Промени тема
Контакт

Трендафилов: Доколку минатата година не тераа инат, денеска работниците ќе имаа за 6000 денари зголемување на нивните плати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска изјави дека егото на владини претставници го блокира зголемувањето на платите на работниците. Тој додава дека минатата година работодавачите биле подготвени да ги зголемат платите на работниците за најмалку 6.000 денари, доколку Владата привремено се откажеше од придонесите. Сепак, поединци во Владата одбиле да дозволат такво олеснување, веројатно со цел да ја претстават Владата како институција која води најсиромашни работници и најсиромашна држава во Европа.

„Доколку минатата година не тераа инат, денеска работниците ќе имаа за 6.000 денари повисоки плати, а буџетот ќе добиеше дополнителни над 10 милиони евра месечно, односно над 120 милиони евра годишно. Наместо тоа, Владата продолжува со задолжување кое ќе ги плаќаат следните генерации“, изјави Трендафилов.

— реклама —

Тој апелираше до бизнис секторот да ја прифати „подадената рака“ кон работниците и да ја принуди Владата да застане на страната на вработените и деловниот сектор. Во спротивно, Трендафилов предупреди дека ССМ ќе премине на следните фази на притисок – блокади, протести и Генерален штрајк, а последиците и одговорноста ќе бидат на владиниот сектор.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

k15

Над 84 илјади денари за основен живот: Киријата драстично го зголемува семејниот буџет

Македонија | пред 4 дена

SSM-696x419

Синдикатите бараат ограничување на работата на отворено поради високите температури

Македонија | пред 2 седмици

market-pari

„И покрај малото намалување на минималната кошница, животот и натаму чини речиси 68.500 денари месечно“, велат од ССМ

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Наместо пензија, ќе работиме до крајот на животот?, прашува Трендафилов и бара пензија по 40 години стаж за мажи и 35 за жени

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања