Промени тема
Контакт

Белата куќа: Претседателот не се плаши од воени опции кон Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library4stmlcj6gtfhbpEUx7V

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно покажал дека не се плаши да прибегне кон воени опции доколку оцени дека тоа е неопходно.

— реклама —

Во обраќање до новинарите, Ливит нагласи дека Трамп и натаму ги разгледува сите можни пристапи во односите со Иран, вклучително и потенцијални воени дејствија. Таа посочи дека воздушните напади се само една од многуте опции што се разгледуваат, но истовремено подвлече дека дипломатијата останува приоритет на американската администрација.

— реклама —
— реклама —

Според неа, претседателот јасно ставил до знаење дека постои значајна разлика меѓу пораките што иранскиот режим јавно ги испраќа и комуникацијата што приватно се одвива со Вашингтон. Ливит додаде дека Трамп веќе покажал оти е подготвен да користи воени средства доколку смета дека тоа е во интерес на безбедноста и националните цели на САД.

— реклама —

„Претседателот докажа дека не се двоуми да употреби воени опции кога ќе процени дека се неопходни, а тоа никој не го знае подобро од Иран“, порача портпаролката на Белата куќа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

„Политико“: Трамп ја притисна Европа со забрана за извоз на дизел – Г7 на крајот ослободи 100 милиони барели

Свет | пред 21 минута

— реклама —
media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: Одлично се согласувам со Ким, кога некој има 112 нуклеарни ракети добро е да сте во добри односи

Свет | пред 26 минути

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го објави бројот на сенаторот кој се спротивстави на укинувањето на промената на часовникот

Свет | пред 13 часа

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп пред изборите дели по 90 долари на повеќе од 20 милиони Американци

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања