„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

топ2

albanija

Албанија уапсени 14 лица и запленет милионски вреден имот и пари, спроведена голема акција против албанска нарко организација

Албанското специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) спроведе една од најголемите операции против дрога во последните години, насочена кон развивање на албанска криминална организација која дејствувала на глобално ниво, стои во соопштението на Обвинителството.„Според СПАК, организацијата била вклучена во трговија со повеќетонски количини кокаин од Латинска Америка до најголемите пристаништа на Европската Унија, како и во перење пари преку софистицирани финансиски мрежи. Истрагите биле спроведени во рамките на кривичната постапка од 2023 година и се засновале на анализа на шифрирани комуникации во апликацијата „Sky ECC“, објавија медиумите.Додаваат, дека истрагите откриле повеќетонски пратки кокаин од Латинска Америка до главните пристаништа на ЕУ, вклучувајќи ги Хамбург и Антверпен, а незаконски стекнатите средства, главно, биле инвестирани во недвижнини во Албанија.Според истрагите, криминалната група го контролирала целиот синџир на трговија со луѓе, од производство во Латинска Америка, преработка и складирање во Парагвај, меѓународен транспорт во контејнери, до дистрибуција и перење пари во Албанија и во странство.Операцијата била спроведена од албанската полиција, во тесна соработка со ЕВРОПОЛ и органите за спроведување на законот од Германија, Белгија, Франција, Холандија и Италија.Специјалниот суд попладнево изрекол 16 безбедносни мерки, при што на 14 лица им е изречена мерка „затворски притвор“, додека на две задолжително јавување во судот.Според Обвинителството, само пратката од Хамбург имала пазарна вредност помеѓу 1,5 и 3,5 милијарди евра, што претставува една од најголемите заплени во историјата на трговијата со кокаин во Европа.Покрај недвижен имот во Албанија, вреден милиони евра, конфискувани се и 111.800 евра во готовина, 4.000 американски долари и 880.000 леки.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2021-09-19-111942

(ВИДЕО) СПЕКТАКЛ: Ерупција во Исланд трае шест месеци

Денеска се навршуваат шест месеци од ерупцијата на вулканот што ги фасцинира набудувачите во близина на главниот град на Исланд Рејкјавик, најдолгиот во таа земја повеќе од половина век, јавуваат локалните медиуми.Првата лава почна да излегува од кратерот на вулканот Фаградалсфјал на 19 март оваа година.Повеќемесечниот спектакл, кој варира од бавен проток на лава до подраматична ерупција на грутки, е голема туристичка атракција што досега привлече повеќе од 300.000 посетители.Вулканот се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, југозападно од главниот град. Тоа е шеста вулканска ерупција во Исланд во последните 20 години, но најдолга во половина век.„Шест месеци е прилично долга ерупција“, вели вулканологот Торвалдур Тордарсон.Сепак, количината на исфрлена лава досега, 143 милиони кубни метри, не е ни блиску до рекордот.„Ерупцијата е посебна во однос на релативно бавниот и стабилен проток на лава“, објасни геофизичарот Халдор Геирсон.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи претежно во планинските региони. Попладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во југозападните делови ветерот ќе е западен и повремено со засилен интензитет.Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со умерена променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени.Од УХМР најавуваат дека услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи ќе има утре претежно во планинските региони. Од понеделник ќе биде претежно стабилно со повремено зголемена облачност и нешто пониски дневни температури. Особено посвежо ќе биде од среда.

Македонија | пред 4 години

w_56674011

Четвртa на светската листа по смрност од корона е Македонија

Македонија се најде на четвртото место по смртност од ковид-19 на еден милион жители, покажува новата светска статистика заклучно со 16 септември. Во тие бројки на Статиста не се внесени починатите од вчерашниот ден која во земјава 29 лица го загубија животот како последица од компликации од коронавирусот 29 лица.Така според податоците на Статиста во земјава досега се починати 3,055.98 лица на еден милион што ја сместува земјава на четвртото место по тој смртност. Пред нас се Босна и Херцеговина, Унгарија и Перу, земја лидер на оваа неславна листа.Македонија е меѓу државите кои имаат најмногу починати во последните седум дена на еден милиони или над 73 лица.

Македонија | пред 4 години

vakcina-kovid-fajzer

Нема трета доза Фајзер во Америка

Влијателниот советодавен одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да им понуди дополнителна, трета доза на вакцина Фајзер против ковид -19 за мнозинството Американци.Панел независни експерти собрани од Администрацијата за храна и лекови гласаа со 16 гласови „за“ и 12 „против“, а членовите изразија незадоволство што „Фајзер“ не обезбеди доволно податоци за безбедноста на дополнителните дози, објави Гласот на Америка.Според Гласот на Америка, ова нанело удар врз администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, која се обидува да ја зајакне заштитата на граѓаните од делта сојот.Многумина се прашуваат дали е соодветна дополнителна вакцинација на речиси сите делови од населението, наместо да се даваат дополнителни вакцини на одредени групи.И водачите на ФДУ и советодавниот одбор, посочија дека се подготвени уште еднаш да гласаат дали да препорачаат дополнителни дози на постарите Американци или други групи со поголем ризик од болести.Расправата траеше неколку часа.Членовите на комисијата, исто така, се пожалија дека податоците дадени од израелски истражувачи за третата доза можеби не се соодветни за да се предвиди ситуацијата во Соединетите држави.Научниците внатре и надвор од американската влада во последните денови беа поделени во врска со потребата за дополнителни дози и за тоа кој треба да ги прими, додека Светската здравствена организација силно се противи на богатите нации да им даваат трета доза на нивните жители, додека сиромашните земји немаат доволно вакцини за првата доза. 

пред 4 години

predrag-kon

Кон: Доцна е за ковид-пропусници, време е за затворање

Србија размислува за воведување ковид-пропусници, но епидемиологот Предраг Кон вели дека поминало времето кога ковид-пропусниците би дале ефект. Во овој период кога во Србија секојдневно се заразуваат над 7,000 луѓе, епидемиологот вели дека е време за затворање, односно за ограничување на несуштинските активности и скратување на работното време.Тој вели дека мерката со воведување на ковид-пропусници е задоцнета, но таа мерка ќе дала резултати доколку била воведена пред неколку месеци.Кон спомена дека за време на летниот период, кога се одржуваа и настани од културата и концерти, имаше некаква контрола, бидејќи беше задолжително тестирањето на ковид, но сепак, колку тие во практика се спроведувале не може точно да се знае.– Ние дискутиравме за воведување ковид-пропусници уште во мај и тоа на барање на локалната самоуправа од Белград, но тогаш се зборуваше дека тоа е неуставно и дискусијата заврши. Сега единствено би можело да се воведе таква пропусница за несуштинските активности како забави, прослави. Но, сега единствената алтернатива на ковид-пропусниците е затворање, односно ограничување на тие несуштински активности, скратување на работното време. Практично, сè она што го имавме како рестриктивни мерки, освен воведување на полицискиот час – рече епидемиологот Кон.Кризниот штаб на Србија размислува за воведување ковид-пропусници, но сè уште нема детали.Во последните 24 часа, во Србија се потврдени 7.602 нови случаи на коронавирус. Има 31 починат.

пред 4 години

19-04-2021-Kaleska-Vanceva

Калеска Ванчева: Самото поднесување на оставките покажува дека постои етика и морална одговорност

Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата Патот кон на Алсат телевизија истакна дека за несреќата во болницата во Тетово, не може да се каѓе дека здравствениот систем потфрлил, особено не во една ваква рана фаза, кога се уште не е завршена истрагата.Таа додаде дека многу важно е каков е одговорот на државата, каков е одговорот на институциите кога се случуваат тие несреќи дали се презема, се она што може да се преземе за да се превенираат во иднина одредени несреќи.Не постои човек во државата што со нетрпение не го очекува резултатот од истрагата, да видиме дали се работи за системска грешка, дали се работи за човечка грешка или за нешто друго. Тоа е одговорот што мора да го бараме низ институциите, што имаат одговорност за такво нешто, истакна Калеска Ванчева.Таа рече дека кога се случи несреќата веднаш се формираше кризен штаб, а по еден ден стигнаа писмени оставки, кои се доставуваат до мандатарот, односно до премиерот.Самото поднесување на оставките и она што е наведено во нив отсликува дека не можеме да говориме за непостоење на етика и морална одговорност. Тие ја чувствуваат таа одговорност и затоа ја поднеле таа оставка, тоа врвен морален чин истакна Калеска Ванчева.Но сега Владата, односно претседателот на Владата е тој што треба да процени дали во овој момент е висок приоритет фокусот да биде даден на моралната и етичката одговорност и да заминат од функциите и да бидат поставени други луѓе или фокусот треба да биде даден на она што значи спроведување брза ефикасна сеопфатна истрага, којашто ќе ги даде резултатите, рече Калеска Ванчева.Таа нагласи дека опозицијата ја манипулира јавноста, а постапката за оставките е јасно опишана во Уставот, законите и деловникот на Собранието.Опозицијата прави политизација, кога на ваква трагедија се обидуваат максимално да излечат политички поени и не е тоа прв пат, се прави политизација од се, а тоа особено го гледаме од почетокот на пандемијата со коронавирусот, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-bolnica

Невакцинираните да си го плаќаат лекувањето во болниците, предлага министерот за здравствство на Германија

Оние кои не сакаат да се вакцинираат против коронавирусот треба да ги сносат финансиските последици од таквата одлука, рече министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан.Тој за радиото WDR изјави дека, на пример, тие треба да ги платат трошоците за тестовите потребни за посета на ресторан.Во Германија се планира да се воведе плаќање тестови за коронавирус од 11 октомври, освен за луѓето кои не можат да се вакцинираат поради здравствени причини.Ново заклучување на цела Германија би предизвикало четири пати поголема финансиска штета отколку воведувањето на ограничувања за невакцинираните, се вели во анализата на Лајбниц институтот за економски истражувања (RWI), пренесува „Ханделсблат“.Повторното заклучување ќе ја чини Германија, во зависност од обемот, помеѓу 6,5 и 52 милијарди евра, проценуваат експертите.Така, доколку се случи заклучување, БДП за следната година би се намалил за 0,6 проценти, покажуваат пресметките.

пред 4 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.04.20

Над 400 илјади лица се попишани, тврди Државниот завод за статистика

Вкупно 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови се попишани во првите осум дена од пописот, објави денеска Државниот завод за статистика.Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 192.538 лица.Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

Мицкоски по сведоштвото за заканите на тетовецот: Вистинска катастрофа, со цел да не сведочи за скапаниот здравствен систем

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук статус се огласи во однос на сведоштвото на тетовецот за пожарот во Тетовската болница.„Сведоштво дека во изгорениот ковид центар во Тетово, наспроти тврдењата за бесплатното здравство на Заев и Филипче се барале пари за нега на пациент. Но она што е вистинска катастрофа се заканите по живот кон Ибин Емшиу да не сведочи за фрапантната вистина, за мувлосаниот и скапан здравствен систем кој доведе до катастрофа, констатира Мицкоски.Прашањето е кој се заканувал? Кој сака на овој начин да се убие вистината и кому тоа му одговара? За да не влијаат на истрагата бараме веднаш оставки од Хасани, Филипче и Заев, кои патем да напоменам не чувствуваат ниту морална одговорност. Луѓе од крв и месо? Не би рекол, само алчни за фотелји и тендери, додаде Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

bojan-maricic

„Ден Дончев со туце пари замина во Австралија, Рашковски е дома наместо во затвор“, ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Маричиќ

„Колку криминалци треба да избегаат за да министерот за правда Бојан Маричиќ си поднесе оставка. Само во Македонија затвореник предизвикува сообраќајна со смртни последици и од затвор оди во притвор. Само во Македонија со Бојан Маричиќ министер криминалците се на слобода наместо во затвор, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.„Ден Дончев видовме како зема туце со пари и си замина во Австралија наместо во Шутка.Драги Рашковски наместо во затвор си е дома, иако отворено праќаше пораки осомничените да не кажуваат се пред обвинителите.Само во Македонија криминалците си поигруваат со правдата и законите.Бојан Маричиќ со неговиот шеф Зоран Заев се најголемите убијци на правдата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

filipce-4

ВМРО-ДПМНЕ прави фронт против Филипче: Да изгласаме негова смена

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Венко Филипче и Илир Хасани, да ги достават оставките до Собранието, а не до премиерот, кој видовме дека нема да ги прифати, соопшти опозициската партија.„ Филипче и Хасани имаат рок до вторник да ги поднесат оставките до Собранието. Доколку не ги поднесат, ВМРО-ДПМНЕ во координација со другите парламентарни партии ќе поднесе Предлог одлука за разрешување на министерот за здравство и неговиот заменик.ВМРО-ДПМНЕ нема да бара интерпелација за таа да не заглави во некоја од фиоките на Талат Џафери.Филипче и Хасани мора да сфатат дека одговорност мора да има, и тие не смеат да бидат на своите позиции од морални причини, а тоа што ќе покаже истрагата е предмет дали за нив ќе има кривична одговорност или не. Тоа се два различни поими и постапки кои треба да течат одвоено“ велат од партијата.ВМРО-ДПМНЕ ги повикува партиите од власта: БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС и ДПА да не го штитат Филипче и да изгласаат негова смена.„ Очекуваме БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС и ДПА исто така да го повикаат Филипче и неговиот заменик Хасани на оставка. Одговорност мора да има“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

remenski

Ременски за Филипче: Следен пат кога ќе ви потреба Венко, јавете му се на Никола Тодоров и Вилмa

Експратеничката од СДСМ, Фросина Ременски застана во одбрана на министерот за здравство Венко Филипче откако тој реши да понуди оставка на премиерот Зоран Заев и Владата. Таа пишува „ Така му иде тоа, лешинарите ќе станат херои и професионалци, а професионалците со емпатија и совест жртви на "моралот" на лешинарите“.„И додека сите се ставаат во чевлите на Венко, за да кажат што би направиле да се на негово место, треба да сфатат дека, можеби многу бргу ќе бидат во слична позиција и ќе си ги удрат својот камен (збор) од глава. Ќе беше помалку лицемерно ако истиот "принцип" (збор) на прозивки за одговорност беа побарани од сите кои имаа слична или иста "ресорска позиција" и им се случеше, им се случи "пожар". Кога врбата ќе роди грозје, па ни тогаш можеби овој наш здравствен систем ќе најде лекарски тандем како Венко - Хасани кои знаат како треба да функционира еден здравствен систем. Жално е за овој fucking систем еден да биде печен на ражан, а други да ладат нозе и да чекаат "да бидат прогласени за нај нај нај најдобри", за што ..., за криење зад други. Следен пат кога ќе ви потреба Венко, јавете му се на Никола Тодоров и Вилма ..., тие ќе ви го средат fucking системот што коти лешинари и кукавици“, напиша Ременски.

Коментари | пред 4 години

Popis_2021

Вчера попишани 114 308 лица

Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо.Заклучно со вчерашниот ден, 11 септември, до 20 часот, попишани се 308 551 лице. Само вчера беа попишани 114 308 лица.Државниот завод за статистика ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.Попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираме до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци.

Македонија | пред 4 години

danela-arsova-2

Покрај урбанистичкиот и сообраќаен хаос, примарен фокус ќе ми биде културата, уметноста, спортот, вели Арсовска

Тука кај нас во Македонија и воопшто на скопјани им е преку глава од политизација од партиски препукувања и од сето она кое што секојдневно го гледаат, вели Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Град Скопје во интервју за централниот дневник на ТВ Телма.Арсовска посочи дека планира фокусот на нејзиното работење да биде базирано токму на квалитет и добро менаџирање, нагласувајќи дека како родена скопјанка сака од Скопје да направи подобар град.„Верувам дека можам со квалитетите да бидам едно освежување како што вие напоменавте на политичката сцена и покрај тоа што јас не сум политичар и никогаш не сум се занимавала со политика. Планирам фокусот на она кое што ќе го направам и кое што го правам до сега да биде базирано на квалитет, да биде базирано на менаџирање и практично да го дадам најдоброто од себе. Пред се одлучив затоа што сметам дека како родена скопјанка, како некој кој што целиот свој живот го живее тука, како мајка, како сопруга, како некој кој што сака моето дете да остане во Македонија, да направам нешто подобро за овој град, вели Арсовска“, потенцираше Арсовска.Арсовска додаде дека кампањата за локалните избори ќе биде исклучиво позитивна бидејќи како што рече на скопјани покрај сивилото во кое што сега живеат сакаат да видат свежина, а како што потенцираше покрај урбанистичкиот и сообраќаен хаос, фокус ќе биде културата, уметноста, спортот и се она што е значајно за скопјани да живеат поубаво.„Она кое што можам да го кажам за мене е дека мојата кампања ќе биде крајно позитивна. Верувам дека сите како што напоменавте на почетокот во сивилото и во она кое што сега ни се случува сакаат да видат некој кој што може со свежина, со позитивно да им го врати и духот и животот на скопјани, и она кое што за нив е значајно и да се почувствуваат едноставно како да живеат во една светска метропола, каде што ќе има фокус не само на овие примарни и важни работи како урбанистичкиот хаос, како разрешување на проблемите кои што се имаат во сообраќајниот хаос и оној метеж кој што го гледаме секојдневно во градот, туку и да има еден примарен фокус на културата, на уметноста, на спортот и на сето она кое што е значајно за да живееме поубаво“ изјави Арсовска.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања