредните пет години, но дека фокусот во моментов мора да остане на енергетскиот сектор.Лавров претходно соопшти дека околу НИС е во тек преговарачки процес и повтори дека меѓувладиниот договор меѓу Србија и Русија изречно забранува национализација без взаемна согласност.

Свет | пред 1 месец

media-libraryretpbucd202maFVi2fP

Спајиќ со порака до Вучиќ: „Ќе ве чекаме во ЕУ од 2028 година и навиваме да побрзате“

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, му одговори на предлогот на српскиот претседател Александар Вучиќ Западен Балкан заеднички да се приклучи кон Европската унија. Иако ја поддржа идејата за заедничка европска перспектива, Спајиќ порача дека Црна Гора очекува да биде подготвена за членство веќе во 2028 година.На социјалната мрежа Икс, Спајиќ напиша: „Се согласувам дека ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот Западен Балкан. Сепак, ние ќе ве чекаме таму од 2028 година и навиваме навистина да побрзате и да ги забрзате другите кандидати од регионот“.Изјавата следи по настапот на Вучиќ на панелот „Европска конкурентност во фрагментирана геополитичка средина“ на форумот Белтолкс во Белград, каде српскиот претседател образложи дека најдобрата опција за Унијата е истовремено членство на сите земји од регионот.„Ако прифатите една, две или три од нас, тогаш што ќе правиме со другите? Како ќе ги решиме сите отворени прашања?“, рече Вучиќ, најавувајќи дека идејата ќе ја изложи пред претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.Според Вучиќ, заедничкиот прием би бил од придонес за стабилноста и на регионот и на Европа.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ во Белград: ЕУ да нè прими сите заедно, инаку проблемите остануваат

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Европската Унија може да ги реши геополитичките предизвици на Западен Балкан само доколку ги прифати сите земји од регионот истовремено, без селективен пристап. Тој зборуваше на панел-дискусијата „Европска конкурентност во фрагментирана геополитичка средина“ во рамки на форумот „BELTALKS“.„Ако прифатите еден, двајца или тројца од нас, што ќе правиме со останатите? Како ќе ги решиме сите отворени прашања?“ рече Вучиќ, нагласувајќи дека прашањето се однесува и на иднината на регионот и на иднината на Европа.Тој најави дека утре во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, каде што ќе ја претстави својата иницијатива за заеднички прием на сите држави од Западен Балкан. Според него, таков пристап би донел стабилност и позитивна перспектива за целиот регион.Осврнувајќи се на кризата со Нафтената индустрија на Србија (НИС), Вучиќ ги наведе трите можни решенија, посочувајќи го 15 јануари како краен рок. Првото сценарио, кое го оцени како малку веројатно, е укинување или суспензија на американските санкции. Втората опција е продажба на мнозинскиот пакет акции од страна на руските сопственици, а третата – интервенција на државата како последно средство.Тој додаде дека Србија мора да внимава да не го загрози финансискиот систем и инвестицискиот рејтинг, истакнувајќи дека земјата, според економските проекции, во следните пет години ќе биде меѓу најуспешните во Европа. Во излагањето предупреди и на ризик од голем глобален конфликт во наредната година и пол, наведувајќи дека, и покрај бројните критики од регионот, досега не одговорил на нив.Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави дека делумно го поддржува предлогот на Вучиќ Западен Балкан заеднички да влезе во Европската Унија, додавајќи дека Црна Гора веќе „ќе чека“ таму од 2028 година. „ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот регион, но ние ќе ве чекаме и ве охрабруваме да побрзате“, напиша Спајиќ на социјалната мрежа X.

Македонија | пред 1 месец

vucic-45345

Вучиќ: Изморен сум од претседателската функција, но премиерската е опција

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема намера да го менува Уставот за да остане на претседателската функција, но ја остави отворена можноста да стане премиер, доколку има доволна јавна поддршка. Во изјава за време на форумот „Beltalks: Белградски економски разговори“, Вучиќ додаде дека е уморен и дека би сакал во иднина оваа функција да ја преземе некој друг, пренесува Blic.rs.„Уморен сум и исцрпен. Можам да бидам премиер, но за тоа ви треба јавна поддршка, а и јас треба да ја донесам таа одлука. Тоа не е лесно, ниту по едно прашање“, рече Вучиќ. „Како што им велам на моите соработници – не бидете оптимисти и не го потценувајте противникот. Но јас би сакал некој друг да ја врши оваа работа во иднина.“Осврнувајќи се на своето владеење, Вучиќ истакна дека Србија има стабилна економска ситуација. „Изградивме повеќе патишта за 10 години отколку што е направено од 1945 година. Имаме голем број градилишта, Експо, работиме и на метро. Кога ќе дојде до промена на власта, луѓето можеби ќе бидат среќни во првиот момент, но потоа ќе сфатат колку било добро и колку напредувавме“, изјави тој.На крајот додаде дека е човек што го водат свои убедувања „кои никој не може да ги промени“.

Свет | пред 1 месец

media-libraryg8q75nbvarl84s6LNPf

Српските служби тајно ги „хакале“ телефоните на активисти: БИА инсталирала шпионски софтвер, полицијата вадела податоци преку Cellebrite

Активист од здружението „Крокодил“ открива за БИРН Србија дека при информативен разговор во Безбедносно-информативната агенција (БИА) му било наложено да го остави телефонот пред канцеларијата. Кога по еден час и половина си заминал, на уредот имал известување дека сите негови контакти биле експортирани.Независното вештачење на „Амнести интернешнел“ потврдило дека службите не само што извршиле дигитална форензика, туку и инсталирале spyware – шпионски софтвер за следење.„Две недели гледаа што прави ќерка ми, како се капе, фотографиите што ги споделуваме со родителите. Сè. Страшно“, изјавил активистот, инсистирајќи на анонимност.БИРН разговарал со повеќе активисти кои биле приведени или повикани „на разговор“, а форензичарите на „Амнести“ утврдиле дека нивните телефони биле компромитирани – податоците биле извлечени, а шпионски софтвер тајно инсталиран.Српските служби користеле различни тактики:„покани“ за информативни разговориненадејни приведувањаодземање телефони и пристап без согласностИзвлечените уреди биле поврзувани со Cellebrite – израелска технологија што ја користат безбедносни служби ширум светот за отклучување мобилни телефони.Случајот на Иван Бјелиќ: „Тие буквално знаат сè за мене“Еколошкиот активист Иван Бјелиќ од групата „СвиЧе“ бил приведен на денот на изборите на 17 декември 2023 година и држен два часа во станица, додека полицијата го поврзувала неговиот телефон со Cellebrite систем.Форензичките записи покажуваат дека уредот бил поврзан преку USB околу 17:55 часот, што овозможило извлекување на:лични податоципораки, вклучително и избришанилокациска историјаподатоци од iCloud/Google Driveапликации што корисникот мислел дека се заштитени„Тие знаат кога одам во теретана, што купувам за кучето, кога ги полевам растенијата. Сè“, раскажува Бјелиќ.Што може Cellebrite?Документи и протечени спецификации откриваат дека опремата може:да отклучува телефони, па дури и силно заштитени апликациида извлекува избришани пораки и скриени податоцида чита податоци за Bluetooth и Wi-Fi конекциида мапира движење преку базни станицида користи AI анализа, препознавање лица и визуелизација на мрежи на контактиОвие можности на службите им овозможиле да вметнат spyware и да го следат секое движење и комуникација на активистите.Истражувањето на БИРН и вештачењата на „Амнести интернешнел“ откриваат систематско и незаконско следење на граѓански активисти во Србија, со злоупотреба на технолошки алатки кои вообичаено се користат во борбата против организиран криминал.

Свет | пред 1 месец

media-library2ov5378spb5h7GdcQaM

Рафинеријата Панчево се гаси и се полни со азот, во Србија ,,клуч” на петтина од бензинските пумпи

Состојбата на пазарот на нафтени деривати во Србија, и покрај санкциите на САД врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е во мнозинска руска сопственост, сè уште можеби не е драматична, но наскоро би можело да предизвика постепено затворање на една петтина од бензинските пумпи во земјата, објавуваат српските медиуми.Санкциите што ги воведе Канцеларијата на Министерството за финансии на САД врз рускиот енергетски сектор, воведени на почетокот на годината, се во сила за руско-српската компанија од 9 октомври, и нема индикации дека НИС ќе добие лиценца за обезбедување на проток на сирова нафта преку нафтоводот Јанаф или од други извори.Рафинеријата за нафта Панчево веќе го започна процесот на затворање на производствените капацитети поради недостиг на сурова нафта за преработка, што е резултат на санкциите што Министерството за финансии на САД ги воведе врз НИС.За да се спречи корозија, системите се полнат со азот. Ова може да трае до три месеци, а повторното активирање би било можно дури за околу еден месец.Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е договорено плаќањата со НИС да бидат обезбедени на ризик на државата до крајот на неделата.Вучиќ призна дека Русите не сакаат да го продадат својот удел во компанијата, тврдејќи дека „не станува збор за пари, туку за политика“.Според официјалните податоци, НИС управува со околу 20 проценти од бензинските пумпи во Србија, но генерира речиси 50 проценти од својот промет на пазарот од продажба на гориво, што значи дека продава повеќе гориво од кој било друг. НИС е во ко-сопственост на државата Србија (29,87 проценти), а акциите се исто така во сопственост на граѓани, сегашни и поранешни вработени и други малцински акционери.Негативниот исход од ситуацијата би можел да доведе до постепено затворање на станиците на НИС и Газпром - 356 од вкупно 1.520 во цела Србија.

Свет | пред 1 месец

media-library04jip6kbu81cdtkdLuz

(Видео) Студенти и граѓани ја блокираа РТС: Вашето право да не знаете ништо

Група студенти и граѓани вечерва околу 21 час, го блокирааа влезот во зградата на Јавниот сервис, Радио-телевизија на Србије.Тие се револтирани за, како што велат, непрофесионалниот начин на известување на РТС од локалните избори во три општини.Велат дека на програмата на РТС немало информации за купувањето гласови, насилството, заканите и нерегуларностите за изборите во Мионица, Неготин и Сечањ.Во порака, објавена на Инстаграм порачаа:„Ваше право да не знате ништо за кражбата на изборите во Мионица, Неготин и Сечањ”, алудирајќи на логото на РТС ,, Вашето право да знаете се”.

Свет | пред 1 месец

media-libraryidb1llg6mfnm9hWkxQj

(Видео) Локални избори во три општини во Србија под сенка на насилство и тешки нерегуларности

Локалните избори во Неготин, Мионица и Сечањ денес се одбиваа и завршија во атмосфера обележана со напади, притисоци и сериозни пријави за изборни злоупотреби и нерегуларности.Општините беа окупирани со лица кои не живеат во тие места, често криејќи се со качулки.Видеата на социјалните мрежи и медиумите покажуваат дека изборите не беа слободни и демократски.Граѓанската организација ,,Црта” ги повлече своите набљудувачи од Мионица по напад на нивниот мобилен тим, а истовремено полицијата на пат кон Неготин заплени палици, нож и бибер-спреј. Црта пријави и купување гласови во Сечањ.Во Сечањ, полициски кордон потиснувал мирни граѓани од пред општинската зграда, додека во непосредна близина се наоѓале просториите на СНС. Зелено-левиот фронт објави дека маскирани напаѓачи поврзани со владејачката партија го нападнале нивниот пратеник Богдан Радовановиќ.Движењето ,,Крени-Промени”, пријави бројни нерегуларности на речиси сите избирачки места, а како најтежок инцидент го посочија случајот кога гласач упатил смртна закана кон студентка – контролор.Напнатата атмосфера беше придружена и со политички притисоци: покраинскиот секретар за урбанизам Немања Ерцег и неговиот помошник навредувале студент-набљудувач во Сечањ.НУНС остро го осуди нападот врз фоторепортерот Гаврило Андриќ во Неготин, кој бил соборен и повреден од група лица при што му бил одземен телефонот. Набргу потоа следел физички судир помеѓу студенти и подржувачи на СНС, во кој, според снимките, бил присутен и владеачки функционер.Изборниот ден, наместо демократски процес, го одбележа страв, насилство и системска злоупотреба, оставајќи сериозни сомнежи за регуларноста на гласањето.

Свет | пред 1 месец

media-library9n79ol04h7ug1DI0bfH

Нов инцидент во Белград: Маж избоден во „Чациленд“

Уште еден инцидент се случи во центарот на Белград, во близина на Народното собрание.Припадните на полициските интервентни единици кои го обезбедуваат „Чациленд“ пред Собранието на Србија, уапсиле маж, кој, според Министерството за внатрешни работи нападнал жител на оваа шаторска населба.27-годишниот Д.П. со нож го нападнал 37-годишниот М.Н.Досега во „Чациленд“, се случија повеќе насилни инциденти и физички пресметки.Повредениот М.Н. бил веднаш пренесен во Ургентниот центар, а полицијата го уапсила напаѓачот.Министерството соопшти дека нападот се води како дело на лесна телесна повреда, спротивно на првичните шпекулации на социјалните мрежи дека се работи за терористички напад.Како што пренесе Б92, институциите брзо ја демантирале таа информација.Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на инцидентот.,,Граѓаните не треба да се плашат, државата ќе знае како да се справи со насилниците. Нема да дозволиме сценарија на уличен хаос. Институциите ќе реагираат строго на секој обид за нарушување на јавниот ред,“ изјави Вучиќ.

Свет | пред 1 месец

media-library2ctip5bldfkb33YrMx2

Србија денес гласа на локални избори во Неготин, Мионица и Сечањ

Денеска во Србија се одржуваат локални избори во Неготин, Мионица и Сечањ. Во Неготин и Мионица гласањето е редовно, додека жителите на малата банатска општина Сечањ излегуваат на вонредни избори. Сите три места се сметаат за упоришта на владејачката Српска напредна партија.Во споредба со локалните избори во Заечар и Косјериќ во јуни, атмосферата пред денешните избори е помирна, со помалку тензии и забележливо отсуство на големо внимание од јавноста. Избирачките места се отворени од 7:00 часот утрово, а гласањето ќе трае до 20:00 часот.Право на глас имаат над 56.000 граѓани во сите три општини.

Свет | пред 1 месец

873x400-2-2-400x240-1

Просечната декемвриска пензија во Србија зголемена за 50 евра

Просечната пензија за декември во Србија ќе биде зголемена за 12,2 проценти и ќе изнесува околу 56.860 динари, односно 485 евра. Директорот на Српскиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО), Реља Огњеновиќ потенцираше дека ќе биде поголема за околу 6.000 динари.„Овој метод на прилагодување е најповолен за корисниците. Благодарение на растот на БДП од јули 2024 до јуни 2025 година, учеството на нето пензиите во БДП е помало од 10 проценти, а со примена на формулата за прилагодување од Законот за ПИО, се добива процент од 12,2 проценти“, истакна тој.Додаде дека фондот ги обезбедил парите за исплата на зголемени пензии со финансискиот план за 2026 година.

Свет | пред 1 месец

media-libraryeadgnra9i75fd7vTMUF

(Видео) Потпорен ѕид и пат се урнаа во Крагуевац, биле градени без дозвола

На градилиште во Крагуевац, Србија, во близина на комплексот Центар за извонредност, утрово се урнаа потпорни ѕидови и дел од пристапниот пат. Инвеститорот РП Инвест градел целосно нелегално бидејќи неговото барање за градежна дозвола било одбиено претходниот ден.Во образложението на одлуката се споменуваат голем број неправилности. Меѓу другото, е утврдено дека димензиите на подземните катови не се во согласност со Локациските услови и Урбанистичкиот проект. Инвеститорот бил предупреден дека темелната плоча и ѕидовите не смеат да ги преминуваат границите на соседните парцели.Во научниот комплекс биле инвестирани околу 23 милиони евра, работите беа завршени на почетокот на минатата година, но пристапните патишта и потпорниот ѕид се урнаа.

Свет | пред 2 месеци

media-librarybv3jsb396h9087TQWyZ

Тешка несреќа во Србија: Четири лица загинаа во судир меѓу комбе и градежен валјак

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот меѓу Ириг и Рума во Србија, според првичните информации, загинаа четири лица, а три се повредени. До трагедијата дошло кога патничко комбе од засега неутврдени причини удрило во градежен валјак, пренесува „Телеграф“.Сцените од местото на настанот се морничави. Од силниот удар, комбето буквално се подвлекло под машината и останало целосно згмечено. На терен веднаш биле испратени повеќе екипи на итната помош, пожарникари и полиција.Акција за спасување и увидПожарникарите вложиле големи напори за да ги извлечат загинатите и повредените од уништеното возило. Според неофицијални информации, три лица биле извадени без знаци на живот. Сите повредени веднаш биле пренесени во болница.Полицијата врши увид за да го утврди точниот причинител што довел до оваа тешка несреќа.Сообраќајот е во прекинСообраќајот на овој дел од патот е целосно запрен за сите возила. На возачите им се препорачува до понатамошно известување да користат алтернативни правци.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања