Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Трендафилов: Мицкоски не дојде во ССМ, се потврди дека не им е приоритет зголемувањето на платите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryd859ep56vob669Mwqus

Во 9 часот во Сојузот на синдикатите на Македонија го чекавме претставникот на Владата да дојде и да потпишеме Спогодба за утврдување на висината на минималната плата во бруто - износ започнувајќи со исплатата за месец февруари 2026 година со која минималната плата се зголемува на 600 евра во нето, а останатите плати се зголемуваат за најмалку 6000 денари, објави на социјалните мрежи претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

— реклама —

„Но, не се проблем само овие плати, проблем се ниските плати кои се поголем број на работници ги примаат и затоа веднаш мора да се зголемат останатите плати за најмалку 6.000 денари и да се зголеми минималната плата на 600 евра !

Денеска, паднаа маските, се разобличија лагите кои претставникот на Владата ги изјавуваше изминатите денови за да створат сомнеж кај работниците, денеска не дојде како што го поканивме, денеска тие имаа други приоритети, а се потврди дека не им е приоритет зголемувањето на работничките плати ниту зголемување на минималната плата, ниту зголемување на останатите плати.

— реклама —

Но, мала криза и одма почнаа да наддаваат со зголемување на работничките плати, па така за борбата што ја водеше Синдикатот на УПОЗ скоро една година, за она што протестираа работниците во управата, она што тие од Владата одбиваа да го направат, денеска зборуваат дека ќе го прават.

Добро е што претставникот на Владата по големиот работнички протест го прифати предлогот на Синдикатот на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството, а требаше веднаш и без одлагање да го потпишат колективниот договор.

Се потврди дека само зборуваат, а не делуваат, денеска требаше да ги зголемат и платите на вработените во управата за 40 %, но не се појавија на потпишувањето на спогодбата и на колективните договори, бегаат од одговорноста, како што бегаат цела 2025 година.

Дополнително, работниците во јавниот сектор треба да знаат дека барањето за укинување на одредбите од Општиот колективен договор во делот за пресметка на плата (просечна плата по коефициент за сложеност) иста како на функционерите, значи намалување односно откажување од работничките плати за x(12,6%) + y(9,2%) = z(21,8%) за 130.000 работници во јавниот сектор или во парички, да им земат 3 парички на работниците, а да им дадат 1 паричка што е недозволиво.

Дополнително, барањето на поединци за укинување на Општиот колективен договор значи вработените да останат без јубилејни награди, без К-15 (образование, здравство, одбрана, полиција и др.), без додатоци за плата кои беа зголемени со Општиот колективен договор за јавен сектор.

Го поставуваме прашањето дали оваа Влада не само што не сака да им даде зголемување на платите на работниците, туку сака да им земе се на работниците “, се вели во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqqdkehfnmg4e9SCxmKG

Порбуваат да протнат усогласување на минималец за околу 1.600 денари, борбата продолжува на улица, вели Трендафилов

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Европска конфедерација на синикати: Загрижени сме од извештајот за притисоци и напади насочени кон ССМ

Македонија | пред 1 седмица

media-library6l09otn8scgt9aDmd0W

Петрушевски: ССМ бара исполнување на барања кои не биле испорачани 7 години од страна на СДС

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqqdkehfnmg4e9SCxmKG

(Видео) 24 министри живеат на грбот на 530 илјади работници, вели Трендафилов од протестот пред Владата барајќи минимална плата од 600 евра

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања