СРБИЈА

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Трамп со ултиматум до Вучиќ: За три месеци целосно повлекување на русите од нафтената индустрија

Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, обзмами дека добиле известување од Владата на САД со кое се бара излегување на руската сопственост од Нафтената индустрија на Србија (НИС).„Всушност, на барање на НИС, за првпат, таа недвосмислено рече дека сака целосна промена на руските акционери, односно дека бара излез од сопственоста“, рече српската министерка.Министерката посочи дека државата е во момент кога можеби пред нив се некои од најтешките одлуки во модерната историја на Србија.„Геополитичката ситуација се менува од ден на ден и се надевам дека нашите руски пријатели ќе ја разберат сериозноста на моментот и ќе ни помогнат заедно да излеземе од оваа исклучително сложена ситуација. Ние, ниту виновни ниту обврзани, се најдовме во средината на политички и геополитички конфликт и како мала земја сега мора да платиме висока цена. И единственото нешто што го сакавме беше да бидеме фер и коректни кон сите наши партнери и сите наши пријатели“, рече Ѓедовиќ.Владата на Србија денес одржува состанок во на кој се поканети сите директори на јавни претпријатија.Санкциите беа воведени од САД поради мнозинскиот руски капитал во компанијата.Компанијата НИС ја информираше јавноста дека посебната лиценца на Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави, која овозможува непречено оперативно работење, не е продолжена, што го означи почетокот на примената на американските санкции против таа компанија.Американците сега бараат од Вучиќ целосно да ги повлече Русите од нафтената индустрија на Србија.

Свет | пред 2 месеци

media-librarybbnjia0dbp9r1AKuhri

За разлика од нив, здравјето и животот на сите ни се важни: идните медицинари бараат Дијана Хрка да го прекине штрајкот со глад

Студентите на Медицинскиот факултет во Белград упатија апел до Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан кој пред една година почина при падот на новосадската настрешница, да го прекине штрајкот со глад што трае веќе 14дена. Тие и порачаа дека сакаат таа да остане силна и присутна со нив.Во објава на Инстаграм, студентите изјавија дека се свесни за големата болка што ја носи Дијана и силата што ја покажува и покрај сè низ што поминала, додавајќи дека нејзината храброст, упорност и достоинство веќе станале симбол на борбата за правда.„Како идни лекари, но пред сè како луѓе, чувствуваме одговорност да ви се обратиме и да ве замолиме да го зачувате вашето здравје. Затоа ве замолуваме да го прекинете штрајкот со глад. Сакаме да останете со нас, силни и присутни, за да можеме заедно да ја продолжиме борбата што ја започнавте и која се однесува на секој граѓанин на оваа земја“, изјавија студентите на Медицинскиот факултет.Тие додадоа дека она што го бараат од неа не е нешто малку, сепак ја замолија да ги послуша.„За разлика од нив, здравјето и животот на секој поединец ни се важни. Ви благодарамиме мајко“, и порачаа на мајката на загинатиот Стефан.

Свет | пред 2 месеци

media-library8galdj3qt84meG8BSDm

Нов бран студентски протести се подготвува, но фокусот сега е на Дијана Хрка

Студентските блокади низ Србија продолжуваат да бидат симбол на отпорот против власта, но и покрај плановите за нов бран протести, акциите засега се одложени. Причината, велат студентите, е поддршката што во моментов ѝ ја даваат на Дијана Хрка, мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, која веќе неколку дена штрајкува со глад пред Собранието во Белград.„Имаме подготвен план за нови протести и ништо не е стопирано, само сме се пренасочиле на нешто што сега е поважно – да ѝ помогнеме на Дијана и да ја поддржиме во нејзината борба“, велат студентите од Универзитетот во Нови Сад.Иако за ноември биле предвидени неколку поголеми собири, тие се одложени до понатамошно известување. Како можен датум за следниот протест се споменува 29 ноември – денот кога минатата година започнаа блокадите на факултетите.Покрај барањето за предвремени парламентарни избори, студентите веќе подготвуваат и политичка програма и заеднички настап. „Списокот е готов, а сега ја оформуваме платформата која ќе ги обедини сите универзитети“, појаснуваат тие.Претставниците од Белград и Нови Сад истакнуваат дека конечна изјава или потврда за следните акции ќе има дури откако сите пленуми ќе се усогласат. „Нема одмор, нема пауза, само внимателно ги координираме чекорите. Хоровите се состануваат секојдневно, а наскоро ќе излеземе со заеднички план“, велат студентите.„Ќе има протести – тоа е сигурно. Само сакаме сите да застанеме зад ист датум и ист настап. Нашите барања остануваат исти, борбата продолжува“, додаваат тие.Последниот голем собир се одржа на 1 ноември во Нови Сад – датум што студентите го избраа во спомен на уривањето на настрешницата на железничката станица. На митингот учествуваа студенти од сите делови на Србија, меѓу кои и група од Нови Пазар кои пешачеа 16 дена за да пристигнат.Веднаш по митингот, Дијана Хрка започна штрајк со глад, што повторно ги обедини студентите, средношколците и граѓаните пред Собранието – во време кога Српската напредна партија одржуваше свој паралелен собир.

Свет | пред 2 месеци

media-library8galdj3qt84meG8BSDm

(Видео) „Нема да му простам на Вучиќ“ - мајката на загинатиот Стефан Хрка осми ден во штрајк со глад

Мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, Дијана Хрка, и денес го продолжува штрајкотот со глад пред српскиот Парламент, барајќи одговорност за смртта на нејзиниот син, кој почина при пад на натстрешница во Нови Сад.Хрка веќе осум дена престојува во шатор на улица, спиејќи на палети, откако не ѝ било дозволено да се приближи до Домот на Народното собрание, каде што првично планирала да протестира. Подрачјето го обезбедува полицијата, а во непосредна близина постојано има поддржувачи на владејачката Српска напредна странка (СНС), јавува Н1.Во изјава за медиумите, Хрка му одговори на претседателот Александар Вучиќ, кој претходно изјави дека е „подготвен да разговара со неа и дека неговата совест е чиста“.„На почетокот не ме повика директно, туку преку неговите медиуми. А потоа рече нешто што ме боцна во уши — ‘ме навреди, но ќе ѝ простам’. Го прашувам претседателот – тој нè навредува сите веќе една година, се закануваше дека ќе нè уништи. Нема да му простам. Нека размисли зошто ме повикува дури сега, по една година,“ изјави Хрка.Таа истакна дека ако Вучиќ навистина сака да разговара, треба да дојде пред народот и пред сите медиуми.„Ако се плаши од скандирање, тоа е негов проблем, а не мој. Тој ги собра луѓето што ги плаќа да бидат тука. Тоа се мафијаши, тоа се криминалци. И тој е повреден, а јас не сум?“ праша Хрка.Храброто мајчино сведоштво повторно го разбуди прашањето за институционалната одговорност и односот на власта кон граѓаните кои бараат правда. Таа порача дека нема да се откаже додека не ја дознае вистината за смртта на својот син.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryl9o3dme4gt1d4EKKAGu

Еден загинат и осум повредени во судар на автомобил и автобус во тешка сообраќајка во Србија

Едно лице загина, а осум се повредени во судир на автобус и патничко возило на патот Обреновац помеѓу Умка и Обреновац.Во директен судир помеѓу автобус и автомобил, возачот на автомобилот го загуби животот, а повредените со возило на брза помош беа префрлени во Ургентниот центар.Истрагата е во тек, а сообраќајот на тој дел од патот е забавен.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ подготвен за средба со мајката на загинатиот во Нови Сад: „Совеста ми е чиста, но не сакам политичка претстава

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ѝ порача на Дијана Хрка, мајката на младичот кој загина во трагедијата во Нови Сад и која веќе седум дена штрајкува со глад пред Народното собрание, дека е подготвен за разговор со неа, нагласувајќи дека совеста му е чиста.„Секогаш и во секој момент сум подготвен да ја примам или да ја посетам, но сакам разговорот да помине без политичка претстава и без инциденти“, рече Вучиќ.Тој додаде дека е претседател на сите граѓани и дека мора да биде подготвен да слушне и најтешки навреди, но и да разбере болка како нејзината.Вучиќ ја замоли Хрка да го прекине штрајкот со глад, предупредувајќи дека „никој не смее да си поигрува со своето здравје“.

Свет | пред 2 месеци

media-librarybbnjia0dbp9r1AKuhri

Поддршка од Северина за Дијана Хрка, мајката на загинатиот Стефан, која со штрајк со глад бара правда

Хрватската ѕвезда Северина за време на концертот во Загреб ѝ испрати поддршка на Дијана Хрка, мајката која загуби син во падот на настрешницата во Нови Сад и сега штрајкува со глад барајќи правда.Од почетокот на студентските протести во Србија, Северина отворено ги поддржува блокадите и испраќа пораки за поддршка на речиси секој концерт.Како што објави Нова.рс , таа ги потсети присутните дека во центарот на Белград, мајката на лицето кое почина по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад.Публиката одговори на ова со овации и громогласен аплауз.„На 400 километри источно од мене, има мајка која штрајкува со глад веќе пет дена. Се вика Дијана Хрка, а нејзиниот син Стефан почина под железничкиот надвозник во Нови Сад. Оваа мајка штрајкува со глад затоа што веќе една година бара вистина и правда. Ве молам, дајте ѝ силен аплауз. Дијана”, рече Северина.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-03-15-at-09.56.38

Почнува блокадата за Србија: Шведска e прва во ЕУ што ја скрати помошта поради корупција и непочитување на правото

Шведска стана првата европска земја што го ограничува финансискиот ангажман кон Србија, оценувајќи дека Белград не презема доволно чекори за борба против корупцијата и за почитување на владеењето на правото.Во соопштението на шведската влада се наведува дека дел од поддршката за државните институции ќе биде укината, а идната помош ќе биде насочена кон граѓанското општество и организациите што промовираат демократија и транспарентност.Од Стокхолм појаснуваат дека веќе подолг период ја следат ситуацијата во Србија и дека се забележува недоволна посветеност на реформите, особено во делот на почитувањето на основните слободи, меѓу кои слободата на изразување и независноста на медиумите.Шведска, како што додаваат, ќе продолжи да ги поддржува демократските процеси и невладините организации во Србија, но државните институции ќе се соочат со ограничен пристап до идните форми на меѓународна помош.Одлуката доаѓа по серијата настани што ја разнишаа српската јавност, меѓу кои и трагедијата во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога при уривање на бетонски покрив на железничката станица загинаа 16 лица, меѓу кои и две деца.Овој трагичен настан прерасна во едно од најголемите протестни движења во поновата историја на Србија, а за противниците на претседателот Александар Вучиќ стана симбол на корупцијата и злоупотребите што, како што тврдат, ја следат изградбата на големите државни проекти.„Ситуацијата во Србија се движи во погрешна насока – особено кога станува збор за растечката корупција и слабеењето на владеењето на правото,“ изјави Бенџамин Дуса, министер за меѓународна соработка и надворешна трговија на Шведска.Тој додаде дека земјите не можат да очекуваат поддршка од Стокхолм доколку не спроведуваат реални реформи.„Овие промени ги воведуваме токму затоа што не гледаме напредок во областите каде што тоа најмногу е потребно,“ нагласи Дуса.Реакција од БелградСрпското Министерство за надворешни работи соопшти дека „со жалење ја примило одлуката на Шведска“, тврдејќи дека земјата постигнала „мерлив напредок во многу области“.Во реакцијата се наведува дека оценките за реформските напори треба да се засноваат на факти и реални показатели, а не на, како што наведуваат, „политички наративи или медиумски толкувања“.

Свет | пред 2 месеци

municija-1

Вучиќ нуди муниција на Европа, Москва предупредува на можни последици

Српскиот лидер во интервју за германското списание „Цицеро“ објасни дека домашните залихи на муниција се големи и дека производството расте, особено кога станува збор за минофрлачки гранати. Тој посочи дека Србија може да понуди дел од таа продукција на европските пазари и дека нема да ја ограничува волјата на купувачите по понатамошната судбина на испорачаното оружје.Вучиќ истакна и дека официјална Белград останува формално воено неутрална, но нагласи дека економските интереси во одбранската индустрија доведуваат до зголемено производство и извози. Споменувајќи споредби, тој рече дека Србија произведува повеќе одредени видови муниција отколку некои западни земји.По неговата изјава стигна реакција од Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изрази загриженост и рече дека не сакаат оружјето произведено во „братска“ Србија да завршува против руски војници. Тој, истовремено, ја опиша ситуацијата во Србија како тешка поради надворешните притисоци и рече дека треба да се води сметка за проблемите со кои се соочува земјата.Аналитичари велат дека ваквата понуда ја отвора дилемата меѓу економските придобивки од одбранската индустрија и дипломатските ризици што произлегуваат од тргување со вооружување во регионот. Продажбата на муниција кон ЕУ би можела да предизвика политички реакции и да го сврти вниманието кон прашањата за контрола на дестинацијата на испораките.Во контекст на овие изјави, останува неизвесно дали и кои европски купувачи би го искористиле ваквиот потенцијален извор на муниција и какви гаранции или контролни механизми би побарале за да направат разлика помеѓу легални набавки и ризик од пренасочувања.

Свет | пред 2 месеци

media-librarybbnjia0dbp9r1AKuhri

Мајката на загинатиот Стефан: Ќе штрајкувам со глад до крај, ако треба да умрам, ќе умрам чесно

Мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, Дијана Хрка, која вчера започна штрајк со глад пред Собранието, спроти „Чациленд“ во Белград, изјави дека нема намера да се премисли.,,Кој го уби моето дете.Ако треба да умрам, ќе умрам чесно,“ порача Дијана.Бара од надлежните да го завршат случајот, сите да бидат процесуирани, сите да бидат сослушани.,,Не сум терорист, не сум криминалец, јас сум мајка која бара правда. Три дена ме прогонуваа, денес ме бркаа по автопат, но нема да се откажам. Сакам сите студенти кои се уапсени да бидат ослободени”, изјави мајката на Стефан кој загина пред една година при падот на настрешницата во Белград.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Ќе им излезам во пресрет на блокадерите, изборите ќе се одржат порано

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека студентите кои се во блокада, односно, како што тој ги нарекува, „блокадери“, негативно реагирале на неговото извинување за тешките зборови што ги упатил кон нив, бидејќи, како што рече, „така младоста, во револуционерен занес, истрчува пред да размисли“.„Моето извинување беше искрено, не затоа што сакав некому да се додворам, ниту затоа што, како што некои мислат, се исплашив, туку од желба да ја сменам атмосферата во општеството“, изјави Вучиќ.Тој додаде дека на „ирационални навреди понекогаш реагирал емотивно“, но дека знае да го признае тоа — за разлика од политичките противници. „Мојата рака е подадена кон оние кои мислат поинаку“, порача Вучиќ, истакнувајќи дека има свои идеи, но дека е претседател на сите граѓани.„Среќен сум што сè помина мирно и достоинствено“Тој исто така изјави дека ќе им излезе во пресрет на „блокадерите“ и дека парламентарните избори ќе се одржат предвреме, за што ќе одлучат надлежните институции.Говорејќи за вчерашното одбележување на годишнината од трагедијата во која загинаа 16 лица при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад, Вучиќ рече дека на врвот на собирот имало околу 40.000 луѓе, дека комеморација се одржала и во храмот Свети Сава во Белград, и дека е среќен што сè поминало „мирно и достоинствено“.На прашањето за апсењето на новосадскиот одборник Миша Бачулов, кој е обвинет дека се обидел да инсценира сопствено труење за да го обвини Вучиќ, претседателот на Србија изјави дека му е „скоро жал за тој човек, бидејќи помислил дека е важен“.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryea02q5vg3rkmdFiqKlg

На РТС, наместо пренос од комеморацијата за 16 те загинати одат филмови и музика

Многуилјаден народ од цела Србија, но и од други земји, во Нови Сад присуствуваат на комеморацијата за жртвите од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, која се случи пред една година. И додека ова е вест за некои домашни, но и странски медиуми, не е и за државната телевизија РТС. Уредништвото одлучило да не врши пренос.Јавноста остро ја осуди одлуката на РТС да не ја пренесува комеморацијата во чест на 16 жртви од трагичниот пад на настрешницата пред една година.РТС на своите програми емитуваше стари филмови и музички концерти, без да објават прилог од местото на настанот.Граѓаните, опозицијата и новинарските здруженија ја обвинуваат државната телевизија за цензура и игнорирање на настан од јавен интерес, со коментари дека ваквиот чин е ,,срам за јавниот сервис“ и дека РТС има законска обврска да известува за настани од значење за граѓаните. Ова, коментираат е политички притисок.

Свет | пред 2 месеци

media-library7n8nvk6q8nci5ubqTp3

Љутовац: Вучиќ ,,искрено”им се извини на сите „терористи“, „блокадери“ и „олош од дното”

Зоран Љутовац, опозиционен пратеник, на социјалните мрежи иронично го коментира извинувањето на претседателот Александар Вучиќ за се што направил за студентите и демонстрантите.,,Вучиќ искрено им се извини на сите „терористи“, „блокадери“ и „олош од дното ”.Додека претседателот им се извинувал на студентите и граѓаните кои ги навредил изминатата година, во исто време на неговиот телевизиски екран имаше пораки дека „блокадерите подготвуваат големо зло во Србија и дека сите се соочуваат со опасни негативци кои се подготвени”, напиша Љутовац.

Свет | пред 2 месеци

Marta-Kos

Кос: Трагедијата во Нови Сад ја менува Србија и ја приближува кон европските вредности

Комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, денеска по повод годишнината од падот на крошната на железничката станица во Нови Сад, изјави дека „таа трагедија ја менува Србија“.„Таа несреќа ги поттикна масите да се залагаат за одговорност, слобода на изразување и инклузивна демократија — истите вредности што ја водат Србија кон Европската унија“, порача Кос.Таа истакна дека сеќавањето на жртвите мора да биде потсетник за неопходноста од транспарентност и владеење на правото, но и доказ дека граѓанското општество во Србија има сила да бара промени.

Свет | пред 2 месеци

media-librarydqar7q8q51joaQJCYqs

(Фото и видео) Студентите и граѓаните во Нови Сад денес пишуваат историја

Денеска во Нови Сад ќе се одржи комеморативен собир пред железничката станица за да се обележи трагедијата на 1 ноември 2024 кога се урна бетонската надстрешница и загинаа 16 лица.Илјадници луѓе од Србија од вчера се во Нови Сад.Од Белград два дена пешачеа околу 4.000 студенти. Студентите од Нови Пазар пристигнаа по 400 километри пешачењеоктомври. Тие пешачеа од 16 октомври како дел од акцијата „16 дена за 16 жртви“ и веќе се во Нови Сад каде пристигнаа и нишките велосипедисти.Илјадници граѓани ги пречекаа на улиците со факели, огномет и извици, додека низ целиот град одекнуваа скандирања „Пумпај!“.Шеснаесет студенти во громогласна тишина, по полноќ положија 16 букети оддавајќи почит на трагично загинатите.Организатори на мирните протести се студентите кои во заедничко соопштение ја поканија јавноста на собирот. Се очекува собирот да биде мирен и комеморативен. Точно во 11:52 часот ќе биде одржана 16-минутна тишина во чест на 16-те жртви. Потоа ќе има кратки говори од студентски и граѓански организации.Големиот собир се очекува да започне вечерва.Организаторите нагласуваат дека собирот ќе биде мирен, без сирени и бучава.Сите возови во Србија се суспендирани поради наводни закани со бомби. Во Нови Сад, специјалните сили го уапсија опозицискиот политичар Миша Бачулов.Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се извини за се шти кажал за студентите и народот, ги повика оние што протестираат повторно на дијалог и рече дека денешниот ден кој е прогласен за Ден на жалост треба да биде ден што обединува, а не ден што разделува.Студентите и граѓаните не му веруваат, бараат оставка и избори.Иако по несреќата беа уапсени неколку лица, меѓу нив поранешни раководители на градската управа и изведувачи поврзани со реконструкцијата, судски епилог сè уште нема. Граѓаните и студентските организации сметаат дека државата не ја спроведува правдата доследно и дека одговорноста се одложува зад институционални процедури и политички калкулации. Денешните собири се најавуваат како повик не само за сеќавање, туку и за правична разрешница и поголема одговорност на системот.Пораката денеска ќе биде да не се заборави трагедијата, да се покаже солидарност кон семејствата на жртвите и да се потсети на одговорноста која сè уште не е преземена.Не е исклучена денес и не насилна реакција од дел дел од граѓаните приврзанци на Вучиќ и на полицита и жандереријата која во неколку наврати во изминатат година употреби прекумерна сила кон студентите кои протестираа.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања