Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ: Во регионот тивко се градат воени сојузи, Србија е под притисок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, предупреди дека во регионот се одвиваат сериозни процеси на вооружување и создавање воени сојузи, за кои, како што рече, државите-актери се однесуваат како ништо значајно да не се случува. Обраќајќи се на Амбасадорската конференција во Белград, организирана од Министерството за надворешни работи, Вучиќ истакна дека ваквите потези не се случајни и не се прават „заради музика и свечени говори“.

Тој укажа на средбите и договорите меѓу Приштина, Тирана и Загреб, како и на обидите овие воени иницијативи да се прошират со вклучување на други држави од регионот. Според него, станува збор за координирани чекори кои имаат јасна политичко-безбедносна цел, а не за симболични активности.

— реклама —

Вучиќ изјави дека на разговорите со генералниот секретар на НАТО и со претставници на Европската унија добивал само „кревање раменици“, без конкретни одговори или реакции.

Посебно алармантно, според српскиот претседател, е отвореното вооружување на Албанците на Косово од страна на САД и Турција. Тој наведе дека брзите испораки на вооружување, вклучително и хаубици од 105 милиметри, имаат една цел – директно загрозување на Србија, нејзиниот територијален интегритет и безбедноста на цивилното население и безбедносните структури.

— реклама —

Говорејќи за меѓународната позиција на Србија, Вучиќ изрази разочараност од односот на актуелната американска администрација, посочувајќи дека Белград не почувствувал позитивни промени, ниту кога станува збор за трговските тарифи, ниту за санкциите кон НИС. Тој додаде дека Србија, во тешки моменти, не добила вистинска поддршка ниту од Истокот, ниту од Европската унија.

— реклама —

Вучиќ порача дека Косово останува неотуѓив дел од Србија и дека државата ќе мора да продолжи со напорната дипломатска борба за отпризнавање на независноста на Косово. Тој ги повика српските амбасадори доследно да ја застапуваат државната политика и Уставот на Србија, без отстапки, без разлика на притисоците во земјите каде што службуваат.

Претседателот истакна дека Србија се соочува со нов бран меѓународни притисоци и признавања на Косово, зад кои, според него, стои влијанието на Турција и Саудиска Арабија.

— реклама —

Според Вучиќ, најголемиот и најтежок предизвик за Србија во наредниот период ќе биде зачувувањето на мирот и стабилноста. Тој оцени дека оваа цел, иако често звучи како фраза, станува сè потешка за остварување во актуелните геополитички услови.

На крајот, Вучиќ најави дека Србија мора значително да го зајакне своето дипломатско присуство во Азија, Африка, како и во Јужна и Централна Америка, нагласувајќи дека улогата на дипломатите денес не е само протоколарна, туку и активна – во креирањето и влијанието врз политиките на земјите домаќини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2gfqf9m4o7c7aGY3kLb

По изборниот успех, Студентската листа на средби со американски и руски дипломати

Балкан | пред 18 часа

— реклама —
media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 1 ден

media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 2 дена

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања