Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ТОП

Screenshot-2025-03-16-at-10.45.39

Таравари: Сите хоспитализирани се во стабилна состојба, надвор од државата 51 повреден

Таравари во денешниот прес изјави дека сите хоспитализирани пациенти се во стабилна состојба, додека надвор од државата се пренесени 51 повреден. Нема пациенти во Кочани и во Штип.Испрати порака сите што не се пријавиле вчера за преглед, да се пријават денес.Во клинички центар има 49 пациенти, во „8 Септември“ 18 пациенти, стара градска болница 17, додека во регионот и Европа бројот е следниов:Турција: 9Бугарија: 14Грција: 5Србија: 17Унгарија: 2Литванија: 4Во теков на денешниов ден се планира да

Македонија | пред 1 година

vozac-brza-pomos-kocani

Почина возач на брза помош кој цела ноќ ги пренесувал повредените од трагедијата во Кочани

Возачот на брза помош, Иле Гоцевски, кој цела ноќ ги преведувал повредените од пожарот во Кочани, починал утрово.Колегите од Општата болница Кочани, каде што Гоцевски беше дел од тимот, се во шок и неверување. Вчера, како и секој ден, извршуваше свои работни задачи, транспортирајќи пациенти и повредени лица, давајќи го својот максимум за да им помогне на оние на кои им е најпотребно. По напорниот и долг ден, се вратил дома да одмори, но, за жал, не се разбудил.За него сведочат како за пожртвуван

Македонија | пред 1 година

panco

Состојбата на Панчо е влошена, ставен е на апарати, објави Ребека

Пејачката Ребека Јанковска Ристески, јави дека состојбата на пејачот на ДНК, Владимир Блажев Панчо од ДНК е влошена. Оваа информација не можевме да ја потврдиме. Според неа, трахеата (орган за дишење) му е многу оштетен.„Панчо мил, не се предавај. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим, на апарати е“, напиша Ристески.Тој во текот на вчерашниот ден, по третирањето во Клиничкиот центар Скопје каде беше примен, беше преместен во болницата „Систина“.Од бендот на ДНК досега е потврдена смртта на

Македонија | пред 1 година

kocani

Кратка хронологија на пожарот во Кочани - од стампедо, гушење и уривање на кровот загинале 59-те лица

Нови информации за интервенцијата на противпожарните бригади.Не повеќе од 7 минути од добивање на повикот, ТППЕ Кочани со едно навално возило и со тројца од четирите дежурни пожарникари излегува експресно брзо на терен.По самото пристигање на објектот во пламен и согледување на ситуацијата се известува пожарникарот кој останал во база да ја мобилизира цела единица како и да побара помош од соседните градови.Иако во три часот кога обично сите се во длабок сон, пожарникарите веднаш одат во база, к

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-17-at-08.43.38

18 повредени од Кочани се во грчките болници - има тројца тешко повредени, едно лице е оперирано

По трагичната несреќа во Македонија и телефонскиот разговор меѓу грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во неделата наутро, со координирани акции на министерствата за надворешни работи, здравство, цивилна заштита и грчката служба за итна медицинска помош, Грција ги презеде сите чекори побарани од Европскиот механизам за цивилна заштита, велат владини извори.Вкупно 18 повредени ќе бидат згрижени во болницата Папаниколау во Солун

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-17-at-08.34.40

Во Кочани ќе се одржи протест во 13 часот, по трагедијата каде загинаа 59 лица

По трагичната несреќа во Кочани, во која загинаа над 59 наши сограѓани, на социјалните мрежи веќе кружат апели и се најавува протест во 13 часот во Градскиот парк.„Овој протест е израз на длабока болка и револт за загубените животи, но и за состојбата во која се наоѓаме како општество. Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест и за нив да го смениме овој неефикасен систем кој не обезбедува сигурност, благосостојба и праведност.Граѓаните бараат конкре

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-17-071719

(Видео) Осум повредени од Кочани се во тешка состојба, во Софија се борат за нивните животи

Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров.Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година.Состојбата на сите пациенти е тешка, со изгореници на телото, горните екстремитети и ли

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-19.54.15

Згрижени се над 140 пациенти од дискотеката во Кочани - лицата префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира Кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување на соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки.Во текот на денешниот ден, згрижени се над 140 паци

Македонија | пред 1 година

289281755_8308389602520189_8030493755363633206_n

Тоше отишол во дискотеката да го прослави раѓањето на синот, но не успеа да се спаси од пожарот

Триесетгодишниот Тоше Богданов е еден од 59 загинати во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Пријателите на Богданов сведочат дека тој излегол со своите пријатели заеднички да го прослават раѓањето на неговиот син.Богданов кој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата, која според неофицијални информации се породила пред неколку дена.„Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите. Сакаше да ги почести пријателите и отиде во диско, а сега

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-07.19.27

Најнова информација: Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица, 3 се во тешка состојба

Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица.„Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

sc-boris-trajkovski

(Видео) Додека Македонија плаче, настан за дрифтање се прави кај СЦ „Борис Трајковски“, има десетина судири

Директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ објави снимка од пред салата, каде што според него, се одржува настан за дрифтање со 300 возила. Кај него, пријавиле дека ќе снимаат спот. Од дрифтањето има десетина судири и штети.„Срам и арам! На ваков тажен ден, кога цела земја плаче по 60 загинати деца, некому текнало да организира дрифт настан со над 300 возила, а пријавиле „снимање спот". При тоа, причинети десетина судари и штети на паркингот на СЦ „Борис Трајковски". Ова ниту сум го дозв

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-19.59.34

Ова се деталите: Големи пропусти во дискотеката каде загинаа 59-лица, се бара краток притвор за 10 лица

Десетици пропусти се пронајдени во првите часови од увидот во дискотеката каде загинаа 59-лица. Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски кажа дел од нив посочувајќи дека „пропустите се навистина многу големи“. Краткорочен притвор ќе се бара за 10 лица.„Од увидот на јавните обвинители, заедно со инспектори на ДЗС беше констатирано дека објектот немал хидрантска мрежа ниту хидрант во близина, имало само два ПП апарати, имало само една импровизирана метална врата, која била заклучена со катанец

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-18.30.36

Мицкоски најави морална одговорност: Ќе има решителни одлуки, на кои јавноста не е навикната

Со едноминутно молчење започна прес-конференцијата на премиерот Христијан Мицкоски. Рече дека наредните денови ќе има и морална одговорност за несреќата.„Ќе има решителни одлуки, на кои јавноста не е навикната“, рече Мицкоски.Осврнувајќи се на обвинувањата од СДСМ, Мицкоски рече: „Ова е битка помеѓу чесните и нечесните од сите партии“.„Потребна е демонстрација на морална одговорност. Многумина велат знаат граѓаните дека владата е нова. Но без разлика на тоа, ние мора да бидеме пример, и мора да

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.37.15

(Видео) Тензично е во Кочани, семејствата ги бараат телата на починатите

Во Кочани е тензично.Дел од родителите чии деца во текот на изминатата ноќ загинале во пожарот во дискотеката бараат нивните тела да им бидат предадени веднаш, да не се чека натамошна обдукција.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

Владата по трагедијата во Кочани донесе неколку важни одлуки

Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица во трагедијата во Кочани.На денешната вонредна владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа, Владата донесе одлука за прогласување на 7 дневна жалост на територија на целата држава. Секој да се придржува до одлуката, бидејќи

Македонија | пред 1 година

pance

(Видео) Меѓу загинатите има тројца малолетници, а 20 се повредени - 22 лица се во критична состојба

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кажа дека меѓу загинатите има тројца малолетници. Тој посочи дека 22 лица се во критична состојба.„Досега се утврдени 20 малолетни лица, и три починати малолетни лица. Во дискотеката имало негде, според првичните информации околу 500 лица, околу 250 лица се продадени согласно информациите кои ги имаме. Имињата на починатите, по завршување на идентификацијата ќе бидат доставени до семејството. Идентификувани се најголем дел од жртвите. Сите тела се

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-15.41.07

(Видео) Уапсени повеќе од 20 лица, меѓу кои организатори на кобната забава во дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски соопшти дека 20 лица се уапсени. Дискотеката имала две нелегални лиценци, кои биле фалсификувани. Истите се издадени во 2024 година.„МВР до овој момент, во врска со овој кривично правен настан има осомничено повеќе од 20 лица. Околу 15 лица се во полициска станица. Дел од осомничените се починати, дел се во болница. Четири лица имаме обезбедено во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека, и управител на правното лице кое ја мена

Македонија | пред 1 година

Screenshot_59

Загина и Андреј од „ДНК“

Андреј Ѓорѓиески, познат Акако ндреј од „ДНК“, е еден од загинатите во клубот „Пулс“ во Кочани. Тој е една од 59-те жртви во страшната трагедија. Има и други лица во многу тешка состојба и за жал, се очекува оваа бројка да се искачува.Владимир Блажев-Панчо има изгореници на лицето и рацете, и е на кислородна поддршка. Тој засега е вон животна опасност.Досега потврдена е смртта и на музичарот Филип Стевановски од Куманово, кој е член на бендот на дуото ДНК.Претходно беше објавено дека загина и та

Македонија | пред 1 година

andrej-fudbaler-pozar

Почина фудбалерот Андреј Лазаров по здобиените повреди од трагедијата во Кочани

Во пожарот во кочанската дискотека почина и младиот фудбалер на Шкупи, Андреј Лазаров. Тој беше меѓу повредените во болницата во Штип, но за жал состојбата му се влошила и тој починал.Според информациите, тој се здобил со изгореници кои на крајот се покажале како претешки за да преживее.Неговиот клуб претходно објави дека тој е надвор од животна опасност, но ситуацијата подоцна се променила и за жал им подлегнал на повредите. Металург, Работнички и Тиквеш беа клубовите за кои настапуваше во Маке

Македонија | пред 1 година

licenca

Како дискотеката во Кочани со блокирана сметка организирала концерти?!

Фирмата „ММММ кафе ДООЕЛ“, носител на лиценцата за „Клуб Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 лица, е со блокирана сметка, покажуваат информациите од „Бизнис мрежа“, софтвер кој црпи информации од Централниот регистар. Ова го отвора прашањето, како оваа фирма продавала карти, но и пијачки на присутните во клубот, каде се случи големата трагедија. Фирмата е основана во 2020 година.Според лиценцата издадена од Министерството за економија, објавена од ТВ21, фирмата ја добила лиценцата на 13.03.2023 год

Македонија | пред 1 година

skovski

(Видео) Четири лица се бараат со потерница, десетина повредени раскажале што се случило во дискотеката

Четири лица се бараат со потерница, а кои се поврзуваат со дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 лица. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, рече дека се анализра сѐ, како во делот на градежно-техничка документација, како за предуслови за ставање во функција на таков објект, како во делот на лиценци, постапувањето додека траел настанот, обезбедувањето.„Извршени се разговори со над десет лица хоспитализирани во скопските болници. Извршен е разговор и со еден од членовите на бендот ДНК.

Македонија | пред 1 година

kocani

(Видео) Се искачи бројот: 59 загинати во дискотеката „Пулс“, меѓу нив и полицаец на должност

„Починати се 59 лица, а 39 се идентификувани. Животот го загубил и полициски службеник, од Пробиштип, кој постапувал при претходно изготвен план за контрола објекти“, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.Четири жртви се од Штип, 31 се од Кочани. Повредени се 155 лица, истите се наоѓаат низ повеќе болници низ државата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.15.36

Кој дозволил дискотека во трошен објект во поранешен магацин за теписони?

Објектот во кој работела дискотеката „Пулс” во Кочани, во кој според досегашните информации има 51 загинато лице, ги нема основните услови за работа.Дискотеката работи веќе 12 години, бил стара градба и несоодветна за дејноста.Овој објект бил магацин за теписони, но од општината добил дозвола да ја врши дејноста и да функционира дискотеката.Од општината не даваат информации кој и под кои услови ја продолжувал дозволата за работа и дали биле вршени инспекции.Сменети се неколку сопственици , а се

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.45.39

(Видео) 18 настрадани од Кочани се во критична состојба, меѓу нив и малолетници

Досега, 18 лица кои настрадаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во критична состојба. Меѓу нив и малолетници. Ова го соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари. Тој посочи дека се координираат и со земјите од соседството, за ако има потреба, да се префрлат таму на лекување.„За жал има и малолетни хоспитализирани лица. Во критична состојба има и малолетници. Ќе излеземе со официјален телефонски број, каде родителите ќе можат да добијат информации“, рече Таравари.Тој посочи дека има кризен ш

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-11.03.43

(Видео) Сведоштво на девојка која се спасила од дискотеката во Кочани

Девојка повредена во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведочеше за големата трагедија.„Наеднаш изби голем пожар, сите почнаа да трчаат надвор, сите гледаа да си ги спасат животите. Никој не беше свесен, испогорени тела. Сите се под стрес. Сестра ми е изгубена, не можеме да ја најдеме во никоја болница. Чекаме резултати дали ќе ја најдеме“, вели девојката.Девојката има повреди, мал оток на лицето и коленото, паднала при излегување и била изгазена.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања