Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ТОП

viber_image_2025-03-18_13-58-16-740

Нови претреси во Кочани, истрагата за пожарот и работата на диското „Пулс“ се проширува

Истрагата по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се проширува, кажа премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали и во моментов се вршат претреси во простории кои се во сопственост на газдата на дискотеката и во канцелариите на подрачните служби на Државниот пазарен испекторат.Според Мицкоски, досега статус на осомничени добија 34 лица, а Мицкоски речe дека станува збор за поединци за кои има и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај.„Но ќе повторам, тука нема да застанеме,

Македонија | пред 1 година

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска (25.03.2025) со почеток од 20.45 часот поради одржување на меѓународен квалификациски фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Македонија | пред 1 година

puls-19

Од повредените во Кочани: 12 пациенти се испишуваат во болниците, 4-5 се покритично, има и влошување

Министерот за здравство, Арбен Таравари, кажа дека и натаму на лекување се 151 пациент, кои настрадаа во диското „Пулс“ во Кочани. Од нив, рече дека пет пациенти се во полоша состојба, како и дека некаде има влошување. Добрата вест е дека 12 пациенти си заминуваат дома, а кои се лекуваа во Скопје.„Вкупно во болниците во Скопје се 39 пациенти. Денеска се испишуваат 12 пациенти и практично ќе останат 27 пациенти кои се лекуваат во болниците во Скопје. Исто така во странство продолжуваат да бидат 1

Македонија | пред 1 година

sobranie-nov-sostav-sdsm

Ина за пратениците: Одмор за време на ваква трагедија не е дно, треба лифт да викнеш да те качи до дното

Инфлуеснерката која пишува под името на Ина Многуфина, остро го искритикува Собранието кое реши да не работи две недели, за да пратениците не се караат на пратенички прашања поради трагедијата во Кочани.Нејзиниот статус:„Во време на крах на системот кога е нужно да се лоцираат сите закони кои треба да се сменат, оние што имаат дупки што станале тунели, оние кои се донесени за да може да шиба корупцијата, оние закони кои доведоа до оваа трагедија.... собранието си зема две недели одмор. Да одмора

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2025-03-24-at-20.27.12

(Видео) „Не се пакувај, бори се“, граѓаните во „лесно запалива држава“ бараат правда за жрвите во Кочани

На мирен марш граѓаните бараат одговорност за трагедијата во Кочани.Граѓаните вечерва се собраа на плоштадот Македонија во организација на движењето „Кој е следен?“. Бараат одговорност за најголемата трагедија во која минатата недела 59 лица ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Запалени свеќи, молк во спомен на жртвите.Пораките на плоштадот ги испратија преку транспаренти: „Вашиот систем уби една цела генерација”, ,,Жртви на корупција”, „Лесно запалива држава”. Тие бе

Македонија | пред 1 година

protest

(Видео) Медицинарите пред Градска поздравени со „вие сте херои!“ од граѓаните кои маршираат за жртвите во Кочани

На маршот преку кој се бара правда за жртвите и повредените во Кочани, докторите и сите медицинари беа поздравени со аплауз.Токму во моментот кога граѓаните поминуваа кај Градската болница, извинуваа „Вие сте херои, вие сте херои“.

Скопје | пред 1 година

83A8C0E4-4AC5-468D-9103-997021EF4AC3_1_105_c

Избегал од психијатрија, ја демнел и пукал во неа - детали за настанот во Центарот за социјални работи-Прилеп

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во простории на Центарот за социјални работи – Прилеп каде со истрели од огнено оружје повредено е едно лице.Осомничениот, според првични сознанија, претходно подолг период ја демнел и загрозувал сигурноста на жртвата за што биле водени соодветни кривични постапки против него, меѓутоа избегал од институција во која издржувал мерка задолжително психијатриско лекување.Во просториите на Центарот тој пукал од о

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Дисциплинска за полицаецот чија службена легитимација беше злоупотребена од неговиот син, кривична пријава за синот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде мерки и активности, постапувајќи по претходна пријава дека Ф.Х. ја злоупотребил службената легитимација на неговиот татко И.А.Х., полициски службеник во Полициското одделение Сарај.„Имено, по преземени мерки било констатирано дека Ф.Х. на 21.03.2025, управувајќи приватно моторно возило, следел друго лице и во близина на село Смилковци и клучка Стајковци се претставил ка

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-24-at-17.56.04

Прегазени двајца малолетници на пешачки во Карпош 4, на истото место каде има низа несреќи изминатите години

Двајца малолетници беа удрени од автомобил во Карпош 4, на пешачки премин. На лице место е излезена полицијата и јавен обвинител, а местото со саати се обезбедува.„Денеска (24.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје со патничко возило “ауди” со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед. Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренес

Скопје | пред 1 година

bolnica-prilep-01

Едно лице застрелано, уапсен 50-годишен маж за пукањето во Прилеп

Полицијата уапси прилепчанец кој истрелал куршум од пиштол, соопшти МВР. Ова доаѓа по добиената пријава во СВР Битола за пукотници во Прилеп.„Во 13.53 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Центарот за социјални работи Прилеп имало пукање со огнено оружје и било повредено едно лице кое е пренесено во Градска болница Прилеп. Од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп било излезени на лице место при што лишен од слобода бил А.Ј.(50) од Прилеп кај кого се пронајдени пиштол и нож“, велат од

Македонија | пред 1 година

bore-videvski-5

Каратистот „смени касета“: Откако призна, сега негира вмешаност во убиствата на Вања и Панче, а памети дека преспал во партијата вечерта пред ликвидацијата на девојчето

Каратистот Боре Видевски, обвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во неговиот исказ негираше било каква поврзаност со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој пред судот тврдеше дека на средбите со другите обвинети бил со цел да договорат литија против промена на името на МПЦ. Ова негирање дека сторил било што, доаѓа, откако претходно призна вина, како во полиција, така и пред обвинител, па подоцна менуваше ставови. Сега, пред судот рече дека признал вина под присила.Де

Македонија | пред 1 година

puls-12

Дискотеката „Пулс“ не била пломбирана во декември, ама е со блокирана сметка од август минатата година

Дискотеката „Пулс“ која функционирала под фирмата „ММММ кафе ДООЕЛ“ не била пломбирана во декември минатата година, посочуваат од УЈП по низата информации кои се појавија во јавноста. Тие посочуваат дека е изречена само казна во 2023 година за сторен прекршок во однос на регистрирање на готовинските плаќања.„’Пломбирање’ кое се пласира и за кое се шпекулира во јавноста е извршено кај друг угостителски објект (со друг назив) кој бил предмет на контрола и за кој изречена привремена забрана за врше

Македонија | пред 1 година

486364848_122133673832761905_257023359035423420_n

Вчера покана, денес непожелни: Новинарите спречени да снимаат пред платото на УКИМ каде требаше да има собир за Кочани

Независното студентско собрание за денеска најави јавен собир во 13 часот, пред платото на УКИМ, а студент со мегафон излезе да вика „Никој не сака новинар внатре, никој студент не даде согласност за сликање, никој не сака сликање“.Ова дојде откако платото пред УКИМ беше речиси празно. Ја немаше гужвата која беше при привот собир. Дел од медиумите најавија бојкот на студентите, што би значело дека во иднина нема да ги следат нивните собири. Се спакуваа и заминаа од пред платото.Засега не е позна

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-24-at-13.34.51

Речиси пет години затвор за Бугаринот кој измами кумановка за 30 илјади евра со наводна сообраќајка

Бугарскиот државјанин Предраг Миленков (60) од Софија, кој ja измами Г. В. (66) од Куманово за 30.000 евра, доби казна од четири години и 10 месеци. Судијата смета дека тој сторил тежок вид на измама, со јавувањето кај семејството Величковски на кои им побарал 50.000 евра, со тврдење дека член на семејството умртил мигрант. Тие немале толку средства, па исплатиле сума од околу 30.000 евра.„Превидената максимална казна е пет години затвор, судот му изрекува на обвинетиот четири години и 10 месеци

Македонија | пред 1 година

klinika-brza-pomos

Повредениот малолетник е во стабилна состојба, вели д-р Срцева од КАРИЛ по пукањето во Волково

Повредениот малолетник од скопско Волково, е во стабилна состојба, соопшти директорката на КАРИЛ, Марија Срцева Јовановски. И тој е повреден од огнено оружје, во пукањето каде едно лице е убиено, а другото се самоубило веднаш по настанот.„Се прават иследувања, состојбата е релативно стабилна и пациентот потоа ќе продолжи со лекување веројатно на Клиниката за пластична хирургија“, одговори Марија Срцева Јовановски на новинарското прашање.Претходно, МВР соопшти детали.

Македонија | пред 1 година

policija-brza-pomos

За убиството во Волково: Се вештачи оружјето, се земаат траги, на терен е обвинител и полицијата

Јавен обвинител, полициски и други увидни екипи вршат увид на лице место и ги преземаат сите дејствија за расчистување на убиството и самоубиството во скопско Волково.„Издадена е наредба за обдукција на телата на двајцата починати. Од лице место е подигнато оружјето кое ќе биде предмет на вештачење. Ќе се вршат балистички и други вештачења со цел да се утврдат сите околности на настанот“, велат од Обвинителството.

Скопје | пред 1 година

puls-37

11 обвинители ќе прават распит на 300 сведоци, велат од Обвинителството за истрагата за дискотеката во Кочани

„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски утрово одржа координативен состанок со тимот јавни обвинители кои постапуваат во истрагата за трагичниот пожар во Кочани“, стои во соопштението од Обвинителството испратено утрово и се додава:„Со оглед на обемот на дејствијата кои веќе се преземаат, тимот е проширен на 11 јавни обвинители кои постапуваат во овој предмет согласно усвоен план на активности и динамика.Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои

Македонија | пред 1 година

velibor-manev

Манев за убиствата на Вања и Панче: Требаше да се оформува партија и ни фалеа пари, така се роди идејата за грабнување

Обвинетиот Велибор Манев, за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, одговараше на прашања од судијата Ивица Стефановски. Тој раскажа како дошле до идеја за грабнување.„Требаше да се оформува партија и ни фалеа пари. Така се роди идејата за грабнување. Реков претходно дека 150 илјади евра ни беа ветувани, но откако виде дека не е таа жена, ни рече дека ќе се обиде да извади по 20 илјади евра по човек. Се двоумеше Палчо меѓу поранешен директор на Гранит и оваа ќерка на фармац

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-24-at-11.49.05

(Видео) Мицкоски ги разбира протестите и гневот: Но не ги разбирам политичките глодари-лешинари

Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека ги разбира сите кои гневот и протестите, но не ги оправдува, како што вели, политичките глодари, кои ги нарече и лешинари.„Протестите се демократска алатка за изразување на незадоволство. Сите сме незадоволни од тоа што се случува. Работите ги решаваме и ќе продолжиме да ги решаваме. Се решија многу работи со изборот на оваа Влада, за многу работи оваа Влада беше браник, да не дозволиме да продолжи разграбувањето, националното уништување, разграбувањето на

Македонија | пред 1 година

policija-brza-pomos

Пукање во скопско Волково: Едно лице се бори за живот

Пукање имаше утрово во скопско Волково. Според првичните информации до кои дојде „Скопје1“, станува збор за расправија, по која имало пукање. Две лица се повредени, од кои едното е во потешка состојба и се бори за живот.„Од страна на едно лице било пукано од огнено оружје кон соседите, има повредени“, велат од МВР за „Скопје1“, посочувајќи дека станува збор за првичните информации.На лице место има десетици полицајци кои го обезбедуваат местото. Дојдена е и Брза помош.Детали за настанот засега н

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-03-24-at-10.05.25

Двајца загинати во Волково, малолетник е повреден и во болница - детали од МВР

Две лица загинале, додека малолетник во релативно стабилна состојба е однесен во болница на лекување. Ова е епилогот од пукањето кое се случи утрово во скопско Волково, во општината Ѓорче Петров.„Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медиц

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-23-at-15.09.07

16 повредени од Кочани се праќаат дома, четири се критично - сега е фазата на инфекции, рече Таравари

16 лица од повредените во Кочани, ќе се пуштат на домашно лекување, додека 30 пациенти ќе останат на лекување во скопските клиники. Ова го соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари, кој најави и враќање на осум пациенти кои се лекуваат во странство. Тој рече дека во Македонија, ќе бидат сместени во домашните клиники, па за ден два ќе бидат пуштени дома.„Четиири пациенти се покритични. Вчера беа пет, денес, се четири. Во фаза сме на инфекции кои можат да се јавуваат кај изгореници од трет и

Македонија | пред 1 година

298196751_650863252645052_6768035899300460508_n

ДУИ се огласи: Молкот заврши, започната е политичка хајка

Изминаа седум дена болка, молк и солидарност – денови кога целото општество се поклони пред споменот на 59 млади животи што згаснаа трагично, меѓу кои и деца, а стотици други беа повредени. Како Демократска Унија за Интеграција, одбравме да молчиме – од почит, велат ДУИ преку соопштение кое ви го пренесуваме во целост:Почит кон жртвите, кон семејствата, кон една национална рана што треба да не обедини, а не да нè подели.Но молкот заврши. И сега мора да се зборува.Од првиот момент на трагедијата

Македонија | пред 1 година

486065000_18022520981659085_1109633324685409913_n

Во сообраќајките кај Стража и во Кавадарци - нема повредени

Во двете сообраќајки кои се случија во текот на вчерашниот - нема тешко повредени лица.Според информациите од МВР, во несреќата која се случи во Кавадарци, возачите на автомобилите се пуштени дома веднаш по прегледите во полиција.И во сообраќајката на патот Гостивар-Стража, исто така нема тешко повредени.

Македонија | пред 1 година

IMG_6897

Скопјанец украл 10.000 евра од менувачница, користејќи кратко отсуство на вработениот - оди во притвор, а не му е првпат да е осуден

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 20 март, одзел пари во вкупен износ од 10.100 евра од менувачница на улицата „Архиепископ Ангелариј“. Го искористил моментот кога вработениот во менувачницата, поради зафатеност со работни обврски, кратко излегол надвор, па осомничениот влегол во менувачницата, од благајната ги одзе

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања