Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

СРБИЈА

279708115_5427770763920022_5993868853031655708_n

„Си беше еднаш во Србија“ има премиера во Македонија

Новиот српски филм на епохата – мелодрамата „СИ БЕШЕ ЕДНАШ ВО СРБИЈА“ на режисерот Петар Ристовски и авторот и продуцентот Звонимир Шимунец, во продукција на Ле Филм е романсирана приказна за еден град на југот на Србија кој од турска чаршија израснува во европско гратче и го добива епитетот „српски Манчестер“. Лесковачката драма во три чина „со среќен крај“ претставува омаж на прочуените лесковачки семејства и нивниот ненадминат претриемачки дух.Во центарот на приказната е девојка пред своето време, маркантната Зорка (Теодора Ристовски) која што Првата светска војна ја одвојува од вереникот Цоне (Виктор Савиќ), на кој му се губи секоја трага во виорот на војната.Таа по наговор на своите родители пристанува да се вери за друг, воениот лиферант Аќим Прокиќ (Радован Вујовиќ). Воените страдања, ранувањето и амнезијата Цуне го водат на другиот крај на светот – во Манчестер во кој тогаш цути индустријализацијата. По пет години немање никакви вести за него чаршијата го прогласила за мртов и го сохранила. Меѓутоа, тој во далечниот свет научил дека само низ црниот фабрички чад и тешка работа се стигнува до успех.Опиен со победата во војната и неповратно инфициран со „духот на слободата и напредокот“ Цоне се враќа во својот запуштен Лековац, со желба да го поврати угледот, но и својата стара љубов.Како Зорка ќе се справи со предрасудите на примитивната средина?На кого на крајот ќе му го подари своето срце?Кој од двајцата момци ќе биде поподготвен во деловните и животните битки погледнете во оваа мелодрама со елементи на комедија, која премиерно се прикажува од 02. мај во киното Cineplex во Скопје од 20 часот.Во филмот „СИ БЕШЕ ЕДНАШ ВО СРБИЈА“ играат и: Слобода Миќаловиќ,Виктор Савиќ, Немања Оливериќ, Радован Вујовиќ, Теодора Ристовски, Миодраг Мики Манојловиќ, Зоран Цвијановиќ и други.

Магазин | пред 3 години

nikolovski

Николовски од Белград: Република Србија за Северна Македонија ќе ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење

Денеска во Белград, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работен состанок со потрeтседателот на Владата на Република Србија и министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ. На состанокот е договорено во следните седум до десет дена Република Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење.„Во рамки на инструментите што ги овозможува иницијативата „Отворен Балкан“, со потпретседателот на Владата на Република Србија, Недимовиќ, договоривме во следните 7 до 10 дена Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење и да почне испораката за количините коишто се договорени помеѓу економските партнери помеѓу двете земји. Сите договори на нашите економски партнери од сите стопански комори ќе бидат реализирани. За договорените количини ќе биде испратено и писмо од претседателот на Владата на РСМ до премиерката на Р.Србија“, изјави министерот НиколовскиВо изјавата министерот Николовски порача граѓаните да бидат смирени, Северна Македонија ќе има доволно количини од овие стратешки култури.Николовски додаде дека максимално се работи и на изнаоѓање на алтернативни пазари за македонските производи.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања