Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Вучиќ со жестока реакција по инцидентот со Ана Бекута во Чачак: Таа не бегаше и не се скри од теророт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-library3ptvpdfumpn1dsGDqEi

Српскиот претседател Александар Вучиќ со остра реторика реагираше по инцидентот во Чачак, каде што пејачката Ана Бекута беше гаѓана со снег за време на новогодишниот концерт, организиран на градскиот плоштад.

— реклама —

Во објава на социјалните мрежи, Вучиќ жестоко ги осуди граѓаните кои, како што наведе, „од чиста мира“ нападнале жена која, според него, „на секој од нив може да му биде мајка, баба или сестра“. Тој употреби навредливи квалификации за учесниците во протестот, нагласувајќи дека нема право јавно да ги изговори сите зборови што, како што рече, „народот би ги употребил“.

— реклама —

Претседателот посебно ја пофали Бекута за, како што оцени, нејзината храброст и одлуката да не го прекине настапот и да не се повлече од сцената.

— реклама —

„Таа не сакаше да бега, не сакаше да се крие и не дозволи теророт и дивјаштвото да ја натераат да се повлече“, напиша Вучиќ.

Инцидентот се случи во услови на сериозни временски непогоди во Србија, кога делови од земјата беа зафатени од обилни снежни врнежи, прекини во снабдувањето со електрична енергија и прогласена вонредна состојба во одредени општини. Дел од граѓаните изразија незадоволство што, во такви околности, од буџетот биле издвоени околу 40.000 евра за концертот на пејачката, што и беше повод за протестите за време на нејзиниот настап.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

operacija

Историски успех на српските неврохирурзи: Првпат применета нова метода при операција на мозочна аневризма

Балкан | пред 12 часа

— реклама —
media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Студентите во Србија најавуваат специјален суд и бараат оставки од најмоќните функционери

Балкан | пред 14 часа

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Лажни дојави за бомби во објектите на РТС, вработените се вратија на работа

Балкан | пред 1 ден

zmija-1

Питон пронајден во училишен двор во Белград, сопственикот тврди дека му испаднал од ранец

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања