Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

швајцарија

svajcarija1

(Видео) Швајцарија ги евакуира туристите со хеликоптери по невремето и лизгањето на земјиштето

Власта во швајцарската област Састал, која е отсечена од патниот сообраќај поради невремето и лизгањето на земјиштето, денеска понудија евакуација на туристите со хеликоптер.Околу 2.200 туристи се блокирани во Састал, повеќето од нив Швајцарци, изјави портпаролот на регионалниот кризен тим. Не брзаат сите да си заминат, рече тој. Туристите можат да летаат со хеликоптер, што трае само неколку минути од Саас-Фи до Сталден, за околу 150 евра.Патот до котлината вчера по обилните врнежи во еден момент беше затрупан, а најрано од недела се очекува повторно да биде прооден.Извидувачкиот лет покажа дека е неопходно да се минираат гломазни парчиња карпи над патот, некои и по 100 кубни метри.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Хаос во Швајцарија: Маж со мачета повредил тројца соседи и тримесечно бебе

Маж вооружен со мачета нападнал неколку лица во Сент Гален, на североистокот на Швајцарија, при што повредил четири лица, меѓу кои и едно бебе, соопшти денеска полицијата.Полицијата за нападот добила пријава во четвртокот по 21 часот и 30 минути. Осомничениот, 34-годишен Швајцарец, познат на полицијата поради психички нарушувања, се обидел да нападне трудница која дошла да го посети нејзиниот татко во таа зграда и го повредил нејзиниот 66-годишен татко кој се соочил со напаѓачот. објави АП.Соседите кои забележале што се случува тргнале по напаѓачот кога тој излегувал од зградата, пред која повредил уште една 31-годишна станарка.Таа жена била со своето тримесечно дете, кое исто така било повредено од напаѓачот, информираат од полицијата. Жителите успеале да го задржат напаѓачот до доаѓањето на полицијата која го привела, но во меѓувреме повредил уште едно лице.Полицијата соопшти дека осомничениот и самиот се повредил. Никој од повредените не е во животна опасност. Истражителите откриле запалива течност и гас во станот на осомничениот, по што зградата била евакуирана.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Обилните дождови во Швајцарија доведоа до лизгање на земјиштето: oсум лица се водат како исчезнати

Во Швајцарија неколку лица се водат како исчезнати во кантонот Тичино на југоисточниот дел на земјата, по свлечиштето предизвикано од обилните дождови што од вчера зафати голем дел од алпската земја, соопшти полицијата.„Големата бура предизвика лизгање на земјиштето во регионот Фонтана, а луѓето се водат за исчезнати“, соопшти полицијата во соопштението за печатот, без дополнителни детали.Повикот за евакуација на куќите во близина на реката Меги е упатен рано утринава до жителите на Прато-Сорница и долината Магија, каде што се трага по исчезнатите лица.Патиштата се отсечени, а камповите лоцирани покрај реката се евакуирани, соопшти кантоналната полиција. Водата го однела мостот и бил блокиран кантоналниот пат.Струјата беше прекината во делови од регионот, а дел од кантонот остана без вода за пиење, според федералниот систем за тревога во Швајцарија.https://twitter.com/Earth42morrow/status/1807263492032065610?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1807263492032065610%7Ctwgr%5E3096ee494dbcb03bfab9fd6c7642c6f75d58efac%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fvijesti%2Fclanak%2Fsnazne-kise-u-svicarskoj-dovele-do-odrona-osam-osoba-nestalo%2F2578247.aspx

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Експлозии и пожари во подземен паркинг во Швајцарија: Две лица загинаа, најмалку 11 лица се повредени

Две лица загинаа, а 11 се повредени по неколку експлозии и пожари на подземен паркинг во швајцарскиот град Нусбаумен во Аргау, соопшти кантоналната полиција.Во полиција синоќа околу 19 часот биле пријавени неколку експлозии, а пожарот кој до доаѓањето на пожарникарите се проширил на првиот кат бил изгаснат до 23 часот, јавува Свис инфо.Жителите се евакуирани и засега не им е дозволено да се вратат во становите, а локалните власти итно им обезбедуваат живеалишта.Во акцијата за гаснење биле вклучени три хеликоптери.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Девојка од Косово пронајдена мртва во стан во Швајцарија: Се огласи нејзиното семејство

Витеса Кукалај (27) од Базел, по потекло од Дечани во Косово, била пронајдена мртва во својот стан во Швајцарија.Како што пренесуваат швајцарските медиуми, станува збор за млада девојка која со години живее со родителите во Базел.Кантоналната полиција и Обвинителството во Швајцарија го истражуваат овој случај како сомнителна смрт.Веста за смртта на 27-годишната девојка ја објави нејзиното семејство на социјалните мрежи.„Со длабока тага ги известуваме нашите роднини, пријатели и добронамерници дека нашата најдрага Витеса Кукалај почина на 27-годишна возраст. Погребот ќе се изврши на 6 мај во 14 часот на гробиштата во селото Вокш. Витеса не остави млади, оставајќи не засекогаш тажни. Ќе ја паметиме со копнеж и љубов“, се наведува во соопштението.

Свет | пред 1 година

lavina-svajcarija

Пронајдени тела на пет скијачи во Швајцарија

Петмина од шесте скијачи кои исчезнаа за време на скијачка тура во Швајцарија и беа пронајдени мртви се членови на исто семејство, објави денеска Ројтерс.По еден скијач, кој бил во истата група, но не припаѓа на ова семејство, се уште се трага, јавува Н1.Скијачите исчезнаа во саботата околу планината Тет Бланш (3.706 метри), која се наоѓа меѓу Зермат и Арола, во близина на планината Матерхорн, на границата меѓу Швајцарија и Италија. Група скијачи тргнаа на крос-кантри турнеја во областа.Телата беа пронајдени во областа Тет Бланш во неделата, соопшти полицијата. Скијачите се на возраст од 28 до 58 години. Петмина од загинатите се членови на исто семејство од кантонот Вале, додека шестиот е скијач од кантонот Фрибург.Полицијата не го откри идентитетот на загинатите скијачи.Зермат е популарна планинска дестинација позната по скијањето што привлекува туристи од целиот свет.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања