ССМ

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Трендафилов: Доколку минатата година не тераа инат, денеска работниците ќе имаа за 6000 денари зголемување на нивните плати

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска изјави дека егото на владини претставници го блокира зголемувањето на платите на работниците. Тој додава дека минатата година работодавачите биле подготвени да ги зголемат платите на работниците за најмалку 6.000 денари, доколку Владата привремено се откажеше од придонесите. Сепак, поединци во Владата одбиле да дозволат такво олеснување, веројатно со цел да ја претстават Владата како институција која води најсиромашни работници и најсиромашна држава во Европа.„Доколку минатата година не тераа инат, денеска работниците ќе имаа за 6.000 денари повисоки плати, а буџетот ќе добиеше дополнителни над 10 милиони евра месечно, односно над 120 милиони евра годишно. Наместо тоа, Владата продолжува со задолжување кое ќе ги плаќаат следните генерации“, изјави Трендафилов.Тој апелираше до бизнис секторот да ја прифати „подадената рака“ кон работниците и да ја принуди Владата да застане на страната на вработените и деловниот сектор. Во спротивно, Трендафилов предупреди дека ССМ ќе премине на следните фази на притисок – блокади, протести и Генерален штрајк, а последиците и одговорноста ќе бидат на владиниот сектор.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryd859ep56vob669Mwqus

Трендафилов: Мицкоски не дојде во ССМ, се потврди дека не им е приоритет зголемувањето на платите

Во 9 часот во Сојузот на синдикатите на Македонија го чекавме претставникот на Владата да дојде и да потпишеме Спогодба за утврдување на висината на минималната плата во бруто - износ започнувајќи со исплатата за месец февруари 2026 година со која минималната плата се зголемува на 600 евра во нето, а останатите плати се зголемуваат за најмалку 6000 денари, објави на социјалните мрежи претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.„Но, не се проблем само овие плати, проблем се ниските плати кои се поголем број на работници ги примаат и затоа веднаш мора да се зголемат останатите плати за најмалку 6.000 денари и да се зголеми минималната плата на 600 евра !Денеска, паднаа маските, се разобличија лагите кои претставникот на Владата ги изјавуваше изминатите денови за да створат сомнеж кај работниците, денеска не дојде како што го поканивме, денеска тие имаа други приоритети, а се потврди дека не им е приоритет зголемувањето на работничките плати ниту зголемување на минималната плата, ниту зголемување на останатите плати.Но, мала криза и одма почнаа да наддаваат со зголемување на работничките плати, па така за борбата што ја водеше Синдикатот на УПОЗ скоро една година, за она што протестираа работниците во управата, она што тие од Владата одбиваа да го направат, денеска зборуваат дека ќе го прават.Добро е што претставникот на Владата по големиот работнички протест го прифати предлогот на Синдикатот на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството, а требаше веднаш и без одлагање да го потпишат колективниот договор.Се потврди дека само зборуваат, а не делуваат, денеска требаше да ги зголемат и платите на вработените во управата за 40 %, но не се појавија на потпишувањето на спогодбата и на колективните договори, бегаат од одговорноста, како што бегаат цела 2025 година.Дополнително, работниците во јавниот сектор треба да знаат дека барањето за укинување на одредбите од Општиот колективен договор во делот за пресметка на плата (просечна плата по коефициент за сложеност) иста како на функционерите, значи намалување односно откажување од работничките плати за x(12,6%) + y(9,2%) = z(21,8%) за 130.000 работници во јавниот сектор или во парички, да им земат 3 парички на работниците, а да им дадат 1 паричка што е недозволиво.Дополнително, барањето на поединци за укинување на Општиот колективен договор значи вработените да останат без јубилејни награди, без К-15 (образование, здравство, одбрана, полиција и др.), без додатоци за плата кои беа зголемени со Општиот колективен договор за јавен сектор.Го поставуваме прашањето дали оваа Влада не само што не сака да им даде зголемување на платите на работниците, туку сака да им земе се на работниците “, се вели во објавата.

Македонија | пред 1 седмица

trendafilov

Манасиевски: Трендафилов јавно призна дека СДС и Левица стојат зад протестите на ССМ

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски изјави дека претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, јавно признал дека зад протестите на ССМ стојат политичките партии СДС и Левица.Манасиевски посочи дека во телевизиско гостување, на Трендафилов му се „измакнала изјава“ во која рекол дека „сите се здружиле против оваа влада“, што, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува директен доказ за политичка позадина на синдикалните активности.„Ова е првпат Трендафилов јавно да признае вакво нешто. Со таа изјава се потврдува дека протестите на ССМ не се автентична борба за работнички права, туку дел од политичка агенда на СДС и Левица“, рече Манасиевски.Тој обвини дека раководството на ССМ, по насока на овие партии, ќе направи сè за да не се прифати новиот колективен договор, со кој, како што наведе, минималното зголемување на платите во јавната администрација од април годинава би изнесувало 3.580 денари, а просечното зголемување над 6.000 денари, односно повеќе од 100 евра.Манасиевски потсети дека понудата за зголемување на платите до 40 проценти не е нова и дека постои уште од минатата година, но, според него, токму поради политичка соработка со СДС и Левица, ССМ одбива да ја прифати.„Кога СДС ја испразни државната каса и ја остави државата во длабок минус, Трендафилов и ССМ молчеа. Тогаш не бараа повисоки плати, што дополнително покажува дека нивното делување е политички мотивирано“, истакна Манасиевски.Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не ветувала чуда, туку работа и конкретни резултати, потсетувајќи на зголемувањата на платите во образованието, здравството, полицијата, одбраната и социјалната сфера. Според него, истата политика ќе продолжи и во јавната администрација, како и со поддршка на приватниот сектор за зголемување на платите.„Никој не тврди дека состојбата е идеална, но вистината мора да се каже. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сè што е во нејзина моќ за да го подобри животниот стандард на граѓаните“, порача Манасиевски.

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците.

Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната, е единствениот синдикалец на светот кој е против поголеми плати за работниците и е политичка маша на СДС, ДУИ и Левица, вели ВМРО-ДПМНЕ.„ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците.Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците.ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа.Трендафилов е политичка марионета на СДС, а доказ за тоа е што договорот кој тој лично заедно со екс министерката за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДС, Јованка Тренчевска го потпишале е истечен, со што се отвора можност за нов колективен договор, за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40% повисоки плати за 2 години.Иако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ понуди конкретно и јасно решение, 40% зголемување на платите на административните службеници во следните две години преку нов колективен договор, ССМ и Слободан Трендафилов одбија да го прифатат предлогот, оставајќи ги работниците без повисоки примања.Одбивањето да се потпише нов колективен договор, иако стариот е истечен, јасно покажува дека кај ССМ нема волја за подобрување на стандардот на работниците.Трендафилов е политичка марионета на СДС, ДУИ и Левица“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Сојузот СДС, Левица и ССМ и нивните намери се разоткриени, само глумат грижат за работниците и затоа вечерва на протест собраа едвај илјада лица

Вечерашниот протест организиран од Сојузот на синдикати на Македонија, заедно со СДС и Левица, покажа дека нивната поддршка за работничките права е ограничена. На улиците се собраа околу 1.000 лица, а наместо да седнат на маса и да договорат конкретни решенија, тие ги избраа протестите како единствен начин на делување.Според ВМРО-ДПМНЕ, истите политички партии и нивните синдикати одбија понуда за покачување на платите од 40 проценти во рок од две години, што ја доведува во прашање нивната искрена грижа за работниците. Лидерот на СДС и нивните сојузници, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ја глумат загриженоста, додека реално не преземаат конкретни чекори за подобрување на животниот стандард.ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека доследно се грижи за стандардот на живот на граѓаните и останува посветено на поддршка на сите кои бараат достоинствени плати и подобри услови за работа.

Македонија | пред 2 седмици

media-library766t4gkq2op60SlthRO

Петрушевски: ССМ водат политика и прават неосновани протести

„Синдикатот одби 40% зголемување на платите во рок од 2 години, нешто коешто беше понудено од Владата, нешто коешто го изјави јавно и премиерот. Зошто? Затоа што нивната борба не е за повисоки плати, нивната борба е да наштетат на Владата. И тоа граѓаните мора да го знаат. Ова раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија, не се бори за поголеми плати на работниците, туку напротив, игра политичка улога под палката на СДС за да и наштети на Владата“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.Пратеникот Петрушевски посочи дека ССМ не го поздравил досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа и нагласи дека  протестот којшто се одржа од страна на ССМ не е затоа  што нивен приоритет се работниците, работничките права и работничките плати, туку дека нивен приоритет е политиката.„Владата е медијатор, го има оформено Економско-социјален совет, разговара со синдикатите, разговара со работодавачите, меѓутоа конечниот договор, согласно закон, согласно досега воспоставена пракса мора да биде постигната помеѓу работодавачите и синдикатите. Меѓутоа, ССМ кој што денес протестира, наместо да преговара, наместо да разговара со работодавачите, наместо да ги пофали оние зголемувања на плати коишто досега се постигнати во здравство, образование итн., и да си ја работи работата за којашто всушност постои, ССМ водат политика и прават неосновани протести, претходно одбивајќи 40% зголемување на платите“, дециден е Петрушевски.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarym8e3lj8k1i3281OutpU

(Видео) „Нас денес тука нѐ собра маката, празните фрижидери, а не политиката“, порачаа работниците од пред Владата

Работниците се обратија до Владата, порачаа дека нема да отстапат од барањето за 600 евра минимална плата.Пред нивната зграда, посочија дека дошле поради празните фрижидери и маката, а не политиката.Целиот говор, гледајте го тука:

Настани | пред 2 седмици

media-library1vit86eidgspdrMolLA

(Видео) „Уа“, „лопови“ се извикува за Владата на протестот на работниците кои бараат 600 евра минимална плата

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска од пред Собранието упати остра порака до носителите на јавни функции, најавувајќи блокади, генерален штрајк и директни законски иницијативи доколку не се прифати барањето за зголемување на минималната плата. Обраќањето беше на протестот за поголеми плати. Работниците извикуваа „уа“, „лопови“ за Владата.Трендафилов најави дека синдикатите ќе започнат собирање најмалку 10.000 потписи за да станат овластен предлагач на закон со кој ќе се побара намалување на платите на функционерите за 80 отсто.„Ќе следуваат блокади и генерален штрајк. И ќе следува тоа што вас највеќе ве боли – ќе собереме 10.000 потписи со кои ќе станеме овластен предлагач и ќе бараме за 80 отсто да ви се намалат вашите плати. Доколку не ја зголемите минималната плата, доаѓаме по вашите плати“, изјави Трендафилов, обраќајќи им се директно на пратениците и функционерите.Тој порача дека барањето на синдикатите е јасно и недвосмислено – минималната плата да изнесува 600 евра, а сите останати плати да се зголемат за најмалку 6.000 денари.„Ќе ве ставиме на тест – дали ќе гласате за себе или за луѓето кои ве избрале. Ќе гласате ли за сопствениот луксуз или за работниците кои со својот труд и даноци ви ги обезбедуваат платите?“, рече Трендафилов.Тој предупреди дека доколку пратениците не ги поддржат работничките барања, ќе дојдат други пратеници кои ќе гласаат за зголемување на платите на работниците, а сегашните ќе завршат „на другата страна на оградата“.„Нема да се откажеме. Нема да дозволиме да си играте со работничката пот од чии даноци земате плата“, порача претседателот на ССМ, најавувајќи продолжување и радикализација на синдикалните активности.

Настани | пред 2 седмици

media-libraryt77ev5v0d7d59kRp06P

Манасиевски тврди дека синдикатите блокирале значајно покачување на платите во администрацијата

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изнесе обвинувања на сметка на Сојузот на синдикатите на Македонија и неговиот претседател Слободан Трендафилов, тврдејќи дека тие одбиле предлог за зголемување на платите во администрацијата за 40 отсто во период од две години, на штета на работниците.Според Манасиевски, предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предвидувал значително зголемување на платите за административните службеници преку нов колективен договор, но истиот бил одбиен од раководството на ССМ. Како причина, тој наведува дека синдикалното раководство не сакало да го потпише новиот колективен договор, иако претходниот, потпишан со поранешната министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, веќе истекол.Манасиевски оцени дека со ваквиот потег, ССМ и Трендафилов ги оставиле работниците „на цедило“, обвинувајќи ги дека се политички мотивирани и блиски до СДСМ. Тој посочи дека Трендафилов, како што рече, е гласен кога СДСМ е во опозиција, но бил тивок во периодот кога таа партија била на власт.Во изјавата, Манасиевски истакна и дека ССМ досега не ги поздравила колективните договори во образованието и здравството, ниту зголемувањата на платите во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и центрите за социјална работа.„Лицемерието на ССМ и на Слободан Трендафилов е целосно разоткриено. Додека јавно зборуваат за грижа за работниците, во практика одбиваат конкретен предлог за зголемување на платите од 40 отсто“, изјави Манасиевски.Тој оцени дека актуелниот протест е политички мотивиран и дека зад него, како што рече, стои отворена поддршка од опозициските партии СДСМ и Левица, додавајќи дека целта не е подобрување на стандардот на работниците, туку нанесување штета на Владата и на државата.

Македонија | пред 2 седмици

Oliver-Spasovski

Спасовски: Барањето за минимална плата од 600 евра е оправдано и неопходно

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, изрази целосна поддршка за протестот на работниците и за активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија, нагласувајќи дека борбата за достоинствени плати е легитимна и неопходна во услови на растечка инфлација и поскапувања.Според Спасовски, граѓаните живеат сѐ потешко, бидејќи зголемените цени директно го намалуваат животниот стандард, додека платите не го следат растот на трошоците за живот. Во таа насока, тој оцени дека барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра е оправдано и реално.„Инфлацијата и поскапувањата го јадат стандардот на граѓаните. Затоа барањата на работниците се сосема оправдани и неопходни“, истакна Спасовски.Тој потенцираше дека СДСМ и од опозициска позиција цврсто стои зад работниците и синдикатите, потсетувајќи дека партијата предложила закон за зголемување на минималната плата, како и конкретни законски решенија и амандмани за покачување на платите во повеќе сектори, кои, како што наведе, биле одбиени од актуелната власт.Спасовски потсети и на резултатите од периодот на владеење на СДСМ, кога, според него, било покажано дека е можно поинаков пристап кон работничките права и платите.„Минималната плата ја зголемивме од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната плата од 22.000 на над 42.000 денари. Тоа се факти кои покажуваат дека со соодветни политики може да се подобри животниот стандард“, рече тој.На крајот, Спасовски порача дека обврска на секоја влада е да обезбеди достоинствени плати и сигурна иднина за работниците, нагласувајќи дека без силни и задоволни работници нема стабилна економија ниту одржлив развој.

Македонија | пред 2 седмици

media-library1clchr1co3s804Qhs7Z

„Одј*бете од протестoт“: Остра порака на Кристина Ампева до политичките партии

Активистката и претставничка на движењето „Гласен текстилец“, Кристина Ампева, вчера упати остра порака до политичките партии во пресрет на денешниот работнички протест во Скопје, порачувајќи им да не се обидуваат да го присвојат или политизираат настанот.Ампева реагираше по најавите за партиска поддршка на протестот, оценувајќи дека токму партиите во изминатите три децении ја носат одговорноста за лошата положба на македонскиот работник.„Бидејќи гледам дека политички партии почнаа да даваат поддршка на протестот, јас да си кажам – да си ги тргнат канџите од утрешниот протест и да не помислат да дојдат“, порача Ампева.Таа нагласи дека досегашното владеење на сите партии не донело суштински подобрувања за работничките права, платите и достоинството на работниците, поради што, како што рече, е лицемерно сега да се повикуваат на нивна поддршка.„Се виде сите партии 30 и кусур години што направија за македонскиот работник. Затоа не ми е јасно како сега уста им е полна со работниците и нивните плати“, истакна Ампева.„Никаков аир ако давате поддршка, нема никому услуга да направите. Само штета. Оставете ги работниците сами да се изборат за нивните права, плати и достоинство“, порача таа.Ампева на крајот упати повик до работниците да останат обединети и да учествуваат на протестот, нагласувајќи дека борбата е исклучиво работничка и непартиска.„Се гледаме драги колеги и колешки од работничка вероисповест утре во 17 часот во Скопје. Работнички поздрав“, напиша Ампева.

Коментари | пред 2 седмици

media-library3cd8tojnvljnbkoF6ta

Филипче: Целосна поддршка за работничкиот протест, платите растеа само за време на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска изрази целосна поддршка за протестот на Сојузот на синдикати на Македонија и за барањата на работниците упатени до Владата, оценувајќи дека зголемувањето на платите е реално, оправдано и неопходно за опстанокот на работничките семејства.Филипче информираше дека на вчерашната седница на Извршниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија било донесено едногласно решение партијата да застане зад синдикалниот протест и јавно да ги поддржи барањата на работниците. Според него, станува збор за легитимни и објективни барања, бидејќи поголемата плата не е луксуз, туку услов за достоинствен живот.Тој потсети дека за време на владите предводени од СДСМ платите континуирано растеле, при што минималната и просечната плата речиси се удвоиле, и тоа во период на тешки глобални кризи, како ковид-пандемијата и енергетската криза. Филипче нагласи дека таквиот раст бил резултат на добро водена економска политика, зголемени капитални инвестиции и силен прилив на странски инвестиции.Според него, овие практики денес се напуштени, а актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не покажува капацитет за стабилно економско управување. Наместо реални мерки за подобрување на животниот стандард, како што рече, државата се соочува со постојани нови задолжувања кои ќе паднат на товар на идните генерации.Филипче изрази жалење што власта пред неколку месеци не го поддржала предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата, додавајќи дека партијата и во иднина ќе продолжи да предлага законски решенија насочени кон раст на платите и подобрување на економската сигурност на граѓаните.

Македонија | пред 2 седмици

media-library0m93ufldt2e80yYEqce

Протест на ССМ денеска од 17 часот, изменет сообраќај во центарот на Скопје во попладневните часови

Денеска (28 јануари 2026 година) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради најавен протест во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).Како што информира Министерството за внатрешни работи, протестот ќе започне во 17:00 часот, а учесниците ќе се движат по следната траса: од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по улицата „Филип Втори Македонски“, десно по улицата „11 Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“, со крајна дестинација пред зградата на Владата.Поради тоа, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки за регулирање на сообраќајот на наведените сообраќајници, со цел безбедно и непречено одвивање на протестот.Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници и, доколку е можно, да користат алтернативни правци на движење за да се избегнат застои и метеж во сообраќајот.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryorisr53l60u1fMLn0bk

Во нормална држава, народот би се кренал за физичка пресметка со политичарите за платите, пишува Стеваноски адвокат и советник во Прилеп

“Во нормална држава, во ваква ненормална состојба, народот би се кренал за физичка пресметка со политичарите, а не да дозволи вакви ретардирани политички изјави да поминуваат без воспитни”.Вака реагира адвокатот и советник во Општина Прилеп, Жарко Стеваноски, коментирајќи ја оценката на премиерот Христијан Мицкоски дека целта на синдикатите не била борба за повисоки плати, туку политичка пресметка.Според Стеваноски, ваквиот наратив е навредлив и опасен, особено во услови кога реалноста за најголем дел од граѓаните е далеку од комфорна. Тој посочува дека живееме во општество во кое платите на функционерите надминуваат 2.000 евра, минималната плата изнесува околу 400 евра, а над 400.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија.Во такви околности, како што нагласува, одлуката на синдикатите да организираат масовни протести за повисоки плати не само што не е политичка манипулација, туку претставува цивилизиран, легитимен и демократски чин.„Наместо да се дискредитираат работниците и нивната борба, треба да се постави прашањето како е можно вакви социјални разлики да се сметаат за нормални“, порачува Стеваноски, заклучувајќи со горчливата констатација: каков народ, таква држава

Коментари | пред 2 седмици

Screenshot-2025-03-06-at-16.36.30

ССМ денес на протест, бараат минимална плата од 600 евра

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе одржи протест за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. На протестот, кој ќе започне во 17 часот, ќе биде искажано незадоволство поради неисполнување на барањата за зголемување на платите. Протестот ќе почне пред Работничкиот дом и ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата.Претседателот на ССМ Слободан  Трендафилов вчера на прес-конференција рече дека протестот се организира поради ингнорантскиот однос на Владата и работодавачите кои не ги зголемија платите на работниците.Според ССМ, има многу аргументи за зголемување на платите тргнувајќи од инфлацијата се до растот на вредноста на синдикалната минимална кошничка во јануари за илјада денари.- 28 јануари е денот кога работниците зборуваат. Колку гласно ќе зборуваат, зависи од вас. Вашето присуство на улица ќе зборува погласно од секоја дискусија што сте ја воделе во семејствата и на вашите работни места. Овој протест е за вашите плати затоа што истите не стигнуваат од 1-ви до 1-ви. Ве повикувам сите - и синдикалци, и работници и пензионери кои земате пензија од работничките придонеси да ни се придружите затоа што само во јануари сте посиромашни за илјада денари. Другите не бројат и сметаат дека ако не дојдете, им давате огромна поддршка да не ви ја зголемат платата затоа што сметаат дека добро живеете и дека зборувате само за убави работи, рече Трендафилов, рече вчера Трендафилов.Според него, повеќе нема изговори бидејќи 200 илјади луѓе се сиромашни и живеат со плата под 30.000 денари.На протестот ќе се приклучи и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Во соопштение испратено до медиумите, ССНМ ги повика своите членови да дадат полна поддршка на барањата за зголемување на минималната, но и сите плати на работниците во земјата.- Според анкетата на ССНМ и Институтот РЕСИС, објавена во 2024 година, повеќе од половина од членовите на медиумската заедница заработуваат помалку од просечната месечна плата во земјата, а последните податоци говорат и дека голема е бројката (безмалку една третина) на новинари, камермани, креативни дизајнери, монтажери и други, кои од работодавачите се држат на минималната плата. Со оглед на тоа дека повеќето од вработените во медиумскиот сектор се директно поврзани со оваа категорија, ССНМ бара итно зголемување на минималната плата, наведуваат од ССНМ.Од Владата со став дека секој има право да протестира, но дека зголемувањето на минимналната плата ќе биде согласно законот во март.- Во согласност со законот, минималната плата ќе биде зголемена во март, односно платите што ќе ги добијат работниците во април за март ќе бидат зголемени. Ние рековме дека ќе го поддржиме секое решение што синдикатите ќе го постигнат со работодавците во дипартитен дијалог, изјави вчера премиерот Христијан Мицкоски при работната посета на Гази Баба. За Бизнис конфедерацијата е прифатливо зголемувањето на минималната плата во март, а секое друго зголемување, без олеснети давачки за социјалните придонеси, би било товар за стопанството. Сметаат дека нашата економија, особено приватниот сектор, не може да си го дозволат бараното покачување на минималната плата.- Разговаравме неколкупати и со претставници на Владата, но исто така и со нашите колеги и од Сојузот на синдикатите на Македонија и од другите синдикати дека би се задржале на ставот дека усогласувањето на минималната плата во март е прифатливо за нас, тоа е дел од законот што треба да се разбере и да се прифати, но исто така и за да можеме да покачиме повеќе, како што бараат синдикатите, во интерес и на работодавачите, и на граѓаните, и на работниците е покачувањето од 6.000 денари да биде ослободено од социјални придонеси и оптоварено само со персоналниот данок, и тоа во сите сектори. Дополнителните барања и дополнителните 100 евра што ги сметаме како линеарно покачување навистина сериозно со овие услови, без олеснети давачки за социјалните придонеси, би биле голем товар за стопанството, не само за микро, малите и самостојните вршители на дејност туку и за сите компании, бидејќи станува збор за голем товар, кој не е само 6.000 денари, односно со социјалните придонесот е оптоварен со уште 4.500 денари, вели Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата.Ваквите тврдења од бизнис секторот, според ССМ, не држат. Оттаму велат дека официјалните податоци за профитите на бизнисмените, ги демантираат.ССМ веќе подолг период бара зголемување на минималната плата поради растот на животните трошоци. Од Владата оставија за ова да се договорат синдикатите и работодавачите, но до решение не дојде ниту на последниот состанок на Економско-социјалниот совет одржан во декември.Доколку не наиде на слух од другата страна, од ССМ најавуваат блокади на таргетирани институции, организирање генерален штрајк и собирање на 10.000 потписи за законски измени со кои ќе бараат намалување на функционерските плати и зголемување на минималната плата и сите останати плати.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања