ТЕПАЧКА

jsp-avtobus

Тепачка во автобус на ЈСП во Чаир

Вчера околу 17:30 часот во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие, на подрачјето на Чаир во Скопје, дошло до нарушување на јавниот ред и мир поради физичка пресметка меѓу две лица.Како што информираат од МВР, по претходна расправија се судриле Ш.Ф. (36) од скопско и З.А. (55) од Скопје.Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 месеци

gjorce-park

Тепачка среде бел ден меѓу две девојки, се пресметале во Градскиот парк

Две девојќи физички се пресметале вчера во Скопје, среде бел ден.На 25.09.2025 во 15:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градскиот парк во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) и С.Б.(31), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryooa4j82f6m1v7nSTaQ9

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидати за советници на СДС крвнички тепале странски државјани во Струмица

Кандидати за советници на СДС од Струмица крвнички претепале странски државјани, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.„Додека СДС и Венко Филипче продаваат европски вредности, нивни кандидати за советници во Струмица тепаат луѓе. СДС го покажа вистинското лице – партија без програма и визија, но со насилници и тепачи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од опозицијата посочија дека станува збор за Христијан Ефтимов, претседател на младите на СДС и кандидат за советник во Советот на општина Струмица, и Илија Стојанов, исто така кандидат за советник. „Овие лица, блиски до структурите на СДС, во Струмица крвнички тепале странци“, наведуваат од партијата.Во соопштението се потсетува и на други случаи на насилство поврзани со членови на владејачката партија, меѓу кои градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „во видно алкохолизирана состојба тепал припадник на МВР“.„Низа е долга – од советникот Аки Акимов од Кочани, кој делеше тупаници во Советот и се закануваше, па се до актуелните случаи во Струмица. За сите овие инциденти Филипче не се огради, иако е фотографиран во блиски контакти со Акимов“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од опозициската партија порачаа дека Венко Филипче мора јавно да се огради од насилниците во редовите на СДС и да го осуди насилството. „Луѓето како Ефтимов и Стојанов не смеат да бидат иднината на државата. На Струмица ѝ се потребни промени, а не насилници кои се служат со примитивни методи“, стои во соопштението.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

(Видео) Страотна тепачка со клоци и крв: „Кандидати за советници од СДС крвнички тепале странски државјани“, тврди Манасиевски

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска излезе со обвинувања против СДСМ во Струмица, тврдејќи дека нивни кандидати за советници биле директни учесници во физички напад врз странски државјани.„Вистинската СДС се покажува на дело – кандидати за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој е и претседател на младите на СДС, заедно со Илија Стојанов, крвнички тепаа странци во Струмица. Ве замолувам да го проследиме видеото“, изјави Манасиевски на прес-конференција.Тој додаде дека со овој настан, целата јавност може да види на каков начин владее СДС во Струмица – „со страв и терор, наместо со идеи, програма и визија“.Според Манасиевски, дел од останатите кандидати од советничката листа на СДС имаат кривични и прекршочни пријави, што, како што рече, дополнително ја потврдува насилната политика на оваа партија.„МВР веќе има поднесено кривични пријави, но судството – како и во многу други случаи – сè уште нема донесено никаква правна разрешница“, рече Манасиевски, додавајќи дека бара осуда и јасно оградување од страна на СДС и локалното раководство.Според него, насилниците не смеат да бидат иднината на Струмица, а време е, како што истакна, „за вистинска промена во градот“.

Македонија | пред 4 месеци

policija-2457

По сообраќајка, бил и натепан на Бит Пазар - полицијата расчистува уште едно насилство

МВР информира дека 23-годишен жител на скопското село Танушевци пријавил физички напад на подрачјето на Бит Пазар.Според пријавата, на 18 септември околу 20:30 часот, по претходно случена сообраќајна незгода, тој бил нападнат од едно лице, кое во нападот употребило и остар предмет.Случајот е пријавен истиот ден во 23:30 часот во СВР Скопје, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 4 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка за паркинг во Ѓорче Петров – приведени двајца мажи

Се степале за паркинг – инцидент во скопската општина Ѓорче Петров заврши со физичка пресметка меѓу двајца мажи, поради недоразбирање околу место за паркирање.-На 07.09.2025 во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во ходник од зграда на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ј.(57) од Скопје и А.П.(34) од Прилеп, со престој во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-03-at-11.58.36

(Видео) Тикток-тепачка од Влае стана вирален хит: насилството прераснува во забава?

Тепачка помеѓу два лика кои креираат видеа за „Тикток“ е една од најпопуларните содржини во Македонија. Снимката е направена во скопско Влае, каде извесени Лара и Кт си упатуваат навреди, па продожува со физичка пресметка. Снимката за едне ден има над 10 илјади лајкови.Дали е сатирична содржина или реална кавга - знаат само авторите. Снимката е толку популарна, што доби десетици „римејк“ верзии.[caption id="attachment_347295" align="alignnone" width="1045"] Screenshot[/caption]Објавувањето на содржини каде се гледа насилство во Македонија често станува вирално. Па така, изминативе денови сведочевме на случај каде девојче било нападнато, снимката станала вирална на „Тикток“, а тоа се плашело да каже на родителите, за да нападот не се повтори. Родителот ја видел снимката онлајн по што пријавил во полиција.„Тикток“ и другите социјални мрежи, имаат свои механизми за заштита од ширење на вакви

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-24-155722

Дисциплинска постапка против ФК Шкупи поради инцидентот на натпреварот со Брегалница

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) вчера попладен излезе со остра реакција поради случувањата на натпреварот од младинските категории меѓу Брегалница и Шкупи, кога родители на гостинските играчи влегоа на терен и физички нападнаа дел од домашните фудбалери.„Ова однесување е крајно неприфатливо и претставува сериозно нарушување на спортскиот дух, фер-плејот и безбедноста на младите играчи. Особено е вознемирувачки фактот што едно дете доби тешки повреди, вклучувајќи скршеници, како последица од нападот“, се наведува во соопштението на ФФМ.Од Федерацијата најавија дека надлежните органи ќе поведат дисциплинска постапка и ќе преземат соодветни мерки против одговорните.„Дисциплинска постапка ќе биде поведена против ФК Шкупи и сите инволвирани лица, со цел да не се дозволи вакво недолично и опасно однесување да се повтори. ФФМ уште еднаш потсетува дека насилството на спортските терени е недозволиво и ќе биде строго санкционирано. Компромис за насилство, без разлика од кого и на кое ниво, нема да има“, стои во реакцијата.

Македонија | пред 5 месеци

D0D1C6E2-B7E4-41EB-8715-8C735918ECFD_1_105_c

Крвава тепачка во Бардовци, осуденик со стаклено шише усмртил друг осуденик!

Ноќеска се случила тепачка меѓу две лица во Психијатриската болница Бардовци, по што едно од нив починало во болница заради повреди здобиени од убоди од стаклено шише, соопшти Министерството за внатрешни.„На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско. Притоа, од ударите со стаклено шише И.T. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.Д.С. е задржан во собата каде се случил настанот. Имено, Д.С. е осудено лице за сторено кривично дело „убиство“, додека И.Т. бил осуден за кривично дело „семејно насилство“. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението на МВР.

Скопје | пред 5 месеци

tepacka-avion

Драма, крв и тепачка на летот Загреб-Малме

Вистински хаос се случил на летот на „Рајанер“ од Загреб до Малме.Според порталот „Афтонбладет“, дошло до жестока тепачка меѓу двајца мажи кои се тепале до крв.„Непосредно пред слетувањето, светлата се изгаснаа. Одеднаш, двајца мажи почнаа жестоко да се тепаат. Се тепаа и паѓаа врз другите патници“, изјави една патничка за шведските медиуми. Во кабината владееше целосен хаос.„Имаше многу деца и жени кои плачеа. Луѓето беа во паника и се обидуваа да трчаат кон задниот дел од авионот за засолниште. Имаше крв насекаде.По слетувањето, обезбедувањето веднаш влегло во авионот за да ги совлада насилниците кои се шведски државјани. Едниот од нив добил пријава за напад.

Балкан | пред 6 месеци

Нема фотографија

Страшен напад во Црна Гора: Тинејџер од Србија претепан со рачка од пиштол, му скршиле два заба

Малолетник од Србија добил лекарска помош, се здобил со тешки телесни повреди, а од удар со пиштол му испаднале два заба.Будванската полиција идентификуваше малолетник од Будва кој утрово три часа по полноќ со пиштол удрил по глава малолетен српски државјанин на шеталиштето недалеку од дискотека.Како што неофицијално дознава „Вијести“, околу четири часот наутро полицијата го пронашле напаѓачот во ресторан.Бил претресен станот во кој живее, а во мотоциклот што го поседува бил пронајден пиштол за стартување, за кој постои сомневање дека бил употребен во тепачката.Малолетникот од Србија добил лекарска помош, се здобил со тешки телесни повреди, а од удар со пиштол му испаднале два заба.За случајот бил информиран основниот државен обвинител од Котор за малолетници.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Масовна тепачка на навивачите: Користени палки и факели, неколкумина повредени

Двајца мажи се тешко повредени, а еден е полесно повреден во тепачката што се случила околу полноќ на Ѕвездара, на аголот од улиците Воислав Илиќ и Мис Ирбијева, соопшти итната помош.Повредените мажи се пренесени во Ургентниот центар.Според извештаите на социјалните мрежи, во тепачката биле користени факели и палки, а навивачите наводно се судриле.Исто така, се наведува дека „неколку лица биле прегазени од автомобили“.

Свет | пред 1 година

248287349_345946824048768_3738017654012925334_n

Ужас во Карпош: Имало тепачка со ножеви, лопати, секири, изваден бил и пиштол

,,Општина Карпош е згрозена од синоќешниот немил настан во ромската населба во Злокуќани. Такво насилие, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви... (за среќа извадениот пиштол не успеал сопственикот да го репетира), е незапаметено во историјата на Карпош. Оваа масовна тепачка во ова населено место не е прва. Дел од ромската населба во Злокуќани станува гето, опасност за живеењето на жителите кои сакаат мирно да ги поминуваат деновите, но уште поопасно за граѓаните кои што гравитираат во тој дел како и фирмите кои што имаат имот во оваа населба. Готово да нема граѓанин кој што физички не е нападнат. Не постои куќа или фирма која повеќе пати не е брутално ограбена, а сторителите се познати и на мештаните и на органите на прогон.За насилниците од оваа населба градоначалникот на општината повеќе пати изврши разговор со полициската станица Карпош и со Основното јавно обвинителство за да насилниците бидат санкционирани, затоа што овие луѓе не само што ги загрозуваат жителите на Злокуќани, туку и жителите на Бардовци и Влае 1.Општина Карпош бара од полицијата, обвинителството и судот, најстрого да бидат санкционирани учесниците во оваа нецивилизирана, преполна со агресија тепачка својствена на средниот век, а не на цивилизирана заедница како што е оваа општина. Доколку овој немил настан не се санкционира соодветно, а границата е помината веќе со години, состојбата ќе биде уште полоша, а агресивните насилници ќе земаат се повеќе замав.”, пишуваат од Општина Карпош.

Скопје | пред 1 година

italija-parlament

(Видео) Тепачка во парламентот во Италија

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на расправата за поголема регионална автономија.Леонардо Доно од популистичкото Движење пет ѕвезди прво бил турнат, а потоа соборен на подот, јавуваат италијанските медиуми.Причината е дебатата за диференцирана автономија на регионите, со што регионите би добиле поголема моќ, а опозицијата остро се спротивстави.Дел од опозицијата ја пееја химната и ги истакнаа знамињата на таа земја, а кога Доно се обиде да му го предаде знамето на еден од министрите, дојде до туркање.Се уште не е јасно дали паднал сам или некој го турнал. Eден од чуварите кој се обидел да интервенира за да го прекине конфликтот е повреден.Никола Фратојани, еден од пратениците, изјави дека Дон бил удрен неколку пати во главата, поради што паднал на земја. Потоа му се слошило и му била потребна интервенција на лекарите кои го однеле во инвалидска количка.Седницата е прекината, а во моментов се разгледуваат снимките за можни мерки по овој инцидент.

Свет | пред 1 година

crnogorsko-sobranie-tenzii

(Видео) Тепачка и хаос во црногорското Собрание

Тензично со тепачка е во црногорското Собрание. На седницата избувна конфликт меѓу пратеникот на Демократската партија на социјалистите, Оскар Хутер и дел од пратениците од коалицијата „За иднината на Црна Гора“. Додека пратеникот Хутер држеше гобор, пратеникот Радуновиќ фрли нешто кон него, а тој постојано повторуваше „срам да ти е“.И по дадената пауза, жестоката расправа продолжи, а Хутер и Кнежевиќ повеќепати се обидуваа физички да се нападнат, но беа спречени од останатите пратеници.Пратениците на ДПС Данијел Живковиќ и Андрија Николиќ побараа да се повика обезбедување, се приближија до масата на Мандиќ, кој по кратка дискусија се оддалечи од местото.?si=t5372Vf16vZdwfWH

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања