Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ССМ за време на штрајкот во јавниот сектор ќе обезбедат расположив капацитет од 10% од вработените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
SSM-696x419

Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека согласно со правилата за време на генералниот штрајк што го најавија во јавниот сектор за 22-ри месецов ќе обезбедат расположив капацитет од 10 проценти од вработените во овој сектор.

Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ денеска на седница утврдува правила за производно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк.

— реклама —

-Сојузот на синдикатите на Македонија најави генерален штрајк во цел јавен сектор. За жал, до денеска кога се одржа седница на Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ иако има законска обврска, работодавачот согласно ЗРО нема доставено предлог за заедно со синдикатот спогодбено да се подготват и донесат правила за производно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк, наведува ССМ во соопштение.

Сојузот на синдикатите на Македонија, дополнуваат оттаму, имајќи во предвид дека води сметка и во сложени услови на генерален штрајк да бидат запазени правилата со цел за вршење на работите кои се неопходно потребни заради спречување на загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните (нужни работи), на денешната седница, Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ утврдува правила за производно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк.

— реклама —

Минимум од процесот на работа за овозможување обновување на работата по завршување на штрајкот (производно одржувачки работи), односно со цел за вршење на работите кои се неопходно потребни заради спречување на загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните (нужни работи) се:

-за извршување на административно технички работи со расположлив капацитет од 10 проценти од вработените во јавен сектор

-заради спречување на загрозување на животот со 10 проценти од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со механизацијата и основните средства

— реклама —

-заради спречување на загрозување на личната сигурност со 10 проценти од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со механизацијата и основните средства

-заради спречување на загрозување на здравјето на граѓаните со 10 проценти од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со основни средства минимум непречено извршување на функциите за да не се попречуваат итните постапки

— реклама —

-Вработените во јавен сектор покрај тоа што ќе штрајкуваат со прекин на работниот процес на своите работни места во работно време, видливо од 10 до 11 часот ќе застанат и надвор пред просториите на работодавачот. Правилата за работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк се однесуваат за цел јавен сектор, а вработените во јавниот сектор да се придржуваат кон вака утврдените правила. Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ е во постојано заседавање и за сите промени навремено ќе информира, најавуваат од ССМ.

Штрајкот, како што соопштија претходно, се организира за заштита на економските и социјалните права и остварување на барања од работен однос – склучување општ колективен договор за јавен сектор со утврдено зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари во нето износ, согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Службен весник од 24 февруари 2022 година и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30 до 100 проценти од основицата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Наместо пензија, ќе работиме до крајот на животот?, прашува Трендафилов и бара пензија по 40 години стаж за мажи и 35 за жени

Македонија | пред 3 дена

SSM-696x419

ССМ: За четиричлено семејство потребни се над 68.000 денари, храната „голта“ третина од семејниот буџет

Македонија | пред 3 седмици

SSM-696x419

ССМ: Македонија повторно меѓу најлошо рангираните земји за работнички права

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo1rmu63iposg6MNYk97

За живот на четиричлено семејство во мај потребни речиси 69.000 денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања