„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

струмица

televizija

Згасна етаблиран струмички телевизиски канал по 33 години

По три децении постоење, регионалната телевизија Канал ВИС од Струмица ги затвори своите врати, оставајќи го градот без единствената телевизија што информираше за локални и регионални настани. Сигналот е изгаснат веќе неколку дена, а вработените се пријавени во Агенцијата за вработување, пренесува „сдк.мк“.Телевизијата, која беше една од најстарите во земјата, започна како локална медиумска куќа, а во последните десет години функционираше како регионален сервис. Канал ВИС беше дом на повеќе од десетина новинари, сниматели и технички персонал, но од летово тимот беше сведен на минимум.Во август 2024 година, АВМУ ја одзеде концесијата на Канал ВИС поради неплатен годишен надоместок и недоволен кадровски капацитет. Иако менаџментот подоцна ги подмири обврските и ја врати концесијата, телевизијата продолжи со минимална програма до ноември. Потоа, вработените добија откази, со три неисплатени плати.

Македонија | пред 1 година

17a5f474-7fb6-4c8f-a613-be4b6f96e977

Струмичани и Струмица добиваат здрава и безбедна вода за пиење

Официјално со решение од Агенцијата за храна и ветерина, од синоќа струмичани и Струмица добиваат здрава и безбедна вода за пиење.На денешната прес конференција, градоначалникот Костадин Костадинов им се заблагодари на директорот на „Комуналец“, на техничкиот директор и на вработените во Филтер станицата коишто деноноќно и неуморно работеа да ја преработат техничката вода до степен на питка.-Им се заблагодараувам за добрата соработка и на инспекторите од Агенцијата за храна и ветерина, што навистина им излегоа во пресрет на струмичани, можеби имало и притисоци, но го потпишаа записникот и ни овозможија ние како струмичани да ја надминеме едномесечната голгота. Елементарни човекови права како што е здрава и безбедна вода за пиење во ниту еден случај не смеат да бидат политизирани, како што таков обид имавме овде во општина Струмица и ние струмичани многу добро тоа на наш грб го осетивме. Им порачувам на сите надлежни институции да си ја гледаат својата работа без да мешаат политика во неа, рече градоначалникот Костадинов.

Македонија | пред 1 година

zels-orce-1

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС е обединет, ќе посредуваме меѓу Карпош, Струмица и централната власт

ЗЕЛС не е тој што предизвикува кризи, ЗЕЛС ги надминува кризите – ова го изјави претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски после средбата со неговиот колега Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош, додека Костадин Костадинов, градоначалникот на општина Струмица не дојде на состанокот на кој беше поканет, иако беше најгласен против ЗЕЛС.Ѓорѓиевски додаде дека секогаш имало несогласувања помеѓу одреден градоначалник и министер, но логички е кога се работи да постојат и такви несогласувања.- Ние сме тие кои влегуваме во директна медијација на процесот и верувам дека ќе ги надминеме какви и да се разликите и колку и длабоки да се истите.ЗЕЛС останува обединет и понатаму. Во наредниот период ќе продолжиме со интензивна комуникација и со Струмица. Колегата Перо Костадинов кој е мој потпретседател и доаѓа од редовите на Социјалдемократскиот Сојуз, ќе се потруди во тој дел како колега, како припадници на иста политичка партија со Костадин Костадинов да седнеме заеднички на маса и верувам дека, како и Стевче што кажа дека нема да излезе од ЗЕЛС и остава простор на процесот да ги надминеме проблемите, истото ќе се случи и со општина Струмица - изјави претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски и додаде дека ќе застанат зад секој колега градоначалник без разлика од било која политичка партија да доаѓаат.Во текот на наредните неколку денови, ЗЕЛС ќе направи обиди за организирање средби помеѓу гореспоменатите градоначалници и претставниците на централната власт.

Македонија | пред 1 година

kostadinov

Костадинов: Напуштањето на ЗЕЛС е во знак на револт заради индиферентниот однос кон Струмица

„Општина Струмица од денеска се откажува од членството во Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Напуштањето на ЗЕЛС е во знак на револт заради индиферентниот однос кон Струмица и нејзините граѓани во периодот кога тие се соочуваат со еден од најголемите предизвици - водата за пиење, којашто претставува основен елемент на животот, но и заради истиот однос по одбивањето од Владата на единствениот проект од Струмица за реализација со средства од унгарскиот кредит. Општина Струмица како институција не е удостоена со ниедна писмена одлука од Владата и нејзините институции, за нив дознаваме од медиумите. Заради сето ова, го напуштаме ЗЕЛС, а членството ќе важи исклучиво за законските ингеренции на ЗЕЛС во однос на системите на општините, за се друго сме надвор од ЗЕЛС“, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот Костадин Костадинов.„Според Статутот на ЗЕЛС, оваа заедница ги застапува и брани интересите на своите членови пред Претседателот на Републиката, Собранието и Владата, министерствата и други институции во чија надлежност се работите од областа на локалната самоуправа. Но, досега од појавувањето на проблемот со водата од 27.09.2024 година, ЗЕЛС не покажа апсолутно никаков интерес, иако е сведок дека надлежните државни институции, пред се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство под чија надлежност е браната Турија од која Струмица и 6 населени места се снабдуваат со вода за пиење, не мрдна со малиот прст, напротив, преку Агенцијата за храна и ветерина со анализите и резултатите од нив, си игра мајтап со струмичани.Ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права и уставните права и слободи. Во заштита и интерес на моите сограѓани за нивното најголемо богатство – здравјето, ќе продолжам да се борам со сите сили и расположливи средства, потврдувајќи по кој знае кој пат дека тие ми се НАЈАВАЖНИ и за нив компромиси нема да има. Јас како Градоначалник, Општина Струмица, менаџерскиот тим и вработените во ЈПКД „Комуналец“ ќе продолжиме со нашата упорност во докажувањето на вистината дека водата е исправна и микробилошки и по хемиско физичкиот состав.Срамно и жално е да се тера политика врз здравјето на граѓаните на општина Струмица, срамно е да се јадат печени костени во Ново Село, а да не се покаже никаков интерес за најголемиот предизвик со којшто се соочува Струмица и нејзините граѓани.Но, ние во Струмица сме познати по издржливоста во неправдите од власта предводена од ВМРО ДПМНЕ, ќе издржиме и сега и ќе излеземе победници од оваа скоро едномесечна голгота низ која минуваме во остварувањето на правото на чиста вода за пиење“, соопшти Костадинов.

Македонија | пред 1 година

1731cb52-0a16-403b-9e85-5d48e632c6c4

Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ сериозно работат во делот за управување со отпадот: Околу 6.000 тони ѓубре годишно завршува надвор од контејнерите

Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ во овој период интензивно го решаваат проблемот со чистата вода за пиење заради загаденост на техничката вода од браната Турија со којашто стопанисува АД „Водостопанство“, но истовремено и сериозно работат и во делот за управување со отпадот. Градоначалникот Костадин Костадинов, претседателот на Советот Марјан Даскаловски и менаџерскиот тим на ЈПКД „Комуналец“ денеска разговараа на оваа тема по обезбедувањето на новите канти и контејнери за отпад.-Денеска во „Комуналец“ се доставени 1212 канти за домаќинство со што на дел од домаќинствата во Струмица им доделуваме трета канта за селектирање на отпад, знаете лани доделивме втора за селекција на пластика и лименка, сега додаваме уште една, дополнително преку министерството за животна средина обезбедуваме 50 контејнери со капацитет од еден метар кубен и дополнително имаме нови полуподземни контејнери со што бројката на полуподземни контејнери со капацитет од 5 метри кубни отпад е 27 и ја подига Струмица во однос на капацитетот за подобро менаџирање со отпадот. Ова на сите нам како граѓани треба да ни биде порака дека како Општина и „Комуналец“ ќе сториме се за да овозможиме управување и менаџирање со отпадот, но нас, како граѓани, ни останува тоа да го штитиме, рече градоначалникот Костадинов.Околу 6.000 тони ѓубре годишно завршува надвор од контејнерите, сериозен предизвик за заедничко дејствување на Општината, Советот и „Комуналец“ во подигањето на свеста на граѓаните колку е важно одговорното однесување кон животната средина за да стане Струмица уште поубаво место за живеење.

Македонија | пред 1 година

strumica-budzetski-forum-3

Проектната иницијатива за Струмица безбеден град доби најмногу бодови, за градоначалникот Костадинов Буџетскиот форум е благодет

Струмица безбеден град, нова населба во Турско маало 3 фаза и реконструкција на Домот на култура во населеното место Банско, ова се трите приоритетни проектни иницијативи кои добија најмногу бодови од учесниците на годинашниот Буџетски форум во општина Струмица 2024/2025 година, кој синоќа заврши со одржувањето на втората сесија во просториите на Младинскиот центар.Од вкупно предложените 6 проектни иницијативи од страна на граѓаните од урбаните и месните заедници, претставниците на невладиниот и бизнис секторот и општинската администрација, проектната иницијатива за Струмица безбеден град доби најмногу 94 бодови, нова населба во Турското маало 3 фаза доби 76 и иницијативата за реконструкција на Домот на културата во Банско доби 62 бодови.За градоначалникот Костадин Костадинов Буџетскиот форум е благодет за општина Струмица.- Преку овој Форум сакаме да ја зголемиме партиципативната демократија на локално ниво во општина Струмица каде што граѓаните директно можат да предлагаат приоритетни проекти коишто ќе бидат составен дел на Буџетот за 2025 година. Во изминатите години многу добри иницијативи произлегоа токму од овој Форум, граѓаните многу добро знаат што им треба и на кои проекти треба да се даде приоритет во новата буџетска година, а тоа впрочем и се гледа во Струмица, новиот јавен превоз, фотонапонските централи за коишто ЈПКД „Комуналец“ распиша јавна набавка, новиот парк, велосипедските патеки, сето тоа е призвод на граѓаните и невладиниот сектор и тоа преку овие форуми на заедниците коишто се благодет за општина Струмица, рече градоначалникот Костадинов.Ваквиот начин на креирање на буџетот во кој граѓаните имаат активно учество, е уште една потврда за транспарентното и отчетно работење на градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-09-at-13.25.15

(Видео) Српски пејач, соработници, семејство - Заев славеше 50-ти роденден во Струмица

Спрскиот фолк-печај, Дарко Филиповиќ се пофали дека бил на роденденот на експремиерот и експретседател на СДСМ, Зоран Заев. Тој објави неколку кратки видеа на „Инстаграм“ од кои се гледа просторот каде Заев го прославил љубилејниот 50-ти роденден, но и фотографија со дел од семејството Заеви, односно сопругата на Заев (Зорица), како и Вице Заев, брат на Зоран со неговата сопруга (Славица).На забавата присуствувале и блиски соработници на Заев од Владата, како што е Љупчо Николоски кој беше министер за земјоделство и вицепремиер. За тоа тој сподели и фотографија на Инстаграм. 

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2024-05-31-at-10.28.54

Сведоштво: Струмичанка стравува од убиство од поранешниот партнер - тврди дека била мета на насилство заедно со нејзиното дете

Струмичанката Моника Тасевска јавно побара заштита од поранешниот партнер, за кој вели дека ја прогонува. Посочува дека прво била мета на насилство, па додава дека и нејзиното дете поминало низ трауми од лице кое го опишува како убиец, насилник, психопат. Според нејзиното јавно пишување, сето ова го пријавила во органите на прогнот, а лицето сега, објавувало јавно нејзини експлицитни фотографии, со цел.Сведоштвото во продолжение:„Луѓе, јас навистина не знам повеќе како да се заштитам од сето оваа што преживувам последната година. Покрај тоа што завршив на операцијата од насилство кое го доживеав од мојот сакан, истиот продолжува и понатаму да ми го загорчува животот, посебно тогаш кога и покрај мерките на претпазливо не излезам и не го задоволна неговите потреби Овој пат барам јавна поддршка и помош, да се спасам и да се заштитам себе а воедно и моето дете кое помина низ психички трауми, од еден насилник, убиец, злоставувач а пред се психопат. А не сакам да се кријам по туѓи домови да менувам броеви, моето дете да губи другарчиња и школски денови. Барам помош за законски постапување, протвор и судска разрешница.За лицето Д.Т. од Куклиш очигледни не постои закон со кој јас како жртва во секоја форма на насилство ќе ме заштити. Истиот продолжува со уцнеи и објавување на мои ексципилитни фотографи, само за тоа што е одбиен да излезам со него. А институциите не постапуваат. Дали чекат да се случи убиство, не знам!? Се обраќам до сите граѓани, пријатели, познаници и не знани за помош, јас оваа траума не можам да ја издржам, мојата здраствена состојба е во мн лошо ниво. Покрај тоа што немам услови да се лечам од повредите, да правам редовни прегледи и комторли јас не можам понатаму нити да преживуваат во оваа психичка состојба. Се обраќам до правни лица кои се благо наклонети кон правдата и би сакале да ми помогнат да се спасам од овој лавиринт во кој се изгубив. За тоа што јас повеќе не можам да се борам со оваа бесчувствително општество, и не совесни институции. Знаев дека ќе е тешко, но не верував дака толуку мн ќе биде тешко и дека оние кои треба да ме заштиташ ќе ме остават да бидам курбан на еден психопат“, пишува Тасевска.„Скопје1“ испрати и прашања до МВР околу тоа дали лицето има поднесено пријави и колку, како и што пријавувала. Прашавме и дали таа е заштитена и дали ќе се регира по нејзиното јавно сведоштво. Оттуаму, очекуваме одговори.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-03-18-at-13.08.54

(Видео) Настап на српски рапер во струмкички клуб ја „шокираше“ јавноста: публиката ужива кога тој ја соблака патиката

Еден од најпопуларните артисти на Балканот, српскиот рапер Драгомир Деспиќ-Десингерица настапи во струмичкиот клуб „Аватар“, каде дел од присутните уживаа да им симулира како со патика ги удира по глава. Ова е претпознатлив стил на раперот, а на неговите настапи најбројна публика се најмладите. Снимката пак, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, со оглед на музиката со која настапува и чинот на соблекување патика за да удира публика по глава. За многумина, ваквиот чин е шокантен, со оглед дека младите дозволуваат тоа да им го прави.И ова не е прв „шокантен“ настап на Десингерица. Минатиот декември настапи во скопскиот клуб „Привилиџ“. Од видеата се гледаше дека собрал куп малолетници во публика, кои му се радуваат, рапуваат со него, а наместо со транспарентни, еден од присутните мафта со градник.  Дека популарноста на раперот е голема, без разлика на тоа што го прави – говори фактот што веќе има закажано уште еден настап во Куманово за на 22 март.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „проневера во службата“

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Т.М.(58) од село Дрвош, општина Босилово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „проневера во службата“.На 03.03.2024 на место викано „Боровите“, атар на село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица затекнале две товарни возила „застава“ со струмички регистарски ознаки, во кои биле превезувани огревни дрва. Извршен бил увид и во координација со Шумска полиција Струмица било утврдено дека дрвата се нежигосани и без соодветна документација, по што со возилата биле одземени.Во службен разговор во полициска станица, лицата кои ги управувале возила изјавиле дека огревните дрва ги имаат набрано со знаење и усно одобрение на пријавениот Т.М. – вработен како референт за дотур и сеча вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“ - подружница Беласица Струмица, за што требале да му дадат паричен надомест од 12.000 денари за секое натоварено товарно возило.Исто така на 03.03.2024, пријавениот во име на друго службено лице вработено во јавното претпријатие извршил пополнување на дозвола за сеча и дотур на огревни дрва за две лица од струмичко. За овие дотури на огревни дрва, по извршената продажба, двете лица на Т.М.требале да му дадат по 12.000,оо денари за секое натоварено товарно возило. При увид во дворните места на лицата во село Куклиш и во село Банско, биле пронајдени огревни дрва, од кои поголем дел биле нежигосани. Дрвата и возилото, со кое бил вршен транспортот, биле одземени.Со ваквите дејствија, пријавениот предизвикал штета на Јавно претпријатие „Национални шуми“ - подружница „Беласица“ Струмица во висина од 186.200 денари. Тој бил лишен од слобода и изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Македонија | пред 1 година

strumica-nevreme

Поплавени улици, подруми и подземни простории, над 60 пријави во Струмица по невремето

Над 60 граѓани синоќа пријавиле штети по силното невреме што ја зафати Струмица.Невремето вчера попладне беше проследено со многу силни, поројни врнежи од дожд кои траеја околу 1 час, а според УХМР наврнале 64 литри на метар квадратен, најмногу на територијата на државата.Од врнежите поплавени беа улиците во долниот дел од градот и тоа: „Браќа Минкови“, „Ѓорги Василев“, „Иљо Шопов“, „Младинска“, „Климент Охридски“ и „Ката Поцкова“.Има повеќе од 60 пријави од граѓани до ТППЕ Струмица и на Единствениот број за итни случи 112 во ЦУК за поплавени подруми и приземни простории.До синоќа беше испумпана водата од околу 50 објекти.Невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град имаше вчера и во Битола, Валандово, Дојран, Богданци, Крива Паланка, Кочани и Штип.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-02-27-213458

(ВИДЕО) Силно невреме со град и грмотевици во Струмица, улиците поплавени

Големо невреме проследено со град и грмотевици ја зафати Струмица и струмичкиот регион вечерва пред 20:00 часот.Порталот Струмица Денес објави фотофрафии и видео на кои може да се забележат поплавени улици во градот.Пишува дека струмичани вакво невреме не виделе со години.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-06-28-110452

(ВИДЕО) Женска тепачка во центарот на Струмица, едната остана полугола

Шokaнтно видео се појави на социјалните мрежи во Македонија. На видеото се гледаат две повозрасни жени кои среде бел ден се пресметуваат со тупаници!Целиот настан се случува сред бел ден во центарот на Струмица во близина на пазарот каде поминуваат многу граѓани но и деца.За сега не се знае која е причината за конфликтот.https://twitter.com/acemitev10/status/1541452414171205632?s=20&t=2IFDTUebdkCH7eXmzk4rAQ

Магазин | пред 3 години

Samoubistvo-kaj-Momir-02

Убиство во струмичко

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица изврши увид во местото викано Ореш, во атарот на струмичко Ново Село, каде ноќеска беше пронајдено безживотно тело на починато машко лице.Според првичните сознанија, кај лицето настапила насилна смрт. По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта. Од лице место се прибрани траги и материјални докази за кои е издадена наредба за вештачење, а се преземаат и други дејствија за откривање на сторители.​

Македонија | пред 3 години

24-02-2021-Kostadinov

Струмичкиот градоначалник згрозен од наставникот кој сексуално злоставувал ученичка: Мора да се казни!

Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица, е згрозен од наставниот кој предавал во училиште во неговата општина, а кој сексуално злоставувал ученичка која не наполнила 14 години. Тој на социјалните мрежи побара одговорност.„Ред, дисциплина и одговорност мора да има, секогаш и секаде во општина Струмица. Како човек и градоначалник сум згрозен од наставникот во струмичко училиште за кој има сомневање дека недолично се однесувал со малолетна ученичка во истото училиште, а за кое СВР Струмица поднесе кривична пријава поради сомнение за полов напад врз дете. Секое злодело врз дете мора да се казни, но и луѓето на раководни позиции треба да понесат одговорност за кривичното дело на вработените. Без двоумење, а со силна желба за ред, дисциплина и одговорност додека сум јас градоначалник, денеска го потпишав решението за разрешување на директорот во училиштето. Ова нека биде опомена за сите. Најстроги казни за сторителите на кривични дела и разрешување на нивните раководители“, напиша градоначалникот.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања