Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Видео) „Уа“, „лопови“ се извикува за Владата на протестот на работниците кои бараат 600 евра минимална плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Настани
media-library1vit86eidgspdrMolLA
Автор: Branka Kostic Markovic

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска од пред Собранието упати остра порака до носителите на јавни функции, најавувајќи блокади, генерален штрајк и директни законски иницијативи доколку не се прифати барањето за зголемување на минималната плата. Обраќањето беше на протестот за поголеми плати. Работниците извикуваа „уа“, „лопови“ за Владата.

Трендафилов најави дека синдикатите ќе започнат собирање најмалку 10.000 потписи за да станат овластен предлагач на закон со кој ќе се побара намалување на платите на функционерите за 80 отсто.

„Ќе следуваат блокади и генерален штрајк. И ќе следува тоа што вас највеќе ве боли – ќе собереме 10.000 потписи со кои ќе станеме овластен предлагач и ќе бараме за 80 отсто да ви се намалат вашите плати. Доколку не ја зголемите минималната плата, доаѓаме по вашите плати“, изјави Трендафилов, обраќајќи им се директно на пратениците и функционерите.

— реклама —

Тој порача дека барањето на синдикатите е јасно и недвосмислено – минималната плата да изнесува 600 евра, а сите останати плати да се зголемат за најмалку 6.000 денари.

„Ќе ве ставиме на тест – дали ќе гласате за себе или за луѓето кои ве избрале. Ќе гласате ли за сопствениот луксуз или за работниците кои со својот труд и даноци ви ги обезбедуваат платите?“, рече Трендафилов.

— реклама —

Тој предупреди дека доколку пратениците не ги поддржат работничките барања, ќе дојдат други пратеници кои ќе гласаат за зголемување на платите на работниците, а сегашните ќе завршат „на другата страна на оградата“.

„Нема да се откажеме. Нема да дозволиме да си играте со работничката пот од чии даноци земате плата“, порача претседателот на ССМ, најавувајќи продолжување и радикализација на синдикалните активности.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Наместо пензија, ќе работиме до крајот на животот?, прашува Трендафилов и бара пензија по 40 години стаж за мажи и 35 за жени

Македонија | пред 6 дена

SSM-696x419

ССМ: За четиричлено семејство потребни се над 68.000 денари, храната „голта“ третина од семејниот буџет

Македонија | пред 3 седмици

SSM-696x419

ССМ: Македонија повторно меѓу најлошо рангираните земји за работнички права

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo1rmu63iposg6MNYk97

За живот на четиричлено семејство во мај потребни речиси 69.000 денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања