ТРАМП

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп се исмејува на климатските промени за време на студен бран во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги исмеа климатските промени, овој пат поради силниот студен бран што ја зафати поголемиот дел од САД. На својот профил на Truth Social напиша дека се очекува „рекорден студ во 40 сојузни држави“ и иронично праша што се случило со глобалното затоплување.Научниците појаснуваат дека климатските промени не значат постојано затоплување, туку појава на екстремни временски услови, вклучувајќи и интензивни топлотни бранови и силни студени продори. Загревањето на Арктикот ја слабее разликата во температурата помеѓу северот и југот, што го нарушува протокот на струјата на ветровите и овозможува студен арктички воздух да се спушти кон југот, вклучително и САД.Институции како NASA и NOAA веќе предупредуваат дека глобалното затоплување може да го зголеми ризикот од екстремни зимски температури во умерените географски ширини. Според извештаите на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), студените екстреми не се исклучени, туку можат да бидат и поинтензивни.Студиите објавени во научни списанија како Nature и Science ја поврзуваат слабоста на поларната циркулација со почестите продори на студен воздух во Северна Америка и Европа. Тоа значи дека студените бранови како сегашниот не ги негираат климатските промени, туку се еден од сценаријата што научниците ги предвиделе.Трамп, со својата иронична објава, го игнорира токму она што науката го предвидува – дека светот станува се повеќе нестабилен и подложен на екстреми.

Свет | пред 4 дена

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Шпанија одби да се приклучи на „Одборот за мир“ на Трамп поради мандатот и изоставувањето на Палестина

Шпанија нема да се приклучи на „Одборот за мир“ инициран од американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти шпанскиот премиер Педро Санчез, наведувајќи загриженост околу мандатот на телото и фактот што во него не е вклучена палестинската страна. Изјавата следуваше по неформалниот состанок на лидерите на Европската Унија во Брисел.Санчес истакна дека одборот е надвор од рамките на Обединетите нации и дека во неговата структура не е опфатена Палестинската управа.„За иднината на Газа треба да одлучуваат Палестинците“, изјави тој, додавајќи дека мирниот и безбеден соживот со Израел мора да се обликува преку дијалог меѓу Израел и Палестина, заснован на решение со две држави, непречен влез на хуманитарна помош и гаранции за траен мир.Шпанскиот премиер нагласи дека Мадрид го цени упатениот повик, но го одбил од причини на доследност во надворешната политика, која, како што рече, се темели на меѓународното право и мултилатералните институции. Тој додаде дека Шпанија ќе продолжи да работи на мировниот процес заедно со европските партнери и меѓународната заедница.Досега, повеќе од 20 држави се согласија да се приклучат на одборот, меѓу кои Турција, Египет, Катар, Саудиска Арабија, Израел, Аргентина, Унгарија, Пакистан, Виетнам и Албанија. Поканата ја одбија Франција и Норвешка, додека Трамп ја повлече претходно упатената покана до Канада.Претседателот на Европски совет изјави дека европските лидери имаат сериозни сомнежи околу повеќе елементи од повелбата на одборот, вклучително и неговиот опсег, начинот на управување и усогласеноста со Повелбата на Обединетите нации. Иако иницијативата првично била замислена како тело за надзор на прекинот на огнот и обновата на Газа, повелбата го проширува мандатот и на градење мир во сите подрачја погодени од конфликти или изложени на ризик од нив.

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2025-03-02-at-09.52.47

Имаме огромна флота што се движи кон Иран, вели Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „огромна флота“ се упатува кон Иран, откако постојано му се закануваше на Техеран со интервенција на САД во услови на насилно задушување на протестите таму.„Имаме огромна флота што се движи во таа насока“, им рече Трамп на новинарите додека се враќаше во Вашингтон од Светскиот економски форум во швајцарскиот алпски град Давос. И можеби нема да мора да ја користиме… имаме многу бродови што одат во таа насока, за секој случај, имаме голема флотила што оди во таа насока и ќе видиме што ќе се случи. Имаме голема сила што оди кон Иран. Подобро би сакал да не видам ништо да се случи, но ги следиме многу внимателно, рече Трамп за Иран.Според извештаите на американските медиуми, Вашингтон во моментов го зајакнува своето воено присуство на Блискиот Исток, вклучително и со распоредување на носачот на авиони УСС Абрахам Линколн и неколку придружни бродови.Носачот на авиони на нуклеарен погон вообичаено транспортира неколку илјади војници и десетици борбени авиони, а е придружуван од разорувачи на морнарицата. Досега нема официјална потврда за распоредувањето од Пентагон.Демонстрациите започнаа во Техеран кон крајот на декември како протести на трговците поради остриот пад на вредноста на иранскиот риал и влошувањето на економските услови, пред да се развијат во национално востание против авторитарниот систем на Исламската Република.Безбедносните сили одговорија насилно, а активистите изјавија дека повеќе од 4.500 демонстранти се потврдени како мртви, а илјадници други случаи сè уште се под истрага. Точни бројки не се достапни и таквите изјави е тешко да се потврдат. Иранските власти во средата го објавија официјалниот број на жртви на 3.117 лица, вклучувајќи ги и безбедносните сили.

Свет | пред 5 дена

kanada

Трамп ја повлече поканата до Канада за „Одборот за мир“

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече поканата што претходно ѝ ја упати на Канада за приклучување кон новоформираниот Одбор за мир, откако канадскиот премиер Марк Карни во својот говор на Светскиот економски форум во Давос јавно ги критикуваше големите сили и економската хегемонија на САД, со што дополнително се заострија односите меѓу Вашингтон и Отава.Одлуката на Трамп следуваше по настапот на Карни, кој ги обвини моќните држави дека економските интеграции ги користат како средство за притисок, а царините како инструмент на моќ. Американскиот претседател преку објава на социјалната мрежа „Трут соушл“ соопшти дека Одборот за мир ја повлекува поканата упатена до Канада, наведувајќи дека станува збор за иницијатива која, според него, ќе прерасне во „најпрестижниот собир на светски лидери досега“.Ниту кабинетот на канадскиот премиер, ниту Белата куќа не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. Само една недела претходно, од кабинетот на Карни беше соопштено дека Канада добила покана за учество во работата на одборот и дека премиерот планирал да ја прифати.

Свет | пред 5 дена

media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Трамп: Ако Европа почне да продава американски обврзници, ќе следи голема одмазда

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави ќе возвратат доколку европските земји започнат со продажба на американски акции и државни обврзници, како одговор на неговите ставови за можната купопродажба на Гренланд и притисокот врз сојузниците во НАТО. Во интервју за „Фокс бизнис“ од Давос, на прашањето дали го загрижува такво сценарио, Трамп одговори дека во тој случај би следувала „голема одмазда“ од американска страна, нагласувајќи дека САД „ги држат сите карти“.Изјавата доаѓа откако министерот за финансии Скот Бесент ги оцени данските вложувања во САД како небитни, реагирајќи на одлуката на дански пензиски фонд да ги повлече инвестициите во американски државни обврзници поради, како што наведе фондот, лошата состојба на јавните финансии. Данска, која има територијална надлежност над Гренланд, најави повлекување од околу 100 милиони долари, сума што е симболична во однос на вкупниот американски пазар на обврзници, проценет на повеќе од 30 трилиони долари. Сепак, Данска и понатаму поседува речиси 10 милијарди долари во американски државни хартии од вредност, бројка што значително се намалува во последните години во споредба со 2021 година, кога изнесувала околу 18 милијарди долари.На внатрешен план, Трамп призна дека републиканците би можеле да се соочат со тешки меѓуизбори оваа година, потсетувајќи на историската практика според која партијата на актуелниот претседател често губи поддршка на таквите избори. Тој оцени дека постои психолошки фактор кој негативно влијае врз резултатите, без оглед на постигнатите резултати на администрацијата, но додаде дека очекува силна борба и добар исход за републиканците.Осврнувајќи се на можноста за нова обустава на работата на федералната влада кон крајот на месецот, Трамп изрази уверување дека до тоа веројатно ќе дојде и за ситуацијата ги обвини демократите. Тој истакна дека би сакал усвојување на буџетски пакет преку постапка на усогласување, но призна дека тоа ќе биде тешко поради тесното мнозинство на републиканците во Конгресот, при што посочи дека отстапувањата на поединечни пратеници дополнително ја отежнуваат ситуацијата.

Свет | пред 5 дена

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп по разговорите со Зеленски испрати порака до Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата порака до рускиот претседател Владимир Путин е јасна – војната во Украина мора да заврши, по, како што рече, „добри“ разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски одржани во Давос во четвртокот.Американски и украински претставници веќе со недели водат интензивни дипломатски активности меѓу различни престолнини, во период кога Киев се соочува со засилен притисок од администрацијата на Трамп да обезбеди мировен исход на речиси четиригодишниот конфликт, и покрај ограничените сигнали дека Москва е подготвена да ги прекине борбите.По средбата со Зеленски, која траела околу еден час, Трамп изјави дека разговорот бил „добар“, без да навлезе во детали за содржината. Еден ден претходно тој оцени дека можен договор е „разумно близу“.„Мислам дека средбата со претседателот Зеленски беше добра. Ова е процес што трае“, изјави Трамп пред новинарите, додавајќи дека американските пратеници денеска патуваат во Москва на разговори. На прашањето каква порака му испраќа на Путин, Трамп одговори: „Војната мора да заврши.“Зеленски претходно оваа недела најави дека ќе отпатува во Давос само доколку постои можност за потпишување договори со Трамп за американски безбедносни гаранции и финансирање на повоената обнова на Украина, но по средбата немаше индикации дека е постигнат конкретен напредок.Двајцата лидери се сретнале лице в лице приближно шест пати откако Трамп минатата година се врати во Белата куќа и ја смени американската политика кон Украина, отворајќи простор за дипломатија со Русија.

Свет | пред 5 дена

Screenshot-2025-02-19-at-18.12.15

Зеленски во Давос: Средба со Трамп пред клучните разговори Вашингтон–Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретне со својот американски колега Доналд Трамп во Давос во 13:00 часот по локално време, соопшти Кабинетот на претседателот на Украина. Зеленски веќе пристигнал во Швајцарија пред почетокот на форумот, пренесува АФП.Средбата со Трамп е закажана само неколку часа пред специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, да одржат разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.Вашингтон инсистира на постигнување договор за прекин на војната, која трае речиси четири години.

Свет | пред 5 дена

media-libraryrni68dik4kbh7vh9sb5

(ВИДЕО) Трамп го потпиша „Одборот за мир“ – нова меѓународна организација на светската сцена

Американскиот претседател Доналд Трамп го стави својот потпис на таканаречениот „Одбор за мир“, со што ова тело и официјално стана меѓународна организација.Церемонијата на потпишување се одржува во Давос, каде што е во тек Светскиот економски форум.Пред официјалното потпишување, американскиот претседател им се обрати на присутните, најавувајќи дека „првата група угледни членови на Одборот за мир наскоро ќе биде претставена поименично“.Американскиот претседател посебно му се заблагодари на Тони Блер, кој нема да биде член на самиот одбор, но ќе учествува во работата на неговото извршно тело, задолжено за спроведување на визијата на Одборот за мир, пред сè во Газа.Во продолжение на говорот, Трамп им се заблагодари и на Марко Рубио и Џеј Ди Венс, при што ги пофали сопствените резултати на полето на економијата и воспоставувањето мир.„Денес светот е побогат, побезбеден и многу помирен отколку пред една година“, рече тој, а потоа додаде: „Ги изгаснавме сите тие пожари за кои многу луѓе дури и не знаеја – вклучително и јас“.„Ова е многу возбудлив ден, долго подготвуван“, рече тој, нагласувајќи дека „сите сакаат да бидат дел“ од Одборот за мир, иако засега поголемиот дел од европските земји, меѓу кои и Обединетото Кралство и Германија, не ѝ се приклучиле на иницијативата.Тој додаде дека Соединетите Американски Држави ќе соработуваат и со Обединетите нации, по што повторно се осврна на темата за завршување на војните. „Имаме мир на Блискиот Исток. Решивме осум војни и верувам дека наскоро ќе биде решена уште една“, рече Трамп, мислејќи на војната во Украина.„Тоа беше војна за која мислев дека ќе биде едноставна, но се покажа како веројатно најтешката“, додаде американскиот претседател.Aгенцијата Associated Press објави список на земји кои, според нивни информации, го прифатиле повикот за учество во „Одборот за мир“ на Трамп.Поканата ја прифатија Аргентина, Ерменија, Азербејџан, Бахреин, Белорусија, Египет, Унгарија, Индонезија, Јордан, Казахстан, Косово, Мароко, Пакистан, Катар, Саудиска Арабија, Турција, Обединетите Арапски Емирати, Узбекистан и Виетнам.Од друга страна, засега учество одбија Франција, Норвешка, Словенија, Шведска и Обединетото Кралство.Покани добиле и други држави, но тие сè уште не се изјасниле јасно. Меѓу нив се Камбоџа, Кина, Хрватска, Германија, Индија, Италија, Европската комисија како извршно тело на Европската Унија, Парагвај, Русија, Сингапур, Тајланд и Украина.

Свет | пред 5 дена

lopta-fudbal

Политиката му се заканува на Мундијалот 2026: Германија најавува можен бојкот поради Трамп

Пет месеци пред почетокот на Светското првенство 2026, ФИФА со зголемена загриженост следи неочекуван политички фронт што би можел сериозно да го загрози најголемиот фудбалски турнир во историјата.Станува збор за Мундијал со рекордни 48 репрезентации и три земји-домаќини – Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада – но и за контроверзи кои од ден на ден добиваат сѐ поголеми размери.Американскиот претседател Доналд Трамп, кој повторно се врати во Белата куќа, предизвика силни реакции со инсистирањето САД да го анектираат Гренланд, оправдувајќи ја идејата со „прашања од национална безбедност“. Оваа најава ги вклучи алармите во Европа и наиде на остри реакции од Данска, Европската Унија и НАТО.Од Германија пристигна одговор од Јирген Харт, пратеник од Христијанско-демократската унија и близок соработник на канцеларот Фридрих Мерц. Во интервју за „Билд“, Харт изјави дека дури и бојкот на Светското првенство би можел да се разгледа како крајна мерка за притисок врз Трамп да ја преиспита својата позиција околу Гренланд.Иако нагласи дека верува во дипломатско решение, Харт не ја исклучи можноста за симболичен чекор со сериозни последици. Влогот е огромен – Германија, четирикратен светски шампион (1954, 1974, 1990 и 2014), е една од најпрепознатливите фудбалски сили во светот и нејзиното евентуално отсуство би значело милионски финансиски удар за ФИФА и за земјите-домаќини.Во јавната дебата се вклучи и британскиот новинар Пирс Морган, кој на социјалните мрежи провокативно предложи повеќе европски репрезентации – меѓу кои Англија, Франција, Шпанија, Германија, Италија и други – да го суспендираат учеството на Светското првенство додека траат трговските спорови со администрацијата на Трамп.Иако засега сѐ е во рамки на шпекулации, евентуален бојкот би бил вистински земјотрес за организаторите. ФИФА, со Џани Инфантино на чело и со неговите познати блиски односи со Трамп, би се нашла пред одлука со историски размери.

Спорт | пред 5 дена

media-libraryo7f12ifad5qv1YwTIUr

(ВИДЕО) Инцидент во Давос додека Трамп беше во зградата на Светскиот економски форум

Во Конгресниот центар на Светскиот економски форум во Давос се случил помал инцидент во моментот кога американскиот претседател Доналд Трамп се наоѓал во зградата, објави швајцарската новинска агенција Кејстоун-СДА.Портпарол на кантоналната полиција на Граубинден изјавил дека до синоќа не било точно утврдено каде избувнал пожарот поради кој се активирал алармот, пренесува Анадолија.Како што е соопштено, Трамп бил во објектот во време на инцидентот, каде претходно одржал говор.Полицијата информира дека нема пријавени повредени лица, а на терен биле распоредени пожарникари, полициски екипи и возила на брзата помош, поради високите безбедносни мерки што го следеа настанот.

Свет | пред 6 дена

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Трамп се повлече од воведување царини за Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека се откажува од воведување дополнителни царини за европските земји, по разговорите во НАТО за „идниот договор“ поврзан со Гренланд.„Врз основа на многу продуктивниот состанок што го имав со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, формиравме рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, со целиот арктички регион. Ова решение, доколку се спроведе, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и за сите земји членки на НАТО“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.Тој додаде дека, врз основа на ова разбирање, нема да ги воведе царините кои требаше да стапат на сила на 1 февруари.„Се водат дополнителни разговори поврзани со таканаречената ‘Златна купола’ и Гренланд. Повеќе информации ќе има како што ќе напредуваат преговорите“, наведе Трамп.Според него, за преговорите ќе бидат задолжени потпретседателот Џеј Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и други претставници по потреба, кои директно ќе му одговараат нему.

Свет | пред 6 дена

media-libraryacebk18bn4k39S38Cxb

Администрацијата на Трамп бара начин за соборување на комунистичкиот режим во Куба

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара луѓе внатре во кубанската влада кои би можеле да помогнат во постигнување договор за соборување на комунистичкиот режим во таа земја до крајот на годинава, пренесува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со состојбите.Според истите извори, Трамповата администрација е охрабрена од соборувањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и смета дека постои можност слично сценарио да се примени и во Куба.На почетокот на јануари, Стејт департментот ја прогласи западната хемисфера за зона од посебен интерес за Вашингтон, а претходно претседателот Трамп се повика и на почитување на Монроовата доктрина, со која американскиот континент се дефинира како област затворена за мешање на други светски сили.Изворите наведуваат дека американската администрација проценила оти кубанската економија е блиску до колапс и дека владата во Хавана никогаш не била поранлива, особено по губењето на својот клучен сојузник – Венецуела.Иако, засега, не постои конкретен план за завршување на владеењето на комунистичката власт која управува со островот речиси седум децении, високи американски претставници за „Волстрит џурнал“ изјавиле дека апсењето на Мадуро во рамки на воената интервенција на САД и последователните отстапки од неговите сојузници се гледаат како јасен сигнал и предупредување за Куба.

Свет | пред 6 дена

media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Европските претставници за говорот на Трамп: Сега го сака Исланд, сигурни сме

Дипломати и високите претставници во Брисел денеска го следеа говорот на Доналд Трамп преку пренос на компјутери и телевизија. Настапот на Светскиот економски форум во Давос се одржа во време на незапаметени трансатлантски тензии, но по повеќе од еден час говор, многумина признаа дека неговите намери им останале нејасни.Говорот се случи еден ден пред состанокот на лидерите на Европската унија, на кој ќе се дискутираше одговорот на заканите за нови царини доколку Данска не ѝ ја предаде контролата над Гренланд на САД. „Ниту една нација или група на нации не е во позиција да обезбеди Гренланд освен Соединетите Американски Држави“, рече Трамп, но додаде: „Не морам да употребувам сила, не сакам да употребувам сила, нема да употребам сила.“ Иако со тоа првпат исклучи воена интервенција, неговите изјави не ги умирија сите.Еден анонимен дипломат од ЕУ изјави дека луѓето „самите можат да проценат“ и додаде дека се чини Трамп сè уште упорно се залага за добивање на Гренланд. Друг дипломат потенцираше дека состанокот на лидерите на ЕУ останува итен и дека е важно лидерите да дадат заеднички одговор по турбулентниот викенд.Поранешната германска министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, на социјалните мрежи напиша: „Ако повторно се почне со доведување во прашање на границите на државите и обиди тие да се менуваат со сила, закани или присила, ќе се вратиме во мрачни времиња.“Трамп во својот говор повеќе пати ги мешаше Гренланд и Исланд, нарекувајќи го Гренланд „голем, прекрасен дел лед, тешко е да се нарече копно“, а Исланд го спомна најмалку четири пати. Еден од изасланиците на ЕУ со насмевка рече: „Па, сега сака Исланд, а не Гренланд, така што сме сигурни.“ Претходно, американската администрација беше предмет на шеги поради изјавата на Трамповиот кандидат за амбасадор на Исланд, Били Лонг, кој тврдел дека Исланд треба да стане 52-та американска држава.Дел од загрижените европски претставници се насмеаја и на Трамповите коментари за францускиот претседател Емануел Макрон: „Убави сончеви очила, но што се, по ѓаволите, случи?“

Свет | пред 6 дена

media-libraryan290gq5sfabai9oyUN

Мурковски: Зборува за Гренланд како да е недвижен имот

Американската републиканска сенаторка Лиза Мурковски јавно го критикуваше предлогот на претседателот Доналд Трамп САД да преземат контрола над Гренланд, оценувајќи го како навреда за тамошниот народ. Мурковски истакна дека во изјавите на Трамп не се признавало постоењето на локалното население и дека судбината на оваа данска автономна територија треба да ја одредуваат неговите жители.„Познавам Гренландци и имам пријатели таму. Денес длабоко размислував за нив. Во Трамповите зборови нема никакво признавање дека на Гренланд живеат луѓе“, изјави Мурковски за CNN. Таа додаде дека иако се согласува дека територијата е стратешки важна, опишувањето на Гренланд како „комад мраз“ го омаловажува животот на автохтоните заедници што таму живеат.Сенаторката истакна дека европските лидери се загрижени поради можните намери на Трамп, особено откако тој закани со воведување на царини кон некои американски сојузници доколку не ја поддржат неговата стратегија за Гренланд.

Свет | пред 6 дена

media-libraryk3lljoknq4nocGDv44W

Голоб: Словенија сè уште нема да се приклучи на Одборот за мир

Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека сè уште не е дојдено време Словенија да се приклучи на таканаречениот Одбор за мир, кој го води американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека најголемата загриженост произлегува од преширокиот мандат на ова тело и можноста тој сериозно да го поткопа меѓународниот поредок заснован на Повелбата на Обединетите нации.Голоб нагласи дека меѓународниот поредок во кој централна улога имале Обединетите нации со децении ѝ служел не само на Словенија, туку и на цела Европа и пошироко, обезбедувајќи стабилност и мир. Според него, токму ризикот од разградување на системот на ОН е она што најмногу загрижува, бидејќи предложениот одбор, од една страна, ги надминува овластувањата што би произлегле од резолуција на Советот за безбедност, а од друга страна, ги надминува и рамките што би ги прифатила Словенија како суверена држава.Тој додаде дека Словенија би била подготвена за соработка доколку мандатот на одборот биде потесно дефиниран и насочен кон прашања како поствоената обнова на Газа и евентуално на Западниот Брег. Воедно, најави дека нема да присуствува на потпишувањето на основачката повелба на одборот во Давос, но дека подоцна истата вечер во Брисел ќе се сретне со лидерите на земјите членки на Европската Унија.Голоб истакна дека ќе се залага за единство и решителност на европските држави во давањето заеднички одговор во кој правото на територијален интегритет, суверенитет и неповредливост на границите ќе биде на прво место, вклучително и кога станува збор за Гренланд. Тој нагласи дека со испраќањето двајца офицери на Гренланд, Словенија испраќа јасна порака дека го брани основното начело на територијалниот интегритет и неповредливоста на границите, повторувајќи го ставот дека Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните и дека за Словенија не постои друга позиција освен поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет.

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања