Промени тема
Контакт

Манасиевски тврди дека синдикатите блокирале значајно покачување на платите во администрацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryt77ev5v0d7d59kRp06P

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изнесе обвинувања на сметка на Сојузот на синдикатите на Македонија и неговиот претседател Слободан Трендафилов, тврдејќи дека тие одбиле предлог за зголемување на платите во администрацијата за 40 отсто во период од две години, на штета на работниците.

— реклама —

Според Манасиевски, предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предвидувал значително зголемување на платите за административните службеници преку нов колективен договор, но истиот бил одбиен од раководството на ССМ. Како причина, тој наведува дека синдикалното раководство не сакало да го потпише новиот колективен договор, иако претходниот, потпишан со поранешната министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, веќе истекол.

— реклама —

Манасиевски оцени дека со ваквиот потег, ССМ и Трендафилов ги оставиле работниците „на цедило“, обвинувајќи ги дека се политички мотивирани и блиски до СДСМ. Тој посочи дека Трендафилов, како што рече, е гласен кога СДСМ е во опозиција, но бил тивок во периодот кога таа партија била на власт.

Во изјавата, Манасиевски истакна и дека ССМ досега не ги поздравила колективните договори во образованието и здравството, ниту зголемувањата на платите во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и центрите за социјална работа.

— реклама —

„Лицемерието на ССМ и на Слободан Трендафилов е целосно разоткриено. Додека јавно зборуваат за грижа за работниците, во практика одбиваат конкретен предлог за зголемување на платите од 40 отсто“, изјави Манасиевски.

— реклама —

Тој оцени дека актуелниот протест е политички мотивиран и дека зад него, како што рече, стои отворена поддршка од опозициските партии СДСМ и Левица, додавајќи дека целта не е подобрување на стандардот на работниците, туку нанесување штета на Владата и на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

k15

Над 84 илјади денари за основен живот: Киријата драстично го зголемува семејниот буџет

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
SSM-696x419

Синдикатите бараат ограничување на работата на отворено поради високите температури

Македонија | пред 1 месец

market-pari

„И покрај малото намалување на минималната кошница, животот и натаму чини речиси 68.500 денари месечно“, велат од ССМ

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Наместо пензија, ќе работиме до крајот на животот?, прашува Трендафилов и бара пензија по 40 години стаж за мажи и 35 за жени

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања