Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ТЕНИС

IMG_0656

Ѓоковиќ без „прв тренер“: Не сум подготвен во оваа фаза да доведам некој сосема нов

Новак Ѓоковиќ по пласманот во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс изјави дека во моментов нема „прв тренер“ и дека не планира да назначи таков, затоа што не чувствува дека е подготвен, во оваа фаза од кариерата, да започне процес на целосно запознавање и градење нова соработка.По победата над Камил Мајхшак во второто коло, српскиот тенисер нагласи дека е мирен со ситуацијата и дека смета оти го има потребното за да функционира на турнирите без класичен шеф на стручниот штаб.„Немам никого кого би можел да го наречам прв тренер во овој момент. И јас сум во ред со тоа. Чувствувам дека го имам она што ми е потребно. Не мислам дека сега сум подготвен, во оваа фаза од кариерата, да доведам некој сосема нов и да поминам со него низ целиот процес на запознавање“, порача Ѓоковиќ.Иако наскоро ќе наполни 39 години, Ѓоковиќ истакна дека амбицијата да биде сè подобар на теренот не се менува, па отсуството на „прв тренер“, според него, не значи дека престанал да работи на напредок.„Недостигот на тренер не значи дека не се обидувам да ја подобрам играта или да иновирам, да најдам начини на и надвор од теренот да ја подобрам играта. Го правам тоа, доведов различни луѓе, поминав неколку недели анализирајќи и деконструирајќи ја мојата игра“, додаде тој.Во третото коло во Индијан Велс, Ѓоковиќ ќе игра против Американецот Александар Ковачевиќ.

Спорт | пред 1 седмица

media-libraryjrkgfsovir1m8pARFa5

Карлос Алкараз е новиот шампион на „Австралија опен“, Ѓоковиќ застана на чекор до рекордот

Карлос Алкараз е новиот шампион на Австралија опен, откако во финалето во Мелбурн го совлада Новак Ѓоковиќ и ја спречи неговата мисија за освојување на рекордната 25. гренд-слем титула.Клучниот гем од мечот донесе жестока размена на удари, во која Карлос Алкараз успеа да ја искористи грешката на Ѓоковиќ и да ја преземе контролата. Српскиот ас возврати со препознатливата магија, напаѓајќи на мрежа по втор сервис и освојувајќи поен со два прецизни волеја, но потоа следуваше нова неизнудена грешка која му овозможи предност на Алкараз.По силен ритерн, Алкараз стигна до две меч-топки и ја искористи првата, со што го запечати триумфот и ја освои титулата на Австралија опен.Со овој триумф, шпанскиот тенисер уште еднаш ја потврди својата доминација на најголемата сцена, додека Ѓоковиќ остана без ново историско достигнување, и покрај силниот отпор и борбата до самиот крај на финалето.

Спорт | пред 1 месец

media-librarypopvfer1oucscrp4H4F

Новак доминира во првиот сет: 6-2 против Алкараз во финалето на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ игра за својата 25. грен слем титула во кариерата, со што би поставил апсолутен рекорд во историјата на тенисот. Во финалето на Австралија опен во Мелбурн, Ѓоковиќ по првиот сет има водство од 1:0 против Шпанецот Карлос Алкараз, откако одигра импресивен воведен сет и славеше со убедливи 6-2.Ѓоковиќ рано го одзеде сервисот на противникот, целосно ја контролираше играта, делуваше самоуверено и стабилно од почеток до крај, а во финишот направи уште еден брејк со кој ја потврди доминацијата и го обезбеди првиот сет.Еден од навивачите на Ѓоковиќ привлече особено внимание со транспарент на кој имаше фотографија на Новак претставена како филмски плакат и порака: „Бегство од Алкараз“, што дополнително ја засили еуфоријата меѓу публиката.Ѓоковиќ со ваквиот почеток јасно најави дека е решен да испише нова страница во тениската историја и да ја освои титулата што би го издвојала како најуспешен грен слем шампион на сите времиња.

Спорт | пред 1 месец

media-librarygbvv7qr8a1pr4wzMjDz

Ѓоковиќ по 11. пат во финале во Мелбурн, Алкараз му стои на патот

Финалето на Australian Open е закажано за недела со почеток од 9:30 часот, а за трофејот на првиот грен-слем турнир во сезоната ќе се борат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.Ѓоковиќ избори пласман во финалето по драматичен полуфинален меч во кој славеше со 3:6, 6:3, 4:6, 6:3 и 6:3, иако двапати беше во резултатска негатива. Со ова, српскиот тенисер уште еднаш ја потврди својата доминација и ментална цврстина на терените во Мелбурн.Негов противник во финалето ќе биде Алкараз, кој по исцрпувачка борба што траеше пет часа и 21 минута, во пет сета го совлада Александар Зверев, обезбедувајќи си место во мечот за титулата.Ова ќе биде 11. финале за Ѓоковиќ на Австралија опен, турнир на кој досега никогаш не загубил финален натпревар. Доколку триумфира и овој пат, тој ќе ја освои својата 25. грен-слем титула во кариерата, со што дополнително ќе го зацврсти својот статус како еден од најуспешните тенисери во историјата на спортот.Финалниот дуел меѓу Ѓоковиќ и Алкараз се најавува како судир на искуството и младоста, во меч кој привлекува огромно внимание од тениската јавност ширум светот.

Спорт | пред 1 месец

media-librarygbu8e1iabj3d8dgQmFg

Австралиан опен со итно соопштение – променет распоредот

Австралиан опен издаде соопштение поради најавените високи температури за вторник, 27 јануари, кога се очекуваат скоро 40 степени.„Поради прогнозата за високи температури за утре, вторник, 27 јануари, направени се следните измени во распоредот. Организаторите одлучија порано да го отворат комплексот за програмата да започне пред најголемата топлина. Вратите ќе се отворат утре во 9:00 часот наутро. јуниорските натпревари ќе започнат во 9:00. Натпреварите на Margaret Court Arena започнуваат во 11:00 и се отворени за сопствениците на „Ground pass“ билети.“„Натпреварите на Rod Laver Arena ќе започнат во 11:30, каде што Арина Сабаленка ќе игра против Ива Јовиќ, а потоа следува Александер Зверев против Лернер Тиен.“Исто така, натпреварувањето на тенисерите во колички е одложено од вторник за среда.

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања