Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Почнува блокадата за Србија: Шведска e прва во ЕУ што ја скрати помошта поради корупција и непочитување на правото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-03-15-at-09.56.38

Шведска стана првата европска земја што го ограничува финансискиот ангажман кон Србија, оценувајќи дека Белград не презема доволно чекори за борба против корупцијата и за почитување на владеењето на правото.

Во соопштението на шведската влада се наведува дека дел од поддршката за државните институции ќе биде укината, а идната помош ќе биде насочена кон граѓанското општество и организациите што промовираат демократија и транспарентност.

— реклама —

Од Стокхолм појаснуваат дека веќе подолг период ја следат ситуацијата во Србија и дека се забележува недоволна посветеност на реформите, особено во делот на почитувањето на основните слободи, меѓу кои слободата на изразување и независноста на медиумите.

— реклама —

Шведска, како што додаваат, ќе продолжи да ги поддржува демократските процеси и невладините организации во Србија, но државните институции ќе се соочат со ограничен пристап до идните форми на меѓународна помош.

Одлуката доаѓа по серијата настани што ја разнишаа српската јавност, меѓу кои и трагедијата во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога при уривање на бетонски покрив на железничката станица загинаа 16 лица, меѓу кои и две деца.
Овој трагичен настан прерасна во едно од најголемите протестни движења во поновата историја на Србија, а за противниците на претседателот Александар Вучиќ стана симбол на корупцијата и злоупотребите што, како што тврдат, ја следат изградбата на големите државни проекти.

— реклама —

„Ситуацијата во Србија се движи во погрешна насока – особено кога станува збор за растечката корупција и слабеењето на владеењето на правото,“ изјави Бенџамин Дуса, министер за меѓународна соработка и надворешна трговија на Шведска.

— реклама —

Тој додаде дека земјите не можат да очекуваат поддршка од Стокхолм доколку не спроведуваат реални реформи.
„Овие промени ги воведуваме токму затоа што не гледаме напредок во областите каде што тоа најмногу е потребно,“ нагласи Дуса.

Реакција од Белград

Српското Министерство за надворешни работи соопшти дека „со жалење ја примило одлуката на Шведска“, тврдејќи дека земјата постигнала „мерлив напредок во многу области“.
Во реакцијата се наведува дека оценките за реформските напори треба да се засноваат на факти и реални показатели, а не на, како што наведуваат, „политички наративи или медиумски толкувања“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryb2dmisgrus15c6MocoO

Ги кршеле прозорците за да ги спасат заробените возачи: Храбар потег на двајца полицајци во Белград

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library0kksmju1cupu42X2CeA

(Видео) Хаос во српското Собрание: Вучиќ доби опомена, Брнабиќ му се нафрли на претседателот

Настани | пред 1 ден

media-libraryl6ntqa18h8lu1EKSHMn

(Видео) Судот во Србија ја запре постапката против девет студенти кои беа уапсени по ланскиот протест, обвинителството се откажа поради недостиг на докази

Настани | пред 1 ден

media-library1r7mvc2p3au07CvDw3l

Студенската листа го избра Чупиќ за претседател на српското Собрание

Балкан | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања