Промени тема
Контакт

Вучиќ му одговори на Лавров: Ниту на сон не ни паѓа да му одземаме нешто на било кого

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека Белград нема намера да презема туѓ имот и дека Нафтената индустрија на Србија (НИС) мора да продолжи нормално да функционира. Тој истакна дека е подготвен да ги разгледа сите предлози на руската страна за да се обезбеди стабилно работење на компанијата.

„Сè што нашите руски пријатели сметаат дека можеме да направиме за НИС да продолжи да функционира, ние досега го правевме. Ќе го правиме и понатаму“, изјави Вучиќ, додавајќи дека решението „не е така едноставно како што звучи“, но дека Србија е подготвена да ги слушне сите конкретни идеи.

Изјавата следи по коментарот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој порача дека национализација на НИС не може да се случи без обострана согласност меѓу двете земји. Вучиќ повтори дека Србија не размислува за одземање имот.

— реклама —

„Ни на сон не ни паѓа да му одземаме нешто на било кого. Ќе направиме сè сопствениците да останат задоволни. А ако работењето стане невозможно, Србија ќе плати — како што доликува на сериозна држава“, нагласи тој.

Говорејќи за можноста да се најде решение кое ќе овозможи НИС да ја избегне изложеноста на американски санкции, Вучиќ оцени дека тоа би било „одлично“ доколку е остварливо, но предупреди дека процесот ќе биде сложен.

— реклама —

Тој додаде дека Србија нема да дозволи да остане без клучните енергетски капацитети: „Србија без нафта, без НИС и без рафинерија — тоа нема да се случи.“

— реклама —

Вучиќ посочи и дека меѓународните институции, како ММФ и Светската банка, прогнозираат силен економски раст во Србија во наредните пет години, но дека фокусот во моментов мора да остане на енергетскиот сектор.

Лавров претходно соопшти дека околу НИС е во тек преговарачки процес и повтори дека меѓувладиниот договор меѓу Србија и Русија изречно забранува национализација без взаемна согласност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

policiska-lenta-policija-srbija-960x639

21-годишник во притвор поради сомнение дека со нож ја убил мајка си во Нови Сад

Балкан | пред 19 часа

— реклама —
media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Трагедија во Нови Сад: 21-годишник ја убил мајка си

Балкан | пред 2 дена

media-library5u3g601o3at0cFS1heX

Србинот кој беше фрлен во море поради маица на Црвена звезда, заврши во затвор

Свет | пред 2 дена

media-libraryqlia6kne459ddl398Sj

Срдановиќ за дуелот со Вучиќ: Ќе разговараме со луѓе кои имаат што да кажат и знаат што зборуваат

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања