Промени тема
Контакт

(Видео) Локални избори во три општини во Србија под сенка на насилство и тешки нерегуларности

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryidb1llg6mfnm9hWkxQj

Локалните избори во Неготин, Мионица и Сечањ денес се одбиваа и завршија во атмосфера обележана со напади, притисоци и сериозни пријави за изборни злоупотреби и нерегуларности.

Општините беа окупирани со лица кои не живеат во тие места, често криејќи се со качулки.

— реклама —

Видеата на социјалните мрежи и медиумите покажуваат дека изборите не беа слободни и демократски.

Граѓанската организација ,,Црта” ги повлече своите набљудувачи од Мионица по напад на нивниот мобилен тим, а истовремено полицијата на пат кон Неготин заплени палици, нож и бибер-спреј. Црта пријави и купување гласови во Сечањ.

— реклама —

Во Сечањ, полициски кордон потиснувал мирни граѓани од пред општинската зграда, додека во непосредна близина се наоѓале просториите на СНС. Зелено-левиот фронт објави дека маскирани напаѓачи поврзани со владејачката партија го нападнале нивниот пратеник Богдан Радовановиќ.

Движењето ,,Крени-Промени”, пријави бројни нерегуларности на речиси сите избирачки места, а како најтежок инцидент го посочија случајот кога гласач упатил смртна закана кон студентка – контролор.

— реклама —

Напнатата атмосфера беше придружена и со политички притисоци: покраинскиот секретар за урбанизам Немања Ерцег и неговиот помошник навредувале студент-набљудувач во Сечањ.

НУНС остро го осуди нападот врз фоторепортерот Гаврило Андриќ во Неготин, кој бил соборен и повреден од група лица при што му бил одземен телефонот. Набргу потоа следел физички судир помеѓу студенти и подржувачи на СНС, во кој, според снимките, бил присутен и владеачки функционер.

— реклама —

Изборниот ден, наместо демократски процес, го одбележа страв, насилство и системска злоупотреба, оставајќи сериозни сомнежи за регуларноста на гласањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

glasanje

Хаос на изборите во БиХ: Електронскиот систем создава проблеми низ целата земја

Балкан | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryqd9enneqj3gf7eUWO3k

Македонска државјанка обвинета во САД дека незаконски гласала на изборите во 2024 година

Македонија | пред 2 дена

media-library13rk50ip047kauqNvmH

Нови избори во Косово, Србија отворено ја поддржа Српска листа

Балкан | пред 3 месеци

media-library2b9jsevuo03q4b14Enr

Радев по првите резултати: Подготвени сме за стабилна влада

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања