Промени тема
Контакт

Голоб: Словенија сè уште нема да се приклучи на Одборот за мир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryk3lljoknq4nocGDv44W

Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека сè уште не е дојдено време Словенија да се приклучи на таканаречениот Одбор за мир, кој го води американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека најголемата загриженост произлегува од преширокиот мандат на ова тело и можноста тој сериозно да го поткопа меѓународниот поредок заснован на Повелбата на Обединетите нации.

Голоб нагласи дека меѓународниот поредок во кој централна улога имале Обединетите нации со децении ѝ служел не само на Словенија, туку и на цела Европа и пошироко, обезбедувајќи стабилност и мир. Според него, токму ризикот од разградување на системот на ОН е она што најмногу загрижува, бидејќи предложениот одбор, од една страна, ги надминува овластувањата што би произлегле од резолуција на Советот за безбедност, а од друга страна, ги надминува и рамките што би ги прифатила Словенија како суверена држава.

— реклама —
— реклама —

Тој додаде дека Словенија би била подготвена за соработка доколку мандатот на одборот биде потесно дефиниран и насочен кон прашања како поствоената обнова на Газа и евентуално на Западниот Брег. Воедно, најави дека нема да присуствува на потпишувањето на основачката повелба на одборот во Давос, но дека подоцна истата вечер во Брисел ќе се сретне со лидерите на земјите членки на Европската Унија.

— реклама —

Голоб истакна дека ќе се залага за единство и решителност на европските држави во давањето заеднички одговор во кој правото на територијален интегритет, суверенитет и неповредливост на границите ќе биде на прво место, вклучително и кога станува збор за Гренланд. Тој нагласи дека со испраќањето двајца офицери на Гренланд, Словенија испраќа јасна порака дека го брани основното начело на територијалниот интегритет и неповредливоста на границите, повторувајќи го ставот дека Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните и дека за Словенија не постои друга позиција освен поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc0u26p09ga1h3SdRvYz

Висок полски функционер паднал од трет кат во Љубљана, околностите нејасни

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library3anhuv4fmvv7dq8e4Ew

(Фото) Трагедија во Словенија: Дете паднало во кањон, таткото тргнал по него и загинал

Свет | пред 1 ден

media-library3c2m339302nd0bAxCv8

(Видео) 21-годишник во Словенија му го одзел пиштолот на полицаец и пукал во него, па побегнал со полициски автомобил

Настани | пред 1 седмица

media-libraryf2hpfu66bj759GnL39E

Силно невреме ја погоди Словенија: Прекини во струјата и целосно запрен железничкиот сообраќај

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања