ТРАМП

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Трамп: Потенцијалната акција во Иран мора да биде брза и решителна

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп им соопштил на членовите на својот тим за национална безбедност дека евентуална американска акција во Иран треба да биде брза и решителна, со цел да се избегне долготраен воен судир. Ова го објави NBC News, повикувајќи се на американски функционер, две лица запознаени со внатрешните разговори и извор близок до Белата куќа.Според изворите, Трамп нагласил дека, доколку се одлучи на интервенција, таа треба да претставува јасен и конечен удар врз режимот во Техеран, без вовлекување на САД во продолжен конфликт.„Ако нешто преземе, сака тоа да биде завршно“, изјавил за NBC еден од соговорниците упатени во разговорите.Во исто време, се наведува дека Трамп е подготвен да го исполни и своето претходно ветување дадено на иранските демонстранти, дека САД ќе застанат зад нивните напори и ќе интервенираат како поддршка, доколку процени дека за тоа постојат услови. Изјавите доаѓаат во период на засилени регионални тензии и зголемено меѓународно внимание кон односите меѓу Вашингтон и Техеран.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Америка го запира издавањето визи за 75 земји – апликациите ќе бидат одбивани по ред

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на сите визи за посетители од 75 земји, почнувајќи од 21 јануари, објави „Фокс њуз“, повикувајќи се на интерен допис на американскиот Стејт департмент.Според информациите, меѓу земјите кои се опфатени со оваа мерка се Сомалија, Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Нигерија и Тајланд.Во дописот, кој бил испратен до американските амбасади ширум светот, се наложува визите да се одбиваат во согласност со постојните закони, додека Стејт департментот врши анализа и ревизија на важечките правила за издавање визи.Оваа одлука се вклопува во строгата имиграциска политика што републиканскиот претседател Доналд Трамп ја спроведува од стапувањето на функцијата во јануари минатата година. Во ноември, Трамп најави дека ќе ги „трајно запре“ миграциите од, како што ги нарече, „земјите од третиот свет“, по инцидентот во кој авганистански државјанин пукаше во близина на Белата куќа и уби припадник на Националната гарда.Инаку, по повлекувањето на американските сили од Авганистан во 2021 година, голем број авганистански државјани кои поднеле барања за азил во САД добија специјални имигрантски визи, наменети за лица кои соработувале со американската војска за време на дваесетгодишниот конфликт во земјата.

Свет | пред 1 седмица

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

САД прогласија три огранока на Муслиманското братство за глобални терористи

САД во вторник ги прогласија египетскиот, либанскиот и јорданскиот огранок на Муслиманското братство за глобални терористи, наведувајќи меѓу причините и нивната поддршка на палестинската милитантна група Хамас.Овој потег, кој Вашингтон официјално го започна минатиот ноември, ќе воведе санкции кон еден од најстарите и највлијателните исламски движења во арапскиот свет.Министерството за финансии на САД соопшти дека овие три огранока се означени како посебно глобални терористи, обвинувајќи ги за поддршка или поттикнување насилни напади врз Израел и американските партнери. „Ограноците на Муслиманското братство тврдат дека се легитимни граѓански организации, но зад кулисите експлицитно и со ентузијазам поддржуваат терористички групи како Хамас“, соопшти Министерството.Египетското Министерство за надворешни работи ја поздрави одлуката, оценувајќи ја како „клучен чекор што ја отсликува сериозноста на групата и нејзината екстремистичка идеологија, како и директната закана што ја претставува за регионалната и меѓународната безбедност и стабилност“.Муслиманското братство победи на првите слободни претседателски избори во Египет во 2012 година, но година дена подоцна беше соборено од војската по масовни протести против нивната власт и од тогаш се соочува со жесток прогон од страна на властите.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп им се обрати на Иранците: „Продолжете со протестите, преземете ги институциите – помошта е на пат“

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата социјална мрежа „Truth Social“ упати директна порака до иранскиот народ, со посебен акцент на демонстрантите кои со денови масовно протестираат против иранскиот режим.Според досегашните информации, во жестоките протести во Иран загинале околу 2.000 лица. Во вакви околности, Трамп соопшти дека ја паузирал дипломатијата со Техеран, наведувајќи дека нема да одржи никакви средби со ирански официјални претставници додека не престане, како што рече, „бесмисленото убивање на демонстрантите“.Во објавата, американскиот претседател ги повика граѓаните на Иран да преземат конкретни чекори против властите.„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ СО ПРОТЕСТИТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ СВОИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запомнете ги имињата на убијците и крвниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите состаноци со иранските функционери додека не престане БЕСМИСЛЕНОТО УБИВАЊЕ на демонстрантите. ПОМОШТА Е НА ПАТ. MIGA!!!“, напиша Трамп.Акронимот „MIGA“ се однесува на слоганот „Make Iran Great Again“ („Да го направиме Иран повторно голем“), што претставува варијација на неговиот познат слоган „Make America Great Again“.Пораката на Трамп предизвика бројни реакции во меѓународната јавност, а засега нема официјален одговор од иранските власти.

Свет | пред 2 седмици

media-library4stmlcj6gtfhbpEUx7V

Белата куќа: Претседателот не се плаши од воени опции кон Иран

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно покажал дека не се плаши да прибегне кон воени опции доколку оцени дека тоа е неопходно.Во обраќање до новинарите, Ливит нагласи дека Трамп и натаму ги разгледува сите можни пристапи во односите со Иран, вклучително и потенцијални воени дејствија. Таа посочи дека воздушните напади се само една од многуте опции што се разгледуваат, но истовремено подвлече дека дипломатијата останува приоритет на американската администрација.Според неа, претседателот јасно ставил до знаење дека постои значајна разлика меѓу пораките што иранскиот режим јавно ги испраќа и комуникацијата што приватно се одвива со Вашингтон. Ливит додаде дека Трамп веќе покажал оти е подготвен да користи воени средства доколку смета дека тоа е во интерес на безбедноста и националните цели на САД.„Претседателот докажа дека не се двоуми да употреби воени опции кога ќе процени дека се неопходни, а тоа никој не го знае подобро од Иран“, порача портпаролката на Белата куќа.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Сѐ повеќе протекуваат информации за опциите на Трамп против иранскиот режим

Сѐ повеќе информации излегуваат во јавноста за можните чекори што ги разгледува американскиот претседател Доналд Трамп во однос на иранскиот режим, во услови на ескалација на протестите и насилството во земјата. Британскиот весник „Телеграф“, повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите во Вашингтон, објавува дека меѓу опциите на маса се наоѓа и можноста за воена акција против Иран.Според истите извори, на Трамп му биле презентирани и потенцијални цели кои опфаќаат делови од иранските безбедносни служби, за кои се смета дека се директно одговорни за насилните пресметки со демонстрантите. Во тие судири, како што наведуваат повеќе меѓународни извештаи, низ Иран загинале стотици луѓе.Истовремено, американските воени команданти, според информациите на „Телеграф“, го предупредиле политичкиот врв дека е потребно дополнително време за консолидирање на американските воени бази во регионот. Тие укажале и на неопходноста од подготовка на соодветни одбранбени мерки пред евентуални удари, со оглед на ризикот од сериозна иранска одмазда која би можела да следи.Извештајот доаѓа во период кога администрацијата во Вашингтон јавно испраќа пораки за поддршка на иранските демонстранти, додека зад затворени врати, според медиумските наводи, се водат интензивни разговори за тоа колку далеку САД се подготвени да одат во притисокот врз властите во Техеран.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Откриено кои опции Трамп ги разгледува за поддршка на демонстрантите во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува низа опции со кои би им дал поддршка на демонстрантите во Иран и би го ослабнал тамошниот режим, во услови на ескалација на насилството и сè поголем број жртви. Како што дознава „Аксиос“ од двајца американски официјални претставници, разговорите во Вашингтон се одвиваат во сенка на јавната закана на Трамп дека е подготвен да употреби воена сила доколку иранските власти продолжат со убивање на демонстранти.Гушење на протестите и „црни бројки“Масовните протести и вчера го потресоа Иран, трета ноќ по ред, додека земјата и натаму се наоѓа под целосна интернет-блокада. Според извештаи од Техеран, како и информации од американски и израелски извори, безбедносните сили сè пожестоко ги задушуваат бунтовите. Еден израелски одбранбен функционер проценува дека во изминатите денови на улиците излегле стотици илјади Иранци.Податоците за бројот на жртви значително се разликуваат и ниту еден од нив не е официјално потврден. Додека организацијата за човекови права HRANA во саботата соопшти дека загинале 116 лица, американски и израелски извори тврдат дека реалната бројка е повеќекратно поголема. Иранската опозициска телевизија „Iran International“ извести за дури 2.000 убиени демонстранти во последните 48 часа, додека израелски функционер спомена бројка поголема од 1.000. Еден американски претставник кратко изјави дека бројот на загинати е „висок“.Пораката на Трамп и дипломатските контактиПретседателот Трамп во саботата сугерираше можна американска интервенција на страната на демонстрантите, објавувајќи на социјалните мрежи: „Иран гледа кон СЛОБОДАТА, можеби како никогаш досега. САД се подготвени да помогнат!!!“.Истовремено, американскиот државен секретар Марко Рубио телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за состојбата во Иран, потврдија три американски извори. Еден од нив ја намали важноста на разговорот, наведувајќи дека бил „рутински“ и дека биле отворени и темите за Газа и Сирија.Техеран со обвинувања и заканиОд друга страна, Техеран го обвини Трамп за поттикнување немири, а САД и Израел за вметнување „изгредници“ меѓу демонстрантите.Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска упати остро предупредување, истакнувајќи дека Иран, во случај на американски напад, ќе возврати со удари врз американските бази во регионот и врз Израел. Тој додаде дека неговата влада е решена да ги реши економските проблеми кои и ги поттикнале протестите.Кои опции се на маса?Зад затворени врати, администрацијата на Трамп одржува состаноци на кои се разгледуваат конкретни чекори. „Сите опции се на маса за претседателот Трамп, но одлука сè уште не е донесена“, изјави еден функционер.Друг појасни дека се разговарало и за воени удари, но дека мнозинството опции што моментално се разгледуваат се „некинетички“. Во администрацијата постои страв дека директна воена акција во оваа фаза би можела да го поткопа легитимитетот на протестите.Меѓу опциите се и мерки за одвраќање, како испраќање ударна група со носач на авиони во регионот, како и кибернапади и информативни операции насочени против иранскиот режим.Режимот затечен, несогласувања во безбедносните сили?Високи израелски функционери тврдат дека иранскиот режим и неговите безбедносни служби биле изненадени од брзината и интензитетот на ширењето на протестите, кои започнаа во четвртокот.„По четвртокот, иранскиот режим беше значително вознемирен и спроведе сериозна повторна проценка на ситуацијата“, изјави израелски одбранбен функционер запознаен со разузнавачките информации. Американски и израелски извори наведуваат дека постојат индикации за несогласувања во рамките на иранските безбедносни сили, но засега не е јасно колку тие се распространети.И покрај сè, ниту еден од официјалните извори не смета дека режимот во Техеран се соочува со непосреден колапс.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryuhluh0r1m56meqPkGnh

Трамп: Иран гледа кон слобода, САД се подготвени да помогнат

Бројот загинати во тринеделните протести во Иран се зголеми на 116, а уапсени се повеќе од 2.600 лица. Ова се податоци на американската новинска агенција „Активисти за човекови права“.Властите во Иран воведоа секаков комуникациски прекин, а државните медиуми за немирите ги обвинуваат, како што велат, „терористичките агенти“ од САД и Израел.И покрај блокадата на интернетот и заканите од властите, протестите во Иран продолжуваат и се шират во повеќе од 100 градови.Американскиот претседател Трамп ја објави својата поддршка за демонстрантите на Truth Social.„Иран гледа кон слобода, можеби како никогаш досега“. САД се подготвени да помогнат”, напиша Трамп.Државниот обвинител на Иран, Мохамад Мовахеди Азад, во саботата изјави дека секој што протестира ќе се смета за „непријател на Бога“ што е кривично дело за кое е предвидена смртна казна.Амнести интернешнл соопшти дека анализира „загрижувачки извештаи за засилена и незаконска употреба на смртоносна сила“ од страна на иранските безбедносни сили.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryhh36fs92k6hgfJs9IBw

(Видео) Трамп: Данците стигнале со брод на Гренланд пред 500 години, но тоа не значи дека е нивни

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика реакции со изјава поврзана со Гренланд, оценувајќи дека историското „откритие“ на некој простор не значи автоматски и право на сопственост врз него. Во видео кое вчера се прошири на социјалните мрежи, Трамп посочи дека иако има позитивен став кон Данците, не го прифаќа историскиот аргумент за нивното право врз островот.„Знаете, тие беа многу љубезни кон мене. Јас сум нивен голем фан, но фактот што некој пристигнал таму со брод пред 500 години не значи дека ја поседува таа земја“, изјави Трамп во разговор со новинар, алудирајќи на историските врски меѓу Данска и Гренланд.Изјавата доаѓа во контекст на неговите претходни коментари и интерес за Гренланд, автономна територија во состав на Кралството Данска, која има значајна стратешка позиција и богати природни ресурси. Со ваквите ставови, Трамп повторно ја отвори дебатата за тоа како низ историјата се толкувале поимите „откритие“, суверенитет и право на територија.Многумина ја повлекоа паралелата со историјата на американскиот континент, кој за Европејците бил „откриен“ во 1492 година со пристигнувањето на Кристофор Колумбо, иако веќе бил населен со милиони домородни жители. Подоцнежната колонизација и создавањето на Соединетите Американски Држави како независна држава во 18 век покажуваат дека историското присуство и правото на сопственост не се секогаш едноставни и недвосмислени категории.Поради тоа, изјавите на Трамп за Гренланд дел од јавноста ги доживува како провокативни и како поедноставување на сложени историски процеси, но и како продолжение на неговиот препознатлив политички стил, со кој често ги доведува во прашање воспоставените меѓународни норми и традиционалните историски интерпретации.

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2025-08-15-at-23.29.18

„Телеграф“: На Трамп му е доста од Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп станува сѐ пофрустриран од рускиот претседател Владимир Путин и сѐ почесто го смета за поголема пречка за постигнување мир во Украина отколку украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврдат извори блиски до американската администрација, пренесува британскиот весник The Telegraph.Според истите извори, неодамнешните потези на Трамп – заплената на руски танкер под санкции и давањето зелено светло за нов пакет санкции против Русија – биле јасна порака до Кремљ дека времето за одолговлекување истекува.„Тој функционира по принципот морков и стап. А очигледно со морковите е завршено“, изјавил извор од најтесниот круг на Трамп, додавајќи дека руската преговарачка тактика „два чекора напред, еден назад“ станала заморна за Белата куќа.Иако во минатото Трамп знаеше да упатува позитивни зборови за Путин, па дури и дел од вината за војната да ја насочи кон Украина, повеќе сегашни и поранешни американски функционери за „Телеграф“ велат дека размислувањето на администрацијата сè повеќе се доближува до европскиот став – дека Москва купува време без вистинска намера за компромис.Во средата, американски специјални сили, и покрај ризикот од директен судир со Москва, извршиле операција врз руски танкер под санкции. Неколку часа подоцна, Белата куќа потврди дека Трамп, по средбата со сенаторот Линдзи Греам, дал поддршка за законски предлог со кој на претседателот би му се дале исклучително широки овластувања за економска изолација на Русија, вклучително и воведување царини до 500 проценти за земји што купуваат руска нафта, деривати или ураниум.Поранешен висок американски функционер оценил дека најголемата фрустрација во администрацијата доаѓа од однесувањето на Русија на преговарачката маса, додека, според истиот извор, Украина покажала поголема подготвеност за компромис. Оваа промена во перцепцијата дополнително се зацврстила по серијата руски напади што следеле по, како што се опишуваат, „топли разговори“ меѓу Трамп и Путин, нешто што одамна ги загрижувало европските сојузници на Киев.Еден британски функционер за „Телеграф“ изјавил дека континуираната бруталност и политичко маневрирање на Кремљ не поминале незабележано во Вашингтон. Во тој контекст, британскиот заменик-премиер Дејвид Лами се сретнал во Белата куќа со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, при што се разговарало за можни безбедносни гаранции за Украина. Речиси истовремено, Москва предупреди дека секое распоредување западни сили во Украина ќе го смета за легитимна цел, по што следеше лансирање балистичка ракета кон Лавов, град на само четириесетина километри од границата со Полска, членка на НАТО.Трамп неодамна и јавно го изрази своето незадоволство од Путин, изјавувајќи дека „не е воодушевен од него бидејќи убива премногу луѓе“, а отфрли и руски тврдења за наводен украински дронски напад врз една од резиденциите на Путин. Сепак, „Телеграф“ потсетува дека и во минатото заострувањата на односите со Москва често завршувале со попуштање на притисокот.Поранешен член на Советот за национална безбедност од првиот мандат на Трамп оценува дека станува збор повеќе за оперативна, отколку за стратешка промена и дека клучната цел на американскиот претседател – брзо завршување на војната во Украина – останува иста. Тоа го потврди и Белата куќа, порачувајќи дека Трамп е фокусиран на ставање крај на конфликтот и на, како што наведуваат, „бесмисленото убивање“.

Свет | пред 2 седмици

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

САД се повлекуваат од 66 меѓународни организации

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на Соединетите Американски Држави од дури 66 меѓународни организации претставува тежок удар за глобалниот систем на управување, оценуваат кинески аналитичари, предупредувајќи на долгорочни последици за светскиот поредок и создавање вакуум на моќ во клучни области како климата и безбедноста.Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, изјави дека континуираното повлекување на Вашингтон од мултилатерализмот ја поткопува основата на меѓународниот поредок со Обединетите нации во неговото јадро. Таа предупреди дека само функционален мултилатерален систем може да спречи ширење на „законот на џунглата“, односно враќање кон принципот дека силата е правдата.Трамп во средата потпиша извршна уредба со која се суспендира американската поддршка за 31 агенција на ОН и уште 35 други меѓународни организации. Според соопштението на Белата куќа, станува збор за тела кои, како што се наведува, дејствуваат спротивно на американските национални интереси, безбедност, економски просперитет или суверенитет.Меѓу најпогодените се организации поврзани со климата, трудот и миграциите, за кои администрацијата на Трамп тврди дека промовираат „воук“ иницијативи. Особено значајно е повлекувањето од Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, која претставува основа за сите главни меѓународни климатски договори.Директорот на Кинескиот климатски центар при Asia Society Policy Institute, Ли Шоу, оцени дека ваквиот чекор е сериозен удар за глобалната климатска акција и најголем предизвик за меѓународните напори од усвојувањето на Парискиот договор. Според него, одлуката го отвора прашањето како светот може да се справи со глобалните кризи без учество на највлијателната светска сила.Експертите потсетуваат дека уште од првиот претседателски мандат, Трамп ги повлече САД од повеќе тела на ОН, меѓу кои и Светската здравствена организација, и значително го намали финансирањето на други агенции. Шангајскиот аналитичар Шен Дингли смета дека ваквиот пристап е воден од логиката „Америка на прво место“, при што меѓународните организации се користат само кога се корисни за американските интереси, а се напуштаат кога тоа не е случај.

Свет | пред 2 седмици

media-library4k5h8tk0aiuc9Md1wHC

„Нема попуштање, демонстрантите работат за Трамп“! Хамнеи ги обвини странските сили за протестите во Иран

Иранските власти немаат намера да отстапат под притисокот од уличните протести, порача врховниот верски лидер на земјата, Али Хамнеи, кој немирите ги припиша на, како што рече, обиди од странство за дестабилизација на државата.Во обраќање емитувано на државната телевизија, Хамнеи оцени дека Исламската Република нема да потклекне пред, како што ги нарече, саботерите, нагласувајќи дека системот е создаден со жртва на „стотици илјади чесни луѓе“. „Секој треба да знае дека Исламската Република дојде на власт со крвта на стотици илјади чесни луѓе и дека нема да попушти пред саботерите“, рече тој.Осврнувајќи се конкретно на протестите во Техеран, иранскиот верски лидер изјави дека демонстрациите, според него, имаат за цел да му угодат на американскиот претседател. „Тие сакаат да го направат среќен. Ако знаеше како да ја води земјата, ќе ја водеше својата. Рацете на американскиот претседател се извалкани со крвта на повеќе од 1.000 Иранци“, рече Хамнеи, алудирајќи на американските напади врз ирански нуклеарни постројки во јуни.Во продолжение на обраќањето, тој порача дека и самите Соединети Американски Држави се соочуваат со бројни внатрешни проблеми, пренесуваат иранските медиуми.Хамнеи упати и апел до своите поддржувачи да останат сплотени. „Драги млади луѓе, задржете ја вашата подготвеност и единство. Обединетата нација ќе го победи секој непријател“, порача тој.Во меѓувреме, протестите предизвикани од економските тешкотии продолжија и денеска во повеќе ирански градови. Набљудувачката група NetBlocks соопшти дека во земјата бил регистриран прекин на интернет, кој започнал вчера и продолжил и денеска.Американската агенција HRANA објави дека за време на немирите животот го загубиле најмалку 34 демонстранти и четворица припадници на безбедносните сили, додека околу 2.200 лица биле уапсени. Според аналитичарите, овие бројки укажуваат на длабоко незадоволство од актуелната состојба во земјата.Властите, во обид да ја смират ситуацијата, применуваат двоен пристап: од една страна порачуваат дека економските протести се легитимни и нудат дијалог, а од друга, на дел од демонстрациите интервенираат со солзавец и сила во услови на насилни улични судири.

Свет | пред 2 седмици

media-library6p21p0pmug1rckUQz1R

Зошто идејата на Трамп за купување на Гренланд е една голема фантазија?

Кога американскиот претседател Доналд Трамп зборува за можноста САД да го купат Гренланд, многумина тоа го доживуваат како уште една провокација или политичка шега што брзо ќе биде заборавена. Но, според професорот Орелиен Колсон, во авторски текст за „Еуроњуз“, ваквиот пристап е погрешен, бидејќи иако идејата е правно, политички и стратешки неостварлива, таа открива подлабоки промени во начинот на кој денес се сфаќаат моќта, суверенитетот и глобалниот поредок.Трамп првпат ја изнесе идејата за „купување“ на Гренланд во 2019 година, а неодамна повторно ја актуелизираше, наводно поставувајќи и рок од 20 дена. Секојпат одговорот беше јасен и недвосмислен – Гренланд не е на продажба, а Данска не планира да го отуѓи. Сепак, темата упорно се враќа во јавноста.Историските примери на купување територии, како Алјаска од Русија во 1867 година или Данските Западноиндиски Острови во 1917 година, често се користат како аргумент од страна на Трамп и неговите поддржувачи. Но, тие договори биле склучени во сосема поинаков свет – пред Втората светска војна, пред Повелбата на Обединетите нации и пред правото на народите на самоопределување да стане темел на меѓународното право.Денес, Гренланд не е колонијален посед, туку самоуправна територија со сопствен парламент и влада, а Гренланѓаните имаат признато право на независност доколку така одлучат. Секој обид за „продажба“ би значел директно кршење на меѓународното право и демократската волја на населението.Идејата е проблематична и од политички аспект. Данска е стабилна демократија, сојузник во НАТО и близок партнер на САД. Помислата Вашингтон да купува територија од Копенхаген потсетува на политики од 19. век и би предизвикала сериозни тензии во рамките на Алијансата.Иако Гренланд има големо стратешко значење поради Арктикот, природните ресурси и безбедносните прашања, САД веќе имаат значително воено и стратешко присуство таму преку соработка со Данска. Формалното „сопствеништво“ би донело малку реална корист, а огромни политички трошоци.Според Колсон, упорноста на оваа идеја произлегува од трансакцискиот поглед кон меѓународните односи, каде моќта се мери преку сопственост и контрола, а дипломатијата се заменува со јазикот на бизнисот. Во тој контекст, Гренланд не е реален политички предлог, туку симбол на пошироката ерозија на повоениот меѓународен поредок.Гренланд, заклучува авторот, не е на продажба. Но, самото појавување на вакви идеи е потсетник дека правилата на глобалната политика се сè почесто тестираат – а игнорирањето на тој факт може да биде најскапата грешка.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Врховниот суд утре може да ги укине царините на Трамп, илјадници чекаат поврат на пари

Претстојната одлука на Врховниот суд на САД за користењето на вонредните царински овластувања на поранешниот претседател Доналд Трамп може сериозно да ги потресе финансиските пазари, особено доколку судиите решат да ги поништат воведените царини.Одлуката, која би можела да биде објавена уште утре, ќе утврди дали Трамп имал право да се повика на Законот за меѓународни вонредни економски овластувања (IEEPA) за да воведе царини без одобрување од Конгресот, пренесува Reuters.Илјадници компании бараат поврат на париДодека Врховниот суд се подготвува да реши за судбината на поголемиот дел од царините, илјадници компании веќе поднеле тужби против државата, надевајќи се на поврат на дел од милијардите долари што досега ги платиле по основ на царини. Судските записи покажуваат дека во правната битка се вклучени над 1.000 корпоративни субјекти од речиси сите сектори на економијата.Бранот тужби започнал по рочиштето одржано на 5 ноември, кога судиите јавно покажале скептицизам кон клучната трговска политика на Трамп. Анализите покажуваат дека најголем дел од компаниите што тужат се со седиште во САД, распоредени во речиси 40 сојузни држави, со најголема застапеност од Њујорк и Калифорнија. Помал број тужители доаѓаат од Канада, Сингапур и неколку европски земји.Кои компании се вклучени?Меѓу јавно познатите компании што поднеле тужби се Costco, Goodyear, EssilorLuxottica, како и Dole Fresh Fruit, e.l.f. Cosmetics и J. Crew. Најзастапени се производителите и дистрибутерите на облека и текстил, автомобилската индустрија, како и компании од областа на индустриска и електрична опрема. Дел од тужителите се јавни компании чии акции се тргуваат на берза, но повеќето се приватни фирми.Страв од силни пазарни потресиИнвеститорите и аналитичарите предупредуваат дека укинувањето на царините и можниот масовен поврат на пари може да има сериозни последици за државните приходи, пазарот на обврзници и берзите. Според проценките, увозниците би можеле да добијат поврат од 150 до 200 милијарди долари.„Никогаш не сме виделе одлука со вакво економско влијание“, изјави Еди Габур, извршен директор на KEY Advisors Wealth Management. Тој предупреди дека враќањето на сите царини би значело „исцрпување на ликвидноста од системот“.Оптимизам, но и претпазливостДел од инвеститорите веруваат дека укинувањето на царините краткорочно би ги поттикнало акциите, особено во малопродажбата, стоките за широка потрошувачка и електрониката. Сепак, други предупредуваат дека секој позитивен ефект може да биде краткотраен, бидејќи администрацијата би можела да најде алтернативни правни механизми за повторно воведување царини.Самиот Трамп изјави дека поништувањето на царините би било „економска катастрофа“. Според проценките на JPMorgan, годишните приходи од царини би можеле да паднат од околу 350 на 250 милијарди долари, што повторно ги отвора прашањата за фискалната стабилност на САД.Одлуката на Врховниот суд се очекува со големо внимание, бидејќи нејзините последици би можеле да се почувствуваат далеку надвор од американските пазари.

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2025-08-15-at-22.42.26

Трамп даде зелено светло за нови санкции кон Русија: Притисок врз Москва поради војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп дал зелено светло за законски предлог со нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи Греам, по состанокот во Белата куќа. Според Политико, Сенатот би можел да гласа за предлогот веќе идната недела.Сенаторот од Јужна Каролина изјави дека целта на санкциите е дополнителен притисок врз Москва за да ја прекине војната против Украина.„По многу продуктивен состанок со претседателот Трамп за низа прашања, тој даде зелено светло за двопартискиот законски предлог за санкции против Русија, на кој со месеци работам заедно со сенаторот Ричард Блументал и многу други“, изјави Греам, мислејќи на демократскиот сенатор од Конектикат, кој е коавтор на долго блокираниот закон.На прашање за изјавите на Греам, претставник на Белата куќа потврди дека Трамп го поддржува законодавството. Греам додаде дека гласањето во Сенатот „се надеваме може да се одржи веќе следната недела“.Како што наведува Политико, Греам и републиканското раководство во Сенатот со месеци соработувале со Белата куќа за усогласување на конечната верзија на законот. Сепак, ова не е првпат да се најавува брзо гласање, по што иницијативата повторно заглавувала во процедура.Според предлогот, законот предвидува воведување т.н. секундарни санкции кон држави како Кина и Индија кои купуваат руска нафта и гас, со цел да се пресече приливот на средства што ја финансира воената машинерија на рускиот претседател Владимир Путин.„Украина прави отстапки заради мир, а Путин само зборува и продолжува да убива невини луѓе“, изјави Греам, оценувајќи дека донесувањето на законот во овој момент е „навремено“.Од кабинетот на Линдзи Греам не одговорија веднаш на прашањето дали во законот ќе бидат внесени измени на барање на Трамп. Претседателот, како што потсетува Политико, претходно побарал целосна флексибилност кога станува збор за воведување и укинување санкции, односно право лично да одлучува кога тие ќе се активираат или повлечат.Според анализата, сè уште е нејасно дали конечната верзија целосно ќе ги задоволи барањата на Белата куќа, но јасно е дека поддршката од Трамп претставува клучен чекор за законот, по повеќемесечен застој, конечно да се најде на дневен ред на Сенатот.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања