Промени тема
Контакт

Трамп им се обрати на Иранците: „Продолжете со протестите, преземете ги институциите – помошта е на пат“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата социјална мрежа „Truth Social“ упати директна порака до иранскиот народ, со посебен акцент на демонстрантите кои со денови масовно протестираат против иранскиот режим.

— реклама —

Според досегашните информации, во жестоките протести во Иран загинале околу 2.000 лица. Во вакви околности, Трамп соопшти дека ја паузирал дипломатијата со Техеран, наведувајќи дека нема да одржи никакви средби со ирански официјални претставници додека не престане, како што рече, „бесмисленото убивање на демонстрантите“.

— реклама —

Во објавата, американскиот претседател ги повика граѓаните на Иран да преземат конкретни чекори против властите.

„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ СО ПРОТЕСТИТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ СВОИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запомнете ги имињата на убијците и крвниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите состаноци со иранските функционери додека не престане БЕСМИСЛЕНОТО УБИВАЊЕ на демонстрантите. ПОМОШТА Е НА ПАТ. MIGA!!!“, напиша Трамп.

— реклама —

Акронимот „MIGA“ се однесува на слоганот „Make Iran Great Again“ („Да го направиме Иран повторно голем“), што претставува варијација на неговиот познат слоган „Make America Great Again“.

— реклама —

Пораката на Трамп предизвика бројни реакции во меѓународната јавност, а засега нема официјален одговор од иранските власти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп: Кој ќе победи во вештачката интелигенција – победува, дата центрите не смеат да заминат во Кина

Свет | пред 16 минути

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

„Политико“: Трамп ја притисна Европа со забрана за извоз на дизел – Г7 на крајот ослободи 100 милиони барели

Свет | пред 1 час

media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: Одлично се согласувам со Ким, кога некој има 112 нуклеарни ракети добро е да сте во добри односи

Свет | пред 1 час

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го објави бројот на сенаторот кој се спротивстави на укинувањето на промената на часовникот

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања