СРБИЈА

media-libraryvalnce1o9tao7Tdnf1x

Српската опозиција се судри со „Чациленд“, полицијата интервенира, нереди пред српското собрание

Пред зградата на српското Собрание утрово повторно избувнаа тензии, откако полицијата ги спречи опозициските пратеници да влезат во парламентот. Дел од пратениците се обиделе да поминат низ импровизираниот камп „Чациленд“, повикувајќи се на вчерашното ветување на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ дека ќе има непречен пристап до институцијата.Инцидентот избил во моментот кога опозициските пратеници Ѓорѓе Станковиќ и Богдан Радовановиќ се обиделе да го отстранат шаторот поставен на скалите. Лицата од кампот реагирале бурно, по што следеле турканици и вербални напади. Полицијата веднаш интервенирала за да ја смири ситуацијата.Слични расправии се случија и вчера, кога до судири дојде меѓу учесниците во протестот и пратениците од движењето Србија центар (СРЦЕ) предводени од Здравко Понош.Опозициските партии бараат од Брнабиќ да се премести оградата поставена околу шаторите, со образложение дека се нарушува нормалниот влез во парламентот. Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека наскоро ќе излезе со иницијатива во врска со кампот, додека Брнабиќ вети дека во рок од два дена пратениците ќе можат непречено да влегуваат.Кампот „Чациленд“ е присутен пред парламентот повеќе од половина година. Првично никнал како студентска вик-форма под мотото „само сакаме да учиме“, но со текот на времето значително се проширил. Независните медиуми во Србија известуваат дека во кампот сè почесто се појавуваат групи блиски до власта, вклучително и агресивни лица кои се позиционираат како противтежа на студентските протести што се заострија по трагичната смрт на 16 луѓе во Нови Сад.

Свет | пред 2 месеци

media-library2ov5378spb5h7GdcQaM

Помош пристигнува од Будимпешта: „Унгарија нема да дозволи Србија да остане без енергетски извори“, порача Сијарто

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска допатува во Белград, каде што разговара со српските власти за начините на кои Унгарија може да ѝ помогне на Србија по прекинот на испораките на нафта од Хрватска. Тој ја соопшти целта на посетата во видео-порака објавена на неговиот профил на „Фејсбук“.„Србија е во тешка позиција. Ние, Унгарците, јасно, ќе им помогнеме на Србија и на српскиот народ и на српската економија, а деталите за оваа помош ќе ги разговараме денеска во Белград“, порача Сијарто во видеото.Посетата доаѓа само еден ден откако српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека рафинеријата НИС – која е под контрола на руски „Газпром“ – може да ја прекине работата за четири дена доколку САД не ги ревидираат новите санкции. Застојот во производството би можел да создаде сериозни проблеми со снабдувањето со нафтени деривати во пресрет на зимата.Вашингтон минатиот месец воведе санкции за НИС како дел од мерките против компании поврзани со Русија поради војната во Украина. Како последица на тоа, Хрватска го стопираше транспортот на сурова нафта кон Србија, оставајќи ја земјата во исклучително незавидна позиција.Сијарто уште во април најави дека е во подготовка проект за нафтовод кој би ја поврзал Унгарија со Србија. Според неговата изјава, оваа инфраструктура би можела да профункционира до 2028 година и да ги задоволува речиси сите српски потреби за сурова нафта, пренесувајќи четири до пет милиони тони годишно.Односите меѓу двете земји последните години значително се продлабочија, а Војводина, Белград и Будимпешта интензивно соработуваат, паралелно продолжувајќи да одржуваат блиски врски со Москва. Сијарто и Вучиќ се меѓу европските лидери кои најотворено соработуваат со Русија.Според агенцијата Танјуг, по средбата на министрите во Белград, шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ изјави дека темите на разговор вклучувале забрзување на изградбата на нови нафтоводи и гасоводи што треба да ја подигнат енергетската сигурност во Србија и Унгарија.„Јасно е дека во времето во кое живееме, не можеме да зависиме само од еден правец на снабдување... ако сакаме да создадеме добри економски услови, ова е услов без кој не може да се направи“, истакна Ѓуриќ.На заедничката прес-конференција, Сијарто повтори дека сите технички детали за унгарската поддршка ќе бидат финализирани во Белград и подвлече: Унгарија нема да дозволи Србија да остане без енергетски извори.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryecq0cmuegd2tbuoqeDA

(Фото) Студентката Ана Радовиќ исчезната на пат кон Белград: Службите трагаат по автомобил кој според очевидци паднал во езерото Меѓувршје

Дваесетгодишната студентка Ана Радовиќ од Златибор исчезнала на пат кон Белград, каде што живее и студира. Од домот тргнала сама, но никогаш не пристигнала на својата дестинација.Случајот е објавен на страницата „Исчезнати во Србија“, а службите во меѓувреме трагаат и по автомобил за кој очевидци пријавиле дека завршил во езерото Меѓувршје со две лица во него. Поради оваа дојава, вчера беше спроведена опсежна акција за пребарување на теренот.Последен пат Ана се јавила на својот брат додека се движела во реонот на Чачак.Младата девојка е висока околу 170 сантиметри и има светлозелени очи. Семејството и пријателите упатуваат апел до сите што располагаат со каква било трага да се јават на надлежните служби.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryejgrrcg1mngv5Fpf7RM

Обвинителката Пауновиќ прифаќа да биде на студентската листа: Ова е вистински момент за обединување

Пензионираната јавна обвинителка Јасмина Пауновиќ изјави дека би го прифатила повикот на студентите да се најде на нивната изборна листа, доколку ѝ биде упатен.Таа нагласува дека тоа би било „обврска на сите слободоумни луѓе кои го граделе својот живот, семејство и кариера во оваа земја“. Според неа, сега е вистински момент за обединување и за барање подобра иднина за младите.Пауновиќ оцени дека студентите треба да добијат поддршка „за да ја создадат Србија каква што ја посакуваат“.Таа додаде дека најважно е кандидатите да бидат луѓе што искрено се залагаат за подобра иднина, без разлика на тоа кој точно ќе биде на листата. Истовремено истакна дека верува во проценката на студентите, кои, како што рече, самите знаат да го препознаат квалитетот на луѓето што ги предложиле.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryflsi84ut9fc86cfNAnm

ЈО за организиран криминал на Србија: Не дозволуваме притисок, нема да бидеме сервис на политички интереси

Колегиумот на Јавното обвинителство за организиран криминал соопшти дека обвинителите со месеци се изложени на континуиран притисок преку јавни настапи на претседателот на Србија, како и на претставници на извршната и законодавната власт, политички актери и поединечни медиуми. Од таму порачаа дека нема да подлегнат на притисоци и дека ќе продолжат да постапуваат исклучиво согласно законските и уставните овластувања.Од Обвинителството наведуваат дека одлуките и постапките кои ги иницирале се коментираат на „недозволен начин“, со цел да се изврши влијание врз нивниот исход. Како особено проблематични ги наведуваат реакциите по отворањето на предметите познати како „Надстрешница“ и „Генералштаб“, каде што, според нив, по утврдувањето основи на сомневање за злоупотреби од страна на одредени министри, започнале медиумски напади и институционални опструкции.Во соопштението се тврди дека директорите на полицијата, Управата за јавни приходи и Управата за спречување перење пари ги повлекле дадените согласности за членовите на Ударната група и одбиле да достават докази или да преземат потребни дејствија, со што го забавиле и отежнале работењето.Колегиумот потсетува дека и претходно имало обиди за влијание во предметите „Јовањица“, „Шариќ“, „Ќурувија“ и други, преку изјави што, како што наведуваат, ја релативизираат тежината на делата и ја загрозуваат безбедноста на обвинителите. Дополнително, предупредуваат дека најавите за укинување на Обвинителството за организиран криминал и негово спојување со Вишото обвинителство во Белград претставуваат „отворен политички притисок“ и удар врз уставниот поредок.Како спротивен став ја наведуваат препораката на Европската комисија, која бара зајакнување на надлежностите на ова обвинителство.„Ова обвинителство не е и нема да биде сервис на политички интереси“, стои во соопштението, со повик до политичките актери да се воздржат од непримерни коментари и да го почитуваат уставниот принцип на самостојност на обвинителството.

Свет | пред 2 месеци

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вучиќ свика итен состанок за енергетската состојба, за провладините медиуми причина се проблемите со НИС

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во 17 часот свика итен состанок со енергетскиот тим поради, како што објави РТС, „актуелната состојба со компанијата НИС“. РТС остана без дополнителни детали, додека провладините медиуми проценија дека итноста на состанокот укажува на „можни лоши вести“ во врска со преговорите за НИС.Состанокот е закажан само неколку часа по средбата на Вучиќ со американските конгресмени Мајкл Тарнер и Доналд Норкрос. Претседателот на Инстаграм порача дека функционирањето на НИС и енергетската безбедност се од клучно значење за Србија, изразувајќи уверување дека отворените прашања наскоро ќе бидат решени.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryk5ihj9l073l9czr9KOG

Управник на зграда во Србија поднесе оставка по обвинувања за „фрлање црна магија“

Управник на станбена зграда ви Србија, поднесе неотповиклива оставка откако дел од станарите го обвиниле за дискриминација, вербални напади и дури „фрлање црна магија“. Фотографијата од неговото известување, објавена на платформата X, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.Во оставката управникот наведува дека станарите го обвинуваат за несоодветно однесување и дека во рок од десет дена треба да изберат негов наследник. Документот е потпишан со ироничната забелешка „Сосема обична оставка во Србија“.Иако оставките во станбените заедници најчесто се поврзуваат со недоверба или неисполнети обврски, во овој случај токму обвинението за „црна магија“ било пресудно да се повлече од функцијата.

Свет | пред 2 месеци

media-librarydk0af7rlrb8h0whcL8W

Србија урива рекорди: 10.000 евра за квадрат во „Белград на вода“, 66.000 евра за гаражно место

Цените на недвижностите во Србија во првата половина од 2025 година вртоглаво растеле и достигнале рекордни износи, покажуваат податоците на Републичкиот геодетски завод.Најскапиот станбен простор е продаден за 9.805 евра по квадрат на локацијата „Белград на вода“, а најскапата гаража на ,,Савски венац“ чини 66.000 евра.Во „Белград на вода“ е забележана и најголемата трансакција, стан е продаден за 1,8 милиони евра.Вртоглави цени и на куќите.Најскапата куќа е продадена за 3,8 милиони евра, а најскапото земјоделско земјиште за 1,2 милиони евра во општината Кула. Во Крагуевац, пак, најскапиот деловен простор достигнал вредност од 2,4 милиони евра.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryqaarju2to4cg7MmZSKE

Убиен водач на навивачката група на Партизан од Земун — Белград во состојба на зголемена безбедносна мобилизација

Млад маж, идентификуван како 23-годишниот Тадија Пантиќ од Земун, е убиен денеска околу 11:45 часот во Нов Белград. Според српските медиуми, двајца напаѓачи на скутер без регистарски таблички му се доближиле, се вратиле назад и пукале во него со рафален оган.Пантиќ бил погоден во главата и телото. Починал на самото место, зад трафика на булеварот „Арсенија Чарнојевиќ“, во близина на спортска обложувалница. Нападот го слушнале бројни минувачи, кои во паника се разбегале.На лице место брзо пристигнале екипи на Брза помош и полицијата, која веднаш го обезбеди просторот и започна увид. Подрачјето е покриено со голем број надзорни камери, кои веќе се анализираат.Според првичните информации, скутерот што го користеле убијците е пронајден подоцна запален на Вождовац.Семејството и пријателите на Пантиќ пристигнале веднаш по нападот. Неговата сестра, видно потресена, ги молела полицајците да ѝ дозволат да го види брат ѝ.Тадија Пантиќ важел за лидер на навивачката група на Партизан од Земун и претходно двапати бил мета на напади, кои ги преживеал.Поради убиството во Белград е активирана полициската акција „Вихор 3“, а интензивно се трага по напаѓачите.

Свет | пред 2 месеци

media-library6jkpnrge860hdvDDhB3

Студенти и граѓани се собираат пред ФДУ на годишнината од нападот: Пристигнаа и моторџии

Студентите од Факултетот за драмски уметности (ФДУ) ги повикаа сите граѓани да се приклучат на собирот пред факултетот. Денес се навршува една година од нападот врз студентите од страна на приврзаници на Српската напредна партија (СНС), додека студентите одаваа почит на настраданите во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.По собирот, присутните ќе започнат протестна прошетка. На местото на настанот пристигнаа и групи моторџии кои им дадоа поддршка на студентите.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ тврди: Во Сараево не носев пушка, туку статив за камера, првпат слушам за „Сараево сафари”

Новинарот Домогој Маргетиќ поднесе жалба до обвинителството во Милано против српскиот претседател Александар Вучиќ. Го обвинува дека бил вмешан во таканареченото „Сараево сафари“ или стрелање на цивили за плата за време на опсадата од 1992–1995 од страна на српските сили.Вучиќ негира каква било вмешаност во аферата наречена „Сараевско сафари“, додека гостуваше на кабелската телевизиска станица Информер, која важи за блиска до него. Тој ги отфрли обвинувањата дека учествувал во нешто такво, тврдејќи дека никогаш немал снајперска пушка или пушка и дека бил испратен во Пале исклучиво „како новинар“ затоа што „знаел англиски“.Коментирајќи ги написите во западните медиуми што го поврзуваат со „Сараевското сафари“, Вучиќ оцени дека станува збор за „посериозно организирана приказна“.„Не сум тужел ниту еден медиум за написи и лаги што ги објавиле за мене, но сега ќе ги ангажирам најдобрите адвокати во светот да ги тужам оние што имаат многу пари, од Гардијан, Дејли Меил и сите тие за невистини за учество во Сараевското сафари”, рече Вучиќ.Во последните денови, во неколку западни медиуми, Александар Вучиќ беше поврзуван со експедиции во кои богати странски туристи пукаа во луѓе со снајперисти за време на опсадата на Сараево.Веста стигна до медиумите по информацијата дека обвинителите во Милано започнале истрага против италијански туристи кои наводно платиле помеѓу 70.000 и 88.000 фунти за да пукаат во невини цивили за забава во град под опсада на воените и паравоените сили на босанските Срби.

Свет | пред 2 месеци

evra

Блиндирано возило со два милиони евра ограбено во Србија, комбето пронајдено запалено

Голем грабеж го потресе југозападниот дел на Србија, откако вчера попладне беше нападнато и одземено блиндирано возило што превезувало околу два милиони евра државни средства. Инцидентот се случил на подрачјето меѓу Рашка и Нови Пазар, а возилото подоцна било пронајдено целосно изгорено во местото Јабланица.Според првичните сознанија, обезбедувањето сопатувало на релација Крагуевац – Нови Пазар кога накратко застанале пред продавница. Во моментот кога едниот чувар влегол внатре, вооружен напаѓач се доближил до комбето и го принудил вториот член од обезбедувањето да го придвижи возилото. По триесетина минути, разбојникот го исфрлил чуварот и му го одзел службениот пиштол.Други извори во Србија објавуваат дека напаѓачите биле маскирани и дека со закана со оружје ги натерале обезбедувачите да го напуштат блиндираното возило. Кога полицијата пристигнала на местото, таму го затекнала само запаленото комбе – парите веќе ги немало.Според досегашните процени, разбојниците најверојатно побегнале кон Косово, каде акцијата би била потешко откриена.Полицијата го блокира поширокиот регион на Рашка и Нови Пазар и ги проверува сите патни правци. Во тек е прегледување на безбедносните камери по трасата, а истрагата разгледува и можност дека сторителите имале внатрешни информации за движењето на парите.Неофицијално, истражителите сметаат дека се работи за добро организирана група која го испланирала грабежот во детали, со цел да ги уништи трагите и да ја пресретне пратката токму во моментот кога била најранлива.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryb94jh16u27413SGCtCF

(Видео) Дијана Хрка по 16 дена го прекина штрајкот со глад, добила благослов од двајца свештеници

Дијана Хрка, мајка на младиот Стефан кој пред една година загина при уривање на настрешница во Нови Сад, по 16 дена го прекина штрајкот со глад пред српското Собрание.Таа рече дека добила благослов од двајца свештеници и повици од здравствени работници и студенти по медицинa за прекин на штрајкот и дека ги прифатила, но дека ќе остане пред српското Собрание.Европратеничката Ирена Јовева, со македонско потекло, вечерва ја посети Дијана.„Дојдов да ја изразам мојата поддршка“, и рече таа на Дијана Хрка.Собраните граѓани ја поздравија европратеничката со аплауз и извици „Браво“.

Свет | пред 2 месеци

mkd-355369

Трамп безмилосен кон сите што купуваат руска нафта: Најавените 500-процентни американски царини ја тресат српската економија

Србија се соочува со сериозен економски шок откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп најави воведување казнени царини од 500 отсто за секоја држава што посредува во купување или препродажба на руска нафта. Новиот американски пакет, оценуваат економистите, може значително да го наруши трговскиот модел на Белград и да создаде притисок што земјата одамна го нема почувствувано.Во своето обраќање, Трамп повтори дека Вашингтон сака да ги пресече сите финансиски канали што, според САД, му помагаат на Кремљ да ја продолжи војната во Украина.„Чув дека го прават тоа, и тоа е во ред за мене. Можеби ќе го додадеме и Иран, јас тоа го предложив“, порача тој во неделата, оставајќи простор за дополнително проширување на санкциите.Мерката, предложена од сенаторите Линдзи Греем и Ричард Блументал, предвидува 500-процентно оптоварување за сите секундарни трансакции со руска нафта и веќе собра поддршка од дури 85 сенатори. Во американските политички кругови се оценува како најостра економска алатка предложена во последните десет години.Иако примарно таргетира поголеми купувачи како Кина и Индија, сигналите се дека последиците неизбежно ќе ја погодат и Србија, која и понатаму има тесна енергетска и трговска врска со Москва.Посебна неизвесност создава и ситуацијата со Нафтната индустрија на Србија (НИС), по тоа што Белград го одби американскиот предлог за реструктуирање на компанијата. Според првичните процени, евентуалниот удар врз енергетскиот сектор може да се почувствува до крајот на годината. За сега, официјална реакција од српските власти нема.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Кризна состојба во Србија: Владата заседава секојдневно поради НИС

Во Палатата на Србија денеска се одржа вонредна седница на Владата на Србија, посветена на состојбата со Нафтената индустрија на Србија (НИС). Седницата ја водеше претседателот Александар Вучиќ, кој најави дека до следната недела мора да биде донесено конкретно решение за иднината на компанијата, во која доминантен сопственички удел имаат руски партнери.„До следната недела мора да донесеме одлука и да имаме решение за НИС. Се надевам дека азиските и европските партнери, со кои разговараат руските партнери, ќе прифатат да преговараат за сопственоста, што би значело дека можеме да го информираме ОФАК со заедничко писмо“, изјави Вучиќ.Тој додаде дека, доколку Русите не успеат да постигнат договор со своите партнери за цената, Србија ќе биде подготвена да понуди подобра цена за рускиот удел во НИС.Премиерот Ѓуро Мацут оцени дека Србија се наоѓа во кризна состојба од прв степен, додавајќи дека Владата ќе заседава секојдневно додека не се стабилизира состојбата. „Мораме да ја одржиме стабилноста на државниот систем, особено во јавните услуги и во сè што е поврзано со секојдневното работење. Ќе се состануваме секој ден, ова е кризна состојба од прв степен“, рече Мацут, пренесува РТС.Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, на седницата изјави дека, доколку биде потребен ребаланс на буџетот, Собранието ќе реагира брзо. Вучиќ се надоврза, велејќи дека е важно сите граѓани да ја разберат сериозноста на ситуацијата. „Гледам дека некои повикуваат на национализација, но нашата политика е поинаква – партнерска и пријателска. Со Руската Федерација ќе почекаме до последен момент и ќе им дадеме можност да ги продадат своите средства“, порача Вучиќ.Претседателот ги изнесе и моменталните оперативни резерви на Нафтената индустрија на Србија, нагласувајќи дека граѓаните нема причина за паника: 7.200 тони бензин, 33.000 тони дизел и 3.800 тони керозин. Покрај тоа, Српската армија располага со 15.000 тони керозин, а дополнителните државни резерви вклучуваат 50.340 тони бензин, 92.654 тони дизел, 8.128 тони течен нафтен гас, 84.000 тони сурова нафта, 188.000 тони дизел и над 68.000 тони мазут во стоковни резерви. „Имаме стабилни резерви и никој не треба да се грижи за авионите или снабдувањето со гориво“, рече Вучиќ.Претседателот му наложи на директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, да ги заврши заостанатите инфраструктурни проекти. „Да се заврши гасоводот до Ваљево, гасоводот Александровац–Тутин и делницата од Лесковац до Врање. Потребен ни е интерконектор со Северна Македонија, за да можеме да обезбедиме повеќе гас во иднина. Не ме интересира кој има нешто против тоа“, рече Вучиќ.Во завршницата, Вучиќ повтори дека Србија нема намера да презема еднострани мерки за национализација или заплена на имотот на НИС, туку ќе се обиде да најде партнерско и економски одржливо решение. „Нашата политика не е конфискација, туку партнерство. Србија ќе ја заштити својата енергетска стабилност, но и меѓународната соработка,“ заклучи претседателот.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања