Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Спасовски: Барањето за минимална плата од 600 евра е оправдано и неопходно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Oliver-Spasovski

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, изрази целосна поддршка за протестот на работниците и за активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија, нагласувајќи дека борбата за достоинствени плати е легитимна и неопходна во услови на растечка инфлација и поскапувања.

— реклама —

Според Спасовски, граѓаните живеат сѐ потешко, бидејќи зголемените цени директно го намалуваат животниот стандард, додека платите не го следат растот на трошоците за живот. Во таа насока, тој оцени дека барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра е оправдано и реално.

„Инфлацијата и поскапувањата го јадат стандардот на граѓаните. Затоа барањата на работниците се сосема оправдани и неопходни“, истакна Спасовски.

— реклама —

Тој потенцираше дека СДСМ и од опозициска позиција цврсто стои зад работниците и синдикатите, потсетувајќи дека партијата предложила закон за зголемување на минималната плата, како и конкретни законски решенија и амандмани за покачување на платите во повеќе сектори, кои, како што наведе, биле одбиени од актуелната власт.

— реклама —

Спасовски потсети и на резултатите од периодот на владеење на СДСМ, кога, според него, било покажано дека е можно поинаков пристап кон работничките права и платите.

„Минималната плата ја зголемивме од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната плата од 22.000 на над 42.000 денари. Тоа се факти кои покажуваат дека со соодветни политики може да се подобри животниот стандард“, рече тој.

На крајот, Спасовски порача дека обврска на секоја влада е да обезбеди достоинствени плати и сигурна иднина за работниците, нагласувајќи дека без силни и задоволни работници нема стабилна економија ниту одржлив развој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 19 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 21 час

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања