Трамп: Иран направи голема грешка
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не е задоволен“ од новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, во интервју за „Њујорк пост“.Во разговорот за таблоидот, Трамп ја исклучи можноста за скоро распоредување американски сили во иранскиот подземен објект за збогатување ураниум во близина на Исфахан. Тој додаде дека е „прерано да се зборува“ за можноста за заплена на иранска нафта, но нагласи дека таков чекор не е исклучен.„Сè уште немаме донесено никакви одлуки за иранскиот лидер. Не сме ни блиску до донесување каква било одлука“, изјави Трамп.Американскиот претседател претходно предупреди дека „новиот лидер нема долго да трае“ доколку не добие одобрување од САД и Израел, односно ако не биде оценет како погоден за соработка. Израел, пак, веќе порача дека секој новоизбран лидер на Иран може да биде потенцијална цел за ликвидација.На прашањето за неговите планови во врска со помладиот Хамнеи, Трамп одговори: „Нема да ви кажам. Не сум задоволен од него.“Во изјава за NBC, тој додаде дека Иран направил „голема грешка“ со изборот на новиот врховен лидер.Педесет и шестгодишниот Мојтаба Хамнеи беше назначен за нов врховен лидер на Иран за време на викендот и е трет човек на таа функција од Исламската револуција во 1979 година. Тој го наследи својот татко, ајатолахот Али Хамнеи, кој ја извршуваше функцијата 37 години.Според иранските власти, Али Хамнеи загинал на 28 февруари кога неговата резиденција во Техеран била погодена во заеднички американско-израелски воздушен напад. Во нападот, како што наведуваат, биле убиени и сопругата на Мојтаба Хамнеи, неговата мајка и еден од неговите синови.
Свет | пред 1 час