Промени тема
Контакт

Синдикатите бараат ограничување на работата на отворено поради високите температури

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
SSM-696x419

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) апелира до работодавачите доследно да ги почитуваат мерките за безбедност и здравје при работа поради најавениот топлотен бран, со цел да се заштитат животот и здравјето на работниците.

Од ССМ бараат да се намали или, каде што е можно, да се прекине работата на отворено во најтоплиот дел од денот, како и да се обезбедат сите неопходни услови и средства за безбедно извршување на работните задачи.

— реклама —

Воедно, потсетуваат дека треба да се применуваат препораките за заштита од високи температури објавени од Институтот за јавно здравје, со посебно внимание кон постарите работници, хронично болните лица и бремените работнички.

„Здравјето и животот на работниците во услови на екстремно високи температури се од исклучителна важност. Заедничка обврска е да го зачуваме нивното здравје, бидејќи тие се двигатели на општеството“, порачуваат од ССМ.

— реклама —

Синдикатот ги повикува работодавачите да ги третираат работниците како свои партнери и да ги почитуваат нивните права, а работниците да ги применуваат мерките за безбедност и здравје при работа.

— реклама —

Доколку овие права не се почитуваат, ССМ ги охрабрува работниците да го пријават случајот кај својот синдикален претставник, претставникот за безбедност и здравје при работа, Државниот инспекторат за труд или директно до Сојузот на синдикатите на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

k15

Над 84 илјади денари за основен живот: Киријата драстично го зголемува семејниот буџет

Македонија | пред 4 дена

market-pari

„И покрај малото намалување на минималната кошница, животот и натаму чини речиси 68.500 денари месечно“, велат од ССМ

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Наместо пензија, ќе работиме до крајот на животот?, прашува Трендафилов и бара пензија по 40 години стаж за мажи и 35 за жени

Македонија | пред 1 месец

SSM-696x419

ССМ: За четиричлено семејство потребни се над 68.000 денари, храната „голта“ третина од семејниот буџет

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања