Промени тема
Контакт

Петрушевски: ССМ водат политика и прават неосновани протести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library766t4gkq2op60SlthRO

„Синдикатот одби 40% зголемување на платите во рок од 2 години, нешто коешто беше понудено од Владата, нешто коешто го изјави јавно и премиерот. Зошто? Затоа што нивната борба не е за повисоки плати, нивната борба е да наштетат на Владата. И тоа граѓаните мора да го знаат. Ова раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија, не се бори за поголеми плати на работниците, туку напротив, игра политичка улога под палката на СДС за да и наштети на Владата“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

— реклама —

Пратеникот Петрушевски посочи дека ССМ не го поздравил досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа и нагласи дека  протестот којшто се одржа од страна на ССМ не е затоа  што нивен приоритет се работниците, работничките права и работничките плати, туку дека нивен приоритет е политиката.

— реклама —
— реклама —

„Владата е медијатор, го има оформено Економско-социјален совет, разговара со синдикатите, разговара со работодавачите, меѓутоа конечниот договор, согласно закон, согласно досега воспоставена пракса мора да биде постигната помеѓу работодавачите и синдикатите. Меѓутоа, ССМ кој што денес протестира, наместо да преговара, наместо да разговара со работодавачите, наместо да ги пофали оние зголемувања на плати коишто досега се постигнати во здравство, образование итн., и да си ја работи работата за којашто всушност постои, ССМ водат политика и прават неосновани протести, претходно одбивајќи 40% зголемување на платите“, дециден е Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryh4uaeu6peghp68rbgaL

„Наспроти црните сценарија на СДС, цените на горивата се најниски во регионот, инфлацијата падна на 2,3%, јавниот и државниот долг се намалуваат“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 54 минути

media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

„Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 часа

media-library2o86lvae3r1g2Jxg4al

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче решил модуларните болници да бидат поставени и покрај сите институционални пречки и неисполнети услови, Абази не го смета за виновен оти и самиот е инсталација на СДС

Македонија | пред 3 часа

media-library0jhrgg546mb58LVZb0Y

„2,4 милиони патници на македонските аеродроми за седум месеци, Македонија станува сe подобро поврзана со Европа и светот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања