ССМ

Screenshot-2025-04-01-at-12.02.51

Собранието да знае „Не може да има за пратениците, а не за работниците“, Владата „не може да се одлучува за работниците без работниците“ - синдикалците излегуваат утре на протест

Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот за синдикати на Македонија, кажа дека утре ќе одржат марш со кој ќе бараат подобрен животен стандард за работниците, преку покачување на платите. Упати порака до ВМРО-ДПМНЕ дека истите барања ќе ги има и да зема 60.000 плата, но и ако зема 300.000 денари плата. Маршот ќе започне во 12:05 минути„Нападите против лицата кои се раководство на Синдикатите здружени во ССМ нема да променат ништо“, рече Трендафилов.Тој рече дека пред Собранието ќе упатат порака: „Не може да има за пратениците, а не за работниците“.Пред Стопанската комора, ќе упатат порака: „Подадената рака од работникот денес, може лесно да стане стисната тупаница“Порака ќе има и до Владата: „Не може да се одлучува за работниците без работниците“.Според Трендафилов, политиките кои ги водат креаторите на политиките се против работниците.„Не ги зголемуваат платите, за да овозможат достоинствени плати на работниците, токму на оние од кои тие земаат плата“, додаде Трендафилов.Притоа, Трендафилов и порача на ВМРО-ДПМНЕ дека му е гајле што ти е мислат за него.„Работниците да го поддржат ССМ кој е единствен синдикат кој се бори за повисоки плати. Загрижува тоа што 250.000 работници примаат плати до 32.000 денари. 380.000 работници примаат плата под просечната плата. Нечовечкиот однос кон синдикалните претставници е повреда и на меѓународните конвенции на трудот. Дали ако го нема Слободан Трендафилов, дали ако го нема ССМ, сите ќе си жвееме среќно и весело? Владините функционери да ги симнат розевите наочари со кои гледаат во нивните скапи луксузни кабинети“, посочи Трендафилов.

Македонија | пред 10 месеци

protest-na-ssm

Европска и регионална поддршка за ССМ: Власта да ги тргне канџите од синдикализмот

Сојузот на синдикати на Македонија побара и доби поддршка од Европската и меѓународната конфедерација на синдикати. Се пожалија на организирано мешање во синдикатот од страна на власта, пред се на ВМРО-ДПМНЕ.Претставници на Европската конфедерација и од регионот дојдоа да дадат поддршка на барањето на ССМ.Велат, земја што не ги почитува синдикатите мора да биде повикана на одговорност. Македонија, како земја со аспирации за членство во европското семејство, треба да ги тргне канџите од синдикализмот бидејќи истиот е дел од вредностите на Европската унија.Зад ССМ застанаа и Самостојните синдикати на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, кои оценија дека минималната плата во Македонија е под секој минимум.,,Ќе се заложиме да обезбедиме никој да не одлучува наместо нас, без нас. Во одреден момент успеавме, во одреден момент не”, изјави Душко Вуковиќ, независен синдикат на Србија.Херцеговина.,,Ние донесовме заклучоци јавно да им дадеме поддршка на нашите колеги, синдикалци од Македонија, во однос на минималната плата, која е навистина толку ниска, што е под секој минимум”, изјави Душко Зарубица, генерален секретар на синдикати во Црна Гора.Од Европската конфедерација на синдикати излегоа со став дека ќе ја известат Европската комисија дека Владата врши притисок да не се зголемуваат платите и дека целиот случај ќе го стават под мониторинг.,,Дојдовме во Скопје да разговараме како да ги зајакнеме синдикатите, да ги застапуваме сите вработени и како да се бориме за подобри услови за работа. Низ Европа усвоивме директива за минимална плата. Оваа директива дава насоки за сите земји во Европа за тоа како да се утврди соодветна и правична минимална плата и како да се поддржи колективниот договор”, вели Теа Јарц, секретарка на Европската конфедерација на синдикати.На притисок одговараме со притисок, вели првиот синдикалец Слободан Трендафилов, посочувајќи дека пред работникот не смее да застане никој во спротивно ќе се соочат со моќта на синдикалното ехо.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-03-at-12.19.51

Трендафилов призна дека е пиун на СДС, ДУИ и Левица, за политичките барања на ССМ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Трендафилов со неговите лоши потези, за жал, го направи ССМ да биде партиски комисија на СДС, а тој самиот гласноговорник на истата“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Очајни се обидите на Трендафилов да глуми независен, кога самиот тој истакна дека се обединил со опозицијата за да нуди политички барања од нивно име преку ССМ.Прес-конференцијата која што ја одржа Трендафилов вчера е класичен пример на нервозен човек кој е откриен за заткулисните игри што ги прави, за коишто возвраќа на СДС кој го стави да биде прв човек на ССМ. Ова се има случувано и во минатото, односно, на СДС им стана практика да ставаат свои луѓе на позицијата претседател на ССМ.Барањата на ССМ и СДС се идентични, скоро и да немаат разлика, а проблемот е во тоа што тие предлози се нереални и политички, ќе создадат голема вештачка инфлација и парата нема да ја има истата вредност.Впрочем, видовме изминатите години како СДС на еден антидржавен начин ја урниса економијата.Трендафилов упати навреди и уцени кон власта и видно вознемирен од тоа што не му проаѓаат наметнатите политички предлози, истакна дека покачувањето на платите во образованието биле на штета на работниците.Нема друг синдикалец во светот кој е против повисоки плати, освен политички инструираниот на СДС, Левица и ДУИ.Владата предводена од ВРМО ДПМНЕ работи на подигнување на економскиот раст на државата, зголемување на платите во државата и отворање на нови работни места.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-06-at-16.36.30

Закани дека пак ќе го има ланското сценарио: Протести на 2 и 7 април доколку не се зголеми минималната плата

Синдикатот се закани дека може повторно да го гледаме ланското сценарио доколку Владата не прифати раст на минималната плата . На 2 и 7 април можно е работниците да излезат на улица.Ова го најави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов. Тој силно ги осуди политичките нападите врз ССМ.„Очекувавме Владата да има разбирање за покачувањето на платите, но наместо тоа добивме ниски удари и напади од политички структури. Да го напаѓаат ССМ и да кажуваат како се координирал со опозициски партии е смешно и трагично“, вели Трендафилов.„Јас не сум ниту на ВМРО- ДПМНЕ, ниту на СДСМ, Левица или ДУИ. Јас сум на работниците, се додека не стане некој друг. Не сум избран од потрчковци“, кажа претседателот на ССМ.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-03-at-12.19.51

Слободан Трендафилов како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Слободан Трендафилов како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ и додава:Слободан Трендафилов се однесува како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ?Подолг период наназад претседателот на ССМ делува во целост усогласено со партиските соопштенија на СДС.Тоа што СДС ќе го пласира како политичка теза, Слободан Трендафилов го презема како синдикално делување.Барањата на ССМ се барања направено во СДС.Усогласената политика помеѓу СДС и ССМ има некои подлабоки корени, а за тоа кои се тие, ќе откриеме на денешната пресконференција.Претходно:

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-03-at-12.19.51

Покачена минимална плата за 6.000 денари, државата да субвенционира работодавачи, бара ССМ: Ако бидат безобразни, ние ќе бидеме двојно побезобразни

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) велат дека ако некој се одлучи да биде безобразен, тие ќе бидат двојно побезобразни, барајќи минималната плата да се зголеми за 6.000 денари . Тие бараат работодавачите да бидат ослободени од плаќање на придонеси за дополнителното зголемување на платите на работниците.„До Владата, пратениците и претставниците на работодавачите ќе го доставиме следното: утврдување на минималната плата, донесување на одлука од страна на социјалните партнери за утврдениот износ на минималната плата да се зголеми за 6.000 денари. Тоа што предлагаме е дополнителното зголемување на платите во приватниот и јавниот сектор да се случат задолжително, а да бидат субвенционирани за делот на придонесите за разликата од законското усогласување на минималната плата до зголемувањето на минималната плата за 6.000 денари. Работодавачите да бидат субвенционирани за плаќање на придонесите за социјално осигурување во период најдолго за 12 месеци“, рекоа од ССМ.Според нив, минималните плати во регионот се од 400 до 800 евра.„Бараме на државата, на непредвидените приходи од придонесите за задолжително социјално осигурување, да се откаже на период од 12 месеци или да субвенционира за работодавачите во приватниот сектор, за да ги зголемат платите за стотина евра. Со тоа што ние ќе добиеме зголемени плати, ние нема да одиме во банка, за да ги штедиме парите кои ќе ги добиеме, туку да ги купиме најосновните прехранбени производи, кои се даночат со 5, 10, 18 проценти. Па така, минимум 15 проценти од овие зголемувања на плати ќе се вратат во буџетот“, рекоа од ССМ.„Во месец март, пензионерите за шест месеци добиваат 5.000 денари зголенување на нивните пензии, ние работниците кои ги плаќаме придонесите за задолжително социјално осигурување, заслужуваме повеќе“, додадоа од ССМ.Тие велат дека ако Владата или работодавачите го отфрлат предлогот, пратениците треба да искочат на нивото на задачата.„Наместо да земаат по 2.000 / 2.500 евра патни трошоци, да гласаат за платите на работниците да се зголемат за стотина евра, со ослободување од плаќање на придонесите. Денеска дојде време да бирате дали сте за или против работниците“, додадоа тие.

Македонија | пред 11 месец

WhatsApp-Image-2024-08-23-at-18.58.15

Борба за фотелја: Циркузијада пред ССМ

Поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски, по речиси седум години од смената, од нигде никаде се појави пред зградата на ССМ да држи прес конференцијаНа пресот му упадна актуелниот претседател на ССМ Слободан Трендафилов.Меѓусебно се обвинуваа кој повеќе се грижи за работниците.Екс претседателот го обвинуваше актуелниот дека ја замајува јавноста и ништо не презема за зголемување на минимслните плати, а со ССМ се прави невиден скандал.Трендафилов пак, тврдеше дека ССМ е репрезентативен синдикат и дека остануваат на барањето за зголемување на платите.,,Ние како чесни синдикалци ќе бараме зголемување на платите и ќе бараме врз основа со легитимните синдикати да направиме реален социјален дијалог со кој ќе утврдиме зголемување на платите на начин како што е утврдено во нашето законодавство, а не повикување на нешто што е спротивно на сите стандарди”, рече Митревски.Тврди дека е нелегитимно сменет од функцијата со решение потпишано од поранешната министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски.,,Мене ми е многу жал што претседателот Митревски се уште живее како да е 2017 година, кога бил сменет од функцијата. Од тогаш до денеска се поминати повеќе од шест години. Ние како ССМ остануваме на ставот дека платите во Македонија мора да се зголемат. Политичките памфлети, политичките напади врз претседател на ССМ, врз ССМ како организација, врз работниците ги отфрламе и сметаме дека се крајно несериозни”, рече Трендафилов.Митревски беше претседател на ССМ до 2017 година, цели седум години кога функцијата. со протести и големи тензии ја презеде Дарко Димовски.Синдикалните лидери цело време ронат солзи за правата на работниците, но сите сакаат да се долговечни во синдикалните фотелји.Зборуваат за туѓи плати, но не обелоденуваат колкави се нивните плати и привилегии.

Македонија | пред 1 година

290549097_559809492324002_4171402047334908446_n

ССМ денес на протест пред Министерство за труд и социјална политика

Oд 10 до 13 часот ССМ и денес ќе излезе на протест пред платото на Министерството за труд и социјална политика.Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) бара повисоки плати за 2 800 денари.Тие велат дека незадоволството на работниците во јавниот сектор е големо и дека вештината на работникот и капиталот мора да бидат изедначени.

Македонија | пред 3 години

290549097_559809492324002_4171402047334908446_n

(ФОТО) ССМ го блокираше влезот на Скопје

Ваква е моменталната состојба на влезот на Скопје во населбата Автокоманда, по блокадата од Сојузот на синдикати на Македонија.ССМ поставија шатори на самиот булевар, откако нивните барања не беа исполнети за покачување на платите и усогласување за 2806 денари.„Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека сите работодавачи треба да ги следат примерите од локално ниво каде што штрајкот е со успех и работниците го добиваат заслуженото и одработеното усогласување на платите за 2806 денари што е едно од главните барања и главна причина за штрајкот“, велат од ССМ.

Скопје | пред 3 години

SSM-696x419

ССМ денес пред Министерството за финансии

Сојузот на синдикати на Македонија го реализира најавениот генерален штрајк во јавниот сектор барајќи линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и враќање на правото за регрес на годишен одмор. Денеска, како што најавија од ССМ, во рамки на штрајкот ќе организираат протест пред Министерството за финансии.Вчера ССМ организираше протестен собир пред зградата на Владата, во рамки на активностите од генералниот штрајк.Синдикалците завчера за време на штрајкот поставија 120 празни столчиња пред Парламентот сакајќи да ги потсетат пратениците да го прифатат амандманот со кој се бара во ребалансот на Буџетот да бидат одвоени средства за линеарното зголемување на платите.

Македонија | пред 3 години

ssm-protest

ССМ на штрајк пред Собранието, поставија 120 столчиња, по едно за секој пратеник.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на првиот ден од генералниот штрајк, со кој работниците во јавниот сектор бараат поголеми плати, на булеварот пред Собранието утрово постави 120 столчиња, по едно за секој пратеник.Синдикалците бараат зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30 до 100 отсто од основицата.Пред Собранието свое обраќање имаше и претседателот на ССМ, Дарко Димовски, кој побара поддршка од народните претставнци за поднесениот амандман, како што рече, сега и веднаш, односно почнувајќи од 1 јули.„Тие пари ни се неопходни поради сè ова што ни се случува, двоцифрена инфлација, ценовни шокови, најавена енергетска криза и поскапување на струјата.Сите оние што нема да го поддржат ова наше барање во интерес на работникот, наше легитимно право како претставници на работниците е од нив да побараме оставка“, предупреди Димовски.„Ние сме ги избрале тие пратеници за да ги унапредуваат и чуваат нашите права и да ни излезат во пресрет сега кога ни е најпотребно. Другари пратеници, другари од власта, од локалната самоуправа, сериозно сфатете си ја работата, работникот денеска се бори за егзистенција“, нагласи претседателот на ССМ.Синдикатите утре протестот ќе го преселат пред Владата, каде што со 21 празно столче, за секој министер, ќе го блокираат сообраќајот на булеварот Илинденска.

Македонија | пред 3 години

SSM-696x419

ССМ за време на штрајкот во јавниот сектор ќе обезбедат расположив капацитет од 10% од вработените

Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека согласно со правилата за време на генералниот штрајк што го најавија во јавниот сектор за 22-ри месецов ќе обезбедат расположив капацитет од 10 проценти од вработените во овој сектор.Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ денеска на седница утврдува правила за производно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк.-Сојузот на синдикатите на Македонија најави генерален штрајк во цел јавен сектор. За жал, до денеска кога се одржа седница на Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ иако има законска обврска, работодавачот согласно ЗРО нема доставено предлог за заедно со синдикатот спогодбено да се подготват и донесат правила за производно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк, наведува ССМ во соопштение.Сојузот на синдикатите на Македонија, дополнуваат оттаму, имајќи во предвид дека води сметка и во сложени услови на генерален штрајк да бидат запазени правилата со цел за вршење на работите кои се неопходно потребни заради спречување на загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните (нужни работи), на денешната седница, Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ утврдува правила за производно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк.Минимум од процесот на работа за овозможување обновување на работата по завршување на штрајкот (производно одржувачки работи), односно со цел за вршење на работите кои се неопходно потребни заради спречување на загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните (нужни работи) се:-за извршување на административно технички работи со расположлив капацитет од 10 проценти од вработените во јавен сектор-заради спречување на загрозување на животот со 10 проценти од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со механизацијата и основните средства-заради спречување на загрозување на личната сигурност со 10 проценти од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со механизацијата и основните средства-заради спречување на загрозување на здравјето на граѓаните со 10 проценти од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со основни средства минимум непречено извршување на функциите за да не се попречуваат итните постапки-Вработените во јавен сектор покрај тоа што ќе штрајкуваат со прекин на работниот процес на своите работни места во работно време, видливо од 10 до 11 часот ќе застанат и надвор пред просториите на работодавачот. Правилата за работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк се однесуваат за цел јавен сектор, а вработените во јавниот сектор да се придржуваат кон вака утврдените правила. Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ е во постојано заседавање и за сите промени навремено ќе информира, најавуваат од ССМ.Штрајкот, како што соопштија претходно, се организира за заштита на економските и социјалните права и остварување на барања од работен однос – склучување општ колективен договор за јавен сектор со утврдено зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари во нето износ, согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Службен весник од 24 февруари 2022 година и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30 до 100 проценти од основицата.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања