ТРАМП

9456691

Порно ѕвезда му се заканува на Трамп: „Ова ќе го боли“

Порно ѕвездата Сторми Даниелс тврди дека снимките од телефонски разговори, кои таа му ги предала на својот адвокат, ќе го „болат“ поранешниот американски претседател Доналд Трамп.44-годишната Даниелс се најде во центарот на истрагата на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брего, што Обвинителството ја води против 76-годишниот Трамп, поради неговата наводна исплата на 130.000 долари на Даниелс за време на претседателската кампања во САД во 2016 година.Наводно и била платена сума за да и се „купи“ молчењето за нивната секс афера од 2006 година.„Сигурна сум дека јас ќе се смеам последна. Денеска му дадов информации за мојот телефон на мојот адвокат (ова ќе го боли!) и планирам активности за пролетниот распуст со моето дете. Беше убав ден“, напиша Даниелс на Твитер.Сторми почна јавно да зборува за доказите откако сослушувањето на големата порота беше ненадејно откажано откако неидентификуван сведок не се појави на суд.Минатата недела, Даниелс и нејзиниот адвокат, Кларк Брустер, за прв пат се сретнаа со канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен поради извештаите дека обвинението против Трамп е неизбежно.„Сторми одговараше на прашања и се согласи да се стави на располагање како сведок и да биде достапна за понатамошна истрага доколку е потребно“, рече Брустер.Да потсетиме, Сторми за прв пат се сретна со Трамп во летото 2006 година на хуманитарен голф турнир во близина на езерото Тахо, во планините Сиера, на самата граница на Калифорнија и Невада. Таа тогаш имаше 27 години, а Трамп 60. Според неа, тој ја поканил во својот стан на вечера и ја пречекал во пижами, удобно легнат на каучот. Тие потоа се го имале, како што таа го опиша „најдосадниот секс во нејзиниот живот“. Трамп, од друга страна, негира дека некогаш бил интимен со Даниелс и ја обвинува за „изнуда“ и „тотална измама“.Она што со сигурност се знае е дека Даниелс добила 130.000 долари за нејзиниот молк пред претседателските избори во 2016 година. Исплатата е дел од истрагата на Окружниот суд на Менхетен за можни прекршувања на законите за финансирање на кампањата.Кога таа финансиска трансакција излезе на виделина во 2018 година, Даниелс побара од судот да го поништи нејзиниот договор за необјавување со Трамп и почна да се појавува на телевизиски емисии.

Магазин | пред 2 години

tramp

Трамп призна се за кавгите со Меланија во Белата куќа

Доналд Трамп официјално ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори во САД во 2024 година и ја претстави својата нова кампања на имотот Мар-а-Лаго на Флорида, каде се појави во друштво на неговата сопруга Меланија.Во својот говор тој откри дека неговата сопруга поминала многу тешко во Белата куќа."Тоа не беше радост за нашата голема прва дама. Тоа не беше пријатно патување. Ќе дојдев дома и таа ќе ми кажеше дека изгледам луто и вознемирено. Потоа ќе и кажев да ме остави на мира. Тоа не беше најлесно, но таа беше одлична прва дама и луѓето ја сакаа“, изјави поранешниот американски претседател.Меланија беше поздравена од публиката со голем аплауз. Таа за претставувањето на кампањата носеше кошула со точки, бело здолниште и бели салонки.Покрај сопругата, Трамп во говорот го спомена и својот син Ерик, шегувајќи се дека добил „повеќе судски покани од кој било во историјата на нивната земја“.

Магазин | пред 3 години

tramp-1

Во куќата на Трамп пронајдени чувствителни информации за Кина и Иран

Во куќата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп се пронајдени чувствителни информации за Кина и Иран.Високочувствителните разузнавачки информации за Иран и Кина се содржани во некои документи што ги пронашло ФБИ за време на августовскиот претрес на домот на поранешниот американски претседател во Флорида, објави денеска „Вашингтон пост“, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање.https://twitter.com/washingtonpost/status/1583474401239920643?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1583474401239920643%7Ctwgr%5Ed99ad7ee28273548123530eee691044ce2243678%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0bfd180d0bed0bdd0b0d198d0b4d0b5d0bdd0b8-d182d0b0d198d0bdd0b8-d0b4d0bed0bad183d0bcd0b5d0bdd182d0b8-d0b2d0be-d0bad183d19cd0b0d182d0b0%2FСтанува збор за тајни документи кои ја опишуваат разузнавачката работа поврзана со Кина, а барем еден од нив се однесува на ракетната програма на Иран, пренесува „Ројтерс“.Објавувањето информации од документите би донело повеќекратни ризици, вклучително и загрозување на луѓето кои ја помагаат работата на американските разузнавачки служби, цитира американски експерти.Министерството за правда истражува дали Трамп го прекршил законот земајќи владини документи откако ја напушти функцијата во 2021 година, вклучително и околу 100 доверливи документи што ги преселил во својот имот на Флорида.

Актуелно | пред 3 години

17129377616347afa530c99677493144_wide

Google дозволи социјалната мрежа на Доналд Трамп да стане дел од Play Store

Truth Social е социјалната мрежа која најмногу ја поддржува поранешниот американски претседател Доналд Трамп, а сега е достапна на Google Play Store, по неколку месеци одложување.Од крајот на август, двете страни се во конфликт околу одобрувањето на апликацијата во Google Store. Google наводно ги означил проблемите со умереноста на содржината во апликацијата, вклучувајќи физички закани и содржина што повикува на насилство.Пред тоа, Truth Social се појави на Apple App Store во февруари оваа година, додека корисниците на Android мораа да се потпрат на веб верзијата на услугата или да ја преземат апликацијата од страна.Во својата политика за приватност, Google бара апликациите со содржина генерирана од корисниците да ги следат правилата што спречуваат навредливо однесување и закани, како и механизми за спроведување на тие политики.Truth Social не е единствената апликација која добива дополнителна проверка од Google за нејзините политики. Една од нив е апликацијата Parler, која во јануари беше повлечена од Play Store од истите причини, но беше вратена минатиот месец.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања