„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

топ2

grubi-4

Груби за оставките: Кога доаѓаш од народот, не постои начин да постапиш поинаку

Вицепремиерот Артан Груби преку Фејсбук објава ги искоментира оставките на на заменик-министерот за здравство Илир Хасани и директорот на тетовската болница Фљорин Бесими.-Кога доаѓаш од народот, не постои начин да постапиш поинаку.И Илир и Флорин нема да престанат со нивниот придонес за граѓаните и општеството. Тие се со нас и блиску до граѓаните. Дури и вечерва ќе ги најдете на должност, помагајќи им на пациентите без оглед на нивната јавна функција, напиша Груби.

Македонија | пред 4 години

9EF9EC26-E7F3-4163-9C96-91265492A888

Кандидатката на Левица за Аеродром за противкандидатите: Тие “бањати” од елитите, јас “небањата” од работничка класа

Актуелниот пратеник Тимчо Муцунски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник во скопската општина Аеродром на претстојните локални избори. Александар Филиповски, дипломиран економист и поранешен пратеник, е кандидат на СДСМ. Левица, пак, најави дека во Аеродром ќе оди со Весна Кираџиева, дипломиран криминалист и атлетски репрезентативец. Токму Кираџиева ги искоментира противкандидатите.“Си ја ѕирнав конкуренцијата, како по обичај пред секој натпревар. Добив дежаву, имам чувство дека ќе трчам со Марин и Коневски. Дечките се од угледни семејства на елитите, 'бањати' што би рекле твитерџии, од семејства на дипломати, пратеници, не како мене 'небањата' од семејство на работничка класа. Некои аеродромци не се сигурни дали истиве живеат во Општина Аеродром, ама ете, според личните карти имаат стан и тука, па влегуваат во трката”, пишува кандидатката.“Јас пак ептен добро си ги знам аеродромци, цел живот сум тука и знам кој менталитет ми се соседите, пријатели, семејството кое живее во мојата општина, знам дека им е здосадено од маринци и коневци да ни ја газат општината и во наредни четири години, ова го зборувам како дел од народот, не како кандидатка за градоначалничка. И знам дека нема да потпаднат под истата замка да гласаат за некој само затоа што има партија зад себе и никој ништо не им може, владеат како монарси. Знам дека аеродромци сакаат конечно промени, некој нивни, некој од нив, некој кој разбира од каде доаѓаат, кој ја разбира маката на вредната, работничка класа, која за жал е фрлена на работ на општеството, изгубени во лавиринтите на лошо менаџирана администрација, некој кој слуша и послушува, некој кој ќе се бори за нив.Мора да почнеме од некаде да ги менуваме работите за подобри услови за живеење на сите, а тоа некаде, е тука и сега, на локално ниво. Во духот на спортот и ферплејот, нека победи најдобриот! Нека победи народот!”, додава таа.

Скопје | пред 4 години

pozar-drvja

Изгоре 200 хектари шума кај пругата Скопје-Велес

Велешкото одделение на Центарот за управување со кризи известува дека според информациите добиени од противпожарната служба на Велес, пожарот кој во текот на вчерашниот ден се појави покрај пругата Скопје-Велес, зафаќа површина од околу 200 хектари ниско стеблеста шума, трња и габер.РЦУК - Велес, известува дека според информациите добиени од ТППЕ Велес, пожарот кој во текот на вчерашниот ден се појави покрај пругата Скопје-Велес, поточно пред ЖС-Рајко Жинзифов кај село Сл'п, зафаќа површина од околу 200 ha ниско стеблеста шума, трња и габер. На терен се екипа од ШС Бабуна и месно население. Според информацијата добиена од терен не постои можност за проширување на пожарот кон с. Карабуњиште и се очекува дека истиот во текот на денот ќе биде ставен под контрола.

Македонија | пред 4 години

nikola-bekjarovski-960x621

Казната за присуство на цивили во Ковид центар не може да биде само разрешување, вели Беќаровски

Доктор Нико Беќаровски  порача дека казната за присуство на цивилни лица во Ковид центар не може да биде само разрешување на надлежните.„Континуирано присуство на ЦИВИЛНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ВНАТРЕ во Ковид центрите е СВЕСНО ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ. За вакво злодело казната не може да биде само разрешување на надлежните во тетовската болница“, напиша Беќаровски.

Коментари | пред 4 години

Capture-2-503x430

ВИДЕО: Никому не му е јасно што прави полицаецов за време на увидот во тетовската болница

Додека новинарка во живо известува за обдукцијата на пациентите и двајца нивни придружници кои во средата вечерта изгореа во пожар во модуларната болница во Тетово, зад неа се гледа  полицаец кој го обезбедува пеплосаниот објект во кој до пред два дена се лекуваа пациенти болни од ковид-19.

Магазин | пред 4 години

PRSM-Pendarovski-DiePresse

Пендаровски: Не сум чул дека човек кој е во затвор направил сообраќајка, барем да го возел затворското комбе

Ситуацијата за случајот со Зоран Милески Кичеец има многу апсурди, од човечки и од правен аспект и бара целосно испитување, вели шефот на државата Стево Пендаровски во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.– Не сум чул, не сум прочитал некаде во светот дека човек кој е во затвор направил сообраќајка. Барем да го возел затворското комбе, па ќе речеме дека ете работи на таа позиција. Згора на тоа бил со двајца странски државјани, посебно ме интересира дали можеби еден од нив има и двојно државјанство. Како правник не  можам да разберам како на човек кој е во затвор, му давате мерка притвор. Тој треба да се врати во затвор за да го обезбедите неговото присуство – рече Пендаровски.

Македонија | пред 4 години

stevo-770x437

ВИДЕО: И Пендаровски би се повлекол, ако бил во ситуацијата во која е Филипче

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „360 степени“ кое ќе се емитува вечерва рече дека доколку тој бил во таква позиција веднаш би поднел оставка за трагедијата во Тетово.-Ако зборуваме за кривична одговорност или правна, јас би почекал да заврши истрагата. Но, ако зборуваме за морална одговорност, тогаш оние кои ме познаваат знаат дека кога јас би бил во ваква позиција, јас не би чекал ниту секунда, веднаш би поднел оставка од морални причини, кажа Пендаровски.

Македонија | пред 4 години

Dimsa-PRESS-1111-2

Арсовски бара оставка од Заев, откако Филипче се повлече

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски бара и премиерот Зоран Заев да си поднесе оставка по примерот на министерот за здравство Венко Филиче. Арсовски му посочи и на министерот во оставка, Филипче, да се подготви за одговорност.„Зоран Заев ти си на ред… Немој да чекаш! Немој да мислиш дека Венко Филипче несреќата примил куршум за тебе и те спасил.. До последен здив ќе те прогонуваме да си ја сносиш одговорноста, не поминуваш неказнето! Венко спремај се за одговорност за сѐ што си направил“, напиша Арсовски.

Македонија | пред 4 години

jovan-jauleski

По оставката, пратеникот Јаулески до Филипче: Ова не те пере од одговроност

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески е еден од првите кои се јавија со реакција откако министерот за здравство Венко Филипче поднесе оставка од функцијата. Тој бара одговорност од министерот во заминување, кому Владата треба да му ја прифати оставката.„Не, не, Филипче, ова не е доволно! Ова не те пере од одговорноста тебе и деспотот Заев кој исто така треба да поднесе оставка. Се надевам дека ова е неотповиклива и нема да правите циркуз, а повеќе од сѐ сум убеден дека ако не сега, ќе одговорате веднаш откако ќе дојде правната држава во Република Македонија!“, напиша Јаулески.

Македонија | пред 4 години

130879028_3563319720411695_2285973126918774645_n

Заменик-министерот за здравство поднесе оставка

Заменик-министерот Илир Хасани е третиот кој даде оставка од функцијата по пожарот во тетовската модуларна болница.„Во вакви сериозни моменти за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам никаква врска со модуларните болнички процедури, иако немам ништо друго со организацискиот дел, оставката е најмалку што можам да направам во овој момент, да ги почитувам жртвите, повредените, мислењето и најмногу себе си На Ништо над достоинството!“, напиша Хасани.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-10-at-17.44.46

Уште еден директор од тетовската болница даде оставка

Економскиот директор на тетовската болница, Артан Етеми, е вториот кој даде неотповиклива оставка од функцијата. Ова доаѓа откако модуларната болница во Тетово целосно изгоре и одзема 14 животи на пациенти кои се лекувале од ковид-19.„Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин. Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца. Ја споделувам болката со роднините на жртвите“, пишува Етеми.

Македонија | пред 4 години

70C3D544-502A-417F-898F-BFCCA9A903BB

Падна првата оставка по пожарот и четиринаесете изгубени животи

Директорот на Клиничката болница Тетово, Флориј Бесими даде оставка од функцијата по два дена откако изгоре модуларната болница„Како доктор, кој цел мој професионален живот сум го посветил во лекување на моите сограѓани и како прв човек одговорен во Клиничката болницата во Тетово, со која раководам последниве години, чувствувам морална и етичка одговорност од страшниот настан во кој згаснаа човечки животи“, напиша Бесими на својот профил на Фејсбук, соопштувајќи дека дава оставка од раководното место.Тој се надева дека истрагата ќе заврши брзо по што ќе се знаат причините за пожарот.„Мојата оставка нема да ги утеши семејствата, но верувам дека ќе постави една морална линија, која сите како општество сме ја заборавиле. Загубата на човечки живот во една ваква состојба е голема трагедија. Функцијата не е пред достоинството и човечноста. На повредените им посакувам побрзо да закрепнат! Јас, со целосна доверба целиот мој живот сум го посветил за здравјето на граѓаните и на нашето општество. Изразувам почит и сочувство кон моите тетовчани, и останувам во нивна постојана услуга. Господ да го благослови моето Тетово и моите тетовчани“, пишува Бесими.

Македонија | пред 4 години

kiceec-2

Дијагнозата на Кичеец не е животозагрозувачка, велат кардиолозите

Зоран Милески-Кичеец, во моментот е во 30-дневен притвор во скопскиот затвор Шутка  поради учество со сообраќајка со смртни последициТој претходно ја издржуваше затворкската казна за случајот „Рекет“, а на 10 август бил пуштен надвор од затворот. Поради лошата здравствена состојба и проблеми со срцето тој имал прекин во издржувањето на казната во КПД од отворен вид во Струга.Како што беше наведено во соопштението од Управата за извршување на санкции, тој требало да направи испитувања за суправентикуларна тахикардија.„Фокус“ поразговара со неколку кардиолози на оваа тема, кои сакаа да останат анонимни, но кои ни раскажаа дека со ваква дијагноза тој не се наоѓал во живототзагрозувачка состојба.„Тоа е дијагноза е општа и не е животозагрозувачка. Може да се направат испитувања за неколку денови, но може и за две, три недели во зависност од тоа каде се прават испитувањата. Факт е дека не е опасна – објаснува нашиот соговорник.Целиот текст можете да го прочитатена Фокус.мк

Македонија | пред 4 години

kate-walsh-grays-anatomy

Кејт Волш се враќа во „Вовед во анатомија“

„Вовед во анатомија“ е една од најдолговечните ТВ-серии, но дури и во пресрет на 18. сезона, успева да приреди изненадувања за својата верна публика.Заедно со новите авантури, една од највпечатливите актерки во серијата, Кејт Волш, се враќа наесен, и повторно ќе го облече својот бел мантил за да ја игра улогата на доктор Адисон Монтгомери.Ликот на бескомпромисната докторка со огнено црвена коса се појави во првата сезона кога беше претставена како поранешна сопруга на Дерек, што ја отежна ситуацијата за младата Мередит Греј.Кејт играше омилен лик во „Вовед во анатомија“ сè додека не ја напушти серијата за да глуми во спинофот „Приватна пракса“.Веста за враќањето на доктор Адисон на официјалниот профил на серијата беше објавена во видео од самата актерка.„Драги мои, точно е, д-р Адисон Монтгомери се враќа во ‘Меморијалната болница Греј-Слоан’. Многу сум возбудена што повторно сум дома“,  вели Кејт во воведниот дел од видеото, најавувајќи дека 18. сезона на Еј-би-си ќе зпочне со емитување на 30 септември.

Магазин | пред 4 години

241688629_585924389520550_7051623577493705864_n

Детали за починатите: Ќе се испитува како е одржувана болницата, Филипче бара да не се создава паника кон ковид центрите

Министерот за здравство Венко Филипче на почетокот на прес-конференцијата се извини што доцна во текот на денот излегуваат со информации.„Се уште трае истрагата и затоа замолувам да имаме трпение и да ги чекаме наодите. Повторувам, замолувам. Како министер и човек барам сите наоди да бидат презентирани во јавноста. Од одговорност никој нема да биде изземен ако истрагата тоа го утврди. Во тетовскиот ковид центар, имало двајца лекари, четири медицински сестри и 24 пациенти. 12 пациенти кои се евакуирани се во стабилна здравствена состојба, нема починати и повредени здравствени работници, а на судска медицина се предадени телата на 14 пациенти. Починатите се од 29 години до 79 години. Освен класичните обдукциони наоди, ќе се прават и ДНК анализи“, рече Филипче.За Филипче, важно е да се утврди како биле одржувани модуларните објекти каде беа сместувани пациенти. За квалитетот, министерот рече дека интерниот увид покажал дека сите имаат сертификати за квалитет.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања