Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

„Одј*бете од протестoт“: Остра порака на Кристина Ампева до политичките партии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Коментари
media-library1clchr1co3s804Qhs7Z
Фото: Кристина Ампева ФБ

Активистката и претставничка на движењето „Гласен текстилец“, Кристина Ампева, вчера упати остра порака до политичките партии во пресрет на денешниот работнички протест во Скопје, порачувајќи им да не се обидуваат да го присвојат или политизираат настанот.

Ампева реагираше по најавите за партиска поддршка на протестот, оценувајќи дека токму партиите во изминатите три децении ја носат одговорноста за лошата положба на македонскиот работник.

— реклама —

„Бидејќи гледам дека политички партии почнаа да даваат поддршка на протестот, јас да си кажам – да си ги тргнат канџите од утрешниот протест и да не помислат да дојдат“, порача Ампева.

— реклама —

Таа нагласи дека досегашното владеење на сите партии не донело суштински подобрувања за работничките права, платите и достоинството на работниците, поради што, како што рече, е лицемерно сега да се повикуваат на нивна поддршка.

„Се виде сите партии 30 и кусур години што направија за македонскиот работник. Затоа не ми е јасно како сега уста им е полна со работниците и нивните плати“, истакна Ампева.

— реклама —

„Никаков аир ако давате поддршка, нема никому услуга да направите. Само штета. Оставете ги работниците сами да се изборат за нивните права, плати и достоинство“, порача таа.

— реклама —

Ампева на крајот упати повик до работниците да останат обединети и да учествуваат на протестот, нагласувајќи дека борбата е исклучиво работничка и непартиска.

„Се гледаме драги колеги и колешки од работничка вероисповест утре во 17 часот во Скопје. Работнички поздрав“, напиша Ампева.

media-libraryvc9amk4qcb3s12VvyED

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

SSM-696x419

ССМ: За четиричлено семејство потребни се над 68.000 денари, храната „голта“ третина од семејниот буџет

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
SSM-696x419

ССМ: Македонија повторно меѓу најлошо рангираните земји за работнички права

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo1rmu63iposg6MNYk97

За живот на четиричлено семејство во мај потребни речиси 69.000 денари

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjub639rmhgfd8ZZKEva

Мицкоски за протестот на ССМ: Тадиционални првомајски активности, демократско право е да се бараат подобри услови

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања