Промени тема
Контакт

ССМ: За четиричлено семејство потребни се над 68.000 денари, храната „голта“ третина од семејниот буџет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
SSM-696x419

На едно четиричлено семејство во Македонија во јуни му биле потребни најмалку 68.654 денари за покривање на основните месечни трошоци, покажуваат најновите податоци за синдикалната минимална кошница што ги објави Сојузот на синдикати на Македонија.

Доколку семејството живее под кирија во стан од 60 квадратни метри, потребната сума значително се зголемува и достигнува 84.024 денари месечно.

Во споредба со мај, кога минималната кошница изнесуваше 68.742 денари, во јуни е регистрирано симболично намалување од 88 денари.

— реклама —

Најголем товар за семејниот буџет и понатаму претставуваат храната и пијалаците, за кои се потребни 25.120 денари или 36,6 проценти од вкупните трошоци.

— реклама —

Втора најголема ставка е образованието, за кое се издвојуваат 7.192 денари, односно 10,5 проценти од буџетот. За облека и обувки се потребни 6.511 денари, додека за режиски трошоци, како струја, вода и греење, се предвидени 6.379 денари.

Според пресметките на ССМ, за рекреација и култура се потребни 5.592 денари, за транспорт 5.089 денари, а за ресторани и хотелски услуги 4.131 денар месечно.

— реклама —

Најмал удел во семејната кошница имаат трошоците за комуникации, здравје, лична хигиена и останати стоки и услуги.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

k15

Над 84 илјади денари за основен живот: Киријата драстично го зголемува семејниот буџет

Македонија | пред 3 часа

SSM-696x419

Синдикатите бараат ограничување на работата на отворено поради високите температури

Македонија | пред 2 седмици

market-pari

„И покрај малото намалување на минималната кошница, животот и натаму чини речиси 68.500 денари месечно“, велат од ССМ

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Наместо пензија, ќе работиме до крајот на животот?, прашува Трендафилов и бара пензија по 40 години стаж за мажи и 35 за жени

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања